Оф топик ама не е исто градинка во Германија, во Македонија. Приватна, државна, во Скопје, во Охрид било каде. Еве неколку примери - Блиска вработена во приватна градинка, вика се носат деца со сирупот во ранец, омалаксани, цел ден го преспиваат, уста не отвора за храна, ама не смееме да вратиме. Ем дете измалтретирано, ем воспитувач, ем сите останати на ризик - Во групата на ќерка - внуче на воспитувачката, влегува со кашлање, едвај диши, ама вика мајката ништо не му е, така си кашла. Нормално по некој ден и ќерка болна, од врата ми ја враќаат, да си ја носам дома, имала мрсули. Правиме брисеви, испаѓаат чисти, воспитувачката не ги признава, немало шанса зелени мрсули да не означуваат бактерии, имала таа искуство. Пак ќе речам има ќерка со кој да седи, не е проблем и за 2 дена и за 2 недели. Во трета градинка, вика воспитувачката исто е дали овде или дома ќе кашла, нека си идат постојано. Така да секој со различно искуство. Е сега кај некој без или со мали симптоми поминува. Кај некој како ќерка кај мене и со опструкции и со болници и антибиотици и се пропратно ќе се завлечи.
Луѓе како е можно детето да ми кака 3-4 пати дневно, а да јаде скоро ништо. Мислам не е дијареа, нормална столица и од мал има таков метаболизам ама чудно ми е, чинам се што јаде одма исфрла. Можно ли е да има некој проблем?
Кај мене не е толку слободно, со симптоми не смееш да го носиш. Ама па и покриена сум од државата, можам кога сакам без докторска потврда да земам платено боловање за дете. 5 дена никој не те чепка, за после 5тиот мора потврда од доктор. А никој не ти дава потврда со траење додека не се испие терапијата, пошо е чист нонсенс. Тоа е пошо ко за се останато, така и за ова нема ни правила, и ако има, нема кој да ги спроведува. Нема зошо воспитувачката да изиграва медицинско лице, тоа не и е во опис на работа. Не може и не смее да се става над докторска дијагноза. Ама па сум за тоа да смее да врати дете со очигледни симптоми ( без потврда од доктор ). Од друга страна пак, јас со помината настинка пред 2 месеци сеуште кашлам. И тоа да ме чуе човек ќе помисли којзнае колку сум заразна и безобразна.
Исто! И затоа нема надминато 10кг уште а е 21м. Комарец го викаме по дома. Прав комарец. Да изеде у кикиритка ќе ја искака. Такво нешто не сум видела досега.
И моето кака 3-4 пати. Затоа е како соленка Ништо не му е, едноставно таков метаболизам има. Знам дека ти е тешко што не ти е јадач, ама немој премногу други работи да анализираш и да си правиш додатни стресови без врска.
Ве читам за градинките, мислам преголема фама се дига во Мк за болни деца во градинка. Тука е ептен лабаво, ни со температура не ти го враќат. Ми кажаа ако детето е способно и весело да го носам. Нормално јас не го носев од грижа на совест спрема другите деца, а и моето ретко е весел кога е болен, баш тешко ги мине сите вируси. Чист брис, потврди за вакцини или било каков документ од матичен не ми побарале никогаш. По се ова верувам дека многу деца има болни таму. И баш и го префрлив ова. Ама ми рекоа дека истиот вирус може да го фати од дете со посилен имунитет што нема симптоми. Така да, дали денес или утре мора да си поминат се. Тоа е жалната вистина што полека почнувам да се помирувам со неа.
Ваљда имаат доктор во градинката, не знам што да кажам. Кај нас има само во главните објекти и тој знак прашање колку е доктор. А деца до 6г од нигде никаде прават грчеви, те извади од памет иди после чувај го. Не е во ред да се мачи дете со тт во градинка, не само за другите, дете болно му треба нега.
Да не заборавиме дека во нашите градинки со само два воспитувачи има по 15-20 деца, ако не и повеќе. Што попрво да направат. Да наранат, да пресоблечат, да смируваат расплакани или да проверуваат во ранец кој има сируп за давање. Си го знаеме менталитетот и тоа е. Безобразност и немање осет има и од двете страни. Мене ми беше испревртена поентата на муабетот погоре. Јас знам и разбирам дека во ниеден момент нема да се сите деца од групата здрави. Дали асимптоматски или со симптоми, многу е нормално на таа возраст и во тој период да се разболуваат. И пак ќе речам, свесно си го праќам детето и знам дека ќе се разболува. Ама стојам зад тоа дека е тотално неодговорно да го носиш со замаскирана температура, антибиотик во ранец и слично. Не е фер прво спрема детето и не знам како имаат срце тие родители, а после спрема останатите деца. А ако нечиј работодавец нема разбирање дека има мало дете што ќе се разболува во просек два пати секој месец во текот на следниот период, тогаш сериозно треба да размисли да смени работа.
Не е тоа доктор во мантил, најчесто е сестра медицинска и е во цивилка. Мора да има медицинско лице секоја градинка, најчесто е потпишана на менито.
