До 0.8 цм може да се поголеми. И е препорачливо кај мали деца да се поголеми, никако кнап. Да има кај да му расте стопалцето. Кога бев толинки да му купам ми рекоја кога ке ги облечите и отидат прстите напред ако назад ти влези прст добро е, ако има поголем луфт треба број помал.
Моето оди од крај на јуни и уште го немам однесено. Во србија не се носат на ортопед хаха. Никогаш не немат пратено. Јас мк си го носам и сега кога ќе дојдам ќе го однесам.
И јас првото дете не го однесов на ортопед, малово во фаза на проодување е, се пушта ама уште не оди 5метра на пр се плаши уште.
Колку направивте? Мојата е 15+ и уште се нема пуштено - по 5-6 чекори прави најмногу и се задржува за нешто или се спушта долу. А може да стои во место без држење и подолго, дури и танцува и рацете ги крева горе, пресмешна е. Се надевам се работи за страв и дека ќе прооди за брзо.
Сега на 16ти прави 14 месеци. Исто така прави и моево. Тргнува и си клекнува и продолжува со лазење не се брза да оди дека секаде стига со лазење Ехее ќе проодат, ќе трчат, се во свое време Во градинка 3та недела оди, со пауза од 3 дена минатата недела, настина. Плачи кога го оставам. Првите дена поќе плачел и дури е таму, сега оваа недела бил подобар, се опушта. Досега се јадел јадач си е машала. Се радувам многу бидејки првото дете на леб и вода беше во градинка ништо не јадеше. Само да остани вака. Во 11 и пол го земаме и дирекно заспива дома и спие по 2 сати, после вечерта во 8 до 8 и пол е заспан. Пак имаше терори понеделникот, страшно, до 23ч траеја во неколку епизоди. После спиеше мирно до 5ч. Уште се случува да има и 2ра дремка кон 6ч и тогаш заспива покасно 10 и пол ама јас да сум дома нема шанса да го заспијам, еве свеки вчера и завчера го заспала и не спија после. И и велам да не го заспива и џабе, неможеше да издржи вели. Јас бев на работа 2ра смена, па дека 2ра не ме гледа многу преку ден и ме бара секоја вечер, мама, мама викал и низ соби шетал да ме бара душичка, па на мсн се гледаме и се радува, ја бацува камерата вчера се гледаме на камера и вика мама мама и оди в детска, пак мама мамс оди в спална, му зборувам од тел, еве сум во телефонот срце ме боли со 2рава смена. За двајцата и на големиот му требам, ама тоа е, мора така.
Моето така од 10 месеци правеше и се пушташе што вика @lackygirl по 2-5метра строго дома надвор никако, толку цврсто ме држеше за раче, страв некој имаше, после на точно 13 месеци стана сам и тргна, и тоа надвор во двор. Ич не очекував само од себе му дојде, без форсирање кога ке се осетат спремни ке тргнат без мака, ела сега сопри го
Изгледа кај тебе не се носат, следам доста мајки србинки и сите носат деца на ортопед и на сите нели препораките е тие barefoot обувки. Стварно се предобри, ама скапи многу.
Можеби пак не не има пратено нашава матична зошто одиме на физијатар редовно. Сега треба да го носам таму и се надевам нема да треба веќе. Инаку да и матичната ни ги предложи тие ама искрено не се поскапи од цицибан. Само што мора преку нет да нарачам а искрено ми е страв дали ќе му погодам должина. Вака си пробаме и видам кај му е прстот. Плус ги има тие зума на инстаграм кога ги гледам многу тенок ѓон ми имаат. Се ми се чини ладно на нозе дека ќе им е во нив. Може грешам незнам.
Мојов прооде стабилно на 17 месеци полни, пред тоа може два месеци беше така како што викаш. Мислам дека му беше страв, таков му е карактерот, сака да е 100% сигурен во нешто пред да го направи. Ќе биде. @1209 јас минатиот месец му земав гумени 20ка и му беа точни, денес го мерев чисто за да знам за да нарачам зимски, и оп, го гледам гумените кнап ептен. Сеа ќе мора да земам нови и гумени и зимски, налет веќе.
Кај нас претеруваат со цените, нашите се земени до Амазон за смешна пара и стварно леташе и уште по дома ги носи. Уживај додека се плаши оти еве го мојот бестрашен 17м спајдермен. А не е од сега вака, само што прооди, веќе втор месец ова му беше најинтересна занимација, инаку тука има ветеринари и обично е отворено и ќе застане на прозор ќе гледа што работат, може цел ден вака да седи и да гледа.
Чизмички гумени има во обуча метро по 990ден. колку се квалитетни не знам, ако знае некоја нека каже и јас сакав да му нарачам.
Нз за гумени на сега проодени деца како би биле, не се баш стабилни, внатре му шета ножето. Иначе ги видов во живо од метро убај се. Најубо да пробате и да видите како ќе оди. Јас од Ваикики сум задоволна. Од таму му земав на првото. Еве ви уште еден жолтко
Убав жолтко Значи само јас 4 пати го ишишав бебо, летово цело време беше лустер За чизмите ми е оти само шлапа по вирови
Не е овај стрижен досега, ќе имаме мака, мора да го средиме, се поти вака мн. И дека ваква мека бебешка му е не ни се стрижи Ако имаш Ваикики во близина види и таму за чизмички.
На татко му е плав, уствари жолт е не плав И сите велат на него личел дека е плав, а стварно нема врска на мене личи. Инаки чизмите од Ункондишнл види на инста, многу се убави и крзно имаат внатре и за поладно време. Е сега 2100 се и искрено многу ми се виде и плус транспорт, ама бидна. Инаку јас не го стрижев и не планирам, сакам да му порасне така локнеста и подолга.