А кога сме кај јадењето, да не го урочам пак почна да си јаде, како залади времето тој почна да си јаде. Дали има поврзаност, не тврдам ама ете така се поклопи. Денеска шетан два пати одма е посмирен и не плаче толку.... Леле кога ќе фати ладното што ли ќе правиме ... Има да бидеме како ескимци осеќам само за да шетаме. Се повеќе зборува. Многу е интересен. И секој ден нови глупости му истекнуваат. Нека се живи и здрави и покрај нервозите како што вели @Bella_Stella убаво ни е. А си имаме и ние, како и они моменти. Фала богу што се имаме овде и да се потсетиме на тоа
Дојдов за совет тука. 13 месеци има минатиот месец баш пред роденден беше болен матичната рече вироза и му даде сируп само за имунитет ИмоуноБ, го испивме тој цел во август. Е денес излезени и деца на куп сите по топка по играчка не можам да го довардам, една мајка кажува детето стрептокока имало, другата поднастонато било, носето му течело итн итн. Знам не можам да го чувам во стаклено ѕвоно, мора да се дружи утре и во градинка ке оди, ама дали да дадам есенва некој сируп за имунитет или витамини некој, секако следи периос на настинки и вируси.. Он си јаде во глобала се, ужинки овошје секогаш има, зеленчук освен патлижан се друго јаде без проблем. Дали вие давате нешто плус?
Јас имам испитано најдетална крвна слика со сите можни параметри што постојат, на имунологија на клиника, ради тежок инфект што прележа на 9 месеци и ниска килажа. Со упат од матичен одиш кај специјалист и он ти кажува што треба да се испита според состојбата на детето.
Еве ќе ти кажам мое искуство, лани ќерка ми кога беше 14-15 месеци братучетка и почна во градинка. Ги префативме повеќето вируси што ни ги донесе оттаму, ама оставив за да гради имунитет, а да не е ептен во жустрото. Вака мислам имавме време и да здивнеме меѓу настинки, зошто беше изложена на едно дете, не на 20. Есенва аплициравме за во градинка, па ако ја примат се надевам дека колку-толку ќе има изграден имунитет и полесно ќе поминеме. Мислам дека има логика, а како ќе се покаже во пракса ќе видиме Од суплементи и давам редовно само витамин Д и омега 3, ништо друго.
Јас не осеќам дека дете имам дома. Едно е што маж ми повеќе го гледа и него и домашните обврски, а друго е што за овие две години ретко кога сме останале без сон, јаде се' и редовно, оди во секого, нема плачки и лигавење, си игра со други деца, имунитет одличен напредува супер и мнооогу збори на два јазика. До скоро беше поповрзан со татко му, сега веќе е и со мене. Тоа што ме нервира е што не може без цуцла да заспие. Таман го одвикнавме некаде кај 20 месеци кога беше, почнаа да излегуваат нови заби и толку беше. Сега е поголем, разбира повеќе и се кара со мене . Еве наполни две години уште цуцла, па цуцла. Докторот ни вика, не е проблем, подобро цуцла отколку сите други нечисти предмети, ама мене ми смета. Имате ли некој совет како може да го одвикнам од цуцла?
Јас не давам ништо освен Омега и Д3 моментално. Планирам да земам и Ц витамин викендов и евентуално Ацидосалус спрејче. Моето од понеделник тргнува во градинка. Не знам колку е исправно вака, еве нека кажат поискусните мајки.
Ништо не давам. Сестра има поголема, двете се мешаат со деца, кучиња, трчаат боси на улица, се валкаат во песоци, ќе се проба и песок некогаш, паднало јадењето-дувни го - ксни го.. не дезинфицирам никогаш играчки, се става во уста. Според мене треба да се ствара само имунитет, да го презаштитиш не можиш, нити е добро.
Ист е и мојот, од кревет станува и ав ав прави за кај кучето да оди, се валка низ двор, низ парк лазеше цело лето по децата. Имаме дома куче и маче чувани во двор не дома од кревет станува и лета кај нив, риба му купи баба му како е жива уште не знам 300 стресови и има дадено во аквариумон. И надвор трча по сите кучки и мачки. Не бил до сеа нешто тешко болен, освен еднаш на 6-7 месеци ама бевме тогаш и јас и мм, од нас префати, се друго лесно си поминувал, 2-3 дена и толку. Ке оставам да видам како ке биде. @Bella_Stella на која фирма даваш омега и д3? Јас ги давам на бејбитол капсулите, една омега со д3 и една чиста д3, ама последно едвај му ги стискам во уста, не ни знам колку пие од нив, би ги сменила ама не знам за кој други..
