Хахах е ќе бидеш се по ред. Што знам јас не го анимирам нешто премногу искрено пошто многу се заигрува сам. Со мене повеќе има мирни активности како редење коцки, листање сликовници и слично. Многу сака да вади и става предмети, па му оставам неколку корпи за играчки, кутии и си ги мести од една во друга. Мајка ми ја најде мојата количка за кукли кога сум била дете и си става во неа мечиња, шишиња и ги вози низ дома. Некогаш и сам сака да се качи во неа, па го ставам и го возам. Има коњ на тркала, камионче и нив многу ги игра. Од сензорни активности чат пат со што ќе ми текне му правам занимација. Некни во шкаф најдов една каша во прав, а не ги јаде тие, му ја истурив неа во еден сад, а во друг му ставив макарони панделки и му дадов лажица. Повеќе од 40 минути ги префрлуваше од еден во друг сад, па пробуваше да јаде со лажицата од кашата. Ептен ептен му задржа внимание а и убаво е за координација око-рака. Друго не ми текнува ама и уште немам слобода за идеите што ги имам собрано зошто уште става се во уста. Сум пробала со стапчиња, топчиња, пом помс, се јаде и морам да почекам да му помине таа фаза.
Јас изгледа многу го разгалувам ако ја сака корпата со алишта, нека му ја. Ако сака да брка во фиока и да вади шпагети, макарони, пакетки зачини.. нека вади. Што знам мене не ми смета да расфрлува само ако си игра и не ме ми се мушка во нозе цело време..
И јас го оставам се, првото дете не го оставав, додуша тој не ни пробуваше ништо од тоа, апсолутно никаков интерес за бељи и да пробаше ќе го тргнев, а ова и за него ми наплати
Имам такво дете што мака намачив и уште мачам со јадењето ама цицката и млекото уопште не му прават услуга на детето. Напротив. Мојот се будеше на секој саат два и без цицка не презаспиваше. Сега се буди пивнува вода или цуцла давам и продужива и спие многу подобро и он и јас. Цело време си давав изговори де болен е де заби, а уствари е само навика за цицка и близината со мајката. Уживав во доењето и јас и он и верувам и кај вас е исто, ама најискрено ти препорачувам да размислиш како и членката погоре, ради тоа што педијатар од систина мене ми рече дете што е само на млеко без цврста храна не е воопшто убаво затоа што на тоа дете му требаат протеини масти и јаглехидрати, зеленчук овошје за да расте и се развива и да не развие анемија од млекото и подобро е да касне три залчиња вистинска храна отколку да цица. Тоа е мое искуство. Секако секоја мајка си го знае детето најдобро, ама и за детето треба ние да пресечеме за негово добро.
Да прашам само јас уште ова: Се дере, бега и клоца кога ја облекуваме, се дере на пелена менување, на газ бришење, се дере на скафандер ама буквално на се. Ќе ми викнат социјална служба уште малку. Кај вас како е? Моментално се дере и го препотува татко оти сака да ја облече, да ја извади надвор. Гнетам тост со кашкавал и се мислам што друго, оти мозокот ми го воспали.
Бега низ цел стан ама мисли дека е смешно и се смее, како игра му е. А ако го фатиш се треска со главата или скубе штипе.. Пробај да направиш игра, пример некогаш глумам, слушај што вика пелената: помоооош сменете ме ќе пукнам па после демек чорапчињата викаат сакале да трчаат итн итн за да му биде смешно.
Кај нас за менување пелена и облекување дерењето почна од 8 месеци а сега е 16 и нема престанато Му давам да држи нешто што му е желба бар дур му го избришам газот. После го бркам по кревет и се борам со лавот
Пробувам со песни и игри. Ама ова за облекување за надвор ми е ново. Давам книги, предмети, покажувам, пеам абе џабе. Некогаш ќе ни се смилува, ама во последно не баш. Цртани и тв не давам се уште, одолговлекувам колку можам повеќе. Се надевам дека ќе и мине фазата. Кога беше топло не беше проблем и не беше толку воочливо, ама сега хаос. Па од горе ко ќе ги видам мајките и шлем успеале да им стават, абе се чудам како. Јас го ставам, татко и става, на сликовница покажувам, нема шанса. Капа едвај ставаме, тек па шлем.
Ма ништо не помага сваќе се исто е одма се фаќа за куре, то каки ако има лудило ме фаќа, па и брат му помага демек некако да се заигра, не бре брате Исто почна од кај 8 месеци и нема прекинато со плачење, бегање за пелена менување. Ново почна да се пушта по 2 метра, ама се плаши уште некако. Ама среќен е
Оглувев веќе од тоа облекување, три слоја додека му облечам за во градинка ми требаат 20 мин. Се дере, вришти, нишо не помага.
