1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    19.169
    Пол:
    Женски
    Тука мислам дека нема, треба да прашам. Имам другарка во Германија, ама не доаѓаат често наваму. Освен да ми пратат. Преку денот е добар, си има секрет ама весел си е, си игра. Маката е кога ќе дојде време за спиење. Ептен се мачи ептен, не можам да избројам колку пати се разбуди плачејќи синоќа. Не спрејови, не кромиди и подигнати душеци, сѐ беше џабе. Откако ставив лута маст на пижамата и го ставив меѓу нас успеа да сврзе малку повеќе ама пак нема спиено доволно. Станат е од 7, не знам како издржува, јас не можам да гледам. :drunk:
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Женски
    Брзо оздравување на сите, а мајки издржете. :l:

    Туку јас сакам да прашам дали ги мачкате со фактор сега за шетање? Летото ставав само за на плажа, за шетање не ѝ ставав дека шетавме рано наутро и приквечер, не го фаќавме никогаш тоа опасното. Ама сега шетањето после 11 сабајле ни е, а и попладне може и 4 некогаш да излеземе. Да ставам?

    И воопшто дали им ставате крем на лицето? Јас на почетокот ставав ама имам прекинато веќе долго време.
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Не ставам. Мислам дека нема потреба, не е сега јако сонцево.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    6.289
    Пол:
    Женски
    Бела ама кај нас има Оперил П, за деца поголеми од годинка. Составот мислам исти е. Помага ептен, користи го само за спиење и ок е.
    Види https://www.nasivin.com/de_AT/Startseite/Produkte/Baby.html
    и спореди состав со називин киндер. Јас уште го имам бебе и он и помогна последниот пат, додуша на сите ни помогна, оти бар колку толку спиевме.

    Денес може ќе имаме успех со спиењето, гушкав после 1 и 20 мин, и еве ја веќе 2 ипол саати спие.
    Многу беше мачна последните три дена. И ноќе лошо спиеше. Нормално кога не беше доспиена преку ден. Ајде скоков да го заврши со кратење на дремката, и после пораат може ќе е.
    Не оди бе мрзла, не оди. Стои на кревет, на под не. Евентуално ќе укапира дека нозете и се за одење некогаш.
    Не ја форсирам. Мислев свекрвите ќе ја замараат, ама и нив брзо им помина. Вајда видоа дека нашава не се замара со кој што и покажува, туку си има своја агенда. Е сега и да прооди пред ноември ќе е супер.

    @Giiirl23 фактор не ставам. Па и цело лето дали само 5 пати ставив. Не излегуваме на најако сонце, на одмор не бевме во жештините, под сенка во количката и ок си е.
     
    Последна измена: 22 септември 2024
    На Carolin., Giiirl23 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  5. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Женски
    За одењето ќе се надоврзам. Година и три месеци е и не оди сè уште. По сè се движи - мебел, ѕид, количка, you name it. Прво се движеше држејќи се со две раце, па со една и тек сега почна да стои без држење по неколку секунди. И веќе неколку денови прави по 2 чекори и клекнува. Само толку може. Сега ја гледам од вчера е фокусирана да стане без да се држи за нешто. Тешко и оди. :D Барем е внимателна и не паѓа, тука се спушта/клекнува. Не ја форсирам и јас воопшто, оставам по нејзино темпо.

    Ама еве искрено сакам веќе да заоди за да не се мислам дали е сè во ред. Ја виде пред 2 недели ортопед (пријател ни е, преглед нели не е задолжителен сега) и рече дека е сè во ред. Само да внимаваме да не седи онака во W позиција (знае така често да застане), бидејќи можело да и криват ноџињата кога ќе почне да оди.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Ако е вироза враќам одма во градинка. Со првото го чував, ама сфатив дека нема поента, ова сега си тера. Освена ако има тт не пуштам.

    За спиењето, големиот е 7 и за жал уште мора некој од нас да легне со него навечер, а одеше во градинка и спиеше без проблем и таму. И малово, дома го успивам (додуша последниве денови вежбаме само да сум во соба он сам да заспие во креветче), а во градинка сам си запива во креветче. Дома заспал без помош дури 3 пати, еднаш на хранилка, два пати на кауч и тоа со јадење во рака :lol:.

