Ммр прва на година и пол, втора на 7 години. Колку дози се кај вас вкупно? За крлежи ќе почнам со вакцинација таму околу нг, таман до лето да е спремен. 3 дози се за таа, и ревакцина на 3-4 год. И јас треба да се ревакцинирам.
Моето ни една нема ММР, сеа прва доза ќе му дадам. Не сте тука вие нели? Мада и Англија само една доза е првите години, после пред школо е втора. @Lavender13 ќе се вмешам, која е таа за крлеж?
Не да влијае. Мислам 6 часа поврзан сон да имам задоволна ќе бидам. Вака се 6-7 исцепкани и искрено се чудам како функционирам. Тотално сум без енергија и омалаксана цело време. Сонот е преважен за сѐ. Шише со млеко планираш да даваш или вода? Јас кога пробав да ги тргнам прво успеав со нишкање неколку пати да го заспијам, па со вода и после никако не биваше и се откажав. Од оваа перспектива мислам дека нема шанси да ми успее и дека кога ќе се решам ќе го одбијам целосно и тоа е тоа. Уште од сега почнува да ме фаќа страв како ќе биде. Он не беше дете што бара и се тегне за да цица. Од секогаш сме имале ред со цицањето. На барање цицаше дур немаше цврсти оброци, а после тоа како воведував оброк така кратев подој и не се бунеше. Ама откако бев на пат и го оставив на 5 дена, кога се вратив ептен се смени. Се тегне, ми крева маица, квичи за цицање, хаос.
Немојте млеко никако ноќе, забите ќе му се расипат, црни ќе му бидат, сите дечиња што пиеја млеко ноќе се со црни, изронети заби. Првото ко го одбив му давав ноќе вода ко ќе станеше, викат ништо да не се дава ама не фати цуцла и тој и морав некако да го смирам, пр 2,3 пати вода пиеше, што е далеку полесно од цицање. И општо млеко воопшто не пиеше, запчињата му се бели сите, ниту едно црно. Со ова сега нз како ќе биди, млеко не планирам да му давам да пие и него. Па можи и него вода. Од 1 и пол досега стана 5 пати, реков ќе правам скреен шот на тел да видам колку станува, значи претеризам е, не се издржува
Јас се сложувам со тебе. Ист став имаше матичниот доктор на децава, ја слушав, и не згрешив. И сега тој што им е матичен има ист став, се знае дека на дете (мало) во добра општа состојба местото му е во градинка. Еве ги и сега, големи се, во школо одат, малово уште знае да биде со мрсули, поткашлуваат и двајцата. Дома нема да седат сигурно, школото е задолжително. Пак ќе речам, мене не ми е крив ако моето дете се разболува, тоа е нешто што мора да се помине со вклучувањето во колектив. А повеќето родители кај нас се бунат за вадење на децата надвор, ќе се извалкале ниту па на воспитувачките им е ќеф да вадат деца надвор оти им е напорно. На прсти се броеше колку пати ги изнесуваа надвор, мене тоа ми беше болна точка, од другото сум задоволна. А дете треба да биде надвор, да се извалка, што му е работа.
Значи неможам со градинкава и периодов. Почнавме пак една недела, без никаков посебен напредок, освен понеделникот кога не плачеше, другиве денови исто. Од вчера пак со ларингит и мрсули и стварно ме фаќа паника и не знам што да правам. Ја фаќа од што плаче таму и неможе да се навикне. Ја отров со кортико и инхалации. Дали малку да правам пауза? Што да правам? 2 недели се на се, седи исто од сам почеток без ништо плус, се дере и фаќа ларингит. Почнав со 2 работи, трчам на сите страни и ја предавам како штафета од еден на друг да ја почува. Викаат треба да си упорен ама па цело време на 3 дена фаќа ларингит. Хумано ли е така да и правам? Ми се вришти.
Готово ќе се мрднам со умот. Па ова не се издржува. Сабајле стана два саати се лулавме за да заспие. Кај нас изгледа цуцлата е голем проблем, а му падне по некое време се буди и цмиздри за неа. Па ја бркаме по кревет. Савајле едвај ја најдов се пикнала измеѓу решетките странично. Мајки што имате одвикнато од цуцла пишете како го направивте тоа. Не си гледам на очи колку ми се спие. Морам да го решам овпј проблем со толку честите будења ноќе.
Џабе ќе прекиниш, ко ќе почни пак наново исто ќе биди, така ќе биди цела година, се ќе прележат првата година, носи упорно, подобро е така. И 3 месеци дома да чуваш ко ќе почни одма пак ќе се поболува. Глупо е тебе совет да ти давам за работа, вие си знајте дома како вие, ама можиш да си размислиш за една работа, за твое здравје.
Полошо е без цуцла, скоро две недели како е без цуцла исто се буди само што немам како да го презаспијам, вода не пие па морам со сок барем тогаш со цуцла се смируваше, сега е претешко.
Знам тоа, се ми е јасно. Ние само за спиење ја користевме, преку ден од бебе кога беше не сум му давала.
