Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.040
    Пол:
    Женски
    Еве слика, внук ми 10 месеци во кремовото, 12 кг уште малку, моево во тегет, 17 месеци за две недели прави и 10 кг има, а може и не, последно беше 9890.
    Секое дете за себе приказна. Моево што се не правеше на 10 месеци, внук ми сега почнува да се исправа. Сите си имаат свој ритам за се, па така и за килажата, го знам тоа. Ама пак ми е криво што мислат дека е малечок и добивам такви коментари. Ама нека ми е здрав жив и струја како до сега, па ќе накрене некогаш.
    1000009534.jpg
     
    На LadyD, sweetgirl92, kozuf и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.040
    Пол:
    Женски
    Еве и да се насмееме, куклата на внука ми е поголема од синко :rofl:
    Срце мое најубав ми е :l::hug:
    pixlr_20241014220640737.jpg
     
    На LadyD, Secret-Angel7, sweetgirl92 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Да, нека ти е жив и здрав и да остане струја! Тоа е најважно. Само нека се здрави и весели и се да е како што треба. Наше е само да се секираме за нешто. :D Навистина немаат крај секирациите, изгледа тоа ни е животот понатаму.
     
    На Ceneva, Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    23.906
    Пол:
    Женски
    Така е. Мора за нешто да се нервира чоек. Секое дете си е посебно, еве 2 се, скроз ми се различни, само исто дебели како бебиња :D за првото се плашев како ќе биди со таа килажа, да не е дебел, па еве сега се нервирам дека е ослабен (facepalm) до 2 год 20кг стави и еве до 6 год 25.5кг е што пак се над просек за тие години.
    Нека се живи и здрави само. Се се периоди, јадат па нејадат, спијат па не спијат.... Овај пат скроз сум опуштена и многу поубо го поминав овај период. Поќе се нервирам со големот отколку со малиот :D ама битно има за што :rofl:
     
    На LiquidLuna, Mother of 2boys, Giiirl23 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    20.700
    Пол:
    Женски
    Како им го стимулирате говорот? Гледам врсници на моето, а и помали од групава поприлично зборчиња кажуваат. Се осеќам виновно дека можеби не го стимулирам доволно. Повеќе од пола ден сме сами двајцата, маж ми доаѓа во 4 од работа. Тв не користиме и единствен говор што го слуша поголем дел од денот е кога јас му се обраќам. Никаков конкретен збор не кажува. Знам дека пишував за ова, ама ми стои во глава и секој ден сѐ повеќе ме фрустрира. Грешам ли негде, треба ли да сменам нешто? Стварно не знам..
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  6. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    2.045
    Пол:
    Женски
    Исто сакав да пишам и јас. 14++ месеци е не кажува ништо со некое баш конкретно значење.
    По цел ден си брмбља по негово. Нон стоп му читам детски сликовници. Има 15 и сите ги знае по име.
    Значи му велам донеси ја "Животни од зоолошката градина" оди и од цел куп книги ја донесува. Исто и за другите сите ги знае по име.
    Знае да ја даде топката, да си го најде шишето со вода. Знае кога го карам да не прави нешто.
    Но збор никако..
     
    На јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.251
    Допаѓања:
    56.997
    Пол:
    Женски
    Цело време зборувај му што правите.
    Сега го облекуваме чорапчето. Еве чорапче. ЧОРАПЧЕ. Дај ми ноџе. Ете го ноџето. Го облекуваме чорапчето на ноџето.
    Ете ја топкатааа. Топка. Дај ми топка. Бравооо, повели сега еве ти ја топкатаааа.
    Повели ВОДААА. бравоо, се напи вода. Убава вода, водичка. Мммм и мама пие ВОДААА :D
    Кога шетате со количка - еве дрво, гледај облаци, слушај птици... се' прераскажуваш буквално, бавно и со повторување и се чувствуваш ко идиот ама фунцкионира :D
     
    На Secret-Angel7, 1209, јolene и 12 други им се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    766
    Последната реченица, не само што се чувстуваш како идиот него така и те гледаат сите :D Ама баш така, само повторување на некои исти зборови функционира и кај нас.
    @Bella_Stella @atz1995 нека си впиваат, ако не зборат си ги чуваат информациите во главче и ќе кажат кога тогаш.
    И мојата на почеток викаше мама само кога нешто не и е погодено, па набрзо почна и по мене да вика, мене ми се чини дека си поврзува комфор, помош, со мама. Така да веројатно и е со значење Бела.

    А за стимулирање, многу зборење, сами кога сме некогаш се на глас размислувам и зборам :D ама детево ужива и бара, да не беше така не би форсирала. А пример место да и викам кажи топка, повторуваш повели топка, дај ми ја топката, упс ми падна топката, каде е твојата топка, ајде да си играме со топката итн. you get it. Пред јадење ќе ја прашам дали си гладна? Сакаш ам ам? Даа (климај со глава)? Да полниме меше ам ам (и раката на мешето). Почна да го прави мн брзо кога е гладна, прво гестовите луѓе пресмешно.

