Мајки моево нешто последните 3-4 дена изјавува голема желба да јаде лепче, кифла, ѓеврек.. си има убав готвен ручек и овошје си јаде, но се прашувам колку смеам дневно да му давам такви тестести работи.
Кога дете не ти јаде ништо во текот на денот, или денот ќе го помине со цели 3 залчиња, и тоа како ќе внимаваш на млекото. Колку чудно и да звучи тоа.
Не ќе да сум јас од таа среќа, татко му ако работи и понатаму како до сега, од 6-9 навечер ќе се гледаат. Недела само цел ден е дома. А има моменти кога е на терен по една недела па дома два дена, па пак терен и тоооо. Ќе си го јадам јас стапот најубав на свет ама ме уништи. Дали е до скок 10 ти, ама не е поднослив. Само плаче, се дере, фрла по земја, и тоа за глупости. Денес ме побудале начисто. Готова сум да фатам да плачам. Се надевам ваквото понашање ќе престане на брзо. Инаку се повеќе си добивам желба да почнам на работа. Денес посебно,му завидувам на мм, што е излезен од дома и не го слуша неговото дерење. Мозокот ме боли. Психички сум преморена. Многу си го сакам синко, со душа го чекав да го имам в раце, ама денес посакав да бев на работа. Алал да им е на мајките што се домаќинки и не работат надвор од дома. Јас ќе скренам мислам уште малку ако не почнам. Малку забегав и се искажав Инаку јас давам леб го сака и нека јаде. Како што знае да протестира, фала богу што го сака тоа лепче
Јаде и мојов, леб му е омилена храна без коринка не седнува на хранилка, било што и да јаде мора и коринка леб. Почнува да ми пребира јадење, не јаде се. Еве го денес не е ручан, место ориз со зеленчук јадеше грозје и двопек. А за вечера краставичка со павлака. Едино што ме теши е дека се дави во зеленчук и овошје цел ден да му даваш цел ден ке меле краставици,круши, грозје, тиквица, јаболка, банана, патлижан ко јаболко јаде. Ваљда му е период и ке помине.
Не ограничувам. Си јаде убави три оброци, овошје, зеленчук. Не гледам зошто да не јаде тесто. Бел леб освен во градинка дома не јаде, од цело зрно му давам. Ама јаде кифлички, ѓеврек, палачинки, проја, вафли, банана леб и слични тестести работи.
Јади се тоа веќе 2, 3 месеци, геврече со павлака, леб со хумус, супа со леб дробен... @Carolin. И мојов пребира деновиве ама е болен, грло го боли па си велам ради тоа е. @Ceneva после 4 год е полесно, тогаш завршуваат тантрумите и сега овие на година не се вистинските тантруми Паталец ти кажува не гаталец. Еве го 6 год ќе прави само неколку јадења ги вртиме а дека со цицање ќе се најади сега и ќе му држи тешко малку. Го поминав еднаш тој пат. Леб сол и пипер на година и пол јадеше, за да не стои гладен, ете до толку беше лошо. Сега на на школо 5 дена неделата вртиме леб со еурокрем, леб со маргарин, леб со хумус, сега хумус нејќи и пак еве денес еурокрем, му ставив еднаш кроасан не го изел, го фрлил, до 12 гладен скроз, колку нерви имам искинато досега со тоа јадење т.е нејадење.
