Се ова игра, сортерите како ќе ги бери ги става, нешто ќе погоди Ама се ова му држи внимание. Машко е ама ова се универзални играчки, 14 месеци ќе прави на 16ти сега.
мајки што правите со тие што растат катници? дете вришти, не сака да јаде, не сака ни глодалки. давам ефералган 1/2 доза (од негова килажа), само тогаш се смирува...
Ако е како синко мој ќе ја суреди и музичката. Доби на поклон прво ја изгриза и потоа ја искина. Дур не престане да кине за жал нема книги за него
14 месеци е уште се мачиме те со една те со две дремки. Како да му објаснам дека треба подолго да спие преку ден.. Еве што да правам кога ќе го заспијам во 12ч а тој се буди во 13ч. Како да постапам во тој случај мора втора дремка....
исто така, дали некоја од вас носи наочари? синко е лудило што ми ги вади и фрла со брзина на светлината. секаква тактика пробав, ништо не ми функционира
Нас таа транзиција најмногу ни траеше многу време се бркавме де со една де со две, баш и пишував тука. Еве сега можам да кажам дека веќе 2 недели е на една. Кај нас беше проблемот што ретко кога издржуваше да бидр буден повеќе и од 3ипол часа после будење, како не пробав бадијала кога ке успеев пола саат да биде плус буден па после прерано ке легнеше, па прерано ке станеше наредниот и имаше 2 дремки, така се вртевме во круг може добри 3 месеци. Еден ден сам реши дека ке седи подолго и ке спие 3 саати на пладне. Еве сме од тогаш 90% од времето сме вака: будење во 7-7:30, дремка од 12-12:30 до 3-3:30, (некогаш спие 2ипол часа некогаш 3), и ноќно спиење 8:30-9. Има одстапки ама ретко. Еве викендов во берово спиеше по 12 саати во 7:30 ми заспа вечерта јас си викам од 5 сабајле ке биде журката тој во 7:30 наредниот ден си стана, пак иста песна другата вечер. И кога си дојдовме дома во кола ми заспа во 7 само што тргнавме, утредента во 7 стана, сега сме дома и вратен на фабрички е. 8:30-9легнува 7-7:30 станува
Ете тоа чекам да го постигнеме, долга дневна дремка. Но некогаш се буди буквално без причина не дека е галама или нешто но спие еден час само и се буди, потоа МОРА да дремне пак накај 17ч и тој ден тераме до 22ч за жал....
Mi se svigja masicka vakva ke i zemam. Inaku vakvi univerzalni da recam edukativni imame od bato isto i slikovnici ama ne sum izvadila uste. Bas denovive ke pocnam da i vadam. Mislev na kukli, bebinja, kujna, barbiki, takvi za zensko...se mislev i kuka za barbiki da i zemam sea znam mala e ama pusti merak. Se zaigruva so topki i kolickite na bato pa mi e strav da ne stane maskudanka zatoa prasuvam za kukli i takvi stvrari za zensko....
Исто и ние, пробувај да го презаспиеш нишкај, лежи до него, легни до него пред да стане, нешто мора да успее
Па така беше и кај нас кога поминуваше на една дремка, на почетокот пократка му беше и после некое време почна да дремнува 2-3 саати. А бидејќи беше уморен го заспивавме порано навечер.
Еве денеска има втора дремка после скоро 10дена. 10 дена беше само со една дремка исто како што викаш од 12 до 13 часот. Исто е 14 месеци и мислам дека е мала за една дремка само. Од 13 часот до вечер до 20:30 некако многу ми е. Упорно пробував да спие втор пат, е дури денеска тешко ама ми успеа.
А што правите во градинка, ако детенцето не е спремно за 1 дремка? Дома имавме супер распоред, станува во 6, дремка од 9-10 и од 13-14:30. Таму спие од 12 до 13, и викаат дека. пред тоа дремнувала кратко. Преморена е за спиење во 5, пробав да дремне тогаш па касно заспива вечерта. Ако се успие во 5 за ноќно станува во 3 и пол сабајле нормално Ако ја држам до 19 будна после цела ноќ се буди на секој саат од премореност. Да сакаа да ја презаспијат само да поспие подолго таму
Здраво мајки сакам да го носам синко кај др Чадиковски на преглед,во Козле докторот ни рече треба да се реализира преглед кај кардиолог зашто наслушнал шум на стетоскоп. Имам слушнато многу пофални зборови за докторот ама он е кардиохирург па не знам колку би завршиле работа,споделете искуства доколку некоја мајка носела на преглед кај него и ако може да ми предложите добар кардиолог ви благодарам однапред.
Кај нас се строги за ова. Ако не спие од 12:00 или спие порано, покасно, бараат да си ги земаме дома. Се додека не се навикне во тоа време да спие.
Луѓе му нарачав гумени чизми, ама негово бројче 22 не најдов никаде, и најдов 23, викам ај ќе видам како се. Стигнаа и преубави се, он добро оди во нив ама го гледам дека има еден прст напред празен простор. Него брзо му расте ногата очекувам за 2м дека ќе се ок, ама да не направам беља за сега што се вака поголеми?
Мислам дека не е проблем доколку може да оди убаво во нив. И мојата лани патики 22 носеше, на патиките од влошката и мерам напред да има 1 прст луфта, а чизмите и беа 23. Ама дека гумени, знаев и термо чорапки да и облечам па немаше гајле.
Обувки за мали деца мора да се напред 1 прст празни. Фактички прстите да им бидат кај најширокото од обувката. Ваљда ортопед треба да ти каже тоа, нас ни кажа ортопедката кога бевме кога прооде.
Уште не сум била за проодување Мора да го носам скоро дека летово не ми се метлееше на топлото до Ск. На колку месеци се носи од проодување?