    АМА моево селективно впива. Сака топки и меѓу првите зборови и е тота. Сака да јаде па си научи да бара. Колку годинки има бабите на глава застанаа да ја научат, не покажува. Кравата, овца, коза, маче, куче прават буууу. Баба ја вика деде.

    Немојте каква вина само, ние мајките сме се нешто "криви". Се трудиме да бидеме се нај, безгрешни. Вие ме советувавте тука на форумот дека треба да се опуштам, дека ќе порасне, пролази, прозбори, прооди и ќе биде се ок. Даваш се од себе и тоа е навистина доволно.

    Едит: имаше на инста еден профил со интересни совети за прозборување, од а до ш логопед некако така беше, побарајте. И оваа си ја поштовам
     
    Последна измена: 14 октомври 2024
    На duffi, 1209, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    20.700
    Пол:
    Женски
    Исто, потполно исто. Ги знае предметите од секојдневието, ама не ги именува никако.
    Баш ќе почнам со овој метод, колку сакаат нека мислат дека сум идиот. :D Не ми текнало да пробам да бидам толку упорна. Му зборувам дур сме сами нормално, ама не е дека раскажувам сѐ што правиме, ама дефинитивно ќе почнам.
    Mom guilt е реална работа, ама и реално непотребна, во право си. Ако некој му мисли и прави се најдобро за развој на детето тоа сме дефинитивно на прво место ние мајките. Ама изгледа природно си доаѓа да се осеќаме не секогаш доволно добри, а за нив сме најдобри баш такви какви што сме. Ама ете сакав некоја насока од поискусните, некој конструктивен совет и фала ви на сите. Секогаш знаете да насочите и смирите живци. :) Ќе ги проверам профилот и видеово.
     
    На 1209, јolene, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , маж ретко кога ја шета, а и потивок е така да верувам дека само ќутат додека се надвор.

    Јас си зборувам што викаат како со голем т.е сама со себе си зборувам. Ајде да одиме до продавница, еве ги колите, еве го дрвото, дрвото има ливчиња, ајде да земеме ливче, каде се облаците...
    И така да ме гледа некој од страна ќе речи оваа малку замината е со умот :D

    Ретко се паѓаме со маж слободни истовремено ама и тој цел со прашалници зошто си зборувам сама цело време.
    Последно практикувам барем 1 час да сме надвор така со пешачење, во раце, на трицикл, или макар и на клупа во паркот да седиме и да гледа деца.
    Гледам баш и годи тоа, во 10тина дена преку 10-15 нови зборови кажува, плус од старите почисто. Може од страна не изгледа ништо wow ама мене ми е напредок.
    Исто гледам колку што можам активностите да ги вршам со неа. Низ кујна, во хранилка и давам грицки или играчки и додека готвам "си зборуваме". Во продавница со мене. На кафе со мене. Со сите кафе пијам во игротека. Во библиотека, не знам кај не сме биле заедно последниот месец. Уште на гинеколог што не дојде со мене.
    Е сега кога ќе залади и ќе почне порано да се стемнува ќе видиме како ќе се организирам околу ова. Мене ми е фиксно работното време што освен во викенд нема ден да гледам.
     
    На јolene, Carolin., kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella не сум од поискусните, прво дете ми е и прилично млада (30 и пол :D) ама се што се спомнале горе и јас го правам во врска со зборувањето. Мм ми вика како коментатор си. Посебно кога сум сама со неа или кога шетаме не престанувам. Ако се заигра не ја прекинувам, така и прочитав дека е добро. Советот е да не се вели ни Браво кога се сконцентрирани. Не дека има кој знае колкав фонд на зборови ама после гледам дека ги разбира и покажува работите.

    Исто добри совети има на logopedski.uslugi или може за истиот профил зборуваме. Покрај читање сликовници и пеење песнички, имам и звучни сликовници за како прават животните и една Мојот семафор со реални звуци од надвор, па после си ги поврзува работите од надвор со тие од сликовниците. Значи не кажува кола на пример ама прави брм и тиит. Не кажува фен или блендер ама прави буу. Не кажува лажица ама прави њам њам или за шишенцето ммм. И онаа книгата ја имам Моите први 100 зборови од Биби и Боби. Си мислев е како ќе помогне книгава ама со неа ќе спомнеш некои зборови кои можеби и не ти текнало и после тој ќе си ги покажува. Јас не знам зошто немав спомнато врата на пример, само ќе ѝ велев Отвори, затвори. Книгава ме потсети. :D И една мала сликовница Што прави бебето од Тримакс е добра. И Среќен роденден Хопи Лопи од Топер ја купив по препорака од членка.

