Хахах ист е, ме трга, ме греби на врат нема не даваш, мора да дајш Леле ми се јавија за в градинка за од понеделник да почни, колку чекавме да го викнат, толку нејќам да оди, а мора, едноставно нема друго решение.. Како ќе биди се леле мори мајко прво саат и пол ќе биди, од 8 до 9 и пол. Првото не беше во јасли, дирекно во прва мала група беше, дека на 2 год и 2 месеци тргна. 300 филмој и прашања во глава
Пуштај сваќе не му се мисли. Поинтересно им е таму секако, отколку со баби и дедовци дома, а и ти да се растргнуваш. Јас ја чувам, по 3 пати на ден надвор ја носам, на 3-4 игралишта ја макнам кога времето е убаво и пак сум и досадна, по деца си трчи. Ја носам од сабајле од нејзината градинка, кога се во дворот децата, да ги гледа. Абе какви се мирни и воспитани, си играат во групички. Милина да ти е да гледаш. Дома на лустери уште не се бесат. За спиењето во градинка, си наоѓаат они од воспитувачките некоја која им се свиѓа и доволно е да ги погали и се успиваат. Ние дома може до 100 и надзат да се нишкаме и лулкаме и гушкаме. Они таму се изморуваат и полесно заспиваат. На почетокот да, секако не им е лесно, ама после си фаќаат ред и поарно им е. Јас сум многу среќна, а овде и процесот на адаптација е поинаков, па се надевам дека ќе биде се во ред. Се оди на тоа детето да стекне доверба, дека мама ќе се врати. Ќе одам и јас со неа на почетокот по саат два, па ќе ја оставам прво 20 мин и ќе наголемуваме. Се планира 6-8 недели адаптација. И се спиеше денес ептен ја фати криза накај 5-6, ама надвор и не и дадовме. Сега заспа, белки утре нема да стане во 5 . Ама па што е тоа е. Ќе помине и ова. Или после скокот ќе сака пак два пати да дремка. На нека прај како сака веќе, џабе и планирам јас, на крај пак по нивно е.
Дете 14м деновиве ептен нервозно два ноќи станува со пиштење никако не се смирува скоро саат бевме на преглед грло добро носот му тече и затнат ама плучата добра крвна слика покажува алегриско само ни рекоја сируп лоратадин навечер исто и зуби му раста наеднаш три само скоро 2 месеци слабокрвен е му давам сируп за железо ама имаме проблем он пие многу млеко аптамил 3ка и навечер станува често за да пие ни рече докторката да го одвикнам од тоа давало и тоа слабокрвност сакав да прашам како да го одвикнам оретерано бара да пие и чај му даваме и вода навечер ќе испие ама пак млеко бара?
Не сум дала, уште дотрошувам Бејбитол. Планирам 2.5 мл Молерс и 3 или 4 капки Пливит, треба да прашам.
Да издржиш неколку ноќи, колку и да биде тешко да не даваш, така може и ќе преќине. Инаку џабе лекот ако пие многу млеко. Вриштењето може да е и од затнато носе, ама повеќе би препишала на заби, зошто и мојот така со вриштење се буди кога му никнуваат заби.
2.5мл молерс + 1 капка вигантол давам јас. Ми рекоа да намалам од 2 на 1 капка зошто и Молерсот има Витамин Д. Прашајте пак.
Јас не успеав да го одвикнам, ама му намалив. Преку ден му го скратив скроз, а навечер ставам 20-30 мл млеко другото вода. Така се навикна некако да пие помалку и сега бара само едно шише околу 200 мл пред спиење и за уште едно станува околу 150 испива макс. Ако ми бара повеќе исто му го мешам со вода. Преку ден млечно на минимум и само навечер овие 350 мл не е многу. Исто пие малтофер сируп за низок хемоглобин. Давај витамин ц капки одма со сирупот за врзување на железото помагаат и не давај воопшто ништо млечно 2 саати пред и 2 саати после сирупот. Кај нас со сето ова за 3 месеци хемоглобинот од 93 на 110 се качи, ама уште прима терапија педијатарот смета дека околу 6 месеци ќе ја прима
Колку ИЕ има една капка Вигантол? Молерсот има само 200 ИЕ, а една капсула Бејбитол има 400. Затоа кога ќе почнам со Молерс логично ми е да ги зголемам капките Пливит. Во една има капка 200 ИЕ.
