Мамасити, мака со ова фрлање во сон и како во бунило и вришти од грло. Три вечери со ред исто. Нема врска каков бил преку ден, дали имал возбуда или нешто многу плачки, се дешава и кога е се мирно. Се дешава во првите 3-4 саати. Едвај го смирувам и после заспива како ништо да не било. Мава со нозе, со главата се трза на назад. Ниту сака да лежи,ниту в раце се држи. Некогаш чак гледа, а уствари спие, не е присутен. Страшно за гледање. Се мислам да го носам на неуро психијатар за деца. Ова мене не ми делува нормално.
Испукај се мајка, стварно помага да си се пожалиш некогаш. За будењето од дремка пробај нежно. На пример мојата спие на темно, па ќе кренам ролетна и пуштам музика и полека појачувам, за 10тина минути се буди брз плачки. А ако ја земам директ господ на помош
Ноќни терори да не се мајка.. И мојата имаше баш како што опишуваш 2 дена и помина. Матичната ја праша?
Ма ова се дешава долг период. Не секоја вечер, ама има периоди ете така се повторува и после некое време е мирен, па пак. Еднаш во 10 дена обавезно има ако сумирам. Прашана. Прашан и неуролог кога беше 10 месеци, ми рече кај толку мали деца е инкогнито се од што не знаат да кажат. Ама не гледа ништо проблем развојно и така да не се грижам. Ама ова сепак мене не ми делува здраво. И затоа се мислам да се консултирам со постручно лице околу оваа тематика.
Ноќен терор ќе да е, и моево така правеше неколку вечери. @1209 совет немам со големиот скроз исто беше, едноставно такви се и тоа е, ќе помини ама дур поминии претешко е. Ко ќе се стемнуваше нас ни се стемнуваше пред очи, нејќев вечер да дојди оти знаев што не чека. Не е спијач и крај, исто ко мене. Иста сум била лоша, мајка ми истото го вели за мене, дури полоша сум била за второво се надевав дека ќе спие, ама еве го ист е, само малку ублажена верзија на неспијач до 2 и пол год ќе издржиме
@1209 ќе ти го пишам нашиот распоред, малце е екстремен ама пошо оди во градинка немам баш друг избор. Станува во 6,30-7 најкасно. Легнуваат во 11,30, најчесто спие еден час. Го легнувам 19-19,30 најкасно, нема ни сила да издржи до покасно. Уморен е. Мое мислење е дека твоето не е уморно, му треба да троши повеќе енергија. Мојов легнува и спие до сабајле, не се буди, преморен е.
Дали и вашите си ја маваат главата од ѕид,под,телевизор,маса,кревет ...? Колку повеќе викам не,толку посилно и почесто ја мава
Околу 1 година кога беше почна да си ја треска главата од се што ќе стигне, периодот траеше 7-8 месеци сигурно. Потоа премина во комплетно трескање од земја
Да напоменам за спиењето и плачењето во сон. Прво исклучете се од медицински аспект, во смисла да не го боли нешто. По незнам кој пат син ми има виспалени уши и течност во средно уво, полн е со секрет. Последнава недела не знам дали сме сврзале 1 час сон. Трескање од земја за се, повторно се должело на ушите. Ете син ми не покажува на друг начин дека има болка, не се држи за уши и сл, па тоа се одразува на негово однесување и спиење. Во меѓувреме ги вади сите 5ки наеднаш. Туку ние имаме проблем, запнати се на клиника да го снимаат за слух, дете не дава за жива глава да го чепкаат во уше бидеќи цело време е со болки па нормално се плаши. Мора да е смирен барем 1 минута за да го испитаат слухот. Ми викаат мајка најди начин смири го или донеси го заспан. Не сме од ск па секако по пат ќе заспие и да го држам буден цела ноќ, и кога ќе стигнеме се буди. Веќе не можам да издржам секоја недела да му правам стресови на дете. Морало да е смирен или заспан по природен пат. Некој вакво искуство?
Ото скрин или бера испитување ќе правите? За првото може да е буден, за второто мора да спие. Маки видовме и ние.
Кога е преморен не спие воопшто убаво мојов, станува цела ноќ и има страшни ноќни терори, мислам дека не е до уморот, сабајле оди еднаш во парк со мене и си игра со деца, ако не е во парк одиме кај другарките што се со деца и си игра со нив, после цело време е во двор, трча со кучињата, 100 пати се симнува и качува по скали, трча на улица, попладне со маж ми оди 2-3 саата дали во парк дали на игралиште дали ќе шетаат, а и цело време оди, не користиме количка… После сета дискусија тука мислам дека треба да му го променам распоредот на спиење, веројатно само тоа е проблемот, ете денес го разбудив во 8, беше ќисел ептен ама се расположи штом излеговме и ми заспа во раце на враќање од парк, сега спие, ќе видиме вечер како ќе е.
Па да не му се ептен физичка активност, само нафрлам ова. Гледам јас посебно пред спиење да имаме "мирни" активности, редење коцки, сликовници, боенки и слично. На пример ако шетаме во парк од кај 17:00-18:00, после тоа дома, вечера, бањање, игри без многу да збеснува.
Мајки, за тие што сте во странство, вакцината за ММР заедно со таа за варичела ли ја стававте? Педијатарот ми рече дека се ставале заедно затоа што давале слични њус појави. Мислите ли дека е подобро да се стават заедно или одвоено?
Дали вашите деца ги затнуват ушите? Кога го враќам филмот почна на одмор, ги затнуваше и пушташе како да си игра се смееше. После го приметив кога плачеше братучетка му пак ги затна. Сега знае да оди и да му текне да си ги затне ушите со рацете. Не знам што да мислам, да не си ги открил сега ушите? На пример гледам дали затнува ако некој вика или има гласна музика, ама не. Ке му текне 2 пати во денов ке ги затне со рацете и се смее
Сега открил дека му се менува звукот кога ги затнува па пушта. Еве пушти музика или некој кога збори прај ти така да видиш. И сега рачунај дека него тоа му е ново и кул п.с моиве го прават