    За носе затнато кај моиве многу помага мералис ха.

    Инаку малово прооде на 1г и 8 месеци, а сега веќе и со зборувањето се пушта прилично. Најзабавно е сега научил да каже да и кога го прашуваме дали сака нешто, само вика да, да и се смее:inlove:
     
    На Giiirl23, Bella_Stella, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    19.169
    Пол:
    Женски
    Ќе видам како ќе биде со спиењето вечерва. Ако не се буди многу како вчера ќе го носам во градинка, и онака седи само по два саати. Од утре до душа сме договорени до 11 ипол да седи. Си фрчи со носето ама јаде, пие, се смешка, си игра така да не го чувам дома ако се одмори убаво. 40+ мин спие веќе и се нема разбудено, се надевам и нема да се буди. До спиење во градинка имаме уште некој период, ама ќе спие ваљда кога ќе види дека и другите спијат. Се надевам де. :whew:
     
    На lackygirl, јolene и Ano им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    6.289
    Пол:
    Женски
    Јас идам да поплачам малку, оти немам поима што да правам веќе.
    Цел месец не спие како што треба. Ама веќе напорно ми е секоја ноќ по два саати да е будна. Не плаче, само е будна и се заигрува, станува паѓа на газ. Не чепка.
    Сила немаме веќе двајцата. Да мораше и јас на работа да одев ќе ме набркаа. Вчера се по книга беше со една дремна, предходно 11ч сон, абе се што треба. Ноќеска од 2 ипол до 4 ипол будна. А остатокот што го спиеше секако го спие немирно и не проверува постојано дали сме тука.
    Објаснував оти се спие, оти е ноќ, оти е темно, покажав, се изнервирав, се развикав, легнував се правев дека спијам, ама се пробав. Џабе, на кај ќе се смири евентуално и ќе заспие пак. Е ама јас после имам проблем да презаспијам и спијам многу малку.
    Башка што цело време е кај нас во кревет. Маж ми е на идеа да не спиеме три ноќи, што и онака нели не спиеме, и да тренираме пак спиење во креветче, со на секое станување да ја заспиваме и пак враќаме надзат.
    Она е спиена само 8ч на два пати, сабајле не и дадовме да се доспие, иако сакаше, со цел два пати да спие денес. Круши. Нема никаква најава дека и се спие.
     
    На LiquidLuna и Carolin. им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    22.570
    Пол:
    Женски
    Период е со станувањето ноќе, вие само правете се дека спијате, струја, ТВ ништо не пуштајте, ќе помини и тоа.. Кога почнуваше в градинка?
    Мене ми се плачи, денес прв ден во градинка, од 8 до 9 и пол беше, го оставивме без плачење, потоа го слушнав плачеше внатре, ни го извадија со плачење и мрсули, ама рече дека за прв ден било ок, добар бил, ама не јадел, цицаше сабајле во 7ч и малку касна дома оти виде јадење и бараше, затоа нема јадено таму. Си велам ќе јади од утре. Ама душа ми се стега :(
     
    На јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    Ќе ме натепаш може ама период. :D
    Ние имавме период кога се будеше во 4-5 сабајлина, спремен за денот. И буквално секој ден се будеше се порано и порано. Стигнавме до 4 и 30, најрано будење. Спремен за денот, насмеан, весел. Ние ко зомбиња.
    Траеше така едно добри 3-4 недели.
    Ќе помине, само издржи.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    7.361
    Пол:
    Женски
    Мила за ноќното спиење не ми зборај... Од 8 и пол месеци ни е хаос, ете не 16 сега. За сон плачам. Станува по 4 пати минимум. Да бидам искрена повеќе би сакала да стане еднаш и два саата да е буден, него ли ова нашево. Таман сум заспала еве ти го. Упорно пробува кај нас во кревет да дојде да спие, ама јас поупорно го враќам, со исклучок сношти зошто не можев веќе. Од 4 сабајле го оставив до мене и пак се будеше, ама не станував да го земам. Се прашувам кога ќе почне да спие по нормално. Како ли на работа ќе почнам набрзо ако не се подобри малку. Некогаш ми паѓаат идеи да го ставам креветчето во другата соба. Како да спие помирно дур не сум во соба, а влезам почнува да мрда и да се буди, а ала не дишам за да не го разбудам.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    394
    Како го правиш чајчето од ким, уште тоа остана да пробам :l:
     