@shz @Thinkerbell. Да, со тек на време сигурно ќе се навикне. Како за другите така и за него. Среќна околност е што пред да почне со спиење во градинка транзицијата од 2 на 1 дремка ни е скоро при крај. Ќе пробам деновиве да го оставам сам. Гушкалчиња си има, едно мече и едно куче. Еден период сегде ги носеше со него, ги гушкаше, покажува кај им е око, нос, уста. Ама сега е во фазон на редење коцки и не го занимаат баш. 90% од самостојната игра реди коцки, ги носи од едно место на друго, ги претура од еден сад во друг, па ги реди како кула. Гушкалчињата му се малце на игнор. Во градинка кажав дека цуцла користи само за спиење, иако не спие уште таму му ставив во ранчето за секој случај. Три дена беше без цуцла, денес ми го извадија со цуцла. Кога прашав зошто рекоа сите се со цуцли и он си ја бара. Точно е дека ако види цуцла збеснува, па дома ги криеме преку ден, ама зошто сите со цуцли по цел ден тоа ми е ептен нон сенс. Така им е ваљда полесно и на учителките. Оф топик пред спиење качи температура, ниска е ама сепак беше топол, 37.8. Откако заспа се разбуди сто пати плачејќи, носето му е затнато и малце како да фрчи. За да се смири малку му ставив Ефералган, зошто можно е и заби да го мачат па си викам ај може има болка. Прснав синомарин и исчистив со Носко, излезе малце секрет. Исеков кромид и да видиме што ќе донесе ноќта. Не знам дали закачил нешто од градинка, дали е настинат од времево зошто на спиење веќе не знам како да го облечам. Облечи го се поти, расоблечи го ладен станува и никако не сум. Или пак се заби, аман од нив веќе!
500. Многу практични. Капнувам две капки на лажиче пред доручек и завршено. Друго не давам. Според педијатар и една им е ок. Она е 11 ипол кг. Ние сами си зголемивме, ама сега летото се опушивме малку. Стана во 3 сабајле, до 5 се успивавме. Па ја и доразбудивме оти и беше пропуштена пелената, мораше се да се менува. Сега викенд а? Поскоро оздравување. Може да е некој вирус. На нас ни рекоа дека најчесто се разболуваат првата недела од градинка, и адаптација се почнува од почеток пак. Затоа и толку долго трае адаптација. За цуцлата исто. Не е до воспитувачките, туку си има деца со цуци по цел ден. Треба поскоро да се одвикне. Колку порано,толку подобро. Ама немам сила и за тоа сега.
Исто давам две капки вигантол. Педијатарот препишува една ама ортопед ни рече над 7 кг одат две. И така давам. Друго ништо не му давам.
Да и јас мислев од забите му излегуваат наеднас по 2 3 заба од вчера вечер лоратафин сируп ни рече докторката по 2мл заради што покажуваше алергиски на крвната слика а може хемоглобинот низок пд млекото аптамич така ни рекоја дека давало слабокрвност а и дека пие повеќе млеко послабо сака да јаде сега овја деноој форсирам јадење појке
Нема кај нас Вигантол, а замарање ми е да барам начини некој да ми носи. Ок е и вака, 1200 ИЕ прима всушност. Он е поситен, 9 кг има, ама така ни има кажано ортопед. Не знам што е, сега е добар нема температура, носето му тече само. Синоќа добро спиеше.
@јolene да бев странство можи и ќе се радував за градинка, многу се подобри таму, др програми, а овде знам како е, веќе поминав со 1 дете во оваа градинка, а една е, мало градче нема избор. Во јасли се во креветчиња и затворени цел ден во една соба, не ги носат надвор воопшто, или ќе лази на под, ова како што не застанува ич дома кај ќе му доседи нз, ама ќе се научи си велам на се, таков е, весело дете, се прилагодува, сака луѓе. За дружба и дома си има, со брат му се, играт цело време, многу понапреден ми е од него за оваа возраст, колку што памтам башка што се сам учи, од брат му, од нас, си игра со книгите, па демек чита на свој јазик си зборува, реди коцки, најомолено му е со џипчињата да вози, по цела соба врти со коли и брчи Игра и со плишани играчки, гали, гушка, мава Каса ко ќе се налути, мислам ќе биди проблем во градинка ако ги каса др дечиња. Се бори за играчки со брат му и не попушта, а тој па ко беше вака на негова возраст ако некој му земеше од раце плачеше и ништо, не се бореше за своето. Се расприкажав Иначе вчера пак 2 дремки, заспа касно 23ч, прв пат толку касно, ама втората дремка касно била во 18ч станал. Јас на работа до 8 абе одвај во 23ч го заспав, стана во 12ч презаспа, па до 5 спиеше, стана прокиснат до под мишки го преслеков цел па го презаспав и спиеше до 8ч. Одма се се поремети, иначе заспива најкасно 22ч а станува 6 и пол, 7ч. Ама вчера мн го оставиле да спие. И за крај кашлаше ноќеска и сабајле, немој пред да почни да се разболи
Изгледа ноќеска било полна месечина во некој подзнак, сите со деца се жалат дека имало плачки и неспиење
Изгледа е вирус да. Еве почна да качува повеќе, 38.3 измерив пред малку. Затнат е во носето, вадиме нешто ама се осеќа дека повеќе е позадински секретот. Не сум дала ништо уште, стапалцата се ладни ќе качува уште веројатно. Му се спие а не може од секретот. Не знам како може секогаш петок да се разболува ова дете. Ама ајде и онака крвна слика после три дена од прва температура.
Со помин, тоа е со градинката, оди до среда и во четврток се поболува... Првата година цела така беше.
Тоа е, жал ми е ама џабе ќе се нервирам кога си е процес од растењето што мора да го пројдеме. Не знам само каква е праксата. Него вакви вирози до сега го држеле обично 3 дена. Откако ќе е оздравен дали одма се враќа во градинка или да чекаме некое време? Како практикувате?