И син ми сака да ја зима мојата четка, па со неговата сака мене да ме мие, па откако ќе завршиме сака да ја гриза четката и да ‘се мие’ уште 10-15 мин. Ама сѐ тоа мене ми е нормално, подобро да дозволува да го измијам низ игра, отколку да вришти и бега. Пелена менуваме во спална. Планирам да земам нокшир наскоро и да го седнувам дур јас сум во вц, чисто да почнам некоја асоцијација да му стварам, дали е правилно вака не знам.
Да да, ама некако ми е шубе да ја оставам да ја лиже мојата четка, па се лути Инаку го правам и јас тоа со нокширот ама после дремка, се почесто веќе се дешава и да го наполни. Пробав јас кога одам ама тоа не ми успеа, можеби треба да пробам пак.
Мојата не му ја давам и јас, успевам некако да го залажам. Ќе се научат пополека на сѐ, секое во свое време.
Јас би сакала рутината да ни е како рилс на Инстаграм, да се гушнеме, погалиме, прочитаме приказна. Ама реалноста е хаос проследен со плачки. Плаче кога го капам, плаче кога му мијам заби. Општо за лична хигиена имаме многу мака, значи не сака ни раце да мие, ни лице, ни заби, ништо. Капењето ми е хорор, не најдов никаков начин да го смирам да не рика на цел глас. И обично за многу работи кога гледам дека не сака, не го форсирам, ама кога се работи за здравје немам компромис. Раце мора да се мијат, мора да се искапи и мора заби да измиеме. Таа ни е рутината, можеби во иднина ќе се промени.
Моето сака да се капи, мие раце, лице. Заби четкаме без паста. Паста не сака и крај. Треба да му ја сменам можеби тогаш ќе дозволи. Инаку четкаме заби наутро кога станува, навечер пред легнување. Пелена менуваме в соба. Се бркаме и ние ама тоа е, ќе помине. Нокширот ни служи да си играме, а не да седиме на него Инаку да споделам, има некој гел кој се мачка на забите, десните кој помагал за да не се расипуваат забите. Другарка стоматолог ми го препорача. Еве слика
Јас го користев со првото, од 2 и пол год негде до 4 год, само навечер заби го миев и уште јас го мијам, и само 1 запче му е расипано досега, не сака никако на стоматолог, бевме еднаш о поќе не пробавме. Ама после миење заби ништо, млеко никако, само вода. Видете во темата Децата и забите е поубо објаснето од стоматолог Спајди. Едит, за нокшир пред 2 год се премали, ама кој како си замислил така.
Да ти кажам дека имаме 6 четки и плус еден напрсток тоа се 7. (Сега користиме само 4, предходно ко имаше еден два заба имав од дм тие силиконските 2 што одат, па јас му миев со напрстокот а он се чешаше после тоа и демек миел заби покажуваше на сите) Сега сите 4 стојат во чашата за четки и ако ја бара мојата му давам негова во друга боја. Памперс менуваме во спална ама насабајле оди гол за да седне на нокшир и демек заедно мочаме, кога моча кога не. Едно време одсабајле обавезно и си какаше на нокшир ама сега само моча некогаш. Знае и уз пат да се измоча додека оди до тоалет. Битно го гледа нокширот и прави како за какање, стенка. Знае за што е. Навечер облекуваме пижами, земаме памперсот одиме во тоалет миеме заби, гасиме светла СЕКАДЕ, и во тоалет и во ходник и дневна и спална и нанаме. Се гушкаме, мазиме, ме каса некогаш, ме тегне ама релативно брзо заспива за 10-15мин е кома кога како. За бањање не сакам д аго заречам ама прв е одма трча, знае и да покаже демек како се бањал и како ме бањал мене
Не можам веќе. НЕ МОЖАМ!!! Значи веќе два месеци успивањето вечерно време е апсолутен терор за мене, луѓе не знам што му е, секоја вечер го заспивам по 4 саати не можам крај да фатам. Рутината му иста, отсекогаш, дневно спие од 1-3 без проблем заспива, вечерта пред 8 ако го заспијам станува мисли дремка е, ако го заспијам после 8 преморен е и апсолутно одбива да спие, секој ден е со плачки, теглење, молење, борење, цицање 100 саати. Ете сега го држам во раце и не ми дава да го спуштам, пишувам и плачам, сериозно не можам веќе, толку сум преморена цел ден и одвај чекам да заспие за да иам малку време за себе. Секоја вечер е на мене успивањето оти маж ми работи од 6-7 до 2-3. Сабајле јас пак со него треба да станам и не можам веќе ќе полудам. Денски е изморен и прошетан и истрчан и се и пак не сака да спие, сакаа да си игра да збори да прави глупости да плаче…пробав еднаш денски да не го успивам и таков тантрум имаше приквечер од премор што едвај го смиривме…јас веќе не знам што да правам, не знам каде грешам и не знам зошто детево не сака да спие. Ми иде на моменти да го затворам во соба и да го оставам да плаче и да се успие плачеејќи иако сум најголем противник за тоа, до толку ми е преку глава. Ве молам некој совет, аман.