Да не ме сфатиш грешка ама таквото понашање тек је почело кај нашите деца. Син ми пред два дена прв пат имаше тантрум. Он е многу неплачливо дете и ова ептен ми дојде како шок, ама издржав. Почна да плаче зошто не му дадов една пластична кутија полна со испрани алишта што чекаа да ги средам, зошто ќе ги расфрла по земја, ја обраќа кутијата и се качува врз неа. Некни така пукна еден леген и ќе се испотепаше. Е кога не му го дадов и го однесов во друга соба почна вриштењето. Ама такво дерење, да се чудиш од каде. Сѐ пробав значи сѐ. И дистракција и гушкање и зборување дека сѐ ќе биде ок, ма јок. Плаче плаче, ќе се измори ќе прекине и после пак јово на ново. Негде околу 10 мин може му траеше епизодата и после како ништо да не било. Искрено мене повеќе ми е жал отколку што сум нервозна во таков момент. Зошто знам дека не знаат на друг начин да си ги изразат емоциите и знам дека е само фаза што ќе помине. Може викам вака зошто тек се деси прв пат и генерално имам неплачливо дете. Ама пробај во такви моменти да броиш до 10, да си свртиш сама на себе внимание на нешто друго и сл. Гушкај го, остави го да се исплаче, смени ја средината, одете надвор или во друга соба и полека ќе се смири. Не им е ич лесно и колку и да ни се чини од страна како хир и манипулација, стварно не е.
Мила се можно и не можно пробано. И гушкање, и почнување друга активност и зборање и крајно повишување тон. Ништо не функционира. Секој ден по 3 пати минимум плачи и се фрла. Значи за буквално се. Сега залепен за сталакот за алишта, и а пробаш да го трчнеш почнува сирената на најјако Ете го веќе плаче на најјако. Страшно е своеглав. Нека ми е жив здрав ама вистина требаат нерви да го истрпиш цел ден. Дај боже да не се чести таквите епизоди кај вас и да не дојдеш до стадиум како мене. Сношти готова бев да плачам ама се воздржав ради синко. Ми треба издувен вентил, по цел ден дома да полуди човек. Не сака во количка,не сака во точакот, почнува да вришти, го исправа телото да не можеш да го седнеш, право лудило. Во седиште исто не сака, ги вади рацете од каишите, се тегни, хисерија го фака. Не можеш ни да излезеш без плачки. Веќе не знам како да му се угоди да му биде се потаман и да не драматизира
Мене од раѓање така ме истренира синко што веќе ми е нормално. Плачко на годината, плаче за се. Сечеме нокти плаче за ноктите и пробува да ги залепи назад ноктите. Се бањаме плаче за ставање вода после за сопирање вода, па за пената што сме ја измиле, па за вадење од када... Плачко на годината! А прв е да каже Каја паче, Нате вика Амааа Кајо не пачи! Кајо дота више! И Мако паче (не он, другарчето Марко)! А ти плачеш? Неее, не паче ти Нас сабајле станувањето ни е лотарија, толку ретко станува расположен сабајле што е поретко од седмица на лото. Јас немав со големото ваква мака и додека го разберам малово дека си плаче сирот од што сака да се искаже а не може, се нервирав, зошто да плаче! Ама морам да кажам како се ближи до втор роденден се помалку плаче.
Тоа е, кај некои деца се поизразени тантрумите, кај други помалку. Тебе дефинитивно ти треба некоја друга активност, а исто и на него. Кога ќе го запишеш на градинка и ќе тргнеш на работа сигурно ќе се осеќаш поразлично. Не знам каков ти е планот на таа тема, ама што поскоро тоа подобро за тебе, а и за него.
Ја нострифицирав дипломата, сега треба да одиме за белград да ја земам и да почнам да барам работа. Ама сакав прво да видам со врски градинка да се адаптира колку толку пред да почнам јас да работам. Овде не примаат ако едниот родител не работи. Морам да почнам да работам. Многу време сум дома. Цела бременост ете и од ко е роден 16 месеци ... Што е многу многу е
Ќе биде сѐ, само не си стварај притисок. Откако ќе тргнете на работа/градинка ќе се преродиш, ти гарантирам.
