Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    23.906
    Пол:
    Женски
    Те следам на инста, профилов што го сподели, прејако е, предобра си, браво, секако дека ќе купам твоја книга, со среќа.
     
    На Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.039
    Пол:
    Женски
    Ајде пак стави линк да те здледам на инста ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    43.883
    Пол:
    Женски
    Леле жени фала ви, многу ме охрабрувате вака. Ќе се задржи малце ама очекувам бар за празниците да биде пошто е тематска.
    marijanacekovska_art инста:)
     
    На mal.ecka, Anturium, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.039
    Пол:
    Женски
    Те заследив и само ќе ти напишам Бравооо! Сега чекам со нетрпение да ја видиме книгата. Секоја поддршка :hug:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    8.028
    Пол:
    Женски
    Обеќам јавно! Со задоволство и тоа! Само немам социјални мрежи, ќе ти кажам ама во порака како да стигне до мене. Пофали се кога ќе е готова.

    Мене тие илустрациите од тхе Мичо што ги прави за книгите, а ако се исти и за цртаниот, е не давам да гледа. Од принцип нели.
    Тој тип уствари ако видел домашно животно како изгледа еве на. Сори за сите фанови што ви го ругам, ама домашно животно не е камила на нашите простори.
    Стварно сите животни се језиви и со ужасни бои. Мојата е навикната на друг тип цртежи и среќа не ги бара стално.
    Прасињата, гуските, мисирките, коњите, мачињата, магаре, што знам, сите ми изгледаат ко на тешки дроги да бил.

    На мојата баба и и ги купи, јас за нив пари не би дала. Едната ја добивме на поклон, таа најприфатлива е 100 први зборчиња, и неа ја врти на дневно ниво.

    Сакав да прашам дали вашите се фрустрираат кога нешто не можат да направат. На пример во сортер, ако не погоди фигура и не падне доле, се нервира и одма мава и не сака веќе да си игра со него.
    Книгите и се како безбедна зона и одма трча кон нив, да листа. Обожава мачки.
    Има книга со диви мачки, по цел ден би ја вртела.
    Јас одлучив на пауза малку и книгите да ги ставам, оти денес буквално цел ден само листаше. Не ме ни слуша што и раскажувам.

    Малку јас сум депре деновиве, може и се осеќа дека сум токсична, се извинувам.
    Не успевам да и се посветам 100% и затоа и вина осеќам. Ама и јас сум човек, дозволено ми е да си потажам малку.
    Денес цел ден едвај вечера и направив да јаде. И кекс и смоки дадов. Кексот демек без шеќер де. Круша и банана сама си зеде.
     
    На kozuf, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    43.883
    Пол:
    Женски
    Па веројатни и бил на дроги, сериозно. Стела и Сани пример иако се такви како кукли, многу попријатни де за гледање.
    Јас често за животните му пуштам една пред спиење на англиски е ама нема зборење само пријатна музика и звуци, се вика најти најт и има два серијала од истите илустратори, многу се убави илустрациите и обично секогаш се смирува со нив, ако не му се чита пример. За сега не сака многу да чита класични книги, повеќе сака со зборови, букви и сликички.


    Инаку да се фрустрира, не е многу трпелив по природа, ама го гледам дека е на мм во тоа и он нема многу трпение, за разлика од мене што имам и одвишок(вон контекст ама цимерката во Лондон ми викаше дека човек со толку трпение како мене не запознала никад у нејзини 40 год) мене ова ми е баш убав комплимент, ама за жал дете бар за сеа не е на мене.
    Сака се, веднаш и ако не е по негов ќеф играта не сака веќе да игра.
    Ама онака па разбирлив е, ме слуша и можам да му задржам внимание со разни работи.

    Инаку јас го приметувам деновиве пред спиење како да се напнува и задржува воздух и пушта и додека цица и онака, не знам како да објаснам, како ќе вдиши, задрже малце и ќе пушти и како да му е мака, а арен е не покажал никаков проблем физички, знаете зошто прави вака?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.039
    Пол:
    Женски
    И те како се нервира. Од некни еден ден го фатил полначот и го извадил кабелот и пробува да го врати. Почна да се расправа со полначот. Од страна пресмешно беше, ама нему кој знај колку му било фрустрирачко, па мама скокна во помош.
    Не ги знам многу биби и боби искрено,еднаш изгледав еден цртан од нив со џинови и измешано сите приказни во него и ми беше грозно искрено :D, повеќе пуштам српски или хрватски. Има на хрватски ема и лука се викаат главните ликови и песните им се како сказни по 3-4 мин. Ќе му пуштам две три да ислуша од нив и толку.
    На мк знам да му пуштам тик так, и од таа продукција чачу качу како ли беше не ме фаќај за збор. Повеќе му пуштам во позадина златно славејче, зошто од бебе му пеам дувна ветре, сакам кола убава, ах тој крокодил итн. Во светот на бајките обожава да му ја пеам,одма му светнуваат очињата :$
    Појма немам од пеење,може да ме ангажираат за празнење хала, ама ми е гајле јас се убивам од песни пеење по дома :rofl:
     
