Ајде малку тема за зборување. 22 месеци е, буквално се разбира. Дури кога седи во W положба на нозе, кога ќе му кажам исправи ги нозете сам си ги исправа. Тоа во однос на разбирање. Ама во вербализација нема голем речник. Мама (мамИ од скоро), тата, бебе, баба, деде, њиње (нинче), нема, дај, да, не, хао (чао), ономатопеја на крава, маче, куче, лав, кола, мотор. И со фејк микрофон пее папапапаааа. Тоа е се. Дали е ова премалку или ок за негова возраст?
21 месец, женско. Повеќе пати имам пишувано. Спрема мене малку кажува ама тоа е што е - мама, тата, баба, деде, дете, тете, даде, името си го кажува. 2 роднини ги кажува баш по име - ајде, дај, на, тао(чао), аоо (ало), да, не со разбирање точно ги употребува. Гое (горе). Броеви ено, две, тлии.. (1,2,3) - животни/предмети ( скоро сите со ономатопеја) за куче, маче, крава, жаба, глувче, овца, коњ, пајка, кокошка, лав, автомобил, автобус е брм - процеси од типот на јадење (ам ам), спиење (нана), бањање (кап кап) ги идентификува и препознава Знае да кажи пример, тата нана, ако татко и спие. По нејзино си брчи цело време ама тоа погоре сум го препознала со значење Тоа во главно ми текнува засега.
Со плукањето мислам дека им е фаза. Мојата не плукаше, па почна, па се учиме да не плука. Има денови јаде повеќе од мене, има денови со две усти банана. Јас не давам избор, едно јадење нудам и нареден пат. Па после ептен ако прошле 4+ саати и е време за ручек или вечера, да дадам што следи. Најчесто од сабајле не ми јаде, мислам ради АД што пие. Не оди мојата нели, а е 15 месеци, ме нервира веќе полека, ама тоа е ќе чекам. Не ни стои стабилно, стои само по неколку секунди. Зимо иде, ќе морам кондури да и облакам за надвор, а и во градинка ќе оди, како ќе ја носат надвор не знам..чизми не може да носи. Кога сакам да и облечам кондурки, нозете цело време и се згрчени и не можам. Со такви ко кожени чорапчиња/ топлинки ја носам надвор. Златно лето, се боса си беше. И ко ве читам со деците, мојата најкрупна, освен зетко де. Околу 12 кг. дома што ја мериме, вискока е ама не знам колку, неможам да ја измерам, мрда. Важно стига на прсти да се поткрене и да запали светло. Носи 86/92. По некое зборче ќе каже, со прсте покажува, се разбираме важно. Мал и е вокабуларот уште, ама секој ден нешто ново е, па тоа ме радува. Ко ќе видиш сите нешто не мачи друшки, ама ќе пркнат силни и за неколку години ќе си викаме ех кога ни беа бебиња, се сеќавате ли како ни беше убаво.
Ако најдеш начин за обување обувки, сподели те молам!!! Исто цело лето боса го помина и дома и надвор. За чорапи не прави проблем ако треба и три пара ќе носи ама обувки никако. Вкупно 3 или 4 пати има дозволено обувки, не знам ни јас како. Сега ја шетам со чорапи и плус тие Атипас. Јас само за тоа одење веќе размислувам, искрено едвај чекам. А гледам дека и таа сака, се нервира. Без држење 4-5 чекори само прави и седнува или ќе се фати на нешто и така ќе продолжи да се движи. Само да е се во ред си велам. За зборување вели: мама, тата, баба, дада (за дадичка). Ономатопеја за куче (дури два начини ), крава, автомобили, и по нејзино за маче, овца, лав. Покажува со прсте за каде се работите и во собата/надвор и во сликовници, ме разбира сѐ што и зборувам (нормално работи релевантни за неа). На пример покажува кога ќе ѝ речеме за четкање заби, чешлање коса, миење раце, миење коса, дај му на мечето да јаде/пие, авионот каде лета, дувај и слично. Битно се разбираме. Повторува и имитира ама тоа нормално не го сметам за зборување. Кажува нана за банана и месечина, ва за мува, ба за Биби и Боби. ДА не кажува сама, а НЕ кажува и дури и со прстето и главчето прави. За брзо 16 месеци. Се надевам барем ова е во ред.
Дали разбира донеси ми ги патиките, стави го шишето на масата и сл? До 18 месеци треба да има барем 10, до 24 месеци треба да има минимум 50, има уште време, но во оваа фаза е битно да има добра невербална комуникација. Како ти кажува нешто ако сака или не сака? Дали знае да каже не со вртење на главата или со климање да? Дали користи прсте да ти покаже што сака? Дали имитира гестови. Како се разбирате?
https://unconditional.mk/produkt/chizmichki-grass-and-air-rozova-roza/ Кажи те ми за чизмиве некој дали ги има и дали се добри,сакам да и порачам,ама незнам какви се.
