1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella @LiquidLuna има еден медо тука ни е в соба кај што спиеме, му дава вода, му дава цуце, го гушка. Ама тоа е 5 мин и толку. Му вика мима:rofl:
    Јас сакам да се заигра со нешто подолго ама не, на медо и пелена му облекувавме, абе шо не, ама тој нема интерес никаков.
    Само да фрламе играчки. И најголема радост е кога ќе ги види наредени, заикнува и вика јаооо и почнува да фрла. Сега по малку почна да реди коцки, да ги убацува фигурите во нив. Ќе бидам поупорна за мечево ;)
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    До две години сесре, а после 2 такво си е детето :D
    И мојот е хаос со спиењето, веќе цел месец вади долна двојка еве ја грепка ама уште има мака. Кога вадат тројки и петки? Да си израчунам до кога нема да спијам (facepalm)
     
    На 1209, kozuf, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    129
    Колку дена може да се дава?
     
  4. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    iskreno neznam...jas davam sekogas koga ke osetam deka place od bolka...
    vo princip 2 3 pati nedelno
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    187
    И јас сум давала 2мл парацетамол за болка, ама немало потреба повеќе од еднаш-два пати неделно

    Него, кога почнавте да ги седнувате на нокшир? Многу е склона на инфекции, до сеа два пати МРСА и кандида.. не знам од кај ја фаќа бактеријата, болничка е или од градинка, она не била ни таму ни таму.
    П.С. Како ги одржувате нокширите?
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    129
    Секој вечер се буди исто и со кенкања па некад и со врескање. Затоа отприлика да знам како да дадам. Фала ви многу на одговорот.
    Инаку до нокшир не сме стигнале уште, рано е.
     
    На deasmamas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    678
    Фативме вирус со афти во устана и се појавија дали некоја има давано бетах глицерин тоа ни го препиша матичната или сепак да давам нинастин капки што е поефикасно?
     
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.719
    Допаѓања:
    19.158
    Пол:
    Женски
    Толку е фокусот, не може пола саат да игра со мече. Со коцки син ми игра најмногу и најдолго, исто и со празни хартиени кеси и кутии, ги полни со играчки, ги шета низ станот. :D Некни му дадов пола шпил карти, си играше 40+ мин со нив. Ги ставаше и вадеше од кутијата, ги преместуваше од едно на друго место, ќеефови е. Друго што му е инте
     
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Да му дадам карти, ќе бидат искинати за 15 мин :D. Многу сака да кине хартија, кутии. Затоа и книги не читаме, оти една веќе ја среди. Ми е жал се ќе упропасти.
     
  10. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми пак обожава да врти сликовници и списанија. Има неколку скинато, не дека не. Ама стартувавме со евтини, да не ми е жал кога ќе кини.

    Кога читаме од напишаното, кога спрема слики измислуваме приказни ама битно и држи внимание долго време.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Списанија и јас давам и гледаме слики 5 мин и почнува да кини. Доби книги на поклон, ги скрив, има партал да ги направи. Книга онаква музичка, дебели корици целта што е. Партал ја направи. Прво ја изгриза и на крај ја скина. Вака приказни му раскажувам вез присуство на книга. За сега така дур не научи дека книгите не се кинат туку се читаат.
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    22.990
    Пол:
    Женски
    И моево има 16м и уште е само со кецови горе и доле :?: битно типката све џвака, како не знам.
    Дојдовме Мк на кратко, денски спиење и се поремети скроз, абер нема да заспие на време и да трае долго дремката. На вечер и двете заспиваат преекасно што не беше случај. Е заради овие работи не ми се иде..
    едино позитивно е што тука ни е кучето и ми иде да си го зеам со нас зато што друга занимација не бара, само по него се оди, со него се игра :inlove: баш ја мерив на вага човече 8,7кг е. Како неухрањено е ;(
    Ништо не зборува освен мама тата дада ма за макс, нана за мајка ми, ау ау, мјау, мууу, нано, ало. Толку. Ама разбира се без да и се објаснува, со наредби е за сега многу послушна, не се повторува Не по 100 пати. Кажува пред да кака, зема памперс и легнува на кревет чим се искака. За цице ме тегне кај стаса, со другата рака ме штипе за брадавица, јас нерви губам тогаш. Едвај чекам да се одвикне ама ми е страв сега оти за заспивање и презаспивање ни е вака прелесно и наспани сме сите, пааа затоа трпи мајко. Бели звуци на најјако пуштени и тоа нема крај со одвикнување,исто како на аеродром да живееме .
     
