И моево вака, јас се надевам дека ќе порасне малце и ќе јаде повеќе, се надевав во градинката дека ќе почне да јаде повеќе таму, ама вака читаајќи ве изгледа иста мака ќе биде. Ете денес е на една слива и една ѕденка од сабајле од 8. Само ѕденки бара деновиве, вчера беше само на макарони без ништо и една крофна домашна без шеќер. Јас искрено ептен виновно се осеќам што не јаде.
Ова со зденкава ме потсети на мојава. Јаде 5 дена само зденки, после не сака да ги гледа пред очи. После јаде 5 дена само павлака и неа не сака да ја гледа. И така со денови јаде само едно исто навечер и наутро а преку ден знае да касне и од нашиот ручек, мусака, ориз, манџа, шпагети болоњезе...
Ете сеа и ручекот мина, му правев печени пилешки прсти, домат и њоки во сос, само доматот го изеде, од прстите проба и исплука одма(со месото вака е) Јас сериозно не знам од каде има толку енергија да беснее цел ден, од цицањето вајда не. Хемоглобинот му е 115 ич не сјајно. Кој сируп за апетит да дадам, сте давале?
Џабе апетит додека цица, извини што сум директна. Додека цица вака ќе биде. Од искуство. Знам дека ти е тешко и не ти требам уште јас, ама тоа е тоа. Јас се карав со сите, мајка ми, докторот, свекрва ми, золва ми... Сите ги отерав и кога го одбив за 20 дена качи 750гр што ги качуваше 6м претходно. И јаде количински повеќе.
Ама зошто препишуваш се на цицањето. Можеби такво си е детето и ќе се разјаде во иднина. Ете и моето цица, па јаде како дупнато.
Мојот не јадеше ни додека цицаше, а не јаде ни од како престана да цица. 9кила е искрено не можеме да пркнеме ама се помирив такво си е детето..
Ете доказ дека нема врска цицањето. И син ми не мрда од 9кг и покрај тоа што јаде убаво. Ама не си седнува на газот пре пре активен е, па се поморив дека баш такво си е детето.
Ист е еве го 5 год исто, значи како бебе се јадеше, буквално се, само на месо не беше мерак, потоа после година и пол почнаја маките, се одбиваше, имаше денови кога јадеше масло, сол и пипер (мајка ми тоа го пробала и успеало), таков си е, еве јади хумус 5 дена, пред тоа немаше јадено 5 месеци на периоди се јади. Ама нема проблем со тежина, баш напротив од секогаш е понапреден и поголем од врсниците, ама тоа е и ген, исто расти и малово сега, ама досега пу пу машала си јади, само си бара, ќе јадам пр јас нешто и ете го иди и зинува, ам вели јас немам навика да го понудам научена со големиот дека ништо не бара замислете дете да не јади компири пржени? Е па моето не јади денес пак на школо не успеал да јади (спор е) само 4-5 пати имаше каснато од јадењето. Тоа се, се навикнав и не се нервирам.
Пробај со овој сируп, б комплекс на бекутан. Не е гаранција дека ќе делува. Кај многу делувал,кај многу не. Вкусен е мислам дека нема да ти го одбива. Еднаш на ден по оброк 2,5 мл
Сум пишала еве пак. Моето се одби и не пројаде, давав од бекутан за апетит витамините имаше малу ефект, после давав еден друг сируп баш за апетит немаше нешто и со него подобрување, крајници извади, ни тоа. Поголем не јадач ми нема, 4-5 работи вртиме добри 3 години, дури од макарони со сирење и јајца што јадеше, сега само макарони со путер.. е така си крати само намирници, никако да проба нешто ново. Се сеќавам на твој еден коментар од пред да почнете со храна, пиша дека вие сте гурмани и се јадете.. исто и ние, а она се гади од храна. Неам чаре ни јас, на школо ќе тргне нема пробано ништо. А малово не прибира.
