Јас тогаш решив да не ја одбијам јас, туку она сама затоа не можам да ти дадам совет, малово уште цица и за сега мислам дека ќе тераме исто како со големата. Она имаше 25месеци и последната недела цицаше како новороденче, замисли 2 роденден седнати на масичка да цица.. баш прокоментирав дека не е нормално ова шо ми го праи и само буквално од нигде никаде рече нина цице не и тоа беше крај. Од тој ден преку ден не цицаше ич само пред спиење на вечер еден надела и после само ме гушна и рече нина цице нано не и се одби скроз. Од други сум слушала дека одат за викенд некаде и така се одбиле, тоа до какаото дечкото се уплашил дека е стварно расипано и неќел да покуша, ете им се потрефило. Јас лично не сум за ништо на сила, нити одбивање нити пелени не можам, а и не сакам да се борам со трескање вриштење и трауми
Па можно е, 12 сати се доволно. Од 11 до 14 часа пиши на нет. На 2 год моето прекина денска дремка, а имам внуче еве на 5 и пол год си преспива уште. Секое различно.
Од оваа перспектива мислам дека никогаш нема сам да се одбие, не знам. Инаку дефинитивно и јас сум за таков начин многу повеќе, отколку на сила и со плачки. Ама ете не знам, вие сте еден од ретките примери што ги знам.
Затоа што ајде да речиме касно се одби, правиме муабет за 6+ месеци повеќе од нашиве сега што се,искрено и касно и извади памперс. Мое мислење е дека никој не пораснал со цицето в уста или памперсот, едноставно иде момент кај што сваќаат дека е доста. Не ја сваќам потребата од тренинг на 15 месеци со нокшир ( општо си прајме муабет ) или насилно одбивање доколу мајката е психички и здраствено добро. Поддршка давам на сите доколку стварно им влијае константно на психа и контролирање на нервозата оди тешко ама кај мене лично ме нервира што бара често да цица да, ме нервира што ме штипи ама не до тој степен да се губам, затоа ќе терам се додека она не се одбие, тоа мене ми прави помалце стрес и неа, одколку да ми се треска од земја, да вришти цела вечер.
И јас мислам дека ќе терам додека сам не реши дека е доста, сега гледам дека му е голем утеха и уживање и колку и да ме иритира на моменти стварно немам срце да прекинам оти знам дека ќе има трускање и тантруми и некако неам сила со тоа да се справувам. Внуката од сестра на мм цицаше до 3,5 години, секогаш кога ќе и текнеше. Се одби кога беа на гости кај нас и сите и зборевме дека е голема, дека веќе не треба да цица и рече една вечер ќе спијам јас со баба и дедо не сакам цице и толку беше. Мене искрено ми е многу кога замисчам 3.5 год, стварно ми е психички премногу да го издржам тоа, ама докај 2 год си велам ќе издржам, па може он ќе рече доста е. А сега му зборам, му велам мама голем си, ајде доста цице, и такви ствари ама не пали дури и многу се натажува и плаче онака жално кога ќе речам не…така да неам уште храброст да бидам јас таа која ќе го сецне.
Да немав здравствена состојба како што имам сигурно и јас немаше да го одбијам. На будењето ноќе малтене се навикнав и ќе издржам, тоа ми е најмал проблем. Не ме ни нервира ако ме чепка, напротив го сакам многу тој момент на близина што ни го пружа доењето. И искрено сакам да го дојам уште, не ми пречи. Ама си се знам колку сум крш. Хормоните од секогаш ми биле проблем и искрено ме фаќа страв кога ќе ми текне по кој пат треба да одам пак за следна бременост. А сакаме уште едно дете. Дур го одбијам, дур се среди организам, дур забременам, ехее.. Знам многу планирам, ама после сите глупости на оваа тема ептен сум overthinking. A не треба знам, ама…
Ја со малово уште повеќе се зближив како се добивме. Тоа љубов е неверојатна. Он додуша сеуште е опседнат со мене, мама и крај, ништо не го теши мака дур не дојде. Љубов ми е. И дојте си додека ви е убаво, ако не ви е мака и 3 да има, не е страшно. Јас немав избор, ништо не јадеше.
За исфрлање рано му е, ама штом ноќе спие 12 сати, 45-60 минути денски му е сосем доволно. Јас не би го будела порано наутро за да има подолга дремка, заш може да се зезнеш, ем ќе го разбудиш да ти е кенкав, ем пак може нема да спие денски. Инаку големиот кај мене на 2.5 години исфрли дремка скроз, спие околу 10.5 - 11 сати ноќе, некогаш 9.5 и пак не преспива денски. Од никогаш не бил спијач, тоа е. Малото спие околу 12 сати и 20 мин вкупно според апликацијава, значи пак помалку од просек. Бар да ги спиеше тие ноќните, не ќе ми беше мака. Јас што полудев од неспиење, кој ме врти
И јас многу тешко се решив да го одбијам може пола година негодував ај сега ај не, ама ништо не јадеше и морав да ја пробам таа последна опција. Ич не сакав, доењето ми беше преубаво искуство и уживање во близината со него, ама можам да кажам дека конечно спиеме и ние и он, знае да се разбуди ама со цуцла или вода продужува. Уште цуцла ни остана да откажеме, тоа ми е потешко од доењето моментално... Понекогаш ми фали така да дојде да сака да цица да се гушнеме ама он веќе една недела после одбивањето не бараше ни цице ни нишо, заборави скроз, мене ми беше потешко.
