Што е најтрагично и таа беше со детенце, дедото стана да си го прибере да не настрада во хаосот Сигурно си помислила “е кога не си го воспитала, арно ти прави”
Синко 14 месеци скоро овја два три дена нервозен многу стана заспа вечерва кај 8 пред саат стана со вриштење се мкнеше наназад се тегнеше ништо неможеше да го смири и во раце го зедовмо 5 10мин и се смири денеска растечен нос и му солзат очите на контрола супер рекоја и крвна слика малку слаб крв ама пие сируп за тоа ни рекоја фо забите тројката горе му е пред пукање и долу двете двојки слабо и јаде овја два три дена ама со вриштењебо вечерва еве и уште приплачува во сон дали до забите е илу друго
Потполно ве разбирам за плачењето, моево не беше плачко, ама последниве месеци штом не е по негово одма кинкање и пискање и плачење, посебно во скокот сега, знам дека е фаза и дека ќе помине, ама сериозно и мене на моменти ми иде да се фрлам од прозор. Многи е напорно, кинкањето посебно,мислам и повеќе ме нервира од плачењето, пробам пред него да сум смирена ама не ми успева секогаш, знам и да се изнервирам. Мм на два пати излезе од дома во сред ноќ, не можеше веќе да издржи. Буквално тој еден ден беше плачење дури и ако го погледнеш малце подолго од што му одговара. Цела ноќ и цел ден плачеше буквално за се. Исто и јас на бајачка го носев, уствари не го носев ама комшиката до нас ми рече да му баела дека цела ноќ го слушале и жал им било. А буквално цела улица ме прашуваше зошто плаче и зошто секоја вечер го шетам за успивање, оти знаат дека не е таков.Последните 2-3 дена е смирен ама пак има жути минути. Ама јас стварно неколку пати бев на раб на нервен слом, не знам може до годините е, верувам не е исто да гледаш дете на 20 и кусур кога не си уште ни изработен и имаш и енергија малце повеќе и живци. Јас 10 години работев со луѓе, во продажба, па во салон, па во А1, па на крај во угостителство и стварно неам живци сега на 33. Сето трпение во него ми оди и мм се жали не сум била веќе трпелива кон него, не можам бе, уште и него да го тинтрам.
27 ги имам, не е до годините верувај На одмор цел хотел прашуваше кое е детето што плачеше толку многу ноќта. А замисли плачеше само по 10 минути, очи од срам ми капеа што ги будеше другите деца… среќа 3 ноќи само бевме, ако останевме подолго мислам ќе не избркаа Едит: Ако плачеше по 2 и кусур саати како дома тогаш од првата ноќ ќе не избркаа
и 27 веќе накај 30 ги бројам, мислам на 20тите до 25 Барем јас тогаш имав многу повеќе трпение за се, а и енергија богами, полетна бев, сега не сум, стално и пред детето бев со ниска енергија со хронични болести и умор, последица од работа вајда со луѓе цело време и зборење, зборење…А сакам уште деца, не знам како ќе иам сила за нив. Ама и другарка ми едно роди на 26, а сега второ на 33 и вели не е исто ама ич, ем второто е големо веќе. Не знам ќе видиме натаму. Инаку јас сум била многу плачливо дете, мајка ми добила пареза од премор, лута сум била за се, плус па и хроничен проблем со уши сум имала, и си велеле моите кој знае каква ќе бидам лута и тресене кога ќе пораснам ама напротив, мајка ми вели како влезе во фаза на разбирање, почна толку да бидеш мирна што ни беше чудно и ден денес јас сум многу смирена особа и воопшто не сум лутка и тресене Значи има надеж за деца лутковци.
Сега пред малку пак исто бебе пиштење 5мин и у раце не се смирува едвај и заспа сега дали е забите ова
И јас полудувам деновиве. Одеднаш детево се збесна. Ми ги отвара сите фиоки, вади гриз, палента, ориз, зејтин се што ќе најде.. денес ја оставив да вади и истура се што ќе дофати, дотолку веќе неможев да се замарам. Си викам за мир у куќа, прај што сакаш. Одам во кујна да и направам јадење, доаѓа позади мене и ме гризе за нога ама ме заболува до срце и се смее! Мм само го шлапа додека спие со сета сила. Прави се што не смее. Некогаш се контролирам и и правам дистракција ама некогаш едноставно неможаммм валјда зошто и јас сум човек. Одвааааај чекам да се привикне во градинка и малку да издишам. Сега со времево како што врнеше не знае што да направи со себе од досада. Па и се разболе, па седи дома, па неможе навечер да спие. Еј ќе полудам! А тек сме почеток.. Хаос. Златно лето, се е полесно.
