Не, на првото на 13 месеци му ја ставија , сега за ова нз оти ми е малку шубе сакам колку можам да одложам, ама него и сите вакцини покасно му почнаа дека беше мн болен на 2 месеци. Од 4 почна со вакцинација. @Carolin. Не давам ништо јас, само Д3. Ни омега не. Првото ми порасна исто само со Д3, ни алфа ни омега имунитет ќе си стекни в градинка. Најтешка е првата година в градинка /училиште потоа е лесно.
Јас уште ни една вакцина му немам ставено од тие што се на година. Може веќе и доцнам за некоја, сакав во Лондон да ги ставам ама како испадна да останеме уште морам овде, планирам сега да го носам, само да оздрави скроз до следна недела па ќе видиме што ќе му стават.
Мене ми рекоа за мрп на полни 14 месеци да го однесам, ама мислам дека 90% ке ја одложам за на пролет, пошо ке фати есен, па зима, болести и уште мрп да ја мислам ми фали во се тоа. На пролет би ја ставила евентуално, почеток лето пошо здравје догодина септември планирам градинка да го пуштам. Ама да сме живи и здрави.
Нас ни ја закажаа точно на денот кога полни 13 месеци. А почна во градинка 2 недедели пред тоа, и одма падна болна, сега е добра ама и јас исто мислам да ја одложам... Кажете мајки што да дадам за да и омекне столицата. Тврдо е со денови и плаче кога кака. Си јаде овошје, круши, сува слива варев ама не помага. Вода пие, пробиотикот и го прекинав пред неколку месеци, ако давам пак би помогнало?
А зошто да одложувате ако детето е здраво? Ако е настинато или нешто ок во тој случај? Чисто ме интересира зошто одложувате ако има тргнато в градинка? Не осудувам само сакам ставови да слушнам
Чиа семе (1 лажица чија малку постојана во течност, во вода или млеко, да набабри). Моите се големи деца ама едното од бебе мака мачи со тврда столица. Се ова што го наброја го проба. За чијата само рече дека делува. Пробиотик нас ни има обратен ефект- успорена работа на цревата и поретко искачање.
Пробај со чајче од ким илу на бекутан чајчето што е ако не земи линкес пробиотик, го фалат сите јас го немам пробано. @Ceneva ние сите вакцини ги имаме примено на време, дури за голема кашлица кога беше епидемијата месец порано ја прими. Ама со МРП ми фуфка од што сите околу чекаат ретко кој ја ставил на време, демек детето требало да прооди и да зазбори па да ја стави. Мојов оди, збори и се кара по негово дури само нешто брбља ама искрено не знам што да мислам. Од една страна сум зошо да ја одложувам секако ке ја прими кога тогаш, а од друга си викам ај не се прај многу паметна, сите не ставаат ти ке ставаш и така..
Мене матичната ми одложи ради жештините летото и после јас пред одмор ја одложив од што не сакав ни со минимална темп ако добие да минуваме на одморот. И сега во среда одиме да ја примаме и да ти кажам едвај чекам. Мене ме фаќа повеќе страв да го пуштам во градинка невакциниран искрено. Од тие муабети околу вакцината си ги вративме сипаниците кои беа искоренети, тоа е факт. А тоа другото што се збори не е факт, ниту докажано. Само страв направија ние како родители да осеќаме. Тоа е мое мислење. Може грешам. Тригер за било која аутоимуна болест може да биде и едно квалитетно разболување со висока темп недај боже нели. Што знам јас сум повеќе дека се тоа само муабети околу вакцината. Ама секој како си мисли така нека прави, нема овде правилно, не правилно.
Секако, се согласувам со тебе. Ке ја прими секако он, есенва едино што ми фуфка е од вируси, заби му излегуваат и тоа многу лошо сите 4 наеднаш и горе и доле, жален е ептен и се става во уста, со рацете со кал кога го видов вчера во уста ама тоа е и уште толку да му го паднам имунитетот не сакам искрено, а здрав си е он. Силен имунитет има, се бори машки со секоја настинка дури и матичнава вели браво што вака издржува вака. Зимава малку повеќе на природни витамини и на пролет сигурно ја прима, да сме живи и здрави само.