@le.soleil ,случка од вчера Сите играчки на сред соба и муабетот Јас: Х (името), ај кажи ми дали уште планираш да растураш. Капнав од собирање. Х така ладнокрвно се врти кон мене и едно гласно Даааа. Не знам дали да се смеам или да плачам.
Сте отвориле тема за зборувањето, па да прашам искусни и со поголеми деца. 18ипол месеци е и од зборчиња ги има мама, тата, баба, деде, тете, нине, абу (автобус), маму (мајмун), брм, јаје (јајце), бум, буби (за секоја бубачка), ти та (саат), т'г дк( кољ), дете, бебе, вово (вода), ам (за јадење)... Овие се тие што ги слушам на дневна основа. Да и Не вели многу ретко, надвор од контекст, а не пример да одговори на прашање. Ма може да му значи мачка, може да му значи мачка на леб или било што почнува на Ма. Цице за цице никогаш нема кажано, а го гледам и за чиче кажува многу ретко (3-4 пати до сега), го шепка дали оти му е тешка Ч. Дај, дој, сок, не се ни потрудил да каже, а се зборчиња што ги бамкаме многу често. Еве пример за Знак (сообраќаен) вели Ља... Ммм може да е ономатопеја на крава или мачка. Како е според вас за возраста?
Ние многу збориме. Мислам дека устава пена ми фаќа од зборење. Исто и мм, иде од работа и не престауваат. А и детево ни е такво сака да му збориме. Уствари мораме, темпераментна е и хиперактивна, мора да ја "лажиме" макар со зборење нешто, за да застане за момент. Мојата уште пред година почна да кажува по некое слогче. На 12м викаше тата. Кога ќе и речев кажи мама, викаше тата и се смееше. Сега веќе зборува со значење и побрзува по 2, 3 збора.
Да споделам пример, од прва братучеда детето се јади од секогаш, за разлика од мојот прв син (нејадач) 4 месеци се разлика, мојов е поголем, внучево сега има 16кг, а мојов големиот 25.5 кој патем е ослабен бидејќи периодов ништо не јади, 5 јадења вртиме и се нервираме сите дома. Сите гаќи, тренерки му висат, гледам по алиштата дека е ослабен, скоро 2кг е паднат.. Е сега малово 15кг е на 1 година и 2 месеци, со 82см висина, внучево е 16кг на 5 и пол год. Само 1кг се разлика а овај е 5 и пол години и морам ама.. брачеда ми исто растеше, многу ситна беше, ниска, најмала од сите (родени сме во ист ден иста година 6 сати е постара од мене) споредби со мене цело време правеле, па сега еве ја машала иста ко мене, некое кило помалку. Ќе си пораснат, ке извишат, ама нервите си одат. Еве ја гледам, дур споредуваше со големиот споредуваше, сега со малово, леле вика 1кг се разлика, ќе го замини, и цело време и е мисла. Мене половината ми отиде од 2те деца, исто вака растеше и првото, верувајте овај пат сакав да е помало поситно ради мене ама не бре, генот на татко му, тој бил големо бебе. Денес в градинка прв пат со спиење беше ама станал порано пред 2ч и се јавија да го земиме да не ги разбудел другите деца. Го зеде мм. Мене срце ме боли, јас сум 2ра смена на работа и цел ден не го имам видено градите ме болат, камен ми се направија дека нема цицано од сабајле од 7ч, од левата па од сношти нема цицано таа поќе боли Постов каша попара исто како мене деновиве
@le.soleil ајде јас да прашам за мојата 17 месеци има. Кажува: мама, тата, баба, деде, џиџа(за кучето), да, не (одговара на прашања со овие зборови), ам, ам(за јадење), бам(кога ќе падне нешто),аде( за ајде)ав,ав (куче), цице (понекогаш ќе каже), вау (кога не плаши), знае змијата како шшти, бам, бам (за патики и топлинки) Сега перидов пред спиење си зборува на нејзино, не прекинува, раскажува нешто.
Супер е, моиве пред да се "пуштат" со зборење брблаа така нон стоп. Повеќето "експлозии" се случуваат меѓу 18 и 24 месеци.
Традицијата мора да се продолжи, јас како мала сум спиела тука, а денес синко прв пат се мушна тука и му беше интересно
Исто и мојата изгледа помала од врсниците. А некои вака непознати дечиња што немаат дури ни две години ја гледаат и викаат бебе. И нивните родители исто. Дури сум добивала и зачудени фаци кога ќе кажам колкава е. И навистина има разлика меѓу неа и децата што се и само 3-4 месеци поголеми. Може има и над 9 кила веќе и извршена е ама пак е ситна. Ако веруваш толку време стагнира што јас заборавив дека треба поголем број пелени да и земам. Мислев дека и протекува навечер дека моча повеќе откако е ладно, а уствари и требало 5ка.