Не му давам млеко, не ни сака да го пие. Пробав 1-2 пати за да може да му даваат дур бев отсутна зошто нејќеше ад, ама не сакаше ни кравјо. Дома не планирам да давам, ни ние не конзумираме. Јаде сѐ друго од млечни производи. За станувањето што да кажам.. Вчера после 00ч на татко му му беше роденден и обично се изненадуваме со мало тортиче и свеќи. Отидов да земам и он како навиен баш кога ги запалив свеќите почна да плаче, а обично ретко се буди толку рано. На маж ми само му ја тупнав тортата во раце, зошто се похистерично плачеше и човекот сам си ги дувна свеќите. После го гледам нема намера да се смири и го донесов во дневна бар да честита роденден на тате. Сонлив дуваше свеќи, а никој не му покажал. За првиот роденден се утепавме од учење, ама теленце беше уште. После имаше малку драми за тортата зошто сакаше да ја гмечи и цел се направи со чоколадо, па после 15 мин го однесов пак на спиење. Пола саат цицаше со драмски паузи, цица па ме чепка, па ќе легне мижи, па пак цица. Ако се покријам одма војни и плачење, значи он треба да каже кога е готов и така заспа едвај, после пак стануваше ама веќе не знам кога само вадев ци*ка мижејќи. Сега не можам да гледам, ама тоа е.
Имај си повеќе цуцли при рака. Јас обавезно имам 2-3 во спална, ако една цуца, друга што свети е до него, трета е до мене. Исто и он се буди и плаче по цуцлата иако кога заспива често ја плука, ама после изгледа му текнува. Некогаш си ја наоѓа сам, некогаш морам да му ја дадам.
Баш ми е жал што поминувате низ ова. Немам искуство, ама по некоја моја логика ако сега прекинете со градинка, кога ќе треба да ја вратиш пак може да биде и бетер. Сега е помалечка, плус средината и е веќе колку толку позната и прашање на време е кога ќе се смири. Ако паузираш после ќе треба сé од почеток.
Ок тогаш, јас му носам на детево дома бактерија и од мене ете е со зелени мрсули, уво болно цела вечер плаче и секрет во око. 2м дома седеше ништо немаше, тргна во градинка и одма закачи, изгледа не е до мене. Ти спомна 2 дена не јас, ти рече дека си го пуштила после 2 дена и апсолтно не е долечено после 2 дена и шири вируси и бактерии. Не знам како е во странство и како постапуваат, не ме ни интересира, јас зборувам за Македонија и овде не примаат со мрсули зелени и секрет во очи, значи јас треба да седам дома сега да го излечам, втор пат овој месец. Ако мислиш дека е ок, па ок, нека ти стои. И не, нема деца без мрсули, ама едно е мрсули а друго е дете со секрет од нос од очи од секаде. И да, таа играчка што ја лапаат е контаминирана, како тоа не е од градинката ако играчката е контаминирана, контрадикторна си. Не сакам да се расправам, не си во право за мене, за себе си и ок, нека е така.
Јас пак се надевав ќе речите два три дена плачки и ќе заборави. @Bella_Stella дур ја имаше софи цуцлата немавме ваков проблем, ја плукаше, па си ја наоѓаше. Ама ја скина. Зедовме нова не ја сака. И сме со нук сега, а таа пустата кога ќе се пикни по кошови оди најди ја. И да ти кажам многу ми е мачно. На секој два саата цуцла бркаме. Плачам за сон. Не ми е решение да ги имам повеќе, пак станувам и после едвај заспивам. Ама и ако без цуцла е потешко, јас не знам што ќе се прави
Подруго е ако имаш повеќе во креветчето верувај. Нема да губиш време и живци во барање. Син ми Авент цуца од почеток, ги има и ноќни што светат и сам си ги наоѓа полесно. Јас преку ден не му давам цуцла, ама кога ќе дојде ред не знам како ќе го одвикнам, поточно навикнам да заспива без цуцла. Во градинка кажав дека користи само за спиење, дека има во ранчето за секој случај ама дека дома преку ден не користиме. Ми рекоа аха добро, на четвртиот ден ми го извадија со цуцла. Наводно ги гледал другите и барал. И дома ако ја види одма сака да ја земе, затоа се скриени. Ама во градинката за жал немам влијание. Кога не е претерано цуцањето како кај некои деца што ги знам и се нон стоп со цуцлата во уста, не го сметам за страшно. Нека си поцуцаат уште малце.
Ист беше и мојот големиот, по 2 по 3 ги пикаше во уста во исто време. Отидовме кај мајка на викенд а таму нема ДМ за да земеме цуцли и така некако магично од најголем зависник го откачивме. Преку ноќ. Еден период спиеше со едно мало играче и толку беше.
@Ceneva мислам дека ти кажав за цуцлата. Или нагло, или никако испадна кај нас. Плачеше 2 дена, знаеше кај стојат идеше таму покажуваше и 3тиот ја заборави