Бела, провери на интерент дали градинката има своја страна. Јас така ги гледам мениата по месеци. Би требало барем тоа да е синхронизирано на ниво на држава, да мора да има веб страна и сите потребни информации на истата. Ние денес пак во градинка. Пак со плачки ама малку како да гледам разлика. Кога ја земам е поприсутна и не толку трауматизирана. Одеше само 3 дена, па скоро недела ипол пауза и сега пак. Раце ми се тресеа денес. Ќе видиме утре.
За јадење кај мене немаше ефект одбивањето, исто си јаде и без цицање, ама за будењето сега е подобар помалку се буди. Јас намачкав сенф и многу лесно се одби пошо е гадлив, имаше плачки 2,3 дена ама не беше страшно, мислев мн тешко ќе биде пошо беше цицалче невидено и ден и ноќ ама мн лесно поминавме.
Побарав од учителката и ми испрати на Вибер. Син ми денес однесен и земен без плачки, да се чудиш. Сабајле одма отиде кај учителката од кај мене во раце. Си играл, јадел. Вика многу се заигрува одма отиде кај играчките, си чепка си мести. Од следна недела рекоа ако бил вака можело до 11:30 да останува. Изгледа денес и повеќе јадел зошто дома кога дојдовме не беше гладен како да не јадел три дена, си касна он пак ама лабаво. На вас со лесно адаптација на ново, издржи мама!
Мајки абе ова со мочањето не ми е нормално. Полни пелени многу, бетер од кога беше новороденче. Пелената ќе прсне. Значи до толку се полни што кога ја џитнав за маж ми да ја фрли, накај ходник ја фрлив, пукна од што беше преполна. Не се сеќавам зимоска да беше така. Ама за воља на вистината па и пие многу вода и сок цеден пие.
Сега заладено е па и не се толку потат, логично ми е повеќе да мочкат. Мене ме загрижува кога му е по сува, кога е мокра бар знам внесува доволно течности. Не знам зошто да не ти е нормално и да го мислиш.
Полни се и кај нас. Прво мислев да не и студи ама топло ни е дома. Ја спијам на кратки горе, она на долги. Ама па и пие ептен вода. Вчера на 2 саати, денски прокисна од што пие многу вода.
И на мојот периодо му се преполни пелените, и јас почнав да не се мислам да не му е ладно. Навечер пропушта прв пат откако е роден. Сменивме поголем број, џабе, наутро е утоп. Не знам до шо може да е ама чудно П.С ми се смачи од менување постелнина секој ден, перални не можам да постасам со диплење. Барам решение, а да не е да менувам пелена навечер, јер волим да спавам
2 страни поназад за ова пишевме вчера мислам @AngelOfArh Прв пат прокисна пред некој ден, после тоа следниот ден му сменав во 5ч сабајлето пелена за да не прокисни. Не поти ич веќе и моча многу. Исто и преку ден мн почесто му менувам пелени од ко залади, заштедивме летово бар на пелени од жештината
Мали има некој период на пребирање храна. Јајца, млеко и бискоти и палачинки јаде само моментално. Проблем е ако секој ден јаде јајца? Пример денес кајгана, утре едно јајце само во палачинки, трет ден варено, четврт пак кајгана. Вака некако сме периодот. Многу е?
Мислам дека не. Не јаде по 10 јајца, 1 до 2. Моево имаше период на варени јајца ужина секој ден. Инаку каплицава е од вирусот, наводно, не е заразно и не е болен, ќе биде вака извесен период. Јас ќе чистам нос секој ден,ќе давам кромид и јаболко со ореви,веќе исцедив јаболко, морков и цвекло, лимони и медови... Па ќе видиме.
Дали пред примање на дитепер ревакцина што се прима на 18 месеци ги прегледуваат децата на лице место и дали треба крвна слика? Дали после има некоја реакција? Дали пред и по вакцина ги изолирате децата?
Зависи детето за реакција, секое е различно. Не сум изолирала никогаш, за крвна слика доктор одлучува кај нас. За првото скоро секогаш правеше крвна слика и немаше никаква реакција на вакцините, за второво само го прегледа последно и без кс го вакцинира, на 8 месеци мислам беше последна вакцина. Сега следува ММР (13 месеци е).
Кс јас побарав, направивме. Ја прегледаа секако пред да ја прими. Реакција немаше никаква и не ја изолирав.