    На Mother of 2boys, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    6.126
    Пол:
    Женски
    Цело златно славејче сум отпеала да се предаде и да заспие. Ај што лошо пеам тоа нема врска. И огледалце, огледалце, Ех тој Тоше, Никола, Никола и се што ми текна од 90тите.

    За фрустрација не знам баш, пред некое време играше со коцки и сортери по цели 30 секунди. После расфрлаше низ соба. Сега и во градинка со тоа се занимаваат цело време и дома баш се заигрува. Знае и по 15-20 минути да реди коцки без проблем. Или фигури од сортерите да погаѓа кое каде е.
    Фала на воспитувачките :D

    @1209 , немам Инстаграм ама кога ќе објавиш дека е готова книгата, се пријавувам за купување.

    @AngelOfArh , не знам дали имате зачекано. Пред некое време ни излезе Кокомелон Хрватски, така да знам понекогаш да ја оставам и таму да слушне песничка. Демек поблиску до нашиот јазик.

    Месеци скроз во мрак живеевме. Сега и ние си гледаме Тв, некогаш и намерно за да одморам јас или да спремам вечера, бања, било што оставам 15тина минути да гледа цртани или песнички.
    Некогаш ненамерно ќе се загледа во реклами, па одвлекуваме внимание. Вртиме различни типови во секој случај.
     
    На Carolin., LiquidLuna, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    7.963
    Пол:
    Женски
    И мојата чапи вика за чорапи :lol:

    Инаку имам гледано со ќерка ми неколку сказни, обично песничките ги слушавме. Морам да признаам дека катастрофа се нацртани ликовите значи можело да се потрудат повеќе. (За жал немаме ништо за децава на наш јазик што е стварно wow).
    Ама за содржината не се согласувам. Барем од тие сказни што сум ги гледала со ќерка ми ,баш се поучни.
    Дека раце се мијат после доаѓање од надвор, пред јадење, после користење тоалет, дека треба редовно да се мијат заби и да се бањаме дека хигиената е половина здравје. Исто во една сказна имаше дека нема машка женска работа дека и мажите треба да готват и да чистат. Во друга сказна дека не треба да навредуваме и ако згрешиме треба да се извиниме, па за непослушноста кон родителите има доста корисни содржини. Не велам дека тоа воспитување не се учи од дома нормално првенствено треба ние да ги учиме на тоа ама ете вака кога гледаат цртани им се фиксира нешто во глава. Јас знам често да и кажам како велеше биби не треба да фрламе ѓубре насекаде како го караше биби детето кај лулашките што направи ѓубре, и сега секогаш кога ќе види ѓубре кажува биби дека ќе се кара хехе

    И заборавив и јас се пријавувам за купување. :D
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    43.883
    Пол:
    Женски
    Да од тие има корисни совети него кога зборам содржините мислам на оние приказните некако не ми се баш интересни, ама може на децата им се не знам. Пример онаа со багерот, со кралот поет, мислам содржајно ми се глупо осмислени:D Ама штом толку се популарни може децата тоа бараат. Вајда дека ние пораснавме со друг тип на бајки мене тоа ми се врти во глава кога зборам за цртан.(не и дека бајките беа сјајно поучни де)
    Инаку има еден Guess how much I love you не знам дали го знаете, ама преубаво е илустриран и има многу поучни сказни, и е стар доста, јас тој често му го пуштам оти сакам и со Англиски да го запознаам дека планираме таму на школо да оди.

    А Биби со тоа да да да ми брка у џигер и Боби со јипирипи, а и тој диносаурусот со Ње, ње:D кај му ги пуштив на моево, си немав работа.
     
    На Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    7.963
    Пол:
    Женски
    Затоа реков само содржината им е поучна ама се друго.... можеле да се потрудат повеќе.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Ете баш јас сум тој идиот. Навистина истото го зборувам цело време. Се што правам во моментот раскажувам. Нема шанси кога менувам пелена да не прераскажам цел роман. Или по улица одам и дрндам, нека си мислат дека сум нетачна ми е гајле. :D Едноставно тоа го бара детево, инаку не застанува!
     
