Душа мала. Адаптацијата е тежок период ама ќе помине. Инаку за јадењето искрено знаат и да подлажуваат. Не ми е јасно што постигнуваат со тоа ама го прават тоа. Внука ми не е јадач во градинка. И имаше денови кога велеа дека јадела а после испаѓаше дека не јадела и си признаваат. Инсистирај на искреност од таа страна. Прашувај по повеќе пати кога го земаш.
Мене болна ми е темава за градинка, гладен таму, само лепче касна ќе ми речеа, упорно одеше оти мораше. Ништо не пројаде до крај, дома во 3ч гладен ко пес беше (да ми извините на зборот). Па јадеше ко да нема видено... Уште ми се стега срцево за него.
Нејќам да бидам нападна уште на првиот ден. Ако лажат не знам зошто го прават тоа. Не е дека јас ќе ги обвинам ако не јаде, таман работа. Ама да знам барем колку толку реално што се случува. Рече јадеше лепче со мармалад и банана јадеа сега пред малку. Е сега он пример дома мармалад нема јадено и прашање е дали и колку јадел таму. Банана јаде цела, ама со тоа плачење и друга средина може да каснал и два залака само. Тоа не е јадење, да јадел дома немаше да биде толку гладен. Од прееска не е застанат. Јадеше лепче со хумус и јогурт, бисквити и едно смути испи. Најадено дете не верувам толку да изеде.
Мајки тие што ги одбивте од цицање, како го направивте? Како најлесно можам да го направам тоа? Мачно ми е веќе, ноќеска станува по 150 пати, на секој саат, максимум 2. А и не сака ич да јаде. Па се мислам ако ја одбијам може ќе почне да јаде повеќе и да преспива ноќ, што мислите вие? И за успивање не знам како, сега со цицање и нишкање се успиваме по 1 саат, а без цицање како би било.. Раце немам веќе.
И кај нас е ладно, во спална 17 степени беше синоќа. Сабајле во 4 клима на топло пуштив, пошо бебо се шмугна во мене да се стопли, а не сака покриен да спие. Треба да се пуштам во барање шпикозни за спиење. Има едни лани му донесоа 9-12 ги носеше пролетва големи му беа, сеа му се кнап ама ги носи поши се памучни и држат топло, а од надвор како некој тенок плиш, летово спиеше по боди пижами немам купено. Сега се мислам и вреќа да му земам за зимава, лани зимата во вреќа ја помина. Никако не сака покриен да спие, сега спие со мене и мм на спална па колку толку го гледам да го покриам и цица 26363 пати ноќе. Ама па почнав за дневни во креветче да го ставам, планот ми е и за ноќе да го вратам. И прашање имам облекуватр ли чорапи за спиење? Или да земам шпикозни со стапалца? Чорапи и лани не му облекував ама лани немаше зима, сеа некако се исплашив со ладново од одмор дојдовме со јорган да се покираме
Имам внуче што ете година ипол оди и само на леб и вода живее во градинката. За жал ако се такви ништо не можеме да смениме. Мене ми е само битно да ми кажат реално, јадел не јадел.
Така е, се сложувам, мене ми кажуваа, само лепче касна, ќе речеа. Иначе кај вас е мн рано, сега се навикнува, се му е ново, ако е јадач мислам ќе си јади натаму, исто на другарка детето не јадеше таа секое утро дома му даваше, пробав и јас ама мојот не јадеше толку рано. Ретко некогаш ќе речеше попара со бисквити па му давав пред градинка, ама тоа на прсти се брои.
@LiquidLuna , ме пукнал, оти се качува на кревет, оти лази под столици, оти оди на прсти, оти ова, оти она. Стресно му било да не падни, да се удри. Повеќе мака од маж имам отколку од дете. Додуша вчера и мене срце ми застана кога ја видов на маса горе качена ама сега период е, ќе помине за некоја година де, не за брзо. @Bella_Stella , првиот ден кога ја зедов со плачење, 100 пати се помислив дали да продолжи да оди. Ама си продолжи. За јадење ми викаат дека јади, бар во јасли. Во новава група исто викаат јадена е. Е сега што викаш колку е тоа јадено не знам. Гледам низ дома повеќе ужинки бара, така да може од стрвост, може и не и е доволно јадењето таму. Мене ме нервира што со полно шише вода се враќа. Општо не е некој пијач ама освен ако не и приполнуваат повеќе пати испаѓа по цел ден 3-4 голтки да има испиено. Ова ќе мора да го проверам. За памперс демек ги преслекуваат пред земање и обавезно со сув памперс е.
@Bella_Stella @Miss_S Мали се порциите во градинка, ги имам видено кај нас, ваљда се секаде отприлика исти. Мојава после градинка знае и цела кујна да изеде. А некогаш и даваат и по два пати, ако бара. За некое време ќе ги познавате кога/како се јадени. Пример ако изеде пола кујна, значи јадела во градинка
Појма немам колкави се. Он до душа си јаде, на сите прави друштво. Ама таму немам претстава што се случува. Ама ајде да не се брзам со заклучоци, тек ни е прв ден. Треба да прашам само дали имаат мени да ми дадат за да знам чисто дома да не повторувам намирници.
Eдна мала кутлача, толку им ставаат во јасли. Малку та премалку. Мојов јаде и од нашиот ручек и ужина овошје и вечер после. Му иде живи да не изеде. Само вика Кај е њам њам?
Уф, тешко прашање. Наводно да не се фрла. Од кај да знам која им е целта. Ја би плаќала поскапа градинка да знам дека ќе има нормално храна.
На сметка на тие неколку што не јадат страдаат сите, ама тоа е. Ова од муабет со мајки ти зборам, не сум вработена во градинка, не знам искрено како е вистина ситуација. А за количината прашав и ми кажаа, една мала кутлача.
Така е ќерка ми. Од 9-3ч она не јаде ништо од 4 оброци во градинка и така 10 месеци. Ама она не јаде оти не било тос што сака
Е па и мојот е доста пребирлив, после почна само макарони да јади, оти ги сака нив, и некогаш ориз макал. Башка споро јади, по 1 сат. Сега е прваче и по 2 тост лепчиња му мачкам (еурокрем, хумус, маргарин, тоа вртиме цело време за на школо) и не успева 2те да ги изеди, вчера на пр пола врати и вика, не ме остаја да дојадам ем жал ем смешно ми падна, е па синко ќе се учиш побрзо да јадиш. Забегав од темата малку
Кажи му на маж ти ако и вика да не се врти ќе се врти поише најдобро е да тргнеш покрај неа ако има нешто кога ќе падне да не се повреди и да ја игнорираш така најбрзо ќе престане. Одење на прсти а мајлстон и треба да оди. А научен одговор ако маж ти прашува зашто се врти е: на тој начин го стимулираат вестибуларниот систем и забавно им е зашто чувството да им се врти во главата им е интересно како што им е интересна нова играчка. Не треба да се спречува освен ако не е цел пречесто и предолго што ги спречува да функционираат нормално (да јадат, да учат итн)