Ох леле, гушка за утеха ке помине. Да пробаш да спие само 1 час на пладне место два? Или пак покасно да спие од 2 до 4? Па во 9 да легнува. Стварно не сум паметна и не знам што да те советувам, давам предлози само. Кај мене е мака ако легне во 8 станат е во 5ипол 6, ако легне во 9 спие до 8 сабајле, најди му нзс. Денески едвај издржува до 1 за да спие до 3, некогаш е заспан и 12 ипол и така легнува после во 7ипол 8 и сабајле кокошките ние ги будиме не они нас..
Да пробаш да му ја скратиш дневната дремка, отприлика на саат ипол и после тоа да го заспиеш кај 8? Големата исти тешка ми беше на заспивање, и ден денес е така ако дремне малце повеќе преку ден. Сега пример станува во 6 ипол за во градинка, кога ја земам од градинкс спие во кола 25 мин и се буди кога ќе стигнеме и вечерта заспива во 8.
Моето се уште цица. Млеко не давам никакво. И не планирам да давам млеко искрено откако ќе се одбиеме од цицање. За сега се уште станува еднаш до два пати за цицање. Друго и не знае моето освен цице и вода . Така да кога ќе се одбиеме ќе нема млеко никакво после миење заби, сега за сега има мајчино А за нокшир купив сакав да пробам да го заучувам да седи на него, да ствара некоја навика. Ама кога видов дека нема ништо од седењето го дигнав. Здравје на пролет ќе пробаме пак. Ништо не форсирам. Кога ќе му дојде време тогаш.
Ох мајка тешко звучи, држи се... Кога станува сабајле? Сум чула некои не даваат овошје и благо попладне, и ако дојат не пијат кафе. Кај мене не помогнало али може да пробаш. И рутина пред спиење, гасиш светло, приказна, гушкање, релаксирачка музика, што и да ви одговара. До скоро уживав во тоа и за мене беше релакс на крај на ден, се додека не почна да вришти уз релаксирачката музика
Станува во 8:30, ако ептен касно заспал станува и во 9, ама и предходно беше вака и пример ако заспиеше во 8, ќе стане во 8, 9 до 9, сега последниов месец ипол се повампири, вајда регресијата не знам, многу зборува и не сака да спие оти се има нешто да каже. Ете на кафето не ми текнало ќе пробам да не пијам попладне, а благо не давам обично, овошје јаде, ќе пробам и тоа да тргнам ама како што е нејадач и тоа ако отфрлам ќе живее на воздух. Рутината е таа, го капам порано, а пред тоа шета 2-3 саата со мм, вечера(ако уопште ретко се нафати да јаде) сируп и витамини и после ќе поиграме малце, да чита не сака многу за сега, мислам ми ги дава книгите и ги “чита” 2 секунди и само ги менува, ама сака да си поиграме малце со колички обично. Онака денски не сака сам да игра ама за да не спие знае вечерта и сам да се заигра со глупости, ќе идеме у спална и ќе изгасам светло, дури му дозволив и некој цртан да гледа пред спиење, не стимулирачки од оние старите, мислев тоа ќе го смири, ма јок бе не го интересира, ќе пуштам приспивни песни он ќе фати да игра…значи песните пеат он цица и мижи и игра со газ И ќе биде пред заспивање значи миже и веќе завлечува и ќе му текне нешто и оп ќе се ококори и ќе тргне да бега во дневна, ако не го пуштам се одерува од плачење до затајување, а и неам избор да го држам у спална ако не спие оти буквално еден чекор иаме простор до врата, само вградена спална иаме, па се тегне и рипа и де качува на спална и може да де повреди. За дремката попладне може треба порано да го будам ама не знаете каков е нервозен ако го разбудам, во состојба е 2 саата да