многу ти благодарам @Nova треба ли да се потенцира со што да биде маџунот или не?прашувам затоа што има многу врсти затоа, извини станувам досадна со прашањата ама сакам добро да се информирам.
@slimy ти сигурно бараш маџун од грозје Има маџун од рогач и смокви, а не сум слушнала за маџун со некакви додатоци ако мислеше на тоа.
Не и јас исто затоа мислев со што не за некоја друга мешавина со додатоци. А вие што давате кој е подобар за имунитет? И дали прават достава во другите градови овие продавачи?
Здраво мамички. Редовно ве читам и применувам многу од вашите совети. Досега сум немала потреба да пишам, но сега не можам да најдам слично искуство како нашето. Имам ќеркичка од 20 месеци и пред 3 месеци после попладневна дремка и излезе црвенило на долниот очен капак и како мало внатрешно топче (не знам дали ме разбравте ☺). Бевме на доктор, рече дека е нагадено окото и ни препиша Хлорамфеникол маст. Мачкавме неколку дена и црвенилото се повлече, но топчето остана. Откако престанавме со мачкање на маста, црвенилото пак се појавува кога си го чеша окото и сега ни кажаа да земеме брис од око. Инаку окото не и солзи, не и се создаваат груделки, само ја чеша, црвенее и топчето не поминува. Ако има некој со слично искуство да ми каже како се зема тој брис од око и што би можело да биде тоа топче. Секој совет е добредојден. Благодарам однапред ☺
Пред некој ден го посетивме нашиот педијатар заради вирусот кој го имавме, па поразговаравме нешто и во врска со исхраната на мојата ќерка (16 месеци). Докторката ме советува веќе да и давам од нашиот ручек без разлика што е со зачини и обично масло, а да продолжам и понатаму да ја хранам како досега (со овошје, зеленчук, млечни прозводи, без чоколади и сокови). Искрено малце ме подзамисли дали треба да ја послушам, па сакав да ве прашам вас мамички од форумот од кога почнавте да им давате на вашите деца од вашиот ручек. Јас сеуште се придржувам кон она правило три оброка (овошен,зеленчуков и млечен оброк) и две ужинки во текот на денот, сеуште готвам оделно за малата и сеуште набавувам за неа намирници кои знам дека се одгледувани на правилен начин. За среќа супер јаде и напредува. Но ете контра моето размислување нашиот педијатар ме советува да го променам ручекот а се друго да остане исто. Вие што мислите??? До кога треба на малите да им готвиме оделно и од кога започнавте да им давате од вашите манџи?
Ние сме помали од вас 12 месеци и се додека вака јаде така и ке терам.Од проста причина-поздраво е.И тука нема дилема.Наскоро ке воведам хималајска сол и тоа би било се од зачини.Црн,црвен бибер,вагети,буковец сметам дека се мали за тоа,а уште помали за запршки. Незнам дали и правиш мафини,проја,палачинки ..доколку имате доволно запчиња тоа би вовела како измена .За доручек или ужина.Се останато би оставила како до сеа Сепак ти си и мајка ти ке одлучиш.
Jas cesto i davam od nasiot rucek ( grasak,boranija, musaka...) Samo sto seuste i go blendam.Stavam po malku himalajska sol i sekogas obicno maslo. Retko stavam maslinovo.
@leona83 Фала за одговорот ☺ Брис ќе правиме во понеделник, но не знам како го земаат. Ако може да ми кажеш каква бактерија имаше твојата внукичка и како ја излечивте. Ние правевме крвна слика и се беше во ред пред 2 месеци и дури и вакцини примивме со такво око и фала Богу се излезе во ред. Благодарам ☺
Јас се плашам да не имам пρоблеми понатаму со синκо во вρсκа со ова. Детево мое јаде се,но само со лажица(збоρувам за главни обρоци) и јадењето да биде течно(налиκ манџа). Суво јадење не ми саκа. Пρобав и мусаκа(со телешκо месо само) но аκо не ставев κ.млеκо немаше да го јаде. Лепче гρицκа и бисκвити исто. Мислам деκа е мал сеуште па затоа е ваκа,мајκа ми се смее,детево гуρман,лажица да тρопне-тогаш се знае деκа тоа е јадење.
Не се сеќавам што бактерија беше, знам само дека прво капки и дадоа ( со антибиотик) и не помина, па пиеше антибиотик и ја излечија.