  13. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    394
    Ако ти е утеха јас се молам кога ќе стане барем да не плаче. Не можеме да слушаме повеќе, уште не отворени очите вика во сон. Не е дете што плаче лесно воопшто. Што заби ќе беа, сепарациска ли, градинка ли пм. Само на цицка како цуцла да седи, така може. Не ни влече да пие. Ама ноќеска баш во цел тој делириум си викав ај барем нека не плаче нека игра :D
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    19.169
    Пол:
    Женски
    Нормално ли е кога му вадам од носето секрет малце крв што има на два три пати до сега? Претпоставувам дека е капиларче од што влечам а мрсулите се лепливи.

    Он се врати во градинка, учителката вика нема здраво дете, сите се со мрсули. Некои мајки вика до тој степен одат во крајност и ни пуштаат деца со сируп во ранчето. Јас разбирам и да мораш на работа и да немаш помош, ама не разбирам свесно да носиш болно дете на антибиотик во градинка. Крајно безобразно е. Иначе и јас сум болна, почна од вчера грло, глава. Се распаѓам, кој сака нека честита. :drunk:
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    Намали со влечењето ако има крв. И на интензитет и на јачина.

    После 2-3 дена на антибиотик не гледам зошо не би се вратило во градинка детето, некогаш терапијата е 5-6 дена, зарем за цело тоа време да не оди во градинка? Секако доколку нема температура.
     
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    7.361
    Пол:
    Женски
    Мила има деца што се нон стоп болни. И ако земаат тие мајки стално болување ќе ги избркаат од работа. Имам пријателка ја избркаа ради толку отсуства. Прво едно болно после друго и се така во круг беа тој период. Не секој има избор за жал. И така и другите дечиња страдаат што се во градинката, тоа е реалноста.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    19.169
    Пол:
    Женски
    Убаво напишав. Со антибиотикот во ранче ги праќаат во градинка.
     
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    22.570
    Пол:
    Женски
    Ко ќе почните да носите во градинка ќе се буните, јас бев прва, носат со мрсули, со кашлање, дури и кај директорката бевме да се жалиме дека носат болни деца, читај Со мрсули :D ама после гледаш дека тоа е така, секојдневие, сите се исти. Значи следиш дете ако го гледаш дека неможи, омалаксано, не носиш, кој би пратил такво дете нз. После антибиотик си одат, јас го чував уште некој ден плус, ама џабе беше, само што ќе почнеше одма пак беше болен. Со антибиотик во ранче мене ми нема смисла, никогаш не сум пратила така дете, ама ете има и такви.
    Домашните сите болни од децата, тогаш и вие мајките ќе видите што е паѓање на имунитет, земајте си витамини со повреме, кај нас и воспитувачката беше болна без прекин првата година (нова беше). Цело време шмрчеше кутрата :wasntme:

    @Bella_Stella ќе те тагнам, не влечи доколку е можно (знам не е), да ви кажам нз дали има врска ама на првото дете од влечење и од прскање спрејчиња многу му се оштетија капиларите во носот, еве го 2 год му течи крв од носот на периоди, баш вчера 2 пати му се растече, док вели многу му се нежни капиларите и само малку да се фати в носе му течи крв. Тие септаназл, оперил македонскиве се со дексазон мислам, мислам дека од нив ѓу е сега вака, оти последно пред година и пол го прснав со септаназал и одма др ден му течеше крв, после уште еднаш така и пак му течеше, веќе немам ставено од тогаш септаназал.
     
    Последна измена: 23 септември 2024
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    Па да де. Последната терапија на син ми со антибиотик беше 7 дена. После 2риот ден беше без никакви симптоми. Зарем требаше сите 7 дена да ги седи дома?
    Јас сфаќам со температура да не се носи, ама не гледам зошо додека е под терапија да не се носи.
    Повеќе треба да те плашат асимптоматски случаи, не деца под терапија.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    22.570
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека да, треба да седи, оти штом е антибиотик е бактериска инф, значи уште можи да пренесува, кај ќе излечи бактериско за 2 дена?
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.