1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    6.075
    Пол:
    Женски
    Оф душа. Ќе има плачки, ама нормален процес е знаеш. Многу тежок период е адаптацијата ама ако си решена и веруваш дека тоа е најдобар избор биди упорна. Не знам во Мк дали има опција ти да седиш внатре со него, ова многу помага. Сега ние пак имаме адаптација зашто го префрлам во друга градинка и јас сум со него внатре околу 30-40 минути, 15-20 минути останува сам. Гледам многу подобрување и некако го осеќа посигурно местото зашто ме гледа прво мене таму. Тој пак плаче кога ќе излезам ама негувателката вика дека бргу се враќал на играта и се смирувал.
    А за јадењето и мене ми е вечна дилема. Во градинка секогаш беше најјадач, го фалеа колку убаво јадел сам, а секогаш го зимав прегладнет и обавезно носев нешто во мене за грицкање и на врата му давав. А тој не јаде количински, стварно не знам по колку и дават за да бидат толку гладни. Се трудам да верувам дека не не лажат, не ми треба уште недоверба во психата.
     
    На Bella_Stella и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    887
    Пол:
    Женски
    Еднаш во јасли кога беше уште одам да го земам и ми вика изеде 5 бисквити пред малку:x па ќе изеде гладно, од 12 до 16 додека го земам.. за 4 саати мене ми е до негде нормално што дома се многу гладни ама па и зошто им се толку мали порциите не знам.
     
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    19.173
    Пол:
    Женски
    Сакам и морам да бидам упорна за да се адаптира, избор и немам баш веќе. Долг период работам од дома, ама сѐ почесто ме прашуваат кога планирам да се вратам. Нема тука опција да влезеш внатре, не ни знам како изгледа занималната. Многу ми е тешко што е оставен и не ни знам какво е внатре, ама тоа е што е.
     
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Прашав другарка која работи во градинка. Јадењето било исто и за големите и јаслите, и во количина и се, само што нормално малите помалку јадат...тоа што останува се фрла. Барем во нашиот град е така... Инфо од прва рака. Не била мала порцијата
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Jas ke vi odgovoram vaka kako ne povikana :D ama smetam deka toa sto go znam treba da go spodelam.
    Hranata ne e ista za jasli i ostanati grupi, barem kaj nas e taka. Sekoja zanimalna treba da ima istaknato mesecno meni ako nema pobarajte si. Sto se odnesuva do kolicinata na hrana toa e spored nekoj normativi kolku e dovolno za dete vo jasli i ostanati grupi. Ovie se raboti pod kontrola na ministerstvoto, zboruvam za kolicina na hrana i toa sto se dava kako hrana bez nivno odobrenije nema nisto. Muabetite od tipot za da ne se frla ili stedi ne se tocni.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.390
    Пол:
    Женски
    Кај нас се различни мениата. Едно е за деца до 2 години ( јасли ), а другото е за 2-6 години.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Една држава а секаде различно. Тоа е
    По мое треба да биде така. Како може иста храна за јасли и поголеми групи ама ете така било.
    А овде во србија како ли е појма немам, се немам распрашано ич.

    Инаку дали е нормално прво тројка долу да излези пред 4 ките? Ова забите баш некако со свој ред му излегуваат. А горе исто на едната страна и 3ка и 4ка се готови да пробијат. А сношти беше такво плачење највероватно е се од забите.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    Јас да споделам како е тука, добивам месечно мени, оброците се мали ( во споредба со тоа што јаде дома како оброк ), па секогаш таму јаде дупла порција. Даваат репете, ама ограничуваат. Уствари зема репете од сите оброци, и од ручекот и од ужината. И пак дома доаѓа гладен, за вечера не се заебаам ама јаде колку мене и мм.
    Мене теоријата ми е дека константно се движи и троши повеќе енергија, затоа е и гладен.
     
    На kikikikirika, Bella_Stella и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.390
    Пол:
    Женски
    Да
    И ќерка така ги извади. Сега 5ки вади :drunk: 2 излегоа, среќа
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    17.085
    Пол:
    Женски

    А јас се чудам зошо доле му излезе 4ка а горе тројките му се бели, заб цел се гледа само да пукне. Пренервозен е, само пика нешто во уста, каса, чкрипи со забите, станува со плачење ау (wtf)
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    19.173
    Пол:
    Женски
    Ама леб и мармалад сите јадат нели? (facepalm) Денес кога ми кажа јадеше мармалад за глава се фатив, ама што да правам ај. Јас дома не давам никакви шеќери, таму мармалад ќе јаде. Ако јаде де. :whew:
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    најверојатно зависи од градинка до градинка, во истата одат мојата и на Луна, кај нас во менито до 2 години обично доручекот беше каши, палента, јуфки, нешто такво, немаше мачкано нешто на леб, над 2 години секој ден имаат за доручек леб со нешто мачкано.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    22.992
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам што тука им даваат за јадење вие по глава ќе се мавате и тоа шветска маса хаха замисли сами да си вадат :rofl: добри сте вие
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    19.173
    Пол:
    Женски
    Баш ќе прашам утре за мени. Дива лига е овде, нити некој ме праша да не е алергично на нешто, ни ништо. Среќа па не е. Кога сакаш нешто плус да прашаш стално се во брзање и на кај да фатам не знам.
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Не се секирајте, во било која јасла порциите не се толку мали за сите деца да се гладни. Дури и да не му стигне порцијата, даваат од друго дете што останало (после чуди се зошто вируси, ама тоа е друга тема).