Здраво драги пријателки. еве и јас да се појавам со мојот проблем ако мое да се нарече така по што со кога и да зборувам само ми се смешкаат, се било нормално а јас многу се малтретирам. Моето девојче е две годинки и нешто. Добро е напреднато, расте, ама ненормално е темпераментна, нервозна со напади на бес. Ми се погоди многу дадилката, многу убаво ја гледаше и све, јас на работа, ама освен неа никого не гледа, само тие две дома, после откако она ке замине јас, татко и само за викенди е дома. Ама цела недела дадилката не доаѓа, и така и беше последна недела пошто од први септември почнуваме во градинка и тоа повеќе беше моја одлука пошто приметувам дека ќерка ми има потреба од луѓе и другарчиња за да се социјализира. Ова на кратко за состојбата но тоа што мене ме мачи и ме плаши е однесувањето на керка ми. Како прво воопшто не разбира ако и кажеш немој, остави, не може, било каква негација за нејзе е непознат термин. Да речеме дека донекаде е нормално нели дадилката ја разгалила да не плаче дур јас не сум дома, ама после ја фаќам за рака за да не ја направи белјата, и се дерам за да разбира, понекогаш станува збор за ризични нешта, врела вода, шпорет, нема шанси никогаш да направи тоа што и кажуваш. Ќе ми кажете дека сите дечиња така прават, и се надевам дека е така, но проблемот е што она не се откажува од намерата, и го земам од раце на пример брашното, почнува дерење, плачење, скокање. Се треудам да ја игнорирам, нема шанси, почнуваат повраќања, се трудам да и дадам нешто друго да и одземам внимание, овој пат двегодишно дете мава по мене, шлаканици со двете раце, од каде толкав бес не ми е јасно. Сум пробала да ја смирам, не бива, трча по брашното, се трудам и јас да бидам строга уштре еднаш и се дерам, уште повеќе продолжува бесот, се фрла по плочките, повраќа од бес. и верувајте ова трае цееел саат и она не се откажува. Срам ми е дапризнавам ама два пати се случило, (вчера и денес) и јас ја удрив по газето а денеска богами и идна убава шлаканица. И само за мене напраив проблем, си плачам цел ден, мислам дека воопшто не разбира што е удирање и што е целта на тоа, си продолжува по своето, јас и го дадов брашното, не можеше да дише што толку плачела, си играше десет минути само што го истури и заспа од што се измори од плачење. Она два часа спие, јас плачам и чистам брашно. Ми се има случено да ме удира пред моите колешки, пошто не сака нив да ги види и јас не сакам да станам да одиме дома, седиме на кефе де. На први треба да почнеме во градинка а јас сум страшно исплашена, а немам друг избор, морам на работа, детето не можам да го контролирам, не се облекува ако не и се свиѓа, ако се трудам со сила почнува истата драма, со плачања повраќања мавење. се ќе биде во ред ако правиме она како ќе каже. Дали имаме потреба од професионална помош, дали ова е во ред, дали ви се има случено. Каде грешам???
@Linda.A и моето дете е исто така многу нервозен откако е роден, асега откако почна и забите уште повеќе. И јас исто како тебе често ја прашувам докторката се советувам да не треба нешто друго да преземам ама таа секогаш вика ќе помине такво е детето понервозен.Верувај ми и јас кога и го земам од рацето нешто што ска да го скрши или фрли веднаш помодрува од плачење исто така сака да повраќа и така ме оценува.Два пати повратил зашто сакаше да го лулкам со ќебенце во раце нон стоп, и кога ќе престанеш пак исто.Кога не го оставаш да прави што сака го удира главата со раце и нозете во паркетот и не престанува да плаче. И јас често се прашам дали има потреба од психолог или нешто друго ама не знам дали кај нас има такво нешто.Само се молам да помине и да биде само фаза оваа зашто и јас цела вода од нервоза и од стресот сум кога прави така особено во јавност.
Искрено и мојата одлука паѓа на тоа да останам да ја хранам со здрава храна и на здрав начин. Барем се додека ми јаде вака супер со голем апетит мислам дека нема потреба од промени. Но знам дека некогаш ќе морам да ја прилагодам на нашата исхрана, поточно на нашите манџи...но кога е правото време за тоа? Најверојатно колку покасно,толку подобро.
Linda.a.nasite deca se na skoro ista vozrast. Maliot moj gi pokazuva istite znaci toa e normalno za taa vozrast tuka pokazuvaat kolkava im e mokta no i nasata da kazeme ne. Ete moze propustot kaj tebe e pogolem zatoa sto pretpostavuvam dadilkata za da i sedi mirna i dozvoluvala se jas vikam ok e toa i do nekade ama jas i mm se karame so sveki za toa zatoa sto problemot posle e nash. Ete kako sto vikas ke posaka nesto i ke pocne nekontrolirano da place a posle nagonot na povrakanje e sleden ama jas sekogas gledam da mu dadam nesto drugo da mu odzemam vnimanie i da ne go dobie posakuvanoto. Malki po gazeto ne e tepanje netreba da si stavas pri srce a deteto ke dobie red za koj ke si bides blagodarna cel zivot. Za vo gradinka stvarno treba i jas kako tebd gledam deka deteto top napreduva saka da se druzi i e komunikativno pa ne na 1 vi po preporaka na pedagozi od gradinka me sovetuvaa bar na 15 ti da go pratam pa sto ke bide toa a ti pomalku so neportrebni nervozi i samo zborenje na malata
Мајки малку офф да Ве прашам нешто на синко постелнината што вклучува оградица од креветчето , јорганче сакам да го исперам во машина на 15 за завеси програмата ( дека нема многу вртежи) или на 30...или рачно? постелнината е нова и не е користена , сега сакав да ја исперам за да се спремиме за ладниот период што ми препорачувате?страв ми е да не се собери јорганчето?!
i nie sme 16 mes....jas seuste ne mu davam od naseto jadenje...oddelno gotvam ...si jade se prekrasno i ne gledam pricina za da go promenam toa...
Isto i jas mislam kolku pokasno tolku poubavo... Nie sme 20polni meseci jas seuste gotvam oddelno za nego..se slucuva ako imam pr pecen kompir da mu dadam malku..ili kori so sirence ...ali za se drugo zacineto potesko ke pocekame