И јас ќе се согласам со Бела за муабет “за се има начин”. Ете јас сум од тие што “немам избор”. Во странство сме со една плата веќе втор месец (тој шо поминал знае шо сакам да кажам) по цена што не пуштав болно дете во градинка. Можев да бирам и одберав да бидам покрај син ми, колку и да владееше стравот во мене дека ќе останам без плата. Страв во коски имам од тоа што ќе се случува понатаму, дали ќе најдам друга работа и дали ќе ја изгубам истата поради боловање често за дете, вака не можеме да тераме долго знам и паника ме фаќа. Ама знам дека пак би постапила исто и во иднина. Секој од нас кога ќе стане родител мора да копа длабоко и да го тражи решението за да го заштити своето дете или по секоја цена да биде покрај него. Лесно е да дигнеш раменици и да кажеш “немам избор”, а притоа да плачеш и жалиш за одлуката што си одвела болно дете во градинка за да не ја изгубиш работат
Кај сакаш работи, ако во нецел месец по четврт пат треба да отсуствуваш за болест на дете ќе ти преречат. Еве ме задеси во еден месец по четврт пат да треба да седам дома, среќа мм работи од дома и денес ќе си седи со татко му зошто го болат уши. Дали е нормално ова? Не ми зборете за дете без симптоми со терапија дека е здраво и може да оди во градинка, немој! Не постои дете кое после 2 дена терапија е здраво, ако беше така немаше да трае 5,7 или 10 дена терапијата. Татко му колку ќе сработи богзнае, а јас нема шанси да седам дома зошто имам работа заостаната од минатата недела што седев дома еден ден и пред тоа цела недела што бев на боледување. Заради некоја мајка што пратила болно дете во градинка ние и двајцата ризикуваме работни места, а да не зборам и дека детето ми страда и е во болки. Не, не е нормално дете што кашла и е со мрсули да оди во градинка и крај! Многу сум лута! Во 1 месец четврти пат ќе одиме кај матичен, да не пиел ништо да разберам, ама под терапија беше 10 дена и тоа Трицеф, дадов само месецов 4000ден за сирупи и спрееви, па не е фер.
А колку време ги држите дома ако се само со шлајм? Др рече може инхалации само да го исфрли полесно. Во неделата поврати шлајм и сега освен што поткашлува нема ништо. Јаде спие си игра нема температура. Со мене си е дека работам од дома, вчера убаво поминавме ама денес ни 15 мин не си поигра. Само: мама земе, па нешто бара, пучиме смукака одиме надвор пучиме Медо мама земе, тори вата за во спална да одел ама таму си игра подот е лава и мора цело време до него... и тако даље. Дури и надвор го изнесувам еден саат иако сум на работа и таму не се заигра... Вика Тинекс неее неее и оди сам накај Тинекс а не го носам таму. Па плачење за сѐ и сешто. Сега се правам дека спијам на спална додека заспие и после треба турбо да работам и така. Се пожалив малку ама немам каде стварно, кој не му се чита прескокнете.
Не му давам да цица преку ден воопшто, ни за дремка, вчера се бунтуваше. Денес пред спиење ми побара за јадење, јадеше грозје(ужина) кога се најаде подаде рачиња и рече нана. Ми заспа на раце за 2мин, се зачудив му понудив шише со чај не сакаше. И ноќеска помалку стануваше, само 2 пати дури јас се будев повеќе од него. Да не избрзувам со заклучоци ама искрено се надевам дека вака ке биде, и нема некој голем бунт да има. Сакам полека да биде одбивањево и со што помалку плачки, ке има знам ама нека се помалку. Почнав да не му давам секогаш туку само пред спиење уште пред 2 месеци може и повеќе, малку со одморот се изремети тоа ама се вративме во нормала. Еве сега некој период вака ке тераме, и да се одвикнеме полека. Млеко не јаде не пие никако. Чоколино со вода му правам. Сабајле божем бисквити со млеко касна 2 пати и се исповрати, уште бебе кога беше му сметаше ако пијам млеко еве го сега пак. Јогурт, кисело млеко, павлака, грчки јогурт, сирење, кашкавал се друго јаде, не му треба и млеково ваљда
Со лесно мајка. Прво ги откажуваш денските подои па ноќните, како е стратегијата? И јас сакам да намалам, а зголемува. Како почна во градинка почна да бара, ме влече и попуштам, а долго време цицаше само пред дремка многу малку. Сега ни оброк ни цицање ни спиење ни се знае. Ми треба некој план да смислам.
Он цицаше кај ке ситгне, нели кога сака, колку сака. Ама одкако почна да има и вечера да јаде се, јас сама почнав кога бара цице, а јадел или треба да јаде, да му одвлекувам вниманир, давав вода или чај, секогаш имам шишиња/чаши секаде, да можам да понудам. Тогаш спиеше 2 пати на ден, и цицаше пред дремка и пред ноќно и за време на ноќта, пошо стануваше. Сега има една дремка прекинав и пред дремка да му давам, понудив шише и со вода и со чај ги плукна, вчера го нишкав денес сам си заспа навален на рамо кај мене. Планирам недела две вака и после ноќните да ги укинам, па да се наспиеме се надевам.
