За грло еден стар лек што ептен помага. Маслинки со се семки исчукај ги убаво на крпа (подвиј ја на 2-3 пати тесна а долга да е и потенка крпа треба) и врзи ја крпата на вратот. Вака преспиј денес утре многу ќе ти е намалена болката ти гарантирам
Сум заборавила да пишам. Да, затоа прашувам, а негде прочитав дека жалфијата намалувала млеко, па не знам дали да земам. Ќе пробам и ова. Фала ви многу.
Мене на доста прометна улица ми се испушти од рака и почна да трча по автобус. Леле колку плачев тогаш, не можам да опишам. Па се смири еден период. Сега трча само ако нема коли, ама од кај да знам бе дали нема да наиде кола пичка му матер. Еве живееме во сокаче шо се вика, кола една у саат може да помине, ама за беља малку фали. Комшијата да излева од паркинг пример, ниту ние ќе го видиме ниту он неа. Ми се плаче. Само се дерам "Софиииии кола, Софииии маче, Софииии дојди куче да видиш!" И тогаш гледам дека застанува. А рака давање мисловна именка
Леле и моево не дава рака за жива глава. Трча како луд. Затоа некни падна на шеталиште и си ја раскрвари устата ( по втор пат ) Денес за капата од јакната го држев и трчавме Ако му ја фатам раката одма се дере рита со нозете во место. Драма кинг хаха. Кај нас на улица нема коли, само од комшиите, ама внимават зошто деца играат. И излеговме вчера и му велам дај на мама раче за чудо едно даде и цело време се држевме, па му пишав 5ка на рачето за да даде и нареден пат. Да го подлажам со нешто интересно. Денес ни 5 ка сака, ни рака дава Oва дете ме испи уште од сегa, бог да ми ги чува нервите, а најмногу него зошто е своеглав и темпераментен ( да не речам ај бесен )
Да, но настојуваат и ова испитување да се направи. И јас мислам дека само тоа е спас, но од орл завршивме на аудиологија
Последно кога бевме на клиника сите апаратчиња им беа расипани, инаку не трае тоа многу, па и да плаче мислам дека не е проблем. Да прашаш по приватните болници барем ќе го анимираат, ќе бидат трпеливи и ќе имаат исправно апаратче. Бера испитувањето е уште потешко, ние тогаш завршивме работа кога на маж ми му пукна филмот и ги стави на место сите.
1+ година дете млекото ќе се намали, па и колку ќе оди во млекото, не е новороденче па цица на 2 сати. Јас не се устручавам толку од ко почна да јади. Не ме тепајте гласно размислувам
И кај нас беше тоа советот да не оди во градинка некое време да се опорави оти многу му дојде настинка до настинка, прекин направив на година и пол на три пак си почна вградинка. И полесно ги поминуваше сите настинки.
Односот е катастрофа, прашувам дали може резултат да донесам од мојот град викаат не верувале на други апарати, морало со нивниот да е. Ајде викам некои капки за смирување дали може, не можело природно да бидел заспан. Не требало да плаче и да прави отпор, морало да е тишина и да соработуваме и ние како родители. Најверојатно и мене ќе ми пукне филмот понеделник, иако појдени сме со препорака. Како да го смирам кога не сака ни цртани ни пак ми обрнува внимание во таква ситуација, еве не знам. Не било само тоа дете такво, па родителите нашле начин да го залажат
Мене па ми рекоа следен пат ако не е заспиен ќе му стават анестезија Се утепав од плачење цела ноќ, го држевме буден, ад давав со сила демек подолго сит да го држи, а тој шише не прифаќаше никако… И го однесовме цврсто заспиен рано сабајле и тие лупаат врати, се смеат како на пазар и го разбудија. Е тогаш ѕверот во маж ми се разбуди, па да видиш како одат на прсти, шепотат и ни отвараат врати. Се супер се заврши, слухот супер, џабе го измачивме. Јас би ти рекла да се јавите во Ремедика ако се работи за ото скрин, мислам 1500 ден ни наплатија, вие секако за нафта веќе сте ги дале тие пари. Ако е бера испитување тоа мислам само на клиника го прават и немате избор, му ставаат слушалки и кабли по главата, потешко е да не се разбуди.
Документот е во кола некаде, ама мислам се работи за ото скрин, со апаратче како тие за температура во уше го ставаат и мерат слух. Јас би отишла во Ремедика и не би се вратила искрено уште по првиот пат, но као со препорака сме па да не ги брукам луѓево и ќе замижам уште овој пат. Само што син ми е 2г и 2 месеци, не верувам дека ќе спие кога ќе го изнесам од кола колку и да е изморен. Но за последен пат ќе пробам да го држам буден ноќта пред да одиме. Колку ќе успеам да го додржам во кола до Скопје ќе видиме, се уморивме сите веќе секоја недела.
Ти верувам, како и да е најважно е детето да е добро затоа идете уште еднаш, па на враќање идете на друго место. Имаше и кај собрание една приватна ординација орл мислам дека @elimkd иде таму, ако чита нека ја пише.