    На Carolin., Miss_S и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    20.700
    Пол:
    Женски
    @Sun&Moon како третата среќа? Има ли подобрување во адаптацијата? Јас го однесов денес после 11 дена пауза, па да видиме. На оставање не заплака, ама тоа не ми е никаква гаранција. Многу пати сум го оставила нерасплакан па после ќе ми кажат плачеше.

    Решив иначе Пиковит да земам. Знам дека верглам едно та исто ама многу е ослабен, ми се плаче кога го гледам. Едно вратче тенко тенко, бутки нигде, почнаа лепенките на пелената да му се преклопуваат, срцево ме боли. Не сака и да јаде како што си јадеше. Вчера пример доручкуваше убаво, после си касна ужинка, а на ручек нејќеше уста да отвори. Дури во 6 ипол јадеше и тоа не од ручекот туку леб со грчки јогурт. Ќе си пукнам!
     
    На Carolin. и duffi им се допаѓа ова.
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Добро е Бела. По 2 часа седи овие два дена. Тоа е напредок за нас. Само во раце не плачела, ама тоа е, ќе се навикне. Сега за сега е добро, почна малку да ми поткашлува ама мислам дека е нормално од плaчките. Ќе видиме како ќе оди.
    Јас гледам многу напредок од пиковитот, да не се подречам, одма ми качи на килажа. Баш ќе кажеш.
    Со лесно!
     
    На Carolin. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    20.700
    Пол:
    Женски
    Супер, така да продолжи! Како што стои во упатството ли и даваш, 2х5 мл дневно?
     
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Да
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.759
    Допаѓања:
    145.221
    Давај суплементи. Пиковит е сосем ок. Давав и јас на големиот. Он е едвај 20кг, прво одд. Како подвижна прачка. Точно е дека не застанува, ама и во количина јадењето не му е на завидно ниво и тоа е секогаш така. Одговорно тврдам дека малата јаде многу повеќе од него.

    Некој праша за пржено. Јас како мајка на второ дете јадач се има пробано. Давам кофтиња, знае да проба пржено компирче од брат и или пилешко поховано. Сувомеснато немам дадено.
    Некогаш се спремам во аер фраерот ама акп изрази желба нејадачот за пржено, пржам. А она се мора да проба.

    За напредокот многу различно се движиме за разлика од батко и. Она стално брбља ама мислам дека се уште е без значење. За разлика од тоа кај големиот имаше повеќе гестови а кај неа помалку. А повеќе говор за сега. Ама пак ќе кажам освен ам ам и викање по татко и се друго е онака.
    Покажува и мрмља стално кога нешто сака.
    Каша попара ми е главата што и како треба и дали е правилно. Само ја анализирам и си правам стрес . Гледампо малку тв на македонски. Главно шетаме , ама пуштам по малку. Не е целосно без тв.
    За некој работи ме изненадува за други ме коси оти не ги знае и така во круг.:D
     
    На lackygirl, Carolin. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    56.997
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе зошто стои само на прсти? :| 13 месеци е, уште само се исправа на мебел, не застанува, ништо од тоа и знам има време. Ама на цело стапалце никако не стои, кога ќе му кажам застани на цело стапнува и одма седнува. Пробувам да му правам вежби со стапалцата, не го боли во флексија, значи не верувам да се скратени тетиви или нешто така.
    Во мојот град ортопедот на 6 месеци ми рече толку од прегледите, нема потреба за повеќе. Не знам, да го носам или уште време да му оставам?

    Инаку за говор ме изненадува, впива се' и се труди премногу. Бато го вика по име, јас се запрепастив пред некој ден кога му викна Иија :D. Кога го носам во тоалет да го мијам вика КАКАААА :D
    Не јаде ништо, цица по цела ноќ, не спие ич, и толку од апдејтите од нас.
     
    На lackygirl, Carolin., kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    43.883
    Пол:
    Женски
    18м уште не јаде ништо, не спие ич и цица цела ноќ:D
    На прсти стоење е фаза, нормално е.
     
    На lackygirl, Carolin., kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    8.039
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella
    Мајка ми ова ми го препорачува да му давам. Ама ми рече се е до детето, дали пиковит, дали бекутан, дали ова што го постирам на слика не е гаранција дека ќе делува. Кај многу деца ништо не помагало.
    Иначе прашуваше во пиковитот има 100 IU Д3, не е некоја количина
    Исто и кај овој Protekt Junior е толку Д3, така да нема потреба да се менува количината на давање Д3 MARNYS-ROYAL-JELLY-PROTECT-JUNIOR-amp-X-20.jpg
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.