Не сум држела дете дома ако е вака ко што опишуваш, си одеа во градинка. Ај сеа здраво дете нека седи дома, за да не го разболи твоето. Мене од лекар, матичен педијатар ми беше кажано дете во добра општа состојба може да оди во градинка, макар да е после три дена од почната антибиотска терапија. Не може да не е здраво детето ако се чувствува добро. Во градинка не пушташ дете со температура, пролив, повраќање. Толку. Здраво дете без никаква симптоматологија имам труено со антибиотик затоа што беше бацилоносител без симптоми. Јас ако се прашував, немаше да му давам, оти му падна имунитетот, па си накалеми дупло, ама не го пуштаа во градинка без негативен брис. Не ти се криви другите деца и родителите, условите во градинките и општо воздухот и храната не чинат. Како и претераната заштита на децата, недоволно поминатото време надвор. Затоа децава не можат да изградат имунитет.
Ти си медицинар, сакаш да кажеш дека Стрептокока се лечи со 2 дена Алмацин? Најреално те прашувам. Не си имала мака, затоа така збориш, во 1м 4 пати ми крева температура заради градинка, мислиш тоа е ок за дете од 21м? Ако не па господата да не седат дома нека ги праќаат децата болни, само да не посетат дома 2 дена. Ама ај ќе се правиме наудрени дека не праќаат деца со парацетамол/бруфен да замаскира симптомите. Надвор зборат дека повратило, ги оставаат и на одење викаат Се надевам до 12 ќе издржи, да одморам, цела ноќ не спиев повраќаше.
Имаш некој конкретен план како да ги укинеш ноќните? Јас пробав еден период ама се откажав. Уште станува, некогаш знае да се нацица и да продолжи одма со спиење ама се случува и да цица по саат време во сред ноќ. Ќе поцица, ќе стави цуцла па дреме, пак ќе му текне, па пак ќе цица, пак цуцла и дреме. Порано стануваше еднаш, сега знае и два пати да стане. Многу изморено се осеќам. Откако оди на градинка ептен рано стануваме и нон стоп сум крш.
Не го држам дома. Во саботата само еднаш качи темп и ја симна сам. Има секрет, го чистиме и тоа е. Весел си е, јаде, си игра и си оди во градинка. До душа он е на адаптација, по 3 ипол часа седи.
Стрептокока не се лечи со Алмацин, прво, погрешна е терапијата. Второ, детето после три дена примена терапија не е веќе заразно. Како не сум имала мака, и моиве одеа во градинка, се разболуваа, особено големиов после варичела осум месеци не можев да го оправам од разболување, се на уши му маваше. Ама никогаш не сум викала и плукала по други родители, не ми бил крив никој што на моето дете му падна имунитетот од сипаницата, што згрешив што го пуштив прерано во градинка, што имаше ненормална реакција од Амоксиклав (не физичка), тешко ми беше, повеќе отсуствував од работа, и за двајцата беше исто додека изградија имунитет. Порано сите намерно се мешаа да се прележат порано болестите, да се изгради имунитет, сега од едно закашлување се бега ко од ѓавол. Самите ги правиме свилени децата, башка и ко што реков, условите во градинките не се баш сјајни во поглед на хигиена, ама и храната и воздухот не ги бива. И во класот на малово има родители што се бунат дека сме пуштале деца со мрсули и кашлица во школо, оти нивните често се разболуваат. Па се запнаа брисеви да се правеле секој месец, да не се пуштале деца со позитивни брисеви во школо...да ги стерилизираме ли децата? Задолжително е училиштето, како да оправдам отсуство на здраво дете? Ете, септември дојде, почнаа во школо, почнаа носињата да течат, почна поткашлување. Неизбежно е тоа во колектив. Сега некој има појак имунитет, некој послаб. Ама тоа не е причина да се плука по родителите. Мене тоа ми создава револт, исто како што тебе ти создава револт тоа што некој пушта, наводно, болно дете во градинка. Лично јас никогаш не сум била сведок на такво нешто.
Лупетам за Алмацин и Стрептокока, мајката претходните постови рече дека за 2 дена праќала деца во градинка, толку требало. И да, криви се родителите кои праќаат деца со парацетамол/бруфен и точка. Како може да има душа некој болно дете да прати, прво за своето, после и за другите. Или мајката од другата група што однесе дете што повраќало цела вечер и пред градинка повратило и се надева дека нема да ја викнат до 12, со свои уши ја слушнав. Фино е кога имаш кој да ти чува дете, проблем е што јас немам, немам на кој да го оставам, мајка на 220км, свекрва на работа, може па требаше да напуштам работа во државна администрација и да го чувам, што знам. Немам избор, мора да оди.