Во тоа сум сигурна дека ќе се преродам. На мм се смеам, леле дај да појдам јас на работа место тебе. Ми вели ќе полудиш од проблематики. Неее ти ќе полудиш со синко, мозок ќе те заболи од слушање плачки и дерење на мах. На работа велам верувај се одмараш Инаку бела, дај кажи некоја анимирачка игра за таа возраст. Вчера и денес цел ден сум куче, ме затвора во кукичката негова. Јас лаам и го бркам. Колена ме болат
Знам дека не е моето единствено што не јаде, ама ете јас гледам барем млеко да имам кога веќе сме дојдени до ова. Кај ме полудува со спиењето (затоа и уште не можам да се решам да ја одбијам, а имам речено милион пати само овие две недели), па ме побрка и со јадењето. На сѐ да трга глава, деновите да ги помине буквално на вода (а пие машала пу пу). Затоа ми е сега уште битно млекото да го задржам, бидејќи квалитетно цица. Како новороденче. Еден период не се замарав дали ќе касне или не, ама многу неспиење и нервоза ми се насобра и ќе пукнам. И сега си урлам и плачам на секое залче што ќе го одбие. Губам контрола и не се свиѓам ваква ич (се ми е од умор и монотонија) ама не знам како да се средиме. Забегав, извинете на жалење
Ова за поддршка, не си сама зошто и јас губам контрола над моите емоции. Ама мм го јаде подебелиот крај, кутриот.
Извини вака, ама на дете од скоро година ипол цицањето не смее да му биде главен оброк. Уште помалку па по цела ноќ. И мојата е моментално во фаза со неспиење по цела ноќ и будење и седење будна. Не давам млеко. Многу многу ретко, ако поминале веќе 8-9 ч од последен оброк. Мислам дека треба да побараш консултација од педијатар како и во кој правец да реагираш. Она веќе треба да ти јаде како вие што јадете, а не со млеко. Е сега ако вади заби или нешто друго мака си има, може и за тоа да ти одбива. Нашите се во исти месец колку што се сеќавам или се разлика 1м. Мојата не се трпи веќе дома, @Ceneva исто, нон стоп фрла треска, вади од фиоки, се пештери во фиоки, две секунди не се остава без надзор. Од горе и комшијата на секое ми подчукнува оти му е многу гласни, а се трудам да ја додржам. Во ходник се расфрла, во дневна, спална. Алишта ама буквално се. Од мене ни НЕ, не делува. Од на татко и не, плаче. Тантруми за враќање од игралиште, за не давање да фрла нешто, за земање опасно нешто, абе за се. Едвај чекам да не врне и надвор да ја носам. Вчера на дожд ја лулав, а болна е. Болна сум и јас. Виросани узатнати. Скфандар и надвор. Не оди уште, ко ќе почне и да оди поима немам како ќе терам. Затоа се радувам за градинката. Уште месец дена и бар малку ќе се одморам. Прашањето е колку ќе трае адаптација, ама пак ќе пододморам малку па макар и по пола саат на ден да ја чуваат. А и едит, ама ич не го жалам маж ми. Еве вечер да спијат заедно, јас во дневна да сврзам сон. И нашето секојдневие психички изморува, така да и негово дете е. Аман ја и 10 месеци во стомак и се стресирав, и да ја родам и да ја гледам по цели денови. Оти да го жалам, па негово си е.
Од друг аспект го жалам. Нервозата на него ја вадам. На тоа мислев Инаку кога ќе прооди ќе биде полошо, бар кај нас е. Ни секунда сам не можам да го оставам. Кога сме сами во вц со мене го носам. Глупо не глупо тоа е. Ма ни надвор не сака. За да одиме в парк треба во количка или точак да го ставам. Ни во тоа сака да седне, ни во тоа. Порано со тоа бар проблем немав. Сега што му стана не знам. И одење надвор е со плачки. Да знам дека ќе даде раче и пеш ќе го прошетам. Ама не дава и пак плачи и тресќање. Дај боже да е период
Мислиш дека не знам дека не смее? Ама стварно ќе сфатат само тие кои имаат такви деца. Кои отфрлаат со глава на сѐ и затвараат уста па оди отвори ја. Педијатар вели дека треба да јаде. Толку. Вади заби сега, ама тоа си е капак на сѐ. Не е ова период на нејадење, ниту пак период на неспиење. Година како се буди на секој саат, максимум два. Повеќе не сврзува. Седнува почнува да се буди ја земам и ако не цица не презаспива. Исто и јаде од сам почеток, по три залчиња. Или ич. Инаку да, и маж ми страда од истата причина @Ceneva ни крив ни должен.