Сите мајки така викаат. Промените се почесто потешки за нас мајките отколку за нив. И мене не ми пречи да го дојам, ја сакам таа близина што ја имаме. Само ќе морам да пресечам кога тогаш, ама познавајќи се ќе си потрае. Не можам од еднаш, морам прво да ја испроцесирам целата ситуација. За откажување цуцла не сум ни помислила сега. Преку ден ги криеме зошто ако види цуцла тоа се радости невидени и мора одма да му се даде зошто почнува да вришти во истата секунда. Е сега во градинка му даваат, сите биле со цуцли, а и знам дека и да не му дадат ќе отиде ќе му ја земе на некое дете. Не знам како би заспивал без цуцла, кога ќе дојдеме до тоа ќе мислам, прво да го решиме доењето.
На која возраст е нормално да почнат да покажуваат страв? Ќерка во последно како од многу работи да се плаши. Пример пуштам машина за перење, ако е до мене, веднаш бега. Од правосмукалка пример или фен нема гајле. Ако сме надвор кога баш ќе се стемни, веднаш во раце сака. Ни во трицикл, ни количка, строго во раце. На Тв ако види нешто што може мене не ми изгледа воопшто страшно ама веројатно неа ја плаши, веднаш доаѓа да ја кренам во раце. Не дека е постојано ова, рандом случки во последните недели, ама покажува страв.
Леле исто, се крие од реклами на тв. И до скоро сакаше во темница да спие сега смени. Можно е веќе да имаат страв.
Кога спомнавте страв, малиот мој се плаши или срами како да кажам од непознати луѓе. Ако идеме негде и го загледа некој постар маж жена дете небитно, он се скаменува. Би рекла повеќе како да се срами ама во тие моменти само застанува во место и не мрда додека не види дека е безбеден и не го гледа никој. Како да постапувам во вакви ситуации и да го променам ова однесување? ...
А одамна покажува, а последнава недела опседнат е со буби, само вика Паши бубата, каче каче гое и паши Маио, кога се качувала бубачката по ѕидот го плашела Марио. А се плашеше од правосмукалката, одма се качуваше на кревет и не мрдаше, ама сега јас смукам он по мене со неговата поминува, гајле нема. Е вика за се дека бучи, сите апарати ги имитира како бучат.
Јас не најдов решение, мојот плачеше од сите, некој ако му зборнеше плачеше, покасно му караше/пцуеше, никој да не му зборни, па прашуваа што му е најмногу што мразев, ко ќе ми речеа што му е? Господе Боже, дете е, неможи сите да трчаат секаде кај сите да одат, различни карактери и ние се мачевме со мм на почеток, како можи само нашево да е вакво, нејќеше деца многу, нејќеше гужви, па ако плачеше или викаше некое дете се плашеше и панично плачеше, се ова почна на година и пол на роденден, многу викаа децата и тој не знаеше што го снајде, почна да плачи панично па еве го 5 родендени помина, тој свеќа нема дувнато, сега за 6тиот роденден ќе видиме ама не верувам да сака. А за плашење малото засега се плаши ко ќе го брка брат му и трча кај некој да се спаси Од новости, прооде вчера мали цела куќа ја шета, па бевме и на гости и таму не застана, интересно му е и само шета сега. Пак ноќеска борби беа за спиење. Денес со гурелки изгледа конјуктивит почнува, носе пак поќе мрсули и дома го оставив, 2ра смена сум па и ќе се видиме малку.
Мојот вика не паши за сѐ. Не паши доката (докторката), не паши кучето... @strelec231992 мали се, а и карактер. Син ми се срамеше пред некој ден од баба му и дедо му што не ги видел одамна па се опушти. А на непознати им вика здраво чао ги гледа.
Какви активности им правите по дома на 18+ месечни дечиња? Нешто ми фалат идеи, а ете го почнува период во кој што ќе сме повеќе по дома. Кај нас редење коцки е главната игра, ставање предмети од еден сад во друг, вози/бута колички, коњче, камион и тоа. Сакам некои домашно направени за фокус и координација, безбедни за деца што уште ставаат се во уста.
Сортери, оние таблите за пишување, играчки за сортирање по бои, магнетни коцки, лепење стикери. Не се домашно правени ама им држеа по некоја минута внимание
Види во др тема, активности пд 1 до 3 год. Селотејп широк залепен на стол на нешто ама од наопаку, на него залепи играчиња да ги одлепува, исто со селотејп залепени играчиња на хранилка да ги одлепува. Од виолета влажните оние капачињата ги лепев на картон внатре сликички некој и да ги отвара, мн му беше интересно. Ти пуштив некоја слика во лп.
Земи од Пики од дрвените табли со животни, бројки , овошја. Ги играше тој период. Не знаеше точно да ги реди ама се занимавме.