Ќерка само шо прооди и скоро ништо не збореше ко и ја ставив. Во сред зима, после нова година, со 2 запчиња излезени, и 2 вадеше баш тогаш. Иди сопри ја сеа, и со одење и со зборење
Кога е во контакт со многу деца и вируси можно е да има фатено нешто а да е во период на инкубација, да нема се уште симптоми, па да се појават откако ќе се боцне. Комбинирано со имуниот одговор од вакцината може да направи жестока реакција кај детето. Се се тоа мали шанси нели, не дај боже. Ова е како ми објасни матичната.
Нашата педијатарка прво ме праша што планираме со градинка, реков во скоро време не. Тогаш рече почекајте со вакцината не брзајте. Порано демек се ставало на година и пол, рече и јас не знам зошто ја сменија на годинка. Спомна дека во БиХ имало неколку случаи на морбили и дека ако се појават повеќе случаи и кај нас добро би било да ја ставиме веднаш.
Мрп ретко кај кое дете дава симптоми. Син ми ја прими точно на година и три месеци. Прооден беше, а уште не е прозборен, ама воопшто не си правам филмови. Ептен е вокален и си збори на негов јазик. Ставови се во прашање, ама кога постои начин да се информираме не гледам зошто да не се вакцинира дете зошто некој околу мене не вакцинирал. Секој си има право да реши, за мене најсоодветно е вакцините да се ставаат на време и така и практикувам. Ако се плашиме од Аутизам треба да обрнеме повеќе внимание на други работи за да не дојде до стекнат Аутизам. За вроден симптомите се познаваат од многу порано.
Моите и двете до 13месеци ги примија сите вакцини, една неаме остаено. Тука кај нас веќе имам кажано термините за ммр се поразлицни, ревакцина се прима на 13-14 месеци, значи веќе имаат две дози и двете. Ни едната ни другата немаа ни проодено ни прозборено кога ги примија. И двете се заодени сега, големата 3 јазици збори, малото се учи.. кај нас не се задолжителни за градинка, сепак доброволно ги ставаат.
Здраво Дете ми е 13м, летото изумив да давам вигантол капки,пошто скоро секој ден беше на сонце а и многу топло.Е сега прашањето ми е,дали да продолжам да ги давам или да ја носам на ортопед.
Давај, до 3 год секој ден давав на првото. Иначе ни прозборен ни прооден беше првиот син, на 13м си ја прими, реакција никаква, ама еве сега нз оти шубе ми е. Малово си зборува кинески, пушта зборчиња, се повторува по брат му, по нас, имитира куче, маче. Ќе ја прими секако ама бар година и 3 4 месеци да е или година и пол.
Да ве прашам како ги облекувате за спиење сега? Во спална ни е 24 степени јас спијам на доле на долги и горе на кратки пиџами. Пробав и долги пиџами доле горе боди на кратки, и боди на долги, и боди на рамки и на долги ракави пиџами, оваа вечер го облеков во шпикозни долги на нозе кратки на рацете, ама грбчето му е ладно цело време. Го покривам со тенко чаршавче ама одма се открива никако не трпи нешто на него, вреќа оддамна отпадна од план не ја сака. Се мислам да не му е ладно па затоа да станува толку често. Во што спијат вашите и има ли некоја друга причина за ладно грбче? Вака кога го прашувам дали му е ладно вика не, ама не знам дали разбира што точно го прашувам.
Откако залади ја облекувам во тенки пижамки и боди на рамки.Мене ми е доста ладно а таа се открива цела вечер,грбчето и е топло и еве сега два дена е со 38 температура
На пижами по долги и накај 11 го покривам со тенко чаршавче, си спие без проблем ама поладно е кај нас.