1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.071
    Мајки, какви активности имаат вашите бебина на 16,17 месеци?со што се занимаваат по цел ден?
     
  2. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.071
    Мајки, какви активности имаат вашите бебина на 16,17 месеци?со што се занимаваат по цел ден?
     
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    Па зависи од бактерија/организам може и 14 дена после терапијата да си заразен. Кој остава дете дома 14 дена? Си има зошто се пие терапија 7 дена, не е дека цело време си заразен.
    2-3 дена без симптоми е скроз ок за враќање во градинка.
     
  4. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Женски
    Дали им правите крвна слика на децата на одреден период? Мислам без да се болни или пред вакцина. Чисто онака дали правите?
     
  5. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Сакам јас сега да и направам. Ми личи малку бледа па тоа ми е причина да проверам.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Реди коцки, става едно во друго, сака да пишува,црта(демек) па и давам боички и лист, рани мечиња и бебиња, реди нешто по нејзино, прередува, носи ствари од една соба во друга, сама почна сега да си зима книга па ја гледа и покажува што има во неа.
     
    На DoubleK и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  7. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    1.673
    Пол:
    Женски
    Не. Мислам дека нема потреба да се малтретира дете по лаборатории без конкретна причина.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека честита, утре 1 саат во градинка ќе седи. Па дали е можно? :D
     
    На lackygirl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    100.672
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, дете без бактерија во градинка нема, прашање е дали има симптоми. А како ќе пренесува ако нема симптоми нели? Ако слева секрет видливо, кашла и кива, не треба да иде во градинка, под слевање, кашлање и кивање мислам да вади секрет, да се гледа па да може да го залепи по површина или да го залепи на некое дете па да го шири. Нема секрет, нема опасност од ширење бактерии, просто е. За 2 дена ако се излечи таква симптоматика ок, ако не седи додека вади секрет.

    Инаку мојата реакција пред некој ден беше истата, деца праќаат со секрет во градинка и тоа е стварно не фер.
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    19.167
    Пол:
    Женски
    Епа ете си пиша подоле дека си има зошто пие 7 дена терапија и исто така си има зошто тие денови не треба да оди во градинка. Ги носеле и со температура, вика го зима и вика ќе одиме до болница сега да го видат два дена качува температура. Епа не може бе да му дадеш лек да му симне температура и да го пуштиш во градинка.
     
    На Skyler и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    100.672
    Пол:
    Женски
    Токму така!
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    This is a hill i will die on.
    Зошто се пие цела доза антибиотик иако најчесто после 3тиот ден сме асимптоматски? Пошо асимптоматски не значи дека инфекцијата поминала. Ама две работи може да се точни истовремено, па може инфекцијата да е сеуште присутна во телото, а да не сме заразни.
    И моментот на заразност е битен. Највисок е пред да се појават симптомите, така да пак ќе речам, треба да ти е страв од навидум болните деца, не од тие под терапија.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.451
    Допаѓања:
    4.946
    Пол:
    Женски
    Ќерка, цела година повеќе болна од здрава, коса ми се кревала кога ќе оставам после 2 недели дома и антибиотик, и ќе видам деца со секрет до гуша. Знам дека нема секој бекап за чување дете ама ние баш го кркавме што би се рекло.
    Инаку кај нас за секое враќање бараа потврда од лекар дека е здраво и баш матичните по 2-3 дена дома кога е сеуште со секрет пример и кашла не ми давале потврда.

    Кај нас и воспитувачките знаеја дека има кој да е со дете, па имаше, земете ја кашла, земете ја нос и течи, цел ден и чистиме со аспиратор. Ова да видам, да не верувам.
    Температура не кренала таму ама на земање слушав коментари дека некои од децата се носат со температура, омалаксани, па после со часови родителите се демек недостапни.

    Инаку сум носела и со недопиен антибиотик, пример да тргне во понеделник, а антибиотикот да го заврши вечерта или следниот ден утрото, сум ја чувала и денови после антибиотик и може кај нас се погаѓаше така и вака и така за 3-4 дена повторно нешто фаќаше.

    За годинава ќе видиме. Се надевам ќе проработи имунитетот.
     