Ех се сеќавам и јас колку бев ентузијастична дека ќе јаде Ама јадеше докај година, се што му нудев ќе пробаше и ќе изедеше, после престана. Сепак и јас мислам дека доењето кај него има ефект на храната, оти кога нема да е нешто што го сака понудено доаѓа кај мене и бара цице, сабајле пред будење ќе се нацица убаво и ако не му дадам плаче до затајување и цел ден е оцет кисел. Некако како да знае дека ако не му се допаѓа јадењето цице има на располагање па не јаде. Еве денес за вечера касна доста, цела чинија солен пилав со павлака, краставичка, 2 парчиња лубеница и 2 парчиња банана леб кој му го спремав за доручек сабајле. Ама дека цел ден нејаден… Ориз додуша многу сака и секако го јаде, макарони со сос сакаше, сега веќе не, само онака без ништо. Јајца не сака никакви и тоа ме кочи многу оти скоро секој доручек мене ми е варијанта на јајца и би ми било екстра корисно да не правам посебно доручек за него(кој не го јаде секако) За месо искрено не се сеќирам што не сака толку оти и ние не сме луѓе што сакаат месо секој ден, повеќе сме на зеленчук, паста, салати, ама јајцево ме нервира што не го сака. Ќе пробам и чај, па одбивањето на крај ќе го оставам како опција.
Здраво мамички Ние сме 14 месеци, болни сме скоро секоја недела, а не оди во градинка. Од голем јадач преку ноќ се претвори во голем не јадач..Предложете ми нешто за имунитет и апетит..Прашав за алое гелот во комбинација со витамините, но биле за деца над 2 г.
Да се насмеам слатко Ќерка никогаш не цицаше ко шо треба, не пиеше ни АД ко шо треба, не ни јаде како што треба На што да препишам? Ретрограден Мекур? @lackygirl палачинки со Нутела не јаде, пица никако. Тост ако и е погоден по боја, температура, и доволно кашкавал ( ништо друго внатре ). Cheat food со молење. За компирчиња не зборам, јаде само од нашите ко ќе порачаме надвор. Дома строго не.
Јас ќе ви се умешам. На таа возраст цицањето не ги држи баш сити, ама дава некоја моментална ситост. Очигледно е навикнат дека кога ќе побара ти одма ќе дадеш. Син ми веќе добри 4-5 месеци е без дневни подои. На почеток не се тегнеше да бара и беше лесно, си јадеше ужини наместо цицањето. Последниве недели откако се вративме од пат почна да бара, да ми крева маица, да брка, ама јас не попуштам. Мислам дека тоа е резултат на тоа што бевме разделени. Некни пример се врати од градинка и почна да ме тегне за да цица. Прво помислив дека бара утеха ама си реков прво ќе понудам храна и испадна дека е гладен, седна и си доручкуваше и заборави на цицањето. Сигурно ти е мачно да не дадеш кога плаче и се тегне, ама мораш да се прежалиш. Можеби како што кажав претходно такво си е детето и не е до цицањето, ама на твое место јас не би го доела веќе на барање. Големи се. Ќе поплаче ама ќе се навикне. Најди некоја дистракција во моментот, земи ја ужината/оброкот и одете надвор. Ако и така одбива тогаш не е до доењето туку едноставно си е прибирлив.
Дај кажете што им се дешава на 14 месеци. Скок е знам. Ама регресија дали има сега. И вчера и денес не сака да спие преку ден. Невообичаено за неа, оти до сега секогаш спиела. Ноќно спиење исто и е немирно и доаѓа кај нас во кревет. Дали крати дремка, дали утнувам прозорѕна будност поима немам. Вчера спиеше една дремка, само од сабајле. Денес станата е од 6 ипол, еве уште не можам да ја заспијам,а три пати пробувам. Станува, се спушта од кревет доле и оди се заигрува. Не плаче, не знам што и е.
Има регресија околу годинка, и нас не здрма на 13м, си седевме со часови будни преку ноќ. Колку дремки има? Можеби сака да се префрли на една?
Две се. Барем до завчера. Се беше под саат што се вели. Еве ја зева, збесната, ама штом идеме во спална се дере и станува агресивна. Ја би да пробам со една, ако евентуално заспие денес . Прв пат вака, до сега сите регресии лесно ги минавме. Буквално со се се заигрува, само да не спие.
Си ги покажуваат рогчињата Крати една дремка, и ќе ти биде хаос неколку дена додека да си фатите пак ред да знаеш