Да не ви реплицирам поединечно. Од оваа перспектива се каам што кога бев отсутна 5 дена не го одбив, идеална прилика беше и не беше мал. Тогаш се утепав да одржам лактација, се молев кога ќе се вратам пак да сака да цица, а сега сфаќам дека можеби требаше баш тогаш да прекинам, ама бидна. И он е ист, си игра со брадавиците, ме гали, па ме стиска, сѐ ‘позаљубен’ е во нив и мислам дека ќе биде многу тешко одбивањето. Не ни имам идеја како да го изведам. Ако имате кажувајте. Од една страна ми е жал да го одбијам зошто кога е болен и не јаде барем цица, ама од друга не може вечно тоа да ми е изговор. Мислам дека цицањето ги прави дополнително приврзани за нас, а нас не прави многу поемотивни за сѐ поврзано со нив. Во градинка ќе видам дали ќе го вратам од понеделник. Може ќе почекам уште една недела, не знам. Каква дијагноза имавме не знам ни сама на крај, а не знаеа ни докторите. Рекоа некоја мешавина од бактерија и вирус. И стомачето беше изиритирано и носот течеше, уште тече до душа ама сега се проѕирни лепливи. Антибиотикот знам дека морам да го завршам, ама за друг пат ќе имам на ум да не пие Алмацин зошто мислам дека од него е исфрлен околу устето, не е од вирус. Само што ќе се напие се фифнува, ама ете го уште е црвен а последно пиеше во 5 сабајле.
Ми треба искрено мислење на тема адаптирано млеко. Малиот е 22 месеца. До пред 2 недели беше на 2 млекца (едно пред спиење, едно накај 5 сабајле), ама фати многу гаден стомачен вирус кој го држеше 6 дена и во тие денови секако не пиеше млеко. Јас искористив гужва за да му прекинам млекце и еве од тогаш заспива без млеко. Се буди сеуште по навика накај 5, знам да му понудам јогуртче или водичка, ќе пивне и ќе продолжи со спиење. И се вака ми изгледаше ок, се додека бабите не ми ја наполнија главата дека дете до 3 години треба да пие ад. Немало правилно да се развива! На педијатар сум на крај на месец, ама не знам дали да враќам млеко или да си терам без него. Инаку, преку ден јаде скоро се од млечни (освен кравјо млеко). Тоа не давам-во градинка пие само.
Еве го неразвиениот, од годинаипол нема млеко во уста ставено освен со попара со бисквити или варен овес. И големиот исто, на 20м прекинавме. Апсолутно неточно дека до 3г треба. Викај аха, ќе пие и накриви капата.
Не, ама кај нас беше хаос, газето крв, во уста рани, под мишка, на стапала, рани плускавци крвави. И јачеше цело време, којзнае внатре што се дешавало.
Тоа бабите се знаат Нуди му вода кога станува, ама ако можеш пробај да не даваш ништо, така наводно ќе престане да станува и ќе ја приспива ноќта. Инаку @Bella_Stella мојот не да цицкар, а извадам цице тоа е таква насмевка. Се наврати на денско цицање кога имаше мака од тројката кога излегуваше. И сега и јас сметам дека направив грешка. Навечер се буди по сто пати и не е за цицање, туку да ми ги џвака брадавиците . Еднаш дали цица ноќе. И веќе ми станува напорно и јас размислувам за одбивање. И се чудам како ќе го изведам тоа.
Мојов носи од 12-18 а ако се оверсајз големи му се и тие. Од 18-24 здравје напролет ако почнеме ама којзнае. Во висина таман а во струк се му паѓа.. Иначе мојов е џинџер со плави очи и проѕирен исто. Сега се разјаде пред месец дена па ќе видиме до 2риот роденден се надевам да го дотерам бар до 10ката ама ќе видиме... Јас му давам флорадикс моментално за железо, после ќе продужам со киндер имуно па ќе видам ако нема ефект ќе се вратам на well baby..
И јас веќе размислувам за одбивање, за брзо ќе е 16 месеци. Мислам тоа би било во наредниов месец, два ама не знам како ќе го изведам тоа искрено. Почнувам да мислам дека требаше да го направам тоа околу годината, вака сега повеќе разбира и ќе е потешко. И искрено после годината навистина било само навика, нема реална потреба. А како поминува време се повеќе емотивно се врзуваме. Денски цица два пати ама џабе кога навечер знае да се буди и по 3-4 пати. Ретко да се разбуди само еднаш или два пати. Тажна сум кога ќе помислам дека веќе не би цицала ама мислам дека не ѝ правам услуга со ова.Јас се уште немам добиено и сум послаба од пред да забременам. И мене ми е дека полесно се поминуваат некои работи со цице ама па еднаш мора и тоа да прекине. Ајде си викам да ја прими можеби вакцината наредниов период, па после тоа откако ќе помине тој периодот кога може да јави реакции. Со мене и за дремката заспива со цицање и вечерта. Уште сега психички се спремам, тешко ќе е, посебно вечерите. Ќе мора да ја призаспива мм навечер, друга идеја немам. Најдоцна рок си давам до година и пол.