Пишувавме во друга тема за ова баш пред некој ден. Давам една капсула Бејбитол Д3+Омега и 3 капки Пливит Д3. Не ја стискам капсулата во уста туку прво во лажичка ја ставам. Баш ради тоа што се непрактични и останува производ на прсти и лажичка, да ги дотрошам ќе ги сменам со Молерс исто во комбинација со Пливит.
Мајки каков чај давате на децата? 23м е и до сега има пиено само кога имал проблем со мешето чај Бекутан. Сокови никакви не пие, ни домашни ни купечки. Кој е најлесен за прифаќање за деца?
Ве читам... јас само д витамин давам, вигантол. Друго ништо. Омегата ја прекинав зошто му правеше грчеви. Матичната не ни препорача други витамини. Да не правам грешка?
Јас кога бев на последен преглед на ортопед 9месеци имаше тогаш, ми кажа до година ипол обавезно Д3 да си прима, после во пролет/лето да ја прекинам, есен зима да ја давам. А за омегата матичната ми нема спомнато да ја прекинеме, ама ке земам сега наредно на молерс, да ги дотрошам бејбитол уште некое имам.
Не сум сигурна која беше препораката за омега - дали до две или три години. Јас давам пробиотик, витамин Д3 и омега на Молерс и во неа има плус и витамини А, Е и Д. Планирам да и направам крвна слика, па да видам дали есенва/зимава ќе давам и друго. А можеби витамин Ц ќе земам во секој случај.
Д3 давам... Ама омегата на бејбитол страшни грчеви му прави и му ја прекинавме со матичната. А други витамини не ни има кажано да пие. Едно време му давав б комплекс за да се разјаде ама искрено не делуваше. @Giiirl23 пробиотик давам по потреба, пред одмор на одмор, инаку до годинката давав нон стоп потоа ми кажаа да го прекинам. Сега во среда ќе му правам крвна слика и ќе прими вакцина па ќе си прашам за плус витамини.
Често гледам низ форумов се бараат совети за бустање на имун систем. Имунитет не се “билда” туку се гради, со прележување настинки, вируси. Клетките имаат “меморија”, при соочување со патогенот се учат на некој начин како во иднина да се справат со истиот. Иако пример вирусите мутираат, па и ова не мора ништо да значи. Превентивно давање витамини не помага воопшто пошо се работи за систем кој реагира во зависност од патогенот. Моментално се изработува легислатива ( или барем има иницијатива ) на ниво на еу, вакви суплементи да не се маркетитаат како “immune boosting”, пошто научно таков суплемент не постои. Секако нема ништо лошо во давањето, но да се има реални очекувања.
Се пишувало на темава ама се уште има поделени мислења и препораки. Кои патики би биле најдобар избор за проодување - Кеги, боси обувки или "обични" како на пример Адидас?
Јас со 43год и 3 деца..дај Боже да поживеам уште многуу години,та да си видам и јас раат на стари години и што повеќе да уживам со децата
Алал да ти е. Да си поживееш уште толку најмалце Ама може и не е до годините може како човек си се осеќа, јас не се осеќам старо и реало не сум, само малце физички истрошено, ама мислам да ја средам исхраната и да удрам на вежбање ќе добијам повеќе на енергија.
Ич да не се секираш, првото дете на година беше 13.5кг, до 2 год 20 отиде, еве го на 5 год и 9 месеци 26кг е со 119см, можи пак личат мн кила ама ништо нема отпоќе на него, меше ич..мене дури слаб ми личи гол ко че е. Не ставаат така кг после. Малово знајш врсниче со твоето, 14.100г е сега, ама 14кг се веќе 2 месеци, не става сега и е нормално тоа. Крупен е ама не е мишелинка како што беше. Лази, оди по мебел, не е прооден ама за една рака оди слободно, за јадење е фала богу засега ок, молам бога да остани вака да си јади, да се не нервирам ко со брат му што одјаде се на година и пол.... @Lavender13 мислам ти пиша, денес баш го забележав дека со левата нога оди нанадвор како Чарли Чаплин, се загрижив и баш ќе прашував тука на форумот. Исто и една братучеда ми кажс и нејзиното така одело на почеток. Па си велам дека не е нешто неминливо.
Исто и моево 12.5 го меревме на преглед после првиот роденден. Височко е ама по градба е прилично мускулесто ножиња, обравчиња има да си фатиш Јас се уште давам повеќе пасирано, од парчиња само бисквита, смока, лепче гриза.. инаку јаде се' не одбива ништо, но се е зготвено само за него. Дома појадува па потоа свекрвата го чува и премногу се труди да му зготви ручек со убави намирници посебно за него. АД уште си пие по околу 450..480мл дневно. Од понеделник ќе почнам со варено овчко млеко по малку да видам како ќе го прифати. @Carolin. @lackygirl мрп стававте?