Ја почував некој ден плус за малку да се оправи со имунитетот да не закачи пак. Исто беше со мрсули и кашлање. Ќе пројде.
Да, одма се враќа. Штом гледаш дека е подобро го носиш, ако има само мрсули си одат, оти цело време ќе бидат такви (повеќето).
Он уште не кашла, се надевам нема и да почне. Само ептен е затнат ете го се буди на 15 мин. Не знам како да му помогнам. Ставив до него сецкан кромид, влечевме со носко, ама позади е. Да поспие ќе пробам со шприц и физиолошки да видам дали нешто ќе излезе. Колку време го држеше твоето девојче @Sun&Moon ?
2 дена температура, уште неколку дена после носот мрсулав и кашлање. Недела дена поседовме дома па пак ја пуштив.
Ако пијат антибиотик ги оставам уште некој ден дома, за обичен вирус ги враќам кога се оздравени. За затнат нос помага оперил пред спиење и побрзо поминува вирозата, знам дека по упатство не се дава пред 2год ама педијатрите го препишуваат кога носето е затка. Пробај со инхалации со физиолошки или топла бања, ќе го опушти.
Он нема веќе температура, само до 38.5 качи ама ја спушти без лекови, само го разладивме. Имам спреј СептаНазал, пред спиење ќе му прснам од него. Успеа да поспие два саати и стана каде каде подобар. Не е веќе толку затнат, повеќе водичка му тече. Весел е, си игра. Се надевам толку беше со температурата.
Исти сме, многу тешка транзиција Веќе неколку ноќи плаче вришти во сон и липа не се смирува.. ноќен терор? Што да правам? Ја држев во раце ми спиеше од 2 до 6 сабајле, ако ја спуштам вришти како никогаш до сега. Ама јас кога да спијам
Има и лепенки респирантол за затнат нос, помагаат мн. Септаназал поќе од 5 дена со ред не треба да се користат. Најмногу 7.
Со маж ти менувајте се со спиење ние така функционираме. И моево пред 2 дена имаше ноќен терор, само на цицка се смируваше
Имавме ваков период после годината не се сеќавам точно кој месец.. страшно беше одеднаш вриштење сред ноќ и исто само што ќе го оставам пак почнуваше. Помина брзо ама не го земав на спална да спие, само го земав да го смирам и го враќав во креветче и му кажував тука сум нани
Значи сите сте минувале низ тоа.. мислев дека е рано на неполни 13 месеци да сонува и да се дешава ова
Знам дека не смее. Ете го дур беше буден беше ок, откако заспа се буди ептен често од што е затнат. Го закосив сега душекот и така да пробаме. Му се слева од нос во грло изгледа. Лепенкиве ги немаме пробано, ќе земам утре.
Јас полудев, готово. Цела недела спиењето е апсолутен хорор. Не можам пред 12 да го заспијам, буден од 3 попладне и полудува скроз. Го заспивам накај 8, таман ќе помислам дека се успива он ќе се ококори и ќе тргне да си игра, не го пуштам од спална се искинува од плачење, буквално тантрум има што не му давам да излезе. Си игра до се живо, не го интересирам дури, се заигрува сам само да не го молам да спие. Таман ќе дојде ќе рече мама нан нан, го земам во спална давам да цица, ќе замиже јас мислам отишол он пак ќе стане…3-4 саат вака и на крај јас запивам скоро, а он уште буден. Ма не со шетање надвор, ма не со читање, со цртан, со гушкање, нишкање…со ништо. Денес не сакаше ни на пладне да спие, со мм беше цел ден надвор, дојде капнат, зедов да го мијам дека искакан, каков тантрум имаше едвај го смирив и ми заспа на рамо во 6:30 не ми даде да го спуштам до 8, штом ќе се обидев одма плачки и секако дека уште е буден сега. Значи сериозно полудев, не знам веќе што да правам, до кога трае оваа регресија??? А предходна недела преспиваше цела ноќ, си заспиваше во 8-8:30 без проблем и до сабајле и таман реков леле готово фати ред, неделава пак јово на ново. Крај сум.
Ако имаш дома лута маст некоја стави ептен малку на горен дел пиџама, мирисот опушта и полесно спијат. Утре земи и етерично масло од ментол затоа што маста знае да ги пече на очи, со ова подобро. Јас капнувам една капка на пиџамата, ептен помага. И во кромидот набоцкај гранчиња каранфил за поголем ефект
Внимавај со неа стави ептен малку некаде подалеку од очите, ќе процениш колку мириса дали е доволно. Со лесно, да поминете брзо и без високи температури
Да ептен малку ставив, пак се будеше ама помогна бар малце подолго да сврзе сон. Фала ти, се надевам брзо ќе се исчисти од секретот, мачно му е ептен.
Бела постои и бебешки оперил. Нас само тоа не спасува, и мојата се узатнува. Не знам кај нас дали има. Ама ако имаш некој во Германија, тој е составот името е различно само. Го заборавив, ама ако треба на некој ќе сликам после. Nasevin kinder или бебе, мислам дека беа. Нас од педијатар ни кажаа последниот пат да ставаме. Со спиењето, не знам што е ова. Изгледа колективно протестираат. Од дете што спиеше во креветче по цела ноќ, ете веќе цел месец е меѓу нас и постојано се буди и прета. Постојано значи, таман ќе заспијам и она станува, почнува да се врти, ме кубе. Ова со кубењето колку ме нервира. Едвај си ги воздржува рефлексите. Никако не е. Една дремка и е малку, две и се многу. Повеќе од саат ипол не сврзува преку ден. Преморена сум.
Еве пак ноќеска терор, не броев колку пати стана цела ноќ сиг 6,7 пати, вчера 1 дремка 2 саати, во 22ч заспа до 1ч 2 пати плачеше и во 1 со мене го зедов в спална (големиот спиеше долу со баба му иначе и тој спие со мене на спална). Во 3ч мисчев дека е 5ч пелена преполна, му ја сменив и гледам 3ч и така до 7 продолжи да си се мези на цицка ете така Станува и кашла, вчера исто поткашлуваше, аман нека тргни бар в градинка утре....
Лајкот е за поддршка. Спремна бев дека дете бара многу трпение за се, ама дека така ќе ме нервира кога ќе ме кубе за коса, и дека толку ќе сака да го прави тоа ми е гром од ведро небо. Ме убедуваа дека е фаза, ама ете "фазава" трае скоро 5 месеци