Исто и јас, ама не спие се буди минимум 5 пати, ај сега носот и е затнат ама не е ново ова. Хелп како работиш на себе за трпение, бар тоа можа да го сменам ваљда
А дете што јаде со молење, некогаш ни тоа. И плус ноќе 3-5 пати станува. Ни спијач ни јадач комбинација имам дома Излегов се јавувам по пат за дома мајка ми ми вели иди си не сака ништо да јаде. Дојдов касна троо. Знае дека јас сум досадна и упорна изгледа или полошата варијанта само со мене сака да јаде ( ако е тоа, готова сум )
Мајка по 200 пати на ден повторувам дека е фаза, сезона. Гледам на инста психолози и педијатри што промовираат исти/слични морални вредности што ги имам и јас. И се потсетувам дека јас сум возрасната, јас да работам на себе да бидам внимателна, да не избувнувам. Нормално грешки се прават, да не заборавам да бидам нежна и со себе, пошо и мене ми е прв пат, учам и јас. Така идеме секој ден, некои денови лесно ко песна, некои одвај се преживуваат.
Колку и да се трудам да сум трпелива, после два саати галење и гушкање сред ноќ, ко ќе ме тресне со сета сила, или брцне во око или искубе, не да ми се спојуваат жичките, не да збеснувам, не да ми се качува пулс до 1000. Мислам дека и она дури ме осеќа тогаш и намерно ми го прави. Се воздржувам со последни сили да не вратам рефлексивно. Едвај и стварно ми е тешко. Некогаш почнувам да цркам, некогаш се расплачувам. Она ме гледа само, значи ме гледа,се исто и е, некогаш се смее. Генерално не реагира на кавга од мене. Мислам не ни ме регистрира дека ја карам. Може треба некоја казна да смислам, да сфати или е едноставно прерано. Многу пати и викам стоп, сега се спие. Не се тепа мама, не се кубе. Џабе. Кога ќе се разбуди, знам дека 2 саати ќе ги исседиме. Цела ноќ ко сврдле е низ креветот. Сум пробала да се правам дека спијам, да и покажам дека е темно. Се. А знае да презаспие сама, оти не успева некогаш, не знам. Секогаш се буди после 6-8 саати од успивање. Не и е доста сон, па да стане. Едино што не плаче, а кога плаче е за млеко. Ама па станува, се врти и сака да бега. Ај лежи и прај се дека спиеш, она ќе почне да те мава со сета сила по глава и да клоца со нозе. Од каде ова со тепањето, не знам. Вчера татко и избега од кревет, оти го клоцаше у фаца. Сабајле беше будна од 5 до 6 ипол. Се успа и сега спие. А требаше да ја однесам и да ја играм у дневна, пошто вечер успивање 10 ќе биде. Ама па инаку ќе и се приспиеше во 10 ипол, а имам термин, нема кој да ја чува. Денов уште не почнат, знам дека ќе е хаос.
кај мене исто, ме тепа и ми ги фрла наочарите, ме кубе и гребе по лице, не знам ниту јас што да правам. цело време викам дека мама се гали, демонстрирам, се галиме со мм да види нежност. чудна работа е како со сите играчки и со другите луѓе ги гушка и се мази, а нас не тепа. мислам дека се осеќаат најбезбедно и тестираат граници, знаат и осеќаат дека ништо нема да смени во нашата љубов кон нив. еве јас дојдов дома, го оставив во градинка на адаптација, вриштејќи. сега чекам пак нешто да закачи од болештии и пак дома 3 недели.
Е па таа комбинација 2 и пол години беше кај мене после почна да спие а со другото си продолжи Од 4 до 6 без 15 беше буден ноќеска, мм тогаш ми го предаде и не заспа, цицаше пола сат, па почна да станува, па кај брат му појде, па почна да зборува и го зедов и в дневна, темница се и ќутев, само аквариумот светеше. Легнав се праев дека спијам, стоеше до мене и ме фаќаше после го зедов до мене така 20 мин лежеше, па станав пак на цицка и конечно заспа во 6 без 15. Ете така, во 7 и 20 стана сам, јас станата пред 7 да се спремам за на работа, па ајде првачето го спремав и на крај него за в градинка, лудница, лудница
Колкаво беше твоето? Нас тоа ни се случи две вечери по ред оваа недела стануваше во 5 отспан и не сакаше да презаспие. Дури во 7 и пол заспиваше пак и тераше докај 9 30..