    На lackygirl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    19.167
    Пол:
    Женски
    Знам што е што и како функционира бактериска и вирусна инфекција. Не ми е страв мене од ниедни деца, си правиме муабет. Несовесноста на родителите не е од сега, а јас свесно си го праѓам моето дете во таква средина. Во ниеден момент нема да се сите деца здрави, тоа е факт. И моето ќе зарази некое, некое ќе го зарази друго, трето. И не е тоа така страшно зошто е очекувано и им помага во градењето имунитет. Коментарот мој беше насочен кон тоа дека е безобразно да се носи апла болно дете во градинка. Мислам дека убаво напишав погоре.
     
    На Spidy, AngelOfArh и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.733
    Пол:
    Женски
    До некаде си во право, има безобразни родители (можам слободно така да се изразам) што мува не ги лази колку и да им зборуваш.
    Во четвртокот моја братучедка ја носи ќерка и во престој пред да иде во школо, што значи тоа е од 7:30ч и после тоа имаат часови во школо до 18:30ч. На друга мајка, детето во моментот и повраќа позади училиште, дехидрирано едвај стои на нозе, ја гледаат сите. Учителкава и рекла на мајката не ја пуштај да влезе секако ќе ти ја вратам за 1 час најмногу. Жената ладно се завртила и си отишла без збор. Замисли што ќе прави тоа кутро дете цел ден изнемоштено. Утрово ми кажува дека и внука ми вчера цел ден повраќала.
     
    На Skyler, Bella_Stella и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    12.239
    Пол:
    Женски
    Антибиотикот не делува за 2 дена, ехее камо да беше така. Ако температурата поминува пред тие 2-3 дена значи не ни било детето за антибиотик.
     
    На Spidy, Bella_Stella и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    17.067
    Пол:
    Женски

    Кога беше бебе ми кажаа 5 зрнца ким на 200мл вода, пробај така. Ставаш да зоврие водата со 5те зрнца околу 5-6мин ке стане жолтеникава темна, и после му даваш од тоа да пие. Ако не фаќа шише давај со лажиче
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    3.686
    Па болдот не ти е ист со коментарот со кој ја започна дискусијата.
    Дете со сируп во ранчето, под претпоставка дека е без симптоми, не е апла болно, ниту па е безобразно од родителите што го пуштиле да се врати во градинка.
    Не зборувам тука за крајностите кои се напишаа во темава, од типот на повраќање пред самата градинка, или носење дете со температура. Тоа е родителска негрижа и треба да се санкционира. ( иако ни државата не нуди некоја заштита ниту механизам за ваквите деца да се задржат дома ).
    Јас зборам за асимптоматско дете кое е сеуште под терапија.
    Никој на темава не може да ме убеди дека кога зема боловање од работа, седи дома додека не заврши со препишаната доза на антибиотик. Најголем дел иако не признаваат, не ја ни завршуваат дозата пошто креваат уши после 2-3 дена, али океј.

    Јас тука можам без проблем да земам родителско боловање, не ми ни треба потврда од доктор. Ама самата градинка вика, дете без температура ( 24 часа ) може слободно да доаѓа во градинка, без разлика дали е под терапија или не. Во случај на стомачен вирус, треба да е 48 часа без симптоми.
    Ниту па некој бара чист брис за да се врати дете во градинка, што ми е една од најголемите небулози во Мк.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.733
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам и на твојот коментар. Разбирам и ти што кажуваш, бидеќи еднаш се најдов во таква ситуација со моето дете. Син ми два месеци беше со обилен секрет од нос. Однесен за брис, брисот чист. На слушалка супер, крвна слика исто така супер. Јас го носам во приватна градинка па така немав потреба од потврди и слично, само на збор им кажував каква ни е ситуацијата. На крај испадна да откриеме воспален трет крајник, а во меѓувреме син ми одеше во градинка бидеќи немаше никакви други симптоми на настинки, беше потполно здрав, па од тој аспект да го видел некој родител ќе помислел дека намерно го носам болен.

    Од друга страна, не знам во која држава си ти, брат ми се во Холандија. Таму е јасно и гласно напоменето дека детето може да не присуствува во градинка/училиште само ако не се чувствува способно. Доколку е весело, слободно може да оди и со температура, така стекнувале колективен имунитет. Сега брзо во класот на внука ми имаше дете со импетиго, добијаа известување на емаил да бидат внимателни - толку.
     
    Последна измена: 23 септември 2024
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Нема бебешки Оперил. Тоа е детски Оперил и матичната го дава и на помали, по потреба, најмногу 7 дена. Пред месец дена ставав на мојата, по нејзина препорака.
     
    На Sun&Moon, Bella_Stella и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.