@LizzyGrant @LiquidLuna @Bebetoo Радо би го пуштила на градинка. Ама овде во србија ни документи не примаат ако едниот родител не работи. Поголема глупост немав слушнато ама ете така е. Како да барам работа кога детето не ми е згрижено. Баба дедо да го чуваат никако не оставам. Саат два само ништо повеќе. Премногу е напорен и своеглав и кога се враќам ако сум излегла, тоа е само за снимање како ми го даваат. Абе дома 10 мин е со нив ги слушаш ајде да видиме кај е мама. Нека е жив и здрав ама искрено треба огромни нерви да се издржи. Работа да ќе барам сега здравје да ми ја нострифицираат дипломата. Се надевам нема да чекам многу време со таа папирологија. Инаку има скоро 16 месеци. Пробувам да си играме, 10 мин е многу и ме откачува. Не сака да читаме книги, ми ги зема и фрла, ако може и ке ја скини. Веќе не знам што. Во колица не сака, на трицикл не сака, има кола на акумулатор не сака, во кола плачки за во седиште. На улица не ми се излегува, не дава рака сака сам да трче. А не сум спремна да го видам сољуштен од асфалтот дека е удолница мала. На одмор беше бајче, излезен, плажа, шета со баба му ( мајка ми ), во вода уживаше. И сега идење дома затворен што се вели и е прав хаос. Ја бара водата. Ќе мора врска да бараме за во градинка да го примаат оти готово ќе побудалам. На мм му велам јас ако поседам уште малку дома ќе ме носиш за во кошулче. Ајт доста беше се искажав битно, и фала ви што ми давате кураж, и дека не сум единствена со овие буби.
Ич не е исто на 23 и на 33 тоа сигурно. А јас 37 ќе напраам . Енергија да го пратам неговиот ритам, искрено ми е нула. Преморена сум. Ете го се подразбуди и презаспа а јас ќе блејам и се мачам да презаспијам. И кога ќе заспијам, пак ќе се разбуди и жива не наспиена сум. И од кај енергија утре да го бркам цел ден. Арно што ве имам вас овде да се тешиме.
Чим е здрав пробај да не се оптеретуваш. Верувам не е лесно зошто син ми на два пати кога беше болен се деси да не јаде неколку дена и живци искинав, ама реално можеш ли да смениш нешто? До цицањето не е, барем кај нас не менува ништо. И моето уште цица, ама јас не давам одамна преку ден, освен во ептен критични ситуации кога е кенкав. Не ни бараше, ама во последнава недела дена почна да бара и да ми крева маица ама давам само кога ептееен ептен нема друг начин да го дефокусирам, а тоа е многу ретко. Ама кога ќе ми текне и кога цицаше денски пак јадеше добро. Е сега апсурдот во ситуацијата е што моето јаде скоро сѐ, три главни оброци, ужини, со секој прави друштво кога се јаде, а има 9 кила. Оди па разбери. Со млечните производи инаку пази, на нивна возраст не треба да јадат повеќе од 500мл дневно, може да направат анемија.
Тоа да, секако дека не е исто со годините, ама јас пак мислам посозреани се над 30 и полесно е да гледаш дете Животна желба ми е да имам три. Само замислувам дека никогаш не би му било досадно. И сакам на мала разлика да се, ама кога ќе се сетам дека може ова од ново да се преживува Додуша син ми во глобала е златно дете. Добар е и мирен, одкако се роди првата година не знаев дека имам дете. Исто и сега знае (понекогаш) сам да се заигра, никогаш нема удрено друго дете, во градинка викаат дека е многу воспитан (јас тврдам дека е карактер) секогаш дели играчки, трпелив е да дочека слободна играчка, се повлекува ако некој сака да му земе нешто. Е сега само со мене и со мм е плачко.. кога не сме во негово присуство воопшто не се буни за ништо и не плаче. И тука бараат двајцата родители да се вработени, среќа сум во помал град и имаме поевтина приватна градинка
Исто е и тука, до тој степен што доколку си на одмор исто не смее детето да биде во градинка. Доколку си на породилно со друго дете, тогаш може макс 50% од времето да биде во градинка.
Не го делам мислењето за гледање дете дека е полесно на повозрасни години. Јас имам 37 год и ова ми е прво дете. Енергијата ми е нула, ама издржувам некако. Нервите и трпението ми е намалено многу. Истрошена сум од други работи да не речам. Дефинитивно до 25 најдобро за прво дете. Јас да бидам искрена сакав исто три деца, ама сега веќе не сакам ни второ. Не сум спремна ниту физички ниту психички.