Фала ви на споделеното, да знам дека не сме само ние. Сериозно почнавме да се препрашуваме што грешиме. Од соработливо и мирно, избалансирано дете, дома почнавме бесно рисче да имаме. Стомакот ме боли веќе од шутирање кога ќе ја легнам да ја сменам пелената. На кревет или под, бега гола и се клешти, не можеме да ја фатиме. Свашта пробав, наидов на инфо дека тестира до кога ќе одлепиме и треба да останеме смирени. Јас одлепив неколку пати, оти ми се издешаваа некои ствари и бев нервозна и не наспиена. И нејзе и е смешно да и викам. Сега морам да си се приберам и да видам која тактика ќе упали. Инаку денес дека кулминација некоја имав со стварите за оправање, и морав да завршам многу, ме осети дека сум под притисок и цел ден бега од мене. Седеше пола ден пред вратата кај татко и, и плачеше да ја земе. Страшно, цел ден плаче, не полуде. А не ја боли ништо, само не спиеше ноќеска ко што треба, не спиеше преку ден доволно, не ја извадив од сабајле едно оти врнеше, друго оти морав да телефонирам. Плаче кога зборам на телефон, кога седам на лап топ иде одма да фаќа тастатура, ја не знам како работите од дома пред деците. Искрено, се радувам што заврши денот и мојата смена, редно е и јас да сврзам 4-5 саати сон, и тоа не е сигурно де, може ќе стане сред ноќ и ќе седи пак. Само да не плаче.. Нос испирање и секрет собирање, абе колење еј. Денес попуштив и за шмукање мрсоли пуштивме видео. На не помогна ништо. Кога почна да рика, да се зајдува. А полно секрет во нос, синоќа не ја исчистивме, се закашла и ги поврати. Абе ко ќе ми текне дека у следните две години вака ќе е нон стоп, ми се плаче. Ама тоа е, така растат, па после ние ќе ги бараме да се до нас.
Кај нас пали сега обчекувањето “сам” значи го застанувам и велам ајде една нога и он мама нога, дуга нога, мама ака и продолжува да збори и да ми ги дава екстремитетите да го облечам Моментално патики сам сака да облекува и му е хит и само оди по дома мкне чевли дали мои или на татко му(само неговите не де интересни)Твоето знам помало е ама пробај вака, за надвор најдобро го облекувам надвор кога сме веќе Ако сака да врека дома, тогаш ќе мрзне надвор додека го облечам. Инаку за бришење при мењање пелена не бришам, само мијам цело време и ставам пелена во скут кај мене го седнувам и облекувам така, почетокот не ми идеше ама сега сум профи, легнат не знам од кога му ја немам ставено. Моето моментално е во фаза кога сака да ме каса додема го мијам, кажете ми како да реагирам оти целата сум модра на рамото. И друго, никаде не можам да најдам гумени чизми со пристојна цена, кажете од каде??? Не ми се даваат 4000 ден за една зима, не се здрави со цениве овие беж профилчињата пи нет жими се.
Касни го и ти, мојот така престана. Уште имам модрици на рамена ама 3ки излагаат знам дека има мака ама и јас имам душа и ме боли. Го каснав маалку посилно не многу, повеќе се изненади ама не се повтори.
Ахаа завршуваат.. ние уште ги имаме, толкава девојка е и па има тантруми, луѓе се крстат кога ќе почне ( иако тоа е последниов период 2-3 недели наназад ). Дури и бев на советувалиште ама велат нормално било.. пошо точниот прелом кога и се вратија и зошто не го знам.. туку мене малава ептен ми се фрла се посилно на назад, на 2 пати да не бев до неа, ќе ја шиевме главата. Мојата јаде се што јадеме ние сега за сега, али знае да отиде до кујна и да бара леб без ништо да јаде, се научила и гумени бомбони од сестра и, ај да не и дам, оваа па големава неуменко застанала и џвака пред неа.
Ќе ти засмета и те како ако ја обрне корпата за алишта и се качи врз неа со скоро 100% ризик да се обрне и да се повреди. Син ми се качува врз сѐ и сешто. Некни пример за 1 мин што се свртев накај кујна, он зима 6 литарско шише од вода, го носи до клуб масата, го обраќа и застанува на него. Од него се качува на маса и на неа ѕенѕа, па се врти во круг и губи рамнотежа готов да лупне ако не го симнам едно 200 пати дневно зошто и без шишето се качува веќе без проблем откако е извишен. Малку ми е да го пазам да не направи глупост со предмети што не можам да ги тргнам, па да му оставам и потенцијално опасни предмети, не не.
Мајки,здраво! Кажете ми некоја техника за заспивање Секоја вечер пред 00:30 не заспива ,дневна дремка и е од 2h .Од 16-17h до полноќ е многу време.И тоа со плачење заспива секоја вечер.Хелп
А да и ја поместиш дневната дремка порано,па со тоа да пробаш после порано да ја успиеш. Ние заспиваме околу 9 ... Има денови и 10 ама поретко.... Гасам светло,цица, пеам песни, се врти врти( ако не заспие цицајки ) и заспива. Да пробаш да се нишкате. И биди упорна, ако треба и 40 мин до саат да се успивате. Неколку дена и ќе навикне, се надевам.
Се е пробано,затоа барам друг начин.И да заспие во 22 ќе се разбуди за пола саат и пак по полноќ заспива.Од бебе спие на темно,по еден саат седиме во темно ,пеам цел саат и пак ништо .Во темното оди по спална ,се смее си игра а мене ми се плаче и се смеам во исто време.Да потенцирам и цица уште,наместо да се успие на града таа си игра....
Колкаво е девојчето? Нашето стално знае да продолжува до покасно, па јас враќам помалку. Во смисла, да не и е многу ноќно спиење? Да не и треба две дремки? Да не и е многу дневно спиење? Колку спие во тек на 24 часа? Да не случајно прекасно пробуваш да ја заспиеш, па од што е преморена не може да се смири и успие. Ако станува во 16 од дневна дремка, јас веќе у 21 би била во кревет со неа.