Планот ми е ваков: Да укинам скроз после 2 недели и да трпам плачки 3-5 дена, да станувам да нудам шише ноќе, не верувам дека ке прифати пошо го нејќе одсега. Желна сум за сон, стануваше не по 2 пати не по 5 мислам цела ноќ висеше на града. Еве сега кога не му давам преку ден гледам и ноќе спие подобро. Се буди ама не толку често. Да не ми се будеше ноќе до 3 години би го доела искрено, ама колку што уживав во доењето како што расте станува само напорно и за мене и за него. Со надеж дека ке почнеме да преспиваме ноќе. Имам другарка девојчето сега само и се одби на 2години, ама навечер во 9 легнува во 9 се буди. Цицање пред спиење само и толку. Ама ова нашево е неиздржливо, ненаспана сум, влијае на расположение на денот на се искрено
Ни мене немаше кој да ми ги чува, сама си ги чував особено кога беа болни, штом ќе се осетеа подобро, ги враќав во градинка, немав избор, јас во приватен сектор работам, отсуствував од работа многу повеќе отколку што сакав и смеев. Среќа ми излегуваа во пресрет, ама јас си знаев како ми беше со тој притисок. Сега има кој да ми ги чува, ама веќе се големи и независни, сами седат. Пак ќе речам, не ми се другите родители криви, не сум им во кожа за да знам зошто ги носат и болните деца во градинка. Тоа е.
Конкретно за стрептокока во грло: Within a day of taking the first dose of antibiotic, your child should begin to feel better, and once they are on antibiotics for over 12 hours, they are no longer contagious. However, be sure to finish the entire course of the antibiotic, even if your child feels better partway through the treatment. https://www.chop.edu/news/health-ti... news: Within a,they are no longer contagious.
Исто сме и ние, 3 дена во градинка, никако не ми е сега да не му давам, не да ми е напорно, на работа, дома, турбо секаде, 2 дечиња, различни потреби. Ама бар месец да оди в градинка па да почнам и јас со намалување подои, сега е хаос, ко мало бебе. Ноќе 100 пати цица.
Јас сум таа мајка која после 2 дена терапија го пушти во градинка со сирупче во ранецот. Пошо таков совет добив од докторот кој му ја препиша терапијата, таква е и полисата на градинката, и општо препораките на државно ниво. 24 часа без температура ( без користење на антипиретик ) и слободно може да се носи во градинка ( секако доколку и општата состојба на детето е добра, да не е омалаксано и да може физички да го следи темпото на групата, не да клапне после 2 часа ). Никој не вели дека бактериска инфекција се лечи за два дена. Клучно е да не се заразни, а тоа е 48 часа после примање на првата доза ( најчесто ). Нека се и три дена, четири. Ама да седи дете дома 7 дена, додека не заврши со примање на целосната доза, за мене е претерување. Со темпото на зараза во градинките тоа значи дека најголем дел од годината ќе го помине дома. Нема никаква медицински оправдана причина зошто тоа дете би останало дома. И апсолутно не мислам дека причина за честите настинки во градинките се овие "недолечени деца". Таква е средината, една играчка цела група ќе ја стави во уста, близок контакт имаат цело време, толку треба. Дали има дете кое е во градинка, а без мрсули? Не сум сретнала такво. Јас не сум во мк, да ставам слика во темава во каква состојба го зеам син ми од градинка, ќе се зачудите. Мрсули неизбришани, кал по лицето, песок во устата и пелените, ноктите црни, во патиките нема шо нема внатре. Надвор се цело време, ама цело време, 8+ часа. И пак константно некој од групата е болен. Еве нецели два месеци како почна во градинка, болен е веќе по втор пат. Ама тоа и го очекувам, не очекувам дека ќе е здрав. Гради имунитет, расте, организмот за прв пат му доаѓа во допир со тие патогени. Да очекувам дека ќе биде здрав би било делулу. Имавме родителска пред некој ден, викаат очекувајте 12 настинки во година, тоа е просек низ годините. Има градинката документирано најчести причинители за настинките и сите добивме електронски памфлети со најчести симптоми за секој причинител и што да се очекува. Единствено посериозно беше за стрептокока, доколку некој во групата има потврдена тогаш треба да се известат сите останати родители, ама дека бараат брисови и крвни слики и не знам што, не. Дури и за вошки протоколот е да се продолжи доаѓањето во градинка бидејќи не е заразна болест.
@Lavender13 колку дози ммр прими твоето? На 11 месеци ја прими првата ммр, денес втора против крлеж. Втората ммр би требало на 15 месеци, ама тогаш се поклопува кога ќе тргне во градинка и одлучивме да ја одложиме со докторот заедно, да може барем адаптацијата да ја завршиме. До две години од градинката налагаат да ја има примено и втората.