    За изборот на храна како и за се друго ни градинките, ни ние родителите сме цвеќиња за мирисање.

    Во јаслите на син ми ни даваат информации за се и сешто, освен не за што јадел доручек и Ужинка баш од таа причина "ама јас дома ова или она не му давам". Прво не ми беше сеедно, ама сега ми е најважно да е најаден. Вчера го објавиле на ФБ како сам си мачка маргарин. Нездраво скроз, ама им е дел од програмата во која ги учат децата да мачкат на леб. И ниеден од 12 пара родители во групата не кажа чекај бе ова е нездраво, сите се радувавме што децата научиле да си мачкаат сами. Значи јадењето е дел од социјализацијата и тоа детето да јаде што другите јадат, сметам дека е поважно.

    За ручек лани готвеа во една заедничка кујна, едно исто јадење за сите, фиксна месечна цена, јадење од дома не смееше да се носи. Сите бевме задоволни, децата сити.

    Сега во новите јасли е истата кујна од лани, ама преку апликација во која имаш неколку менија да си одбереш и нарачаш. Дозволено ни е да пуштиме ручек од дома. Е тука стана неочекуван хаос. Родителите се буниме зошто макарони биле 4€, пуштаме од дома небезбедна храна (месо правено предходниот ден, што стои во пластично 5 саати), па еден нарачал едно стигнало друго, детето видело другите деца друго јадат не сакал неговото да го јаде, децата не пробуваат ништо ново дека секој нарачува тоа што детето и дома јаде, порциите се единечни пакувани и нејќат децата да си ги делат ко порано (порано стигаат во тенџериња и воспитувачките им ги делеа според тоа кој колку и што јаде).

    И со ваква "модерна" организација често некои деца остануваат гладни оти нешто од нарачаното не им било по ќејф, па јаделе на пример само ориз од менито.
     
    На Carolin., Anturium, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.390
    Пол:
    Женски
    Во јасли не. Тука секој ден :D
     
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.451
    Допаѓања:
    4.949
    Пол:
    Женски
    Кај нас менито не е никаде видно објавено. Може кај раководителката што е на другиот крај од зградата ама ни имам време, ни сум била таму.
    За јасли беше најчесто Чоколино/Фрутолино, бисквити со млеко и тоа воспитувачките сами спремаа количина спрема тоа кое колку јади.
    За ручек на земање знаеја да кажат јадеше супа, или јадеше грав, или не сакаше да јаде леќа, па дадовме леб и кашкавал пример итн.
    Генерално известуваат, јадено, не јадеше, или изеде помалку од редовно.

    За алергии кај нас уште во пријавата пишувавме доколку има реакција на нешто. Или во тек на времето ако се јави плус. Кај мене се случи да се јави кај ќерка осип, додека исклучивме од што може да е, внимаваа и на храната.

    Едит: до кај 1,5 година се траскав скроз, да не се многу шеќери во ден, да не се повторува со градинка, да не вака или така.
    Последните месеци воопшто не гледам ни дали каснала месо во градинка, па да не понудам дома. Или јадела Чоколино, па дома да не е ништо со шеќер екстра.
    Ни јади огромни количини на благо, ни јас веќе имам сили и нерви, да си комплицирам плус.
     
    На lackygirl, LiquidLuna, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    100.689
    Пол:
    Женски
    Ете зошто вчера сум имала немир... Стана во 4 со 38.9 температура. Не ми е јасно, после само 2 дена од антибиотик качи температура. Никакви предзнаци, затнато, кашлица, само стана со температура и бладање. Или е некој вирус или не знам, али не е нормално. Дојдов до работа нешто да привршам и ќе си одам одма, не можам да седам дома а душа ми плаче, не ми се седи на работа, сакам да го чувам јас, ама тоа е. Коа ќе ми рече некој Е ти администрација... Шипки варени администрација!
     
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Примивме вакцина. Ајде сега да се надеваме без реакција.
    Крвна слика топ сме го качиле хемоглобинот на 128 :)
    Одам да одморам и јас покрај синко. Се читаме мамасити
     
    На lackygirl, Giiirl23, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    19.173
    Пол:
    Женски
    :drunk:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.