Другарка го одби со какао на гради му кажуваше дека е расипано и почна да бега детево хахах иначе првото кога ми се одби беше февруар месец, до јули имав млеко уште ама никогаш проблем. Останав бремена август месец и тогаш скроз ми секна
До периодов е изгледа. Ништо кај нас само две вечери правеше така и пак продолжи по старо. Еве оваа вечер си спиеше од 21 до 7 45 сабајле.
Моето вчерс сервирано печен компир значи превкусен, копанче, брокула и краставица салата, сос на страна, и он од сето тоа знаеш што јадеше? Векна леб и ја човкаше средината и изеде не знам ни јас колку леб. Цел ден само тоа јадеше, друго у уста не стави џабе молење беше. Денес правев мафини со тиква, цело сабајле во рака го држи и 5 саара јадеше по еден залак, ама затоа во парк се одра од плачење за смоки и морав да купам и изеде цела пакетка. Јас веќе не се ни нервирам, ако јаде нека јаде ако не јаде нека седи гладен, е толку веќе ми пукна филмот искрено.
Моето јадеше до годината се, блв топ искуство, после рече не и не, сега не јаде ни 10 посто од храна што постои. 5 работи вртам секој ден…совет не престанувај да нудиш, може ќе мине периодот и ќе продолжи да јаде и не се нервирај оти осеќаат моќ и уште повеќе добиваат на сила.
еве, од сабајле 3 јадења направени, а братот изеде палачинки со овес и банана и аронија правени од вчера... катастрофа. значи купив и реискористливи силиконски чашки за да правам домашни смутиња, па секој ден различна боја, па не знам што, абе ги пиеше по 2 на ден задолжително, ем овошје ем зеленчук, па почна да одбива и почнав сите да ги фрлам. Еве пред 15мин му понудив купечко смути, го испи за чудо прв пат после не знам колку време. Син ми сака самостојно јадење и јадење исклучиво парчиња, еве давам ама освен палачинки нејќе друго... Омлет пример леле обожаваше па со рендано кашкавалче,па брокулче ... сега нејќе ни да види. Смоки имам ама не нудаам а исто и леб, што се однесува до него само тоа ќе јаде. Се трудам во палачинките да измешам се што можам, ем леќа, па спанаќ, па блитва, семиња ставам колку толку некои нутритивни работи да внесе периодов. Ако сега почне да заебава, у градинка се живо ќе залепи пошто имунитетот во минус ќе му отиде...
мајки додека има дискусија, некоја да не знае каде може ваков тип на скаличка за во кујна да се најде кај нас?
Има на инста некои страни продаваат ама цената е безвеза мислиш продаваат кола за деца. Јас нарачав на брат ми да ми направи ама уште чекам Него можно ли е да ми исфрли дремка денски на 18м? Еве цела недела веќе одвај 45мин спие до саат, а обично 2-3 саата спиеше, како почна ноќе да спие повеќе денски не сака, и ќе спие ако лежам до него. Ноќе спие 12саата, зар е можно да му е доста… Се плашев од овој момент, не знам што ќе му правам по цел ден без спиење
Еве го ист, го земав од градинка со корка леб во рака и плус пуна уста, ќеефен дека јаде леб шо да ти кажам. Учителката вика само леб сака, нејќе манџа. Знам дека е тежок за јадење ама сигурно не се ни трудат да најдат начин да му стават некој залак во уста. Е кога излеговме тргнавме накај парк и по пат јадеше проја, па јадеше бисквити, па стигнавме во парк јас јадев чиа пудинг и од тоа јадеше, после пиеше смути па изеде цела банана. Значи денеска има изедено повеќе од мене, ама на ручек очекувам тегавење.
А како се решавате да ги одбиете? Мене ми тежи со денови таа тема и никако да се решам да го почнам процесот. Цело време имам некој изговор. Синоќа буквално спиев гола нагоре. Цеееела вечер ја помина плачејќи и цицајќи зошто го мачат заби. Како ќе го утешувам кога ќе има мака ако не е цицањето стварно не знам. Давајте совети, психава ме уништи. Мислам дека ќе биде многу тешко..
Не е ок да нема дремка на таа возраст. Временски му е ок должината на вкупниот сон, ама мора да спие денски. Буди го порано и ноќе нека спие 10-11 часа, ништо повеќе од тоа. Така дење ќе спие бар 2 часа. Еве го моменталниот просек на син ми, апликацијава вика дека е таман за возраста.
Јас апансас решив, кај мајка бев и сфатив сега ако не го одбијам нема кога и го оставив со мајка да спие една вечер, па следната и толку беше. Ако не решиш наеднаш, потешко е да си ставаш долги рокови. Прерано е на 18м, големиот ми спиеше до 6г на пладне. Пожелно е бар до 3г да спијат на пладне.