    Според мене важно да ги разбираат/покажуваат работите, па очигледно на секој различно им доаѓа кога да се пушти со зборувањето. Ете од 18 до 24 месеци сите велат дека се случува експлозија. :D Па дај Боже да е така.
     
    Последна измена: 15 октомври 2024
    На јolene, kozuf, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.040
    Пол:
    Женски
    Убави совети ти дале за тоа, ајде да облечеме чорапче, кондурче и се така да му збораш. Ама на тел на радио па макар и на видеа без да ги гледа пушти му детски песничи да ги слуша во позадина. Многу има удел што ќе слуша верувај ми.
     
    На Giiirl23, Bella_Stella и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  13. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Јас пуштам детски песни без екран. Ги препознава, скока по нив и игра. Сунѓери се сега.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    766
    Еј фала за препораките за книги, баш сакав да прашувам.
    За учење зборчиња ја имаме и оваа би ја препорачала јас, и од топер меките книгички овошје, зеленчук и младенчиња. Други сликовници со приказни и текст до сега не сака да слуша и не форсирам, а овие ги врти и се загледува во сликите што и се свиѓаат.

    Ако имате други книгички да препорачате ќе бидам многу благодарна.



    [​IMG]


    @Bella_Stella mom guilt e опасна работа. Супер е да се трудиш да си подобра секогаш, до некаде е здраво, ама многу голем притисок имаме. Самото тоа што не гледа екрани е голем успех и кажува колку му посветуваш внимание и време (да не се осетите погодени плс тие што им пуштате, не осудувам и не викам дека вие не им посветувате, само многу добро знам колку е тешко и без тоа)
     
    На јolene, Bella_Stella, Giiirl23 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    2.045
    Пол:
    Женски
    Еве ја нашата колекција на книги, ги читаме сигурно 3-4 пати во денот. Ги донесува сите по име. Од деновиве почна да ги реди сам на полицата демек расчистува :D

    Повеќето се купени од office plus, просветно дело или некоја локална продавничка за деца
    64738407-0676-4e22-b041-915ebcf92960.jpg c5a3307e-50d0-4948-a12e-8de2f90a5630.jpg
     
    На duffi, LiquidLuna, Giiirl23 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    23.906
    Пол:
    Женски
    Сите правите се како што треба, според возраста се тука негде сите. Некое повеќе зборува, друго ќе прави нешто друго подобро.
    Првото дете брзо почна да пушта зборчиња, на 18 месеци веќе по 2 збора врзуваше, тогаш беше експлозијата :rofl: а моториката послабо му беше. Попасивен, повеќе седеше, пр за пелена менување не мрднуваше, со ова борби водиме за пелена менување :D
    Е ама второво не пушта зборчиња како брат му, досега мама, аф аф за куче, ма за маче и вика некогаш по брат му Гого :rofl: и си зборува кинеки, мене ми е пресмешен. Книги сам си разгледува, за жал немам толку време да му се посветам како на првото, се само на трчање сме, ама го гледам дека разбира и засега немам грижи. И моторички е подобар, се прави што не правеше брат му.
    Сега и в градинка ќе научи нешто си велам :D и овај пат пак поопуштено, се само нека си иди. Дури мислам и отпоќе го замарав првото :lol:
    Секое своја приказна.
     
    На duffi, LivingGlam, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.075
    Пол:
    Женски
    А зошто не пушташ на тв, пример Биби и Боби, 15мин од сабајле и 15 попладне, доволно ќе биде. Децата најмалку учат од родителите, многу повеќе учат од други деца а овие цртани на македонски се уште поубав пример. Пуштај, ама на македонски и по малку.
     
    На Ceneva, lackygirl и Miss_S им се допаѓа ова.
  18. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Од кога се дава сувомеснато, пржено, поховано? Знам дека се не е здраво, да знам отприлика кога ќе можат да не готвам пред излегување од дома па да јаде и на гости и родендени.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.075
    Пол:
    Женски
    На големото дадов после 3г од очај дека било што ќе јаде, до ден денес не јаде. Малото има 21м и не давам уште, не ни планирам да дадам наскоро. Се давам ама за ова сум децидна. Има украдено саламче од брат му, ама да дадам тоа да е оброк не.
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    20.700
    Пол:
    Женски
    Сеуште издржуваме некако, пуштаме само за инхалација зошто на друг начин е невозможно. Не осудувам и јас кој како смета треба така да прави, ние решивме употребата на екрани што подолго можеме да е сведена на минимум. @Ceneva дома не е глува тишина, пуштам песни со black screen на тв или македонски песнички на таблет.
     
    На kozuf, Ceneva и јolene им се допаѓа ова.