    На lackygirl и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.719
    Допаѓања:
    19.158
    Пол:
    Женски
    Нормално е да сака да скине, кинеше и син ми. Така се запознаваат со предметот. Нема да жалам сликовници сигурно. Имаме неколку од тие со тврди страници и нив ги читаме најчесто. Од една голема за животни почна да кине страници и ја прибрав зошто и онака е за кога ќе биде малце поголем, има доста текст. Со картите треба да пробаш, ќе ги витка ама тешко дека ќе ги скине, особено ако се пластифицирани. Јас секогаш од глупости му измислувам игра, се чудат сите околу мене како ми текнува, ама кога мора мора. :)
     
    На Giiirl23, Carolin., Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    11ден од вакцина ммр. Дали е случајно ама има неколку точки како осип на стомакот. Дали е реакција од вакцината? Нема други сипмтоми ништо. Дали да очекувам и темп или може да пројде само со тие неколку точкички. До сега не сме имале реакција на вакцина.
     
  15. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    И моето сака цуцла, но само за спиење. Закачена му е сам си ја става. Моментално не ми смета, би размислила да ја одвикнуваме ако тргне на градинка. За мече или играчка не би го врзувала зошто знам луѓе се враќале со километри до дома оти мечето го заборавиле, а без тоа не спие. Братучед ми што е многу помал го загуби мечето во Грција на одмор па тоа беа плачења невидени...
    Во секој случај што треба ќе се проба само да спијат :D
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.719
    Допаѓања:
    19.158
    Пол:
    Женски
    Баш ако тргне на градинка ќе ти биде потешко да ја одвикнеш. Син ми дома преку ден не цуца зошто ги криеме, ама во градинка повеќето се со цуцли и морале и него да му ја дадат зошто оди им ги зима на другите деца. А и полесно им е на учителките така.
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    17.064
    Пол:
    Женски
    Мајки ајде совет сега, престанав да давам за дневно спиење града, синоќа не сакаше ни за ноќно. Кога му се спие ме фаќа за раче и ме носи во спална да го легнам, многу малку помош му треба за да заспие. Ама ноќеска знам во сон му дадов да цица кога се подразбуди.
    Се мислам да местам аларм ноќеска на сат ипол два, колку да не заспијам и пак во сон да му дадам и да го понишкам да видам како ке биде дали ке заспие така или ке сака да цица? Што мислите паметно ми е ива или не?
     
  18. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.733
    Пол:
    Женски
    Да многу е тешко кога е врзан за една работа. Моето спие со ќебе, не можам да стигнам да го исперам некогаш. Ако сме без него излезени, нема шанси да заспие па мораме назад дома. И во градинка му го праќам. Замислете ја глетката на плажа кога пробував да го успијам со ќебето:rofl: Или пак летно време со количката и ќебето да ги држи за да заспие:sweat:
    Пробавме да го одвикнеме но нема шанса. И во градинка ми рекоа, жал му било да го гледаат на 40 степени измотан во дебело ќебе. Среќа летово заврши, но претешко е да го мислиш цело време, и тоа не е мало ќебе, плишано и големо е.
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    22.990
    Пол:
    Женски
    Може и темп да крене и да се нафла повеќе ама не мора да значи,така мене ми кажаа, моите ги прескокнаа симптомите.
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.719
    Допаѓања:
    19.158
    Пол:
    Женски
    А зошто да местиш аларм. Кога ќе се подразбуди одма дај му или само нишкај го и се надевам ќе презаспие. Голем е за на саат ипол два да правиш аларм, нема потреба, може и нема ни да се буди.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.