Кажувајте нешто за бањање, хорор ми е. Од дете што обожаваше вода дојдовме до степен да помодрува од плачење кога се бања. Пробано со играчки, со корито, па полека со потурање вода, па брзо туширање, ништо не помага. Траума ми е веќе, вришти на цел глас и мава со рацете.
Со стикери треба да пробам, сѐ друго има и не го интересира. Еден период ги играше сортерите со форми ептен, ама сега не му се интересни. Има две такви табли со животни, не му држат внимание баш.
Искрено мојава тек после 20 месеци се заигрува и со коцки и сортери и останато. Тој период мислам на околу 18 месеци ама баш за ништо немаше интерес. За надвор само ама нас лето не фати. Со кола една како за проодување што е игра/ше често. Ваква слична имаме.
1.Картонот од тоалетна залепи го на врата и низ него нека протнува топчиња или нешто друго 2.Макарони и некоја подебела врвка нека ги нижи 3. Фломастери, боички или оние боенки што се бојат со вода за координација на рака 4. Табла јајца + чепкалки за уши нека ги мести во издупчени дупчиња или со цевки 5.Шише и цевки, нека ги пика внатре Тоа ми текна
Не сака ни тоа, уште полошо е пошо ми се лизга низ раце. Имаме туш кабина, неаме када така да лимитирани сме со изборот.
Имаше и мојот еден таков период, среќа брзо помина. Јас земав од оние гумените букви и животни што сњ лепат на стаклото од туш кабината мокри и залепив еден кош да става топки, се занимаваше со ова и на брзина го бањав. Косата не даваше па секако со плачки беше тој дел ептен брзо за да не ми избега
Моето сега почнува да се заигрува со се, има работна маса со алат, сега го игра, сортери, коцки исто сега ги игра. Во глобала најмногу сака да растура и да фрла и да вели бам падеее. @Miss_S таква слична имаме и ние, како мал како возеше, уште кога не одеше. Сега не сака. @Sun&Moon Интересни идеи даде, јас ќе пробам нешто од ова. Може ќе се заигрува. Ништо не му држи интерес долго,се е кратко. Инаку надвор од оваа тема, сношти синко само еднаш се разбуди и тоа во 6 сабјле и презаспа. Се будев да видам дали дише . Ова го немам доживеано и убаво било детето кога ти спие. Камо среќа да се зачести ова. Молам бога искрена да бидам. Да се наспиеме веќе еднаш Тема цуцла, нешто синко баш зависен ми стана,само бара сусе па сусе. И кога не ја гледа ја бара. Тоа не се дешаваше, ама во последните 10 тина дена да. Дали толку многу го мачат забите. Бел е во десните. Па да ја бара ради тоа. Ме фаќа страв од тоа како ќе се одвикнеме од неа. Мислам доењето полесно ќе го откачиме отколку цуцлата.
Има ваква и ја игра многу. Седиштето се отвара па ја полни и празни со играчки, прво само ја буташе, а веќе некое време и ја вози. Пред месец дена почна да се качува и да стои на нозе на неа и ја дигнав. Сега пак ја извадив и не му текнало да се качува, ќе видиме до кога.
Хахаха е колку се исти значи не можам. Вчера и он прв пат го отвори и седна така, маж ми се зеза вика може да си кака таму. Да викам уште тоа фали.
Мајка ми му земала од тие дрвените играчки како овошје и зеленчук и со дрвен нож пробува да ги сече. Тие се разделени на средина со чичек трака и треба со ножот да ги раздели. Многу се мачи ама фокусиран е
Хахаха добро е што не ѕенѕа како син ми. Он се качува и игра. И најново, кога ќе се качи на масата се врти во круг и пее нешто на кинески, ваљда од градинка некоја песна. Прави камикази се.
Еј да имам такво од порано не ми текнало да го извадам, ама мислам рано му е, ама секое дете е различно па, да се проба. Мојов со се игра засега, најинтересно му е да става играчки во кутија моментално.
Мојов три дена ја пее рам сам сам дур сконтам јас што пее... Пее дете, врти со тоа речињата и вика Мама там там пути!
Леле се плеска со раце по колена па сите што му се во близина мора да станат и да плескаат ахаххаха. На гости бевме пред некој ден и тие малку поголемо детенце пуштен yt почнува рам сам сам, сите не истегли да играме