плаче ако не е доспиен… Знам дека звучи како да барам изговори ама вистина пробав многу работи и знам дека од многу мал има мака со спиење и не сака да спие ама пак мислев фативме ред до пред некое време, а сега ова веќе што бидна не знам. Мајка ми ми вели ова е карма дека и ти беше такво бебе, јас не верував кога ми кажуваше мајка ми дека не сум сакала да спијам, велев како може да не сака бебе да спие…е ете можело, ова е за да видам како Од се што можеше да се метне на мене барем ова да беше на мм бе, он спанко невиден, може со денови да спие и нема да му е мака, јас и ден денес се нервирам ако станам подоцна од 10 или ако се успијам на дремка многу, не сакам животот у спиење да го минам. Не знам жени, прееска повеќе ем да се испукав пишав оти ми дојде на врв, сега ставив една чаша вино и малце се смирив и ќе применам некој од советите фала ви. Мислам дека најдобро што можам е да го одбијам од доење, тоа мислам ќе реши 99 од проблемите…ама како.
@1209 , какви витамини пие на попладне? Нешто ко да имав зачитано некаде дека Д витаминот влијае на спиењето. Може сум грешка, ама така ми се врти во глава. За успивање имавме до пред некоја недела период каде што успивањето ни траеше и по 1,5 час. Буквално јас заспивав, таа не. Сега да не заречам и сама си го премести цел час порано и брзо заспива. Лошото е што и час порано станува. Баш со петлите сме станати. Пред работа и градинка имаме време и цел ручек да направиме и пита да месиме што се вика.
Витамини ќе даваш на сабајле, не навечер. Ако веќе јаде овошје, банана и јаболко. Помагаат за спиење. По 15 мин порано буди го, и пробај 15 мин порано за дремка, секој ден по 15 доека дојдеш до саат. Нека спие пр. од 12 до 14. Знам дека ти е мачно..
Витамини пие Омега вечерта, Д3 не давав летото сега ќе давам, ама сабајле дека пие железо со вит Ц, затоа не давав Д сабајле мислам дека си пречат еден на друг, што знам може грешам. Инаку да обично банана јаде попладне, може некогаш грозје ама ретко, оно знам шеќери има. Јас мислам дека може треба да станува уште пред 8 сабајле за да заспие толку рано, може едноставно помалку сон му е доволен… Фала ви на сите жени за советите се надевам брзо ќе се среди.
Колку часа спие ноќе? Ќерка ми пример ноќе спие околу 9-10 часа и уште 2-3 преку ден. За 12+ часа да спие ноќе треба да ја оставам само пола час преку ден да има дремка.
Д3 треба најкасно до 12 на пладне да го дадеш. Општо сите витамини мене најпрактично ми е од сабајле пред градинка да му ги дадам. Кога не одеше ги давав пред доручек. За спиењето што да ти кажам.. За жал после сѐ што си пробала такво ќе да си е детето. Има деца што се неспијачи, познавам такви. Нашиот распоред моментално е ваков: станува во 7-7:20, дремка има во 12:30-13ч и обично спие 3 часа, навечер легнува во 20:30-21ч најкасно. Просекот на дневен сон секогаш му е ист, како и да свртам он ги спие тие саати. Мислам дека тоа што можеш да пробаш е да го будиш порано, пример околу 7-7:30 и накај 12:30 да има прва дремка. Со 5ч будност ќе биде изморен и ќе спие секако минимум 2 саати. Кога ќе стане уште 4 ипол- 5 часа буден и не би требало да прави проблем. Имаше и син ми еден период мака, при крај на 10ти скок како со лав да се борев кога го заспивав. Ама откако тргна на градинка и му заврши скокот ептен е како навиен и многу убаво спие, да не го урочам.