Јас го одбив пред три месеци со сенф и мн лесно се одби а беше бебе што висеше на цицка. Тоа со маж да го презаспива не успеа кај нас пошо плачеше и се дереше ненормално многу и само мене ме бараше. Прво почнав преку ден да мачкам сенф и престана да бара, после и вечерите пред заспивање исто и му зборев каке гадно и така се навикна за две три вечери со цуцла заспиваше. На спиење еднаш се разбуди лижна и толку беше веќе не побара. Кога имаше мака некогаш знаеше да ме тегне за маица ако му се спие мн или во спиење, ама ретко беше.
Да не ве тагнувам сите на тема одбивање. Јас сум во фаза на одбивање, прво тргнав дневни подои, освен за дремка. После некое време прекинав да му давам и за денска дремка, првите 2 дена беа ко од шала ке дојде време за спиење ке навали главче и ке заспие на рамо кај мене. Е третиот и четвртиот беа хорор, пошо ја не очекував таква реакција, он само повторуваше цице,дај цице, цицее, едно миљарда пати додека не заспа, ме тегнеше за маица ама реков ако не сега нема никогаш. Помина тоа се смири, значи се на се 2 дена мака. Недела дена после тоа почна сам да заспива на рамо и за ноќно спиење, нудев јас цице не сакаше, ама стануваше ноќе за цицање и уште станува, претходните 3 дена мислам на цицка спиеше ноќе му излегуваат и тројкии четворки, четворките се излезени, 2 тројки пукнаа уште 2 и планирам и ноќните да му ги прекинам. Се одлучив на ова од што гледам околу постари дечиња уште потешкода ги одбиеш, има и сами што се одбиваат ама на 10 е едно. Не можам да го оставам да го заспива друг за да се одбие ни мама ни цице, не сакам така. Тежок цицкар беше и е сеуште, тоа стрес ке му биде, вака барем едно ке има, мама ке гушка пошо цицето кај кучето заминало, така се лажеме. Се надевам дека ке успеам мене срце не би ми издржало да плаче во другата соба по мене, нема шанси. Го молам господ само да можам јас да го одбијам, нека плаче ке истрпам 5 дена, ама да плаче а јас да не сум таму, нема шанси.
Колкаво беше кога го одби и како се прави тоа со сенф? Дали го одби постепено или одма тргна и дневни и ноќни подои и дали имаше проблем со градите?
Нормално дека е тешко за сите одбивањето ама не е до толку страшно како што мислите, исто беше и со моето. Нон стоп бараше да цица (само дење, ноќе за мене после годинката не му правам добро ако му давам на секое будење цицка). А и страшно плаче(ше) кога нема да добие тоа што сака, таков е. Ама ете издржавме, тешко е само неколку дена.. видете со мажите кога можат да земат ден два од работа за да имате помош за заспивање.
И јас нема шанси да сум во друга соба а он да плаче и да го слушам. Или пак една другарка како што ми предложи да го однесам на 2-3 дена кај мајка ми за да се одбие. Мислам душата ќе ми пукне така. Се дешава да пружам алишта на тераса, а он плаче по мене и срце ме боли. Денес си касна поубаво, се измори и заспа без да бара. Си има навика да ми брка во маица и кога не цица, така се смирува ваљда зошто и на сестра ми и мајка ми знае да им брка.
Тоа мислам дека нема да функционира со носење кај баба зашто веќе е големко и нормално бара да цица само кога ќе те види. И мислам дека џабе ќе биде зашто кога ќе го земеш одма ќе си побара. Барем кај нас така беше го оставивме една вечер и си беше супер со баба и дедо ама утре дента кога ме виде сакаше да цица.
19 месеци беше тогаш, прво ги тргнав скроз дневните подои, две недели воопшто не му давав да цица преку ден, само навечер. Ама немав проблем за дневните пошто му одвлекував внимание со друго и лесно се залажуваше. За навечер пред заспивање две три вечери се мачкав со сенф пред да легнеме на спална (така заспива) и како бараше му покажував дека има сенф и му зборев каке гадно итн и не плачеше туку им праеше муабет на цицињата хахах. Ноќните подои нагло ги тргнав се будеше и му давав цуцла или вода, еднаш лижна од сенфот и после тоа веќе не побара ни ноќе. Со градите немав буквални никаков проблем, ништо не правев. На почеток осеќав така кога ќе се наполнеше млеко ме подболнуваа ама не беше страшно, не сум се измолзувала или да ги стегам.
Син ми одамна не цица денски. Изминатава недела само цицаше зошто беше болен и ништо не јадеше и морав да давам. Полека се враќа во форма со храната па денес заспа без цицање. Ќе го пробам твојот метод, ми звучи ветувачки. За градите ми е страв зошто три пати имав мастит, последно кога имаше 9 месеци до душа, сега е година ипол.