Не ми е работата проблем, со двете работи не исполнувам ни 6 часа во денот, само организација за времето и нати го, дај ми го ме нервира. Фала ти сепак
Не, тој не ја бара цуцлата кога ќе стане, и самиот не знае што бара, битно е да стани и да плаче Мене ми е тешко што не знам како да го смирам без цуцла. 2 години и 2 месеца сме, искрено не мислев вака рано за спиење да ја тргниме, си ја искина сам таа што ја имаше а нова не прифати. Знам дека е штетно но ако е по цел ден со цуцлата во уста како што кажа Бела, за спиење мислам не е толкав проблем.
Исто кога не ја гледа преку ден не ја бара. А кога ќе ја види му светнуваат очите. За дремка ја бара и не легнува без неа. Не е како други деца и јас што знам нон стоп со цуцла в уста. Ама пак ми делува многу зависен. Морам да пробам да го одвикнам. Маж да преселам во друга соба ако сака наспиен да оди на работа и да почнам
Моето дете кога тргна во градинка мислам цел месец беше со фатен глас и ларингит. Не се откажувај само заради тоа.
Млеко не пие никако, дури и го повраќа. Нудам чајче на хип и вода ама кога ке го види шишето затвора уста. Еве денеска 3ден најголема драма направи ама не му дадов, заспа се предаде. Заспивањево кардио ми е ако веруваш. Ваљда е у збунка зошо навечер има сега не. Ама не можам наеднаш да му прекинам жал ми е искрено. Ке се научи ваљда барем недела две, па ке пробаме и ноќе. Ме тешат сите околу дека кога престанале да дојдат почнале да преспиваат по цела ноќ, па подобро да се измачам недела дена одколку вака секоја ноќ.
Дојчланд дојчланд убералл. Поима немам како, овде до 15 месеци се завршуваат скоро сите вакцини и после само освежување има на Дитепер мислам. Ќе прикачам календар. Не знам дали се истите вакцини, ама овде ммр ревакцина е на 15м. Крлеж е прва доза, па после еден месец втора, после една година трета. Не е задолжително, ние ставивме оти сме нон стоп надвор. Менигококи а,в, х, у или како и да беше исто е изборна, таа не сакаме да и ја ставаме. Менингококи Ц е задолжителна. На легендата од календарот со G се задолжителните, доза 1,2,3 соодветно. Со А е освежување. Они генерално освежуваат вакцини на секои 10-15 години. Јас пред бременоста ставав ммр немав антитела веќе, и во бременоста Дитепер ли беше? Само рота моето не прими оти докторката сметаше дека не треба, а ја не знаев кај се наоѓам. Спојлер: Календар за вакцинација
Некогаш сака, некогаш плаче. Скоро година оди во градинка со пауза летоска. Ларингит исто често фаќа се уште и тераме по шема.
За крлеж распоредот е ист, исто е опционален ама скоро сите ја примаат. Другово ми е ептен некако на стероиди
Детево мое 14месеца ја со него сум мм иде на смене на работа и јас сум почната ама не идем секој ден ама станат е напорен ни да игра сака 10мин и му се здодадува ни телевизија цртани музика ништо малку ке загледа и не го интересира сега ке се исправи и сака да иде само уште не е сам скорз стабилен ама иде низ соба а ако сака негде подалеку за рука и да го однесем јас ама ептен заморно е ништо несака друго незнам дали е фаза ако ме види сум легнала малку одма плачки
Јас постепено ги тргнав дневните доења и супер си прифати, ама ете ноќното немам идеја како. Сега некако и не ми е момент за тоа зошто е на адаптација во градинка, кенкав од заби ноќе и со секрет во носе. И си мислам дека цицањето навечер му е каква-таква утеха. Да се одзатне ќе се охрабрам да пробам зошто не се издржува веќе, како зомби сум. Нив станувањето им е дефинитивно од навика, не се гладни во сред ноќ сигурно. Не знам ни тоа со нудење вода/чај колку ни е паметно зошто пак им се ствара некоја навика и асоцијација за презаспивање со нешто. Не сум паметна на темава стварно.
Дома ако види некој подлегнал одма иде и лае на уше, исто и кај баба му и дедо му. Пред него никој не смее да спие. Гледај повеќе да сте надвор да троши енергија. Ние цел ден сме надвор, кога врне крв ми капе од што не знам што да му правам дома и што викаш се му здосадува за 10мин максимум
Биди среќна што не сака тв, зошто не ни треба да гледа. Ќе си најдеш начини да го анимираш. Чим не работиш вади го почесто во парк, остави го да лази, да пробува да се исправува. Му треба време надвор. Дома можеш да го занимаваш со сензорни играчки, дали ќе направиш сама или ќе купиш не е важно. Имаш многу идеи на интернет.
Работим идем само не секој ден надвор секој ден шетаме он сам знае за надвор на врата и плаче да излезе на работа почнав уште 9 месеци кога направи ама имаме приватна фирма и некогаш сум дома
Ммр на 9 месеци, ревакцина на 12м. Швајцарија. Сегде различно. Тука мислам најрано е. Инаку читам пишувате за будење навечер и неспиење. Јас сум готова да паднам сред бел ден. Не можам повеќе од неспиење. Од како е родена се буди секој можен саат, и страв ми е да не направам некоја глупост од умор а сами сме по цел ден. Само што ќе ја ставам главата на перница еве ја вика, ајде пак стани и вади цицка. Оваа недела врв над врвовите, очите ми се жар. 4 заба излегуваат одеднаш. Дали може да дадам нешто вечер пред спиење( не знам, пример чепче), можеби ќе одмориме малку повеќе? Или да не ставам? До сега само после вакцина имам ставено по едно за секој случај, вака за заб не знам дали може. Претпоставувам дека тоа ја мачи дополнително сега, иако што и онака такво и е спиењето.
Ахам. И кога ќе прочитам дете не вакцинирано до три години, или за магарешка кашлица мене ми е чудно. Мислев и кај вас е така. Туку кажи што им направи на тие силиконските. Од нук магичната и оваа со клунче. Преска имаше останата вода, викам ај ќе ја добијам и после ќе пуштам машина. Вкус на средство на садови, а и мирис. Невозможно. Како ли пиела она воопшто. Ем јас ја отворив и ја добив водата. Денес не ни сакаше да пие. Ја пробувам после и другата чаша, исто. Ја учев сега од цевка да пие. Што да и. Правам на овие. Да ги ставам у вода да отстојат или да ги фрлам, нема оправање.
Ги скрив нук цуцлите, ја фати софи новата ја пикна во уста, и ете го со неа заспа. А предходно само ја шеташе низ куќа, никако не ја сакаше овие две недели откако ја зедовме, зошто старата ја скина. Тешко дека ќе се одвикнеме