Не знам што е правилно реално, ова или македонското. Ама знам дека јас никогаш не би пратила болно дете во градинка. Прво ради него, не толку ради другите деца. Нам кога сме болни ни треба одмор и љубов, а не па на толку мало дете што бара само да го гушкаш и е кенкав. Барем моето е такво. Изгубив добро работно место поради ова, ама ич не ми е криво. На крај кога ми рекоа дека сум преемотивна за мое дете сфатив дека не припаѓам јас таму. Едит: тоа за воспитувачките имаш право бела. Премалку се на толку многу деца. Тука на 4 деца има една и не смеат повеќе деца да прифатат ако немат доволно воспитувачки. Таму каде што оди на адаптација сега има 4 воспитувачки, а 13 деца се во неговата група.
Во мк кај што живеам во градинката има медицинска сестра, лекар не. Пример за англија, братучетка што ми кажуваше кога се преселија, детето и се разболе и се јавила да каже дека нема да го однесе, тие од таму одма скокнале, не не ти ќе си го донесеш детето, си имаме ние лекар и ќе го прати, ако видиме дека детето не е весело, малаксува, ќе се јавиме и ќе ви го донесеме со возило дома. Мене ми е исто така ова многу лудо. Ама ете нивниот систем е таков и не дозволувале отсуства од градинка ради настинка, температура.... Ама и до некаде ги разбирам и родителите што праќаат болни деца на градинка, има луѓе што едвај нашле работа и ете ради егзистенција молчат и дозволуваат неправди да им се прави, со тоа трпат и нивните деца а и другите деца во градинката. Системот за жал ни е катастрофа и има многу што да се менува ама сето тоа ми се гледа светлосни години далеку. Ќе речам нека се сите живи и здрави и да минуваат со лесно без опструкции кога ќе се разболат.
Јас од кариера што растеше свесно одлучив да се префрлам на позиција што е помалку динамична, а повеќе флексибилна, заради него. И уште сто пати да треба да одлучувам пак ќе ја донесам истата одлука. Децата еднаш се мали и кревки и сега е нивната најголема потреба од нас. Кариерата ми е споредна моментално и тоа е тоа. А да трпи дете зошто не можам да најдам друга работа нема да дозволам. На денешно време кога постојат толку начини за преквалификација и милиони опции за работа тоа е нон сенс. Се е до амбициите и мајндсетот.
Ама симни ги розевите наочари. Законски имаш 3 дена боловање за болно дете, и јас и ти знаеме дека тоа е една настинка. Фактот што имаш флексибилна работа е бенефит, не е правило. Има еден куп мајки на кои им виси над глава отказ поради чести отсуства од работа, и не се во состојба да се преквалификуваат или префрлат на флексибилна позиција. Има луѓе во ептен незавидни позиции, има луѓе кои немаат кој да им чува дете, изборот е кров над глава или праќање болно дете во градинка. Многу е себично да кажеш дека е до мајндсетот, како некој да сака да прати омалаксано дете во градинка.
Мила има луѓе во многу лоша финансиска состојба и неможат да си дозволат да бираат за жал. Јас познавам такви и верувај ми не е дека немаат амбиции. Велат не можеме да си дозволиме да не работиме ни еден ден. Немаат пари да се дошколуваат. Не дека не размислуваат. Ама ете за жал има и такви фамилии
Ако тоа се вработени со минималец тоа сме ние, ние двајцата со мм не стигаме ни 1000е плата. Школувани 2та со факултет ама ете останавме во мало градче каде што немаме избор за работа, немаме храброст да заминиме, немаме бугарски пасоши и така морам да носам дете во градинка еве од 13 месеци, јас можам да се сменувам со колешката па така некако функционираме досега. @AngelOfArh @1209 и моево кака по 3 пати на ден, секој ден, па има 14+кг нема врска какањето. Едноставно такви си се, тоа е ген и крај.
Прво немој да бидеш дрска и да ми викаш да симнувам розеви наочари! Во ниеден момент не те ставив во уста, не те нападнав и слично. Едноставно си изразив свој личен став и не знам како си ти засегната за толку жустро да ми се обраќаш. Точно дека совесен родител не би пратил омалаксано дете на градинка, ама верувај познавам многу несовесни. Многу! Одбираат да ги носат во градинка и болни за они да одморат глава. Не знам ти какви наочари носиш, ама не секој е за родител и не секој е за жалење. Не зборам на памет биди сигурна. Не спорам за родители што стварно немаат избор, ама секогаш има начин. И јас немам помош и јас имав професија за која што изгубив 6 години во школување и на крај не бев добро платена. Ама баш за да не се доведам во таа незавидна ситуација работев било што и во меѓувреме се преквалификував. Ако сакаш има начин, ако нејќеш има изговор и никој нема да ме убеди во спротивното.
Апсолутно не сум дрска, напротив. И јас изразувам личен став, форумот е јавен, може да се дискутира за се. Ама твојот став е сеуште дека за се има начин. И мое мислење е дека тоа размислување доаѓа од привилегирана позиција. Кога имаш ветар во грб, дали е тоа покритие од државата која ќе ти обезбеди заштита доколку земаш боловање за дете, дали е тоа баба/дедо сервис кој ќе скокне на помош, или ете имаш флексибилна работа или флексибилни колеги. Ама кога немаш ништо, кога си сам на себе, приказната е поинаква. Доволно е да прочиташ низ темите на форумов како ликови се жалат што покриваат за колеги на кои им следи законски боловање за дете. Што очекуваш повеќе. Супер што ти си била проактивна, има луѓе и судбини без таков избор, не сакаш да им бидеш во кожата. Во меѓувреме слободно лути се што некој носел деца во градинка со антибиотик во ранецот.