@Ceneva @1209 @Bebetoo Стана во 5:40 плачејќи - Сакам со тато да мочааааааам. Додека станаа да се измочаат, она се измоча во гаќи. Земав да ја пресоблекувам, не сакаше да облече гаќи, плачеше. Не сакаше да се врати во кревет, сакаше да си игра со мачката. Сето ова, плачејќи. Легна - сакам со мама, сакам со тато, сакам со бебето, со Биби. И се напнав, станавме и дремевме у дневна додека дојде време за градинка. Цело време плачејќи. Па и 20, и 30, и 40 години да имам, ова ќе ме извади од такт жими се. Ми се идеше главата од ѕид да си ја мавнам. Мм ѝ вика "Добро, што ти е?" Му вика "Ми се спиееееееее" Не дупи у здрав мозок
Нема врска годините, повеќе е до тоа што сами ги чуваме, бар во мојов случај. Што ако ги имам на 22 и на 25г родено, само живциве порано си ги искинав, ништо друго. Сама сум до 5 саатот со нив, некогаш и в парк одам сама со нив, викни по едното, викни по деугото, 2 саати да ме нема , се трескаат каде сум. Нит мајка, нит свекрва. И не се сматрам за лоша мајка ако повишам глас, и ја имам душа, би ме скренале ако е све само со тивко објаснување. Па 100 пати да речиш Нина, не се врти, кога ќе рикнам само ги отвара ушите. Едното плаче во раце, другото баш тогаш му се какало. Малото покажува љубомора, не смеам дада да ја гушнам, дада желна за мама едвај чека да заспие бебе за да се гушкам, а ручекот? Пеглањето? Сите сме исто мајки, сите ги имаме истите обврски, грижи и не имање живци,само да си се тешиме тука. И фала Богу што не ми се помала разлика, според мене и поголема треба, со помала само ќе скрениш скроз. А за дружби.. ох дружби следат кога ќе се големи и разликата не е приметна, па и да е 7+. А од мм сталната реченица ,, стар сум ја веќе (33) и неам живци, оди ти разбери се помлада си
И јас сакам три, уште сакам ама технички не знам како ќе го изведам тоа Полесно може да е од аспект дека ди повеќе созреан, поголемо животно искуство имаш да споделиш, може и финансиски да си поспремен ама за тоа год не се битни, ама дека имаш повеќе енергија близу 40 не верувам. Мајка ми во менопауза влезе на 39, на 40 веќе немаше циклус и тоа многу влијаеше на нејзината енергија и здравје, па верувам дека како се наближувам и јас накај 40 здравјето ми е послабо, хормоните и нервите исто. Ама велат дека колку подоцна ќе родиш толку подолго ќе живееш наводно, па вајфа вака така ќе најдеме сила.
Јас па Молерс на сабајле го давам заедно со пробиотикот и Д3. Инаку еве скоро година и 3 месеци и ние мака мачиме со јадењето уште. Фала Богу јаде овошје барем ама и јас месо сум пробала во секоја форма и не го прифаќа. Уште цица и преку ден и навечер и искрено би сакала барем до година и пол, не сакам уште сега да ја одбивам. И ете некои мајки велат дека нема врска цицањето со јадењето. А и јас така мислам. А какво железо и витамин Ц даваш?
Не знам кај да прашам па ај тука, ако не е за овде прашањево кажете. Дали некој правел испитувања за имунитет, каде и која цена биле? Имало некоја посебна причина или онака сте правеле?
Железо давам на Флорадикс, а вит Ц некои бејби витал, тие ми ги дадоа од аптека, капки се. Добра комбинација се покажа, ете баш денес имам резултат од крвта и качено му е железото и хемоглобинот, добри му се, ем некогаш заборавам да дадам искрено. Инаку не давам омега сабајле оти железото давам тогаш на гладно и некако многу витамини наеднаш му се збираат и не сака.
Имам 33 и по природа сум/бев доста енергичен човек. Генерално не мислам дека годините се толку пресудни, туку на што ја трошиш енергијата. Едно е на 25-6 да имаш деца, а друго е да си уште ‘слободен’ и да трошиш енергија кога сакаш, колку сакаш и на што сакаш. Ако си мајка на таа возраст, исто е и како да си мајка на 30+. Никој не те прашува дали сега можеш, едноставно мораш. Син ми го чувам сама и со 216 други обрски, работа од дома, работа за дома итн, просто не знам како да имам повеќе енергија, ама се трудам да имам доволно зошто морам. Откако ќе се решиш да имаш деца колку и да звучи може сурово, самиот се ставаш во втор план, бар дур се мали. Тешко е, напорно е, исцрпена сум 99% од времето, ама среќна сум. Ова го чекав со години, плачев за ваков умор, буквално. Затоа одбирам да се жалам што е можно помалку, а да бидам благодарна што е можно повеќе што животов ми пружи ваква шанса. Гушкајте си ги дечињата и дишете длабоко. Дур да трепнеме ќе пораснат и ќе си останеме само со спомените и муабетите колку ни било тешко, а убаво.