Фаза е, посебно во еден од скоковите се дешава, немаше чаре кај нас, помина заедно со скокот, магично еден ден посака да се бања. Едино некогаш помагаше заедно да се капеме ќе се тушнам јас, ќе го земам во раце ќе го истуширам, мм ќе стои до нас да го трие и некако ќе го избањав, ама главата уште е плачки за миење. И ние сме во туш кабина ама облечи мајца и така го држи нема да се лизга. Мојот исто правеше ама година дена стоеше ваквата количка недирната, не сакаше да ја вози(поголема имаме) неделава не сака да стане од неа, на улица, насекаде сме со неа. А и со топки има опсесија, 10 топки имаме дома и на секое одење некаде е плачки оти сака да ги носиме сите со нас… @Bella_Stella и мојов има нож и даска и му давам вистинско овошје и зеленчук и да се мачи, со ова многу се заигрува оти ножот не сече освен ако не е нешто меко, па му треба многу време да “сече”. Со друго ништо не се заигрува многу, сака исто и во ќесе да ги става играчките и да ги вади. Не можам луѓе многу ми е смешен со зборењевоСабајле ми го зема саатот, го стави на рака и ја фаќа цицката и вели, даво цице како си ако не умрев па ете Мајка ми го учела кога ќе стави на рака саат да подава и качува здраво онака хендшејк и како си, синоќ тоа и денес ме изненади од кај му текна.
Нема зошто да ти е страв. Мене ми е искрено многу по ок од аспирирање. Со физиолошки под притисок го буткаш секретот и излегува од другата ноздра. Шприцовите се обични со гумен додаток, од Али Експрес ми се нарачани.
Ќе се надоврзам и јас на Бела, јас користам шприц од 20мл и скроз исто ставам се додека не протече чист физилошки, од прилика по 40мл на една страна од носето, 40мл на другата страна( ова за бебе од година и пол), а за дечкото кој скоро ќе има 5 години се случува дури и по 60мл да ставам. Охрабрете се мајки најдобар начин на чистење на носе е со физиолошки, а и безбеден е
Уф не знам искрено, јас не сум во мк ама нарачувам од амазон, сигурно има опција и на али да се нарача.
Чупиња успешно од 2те страни по 10мл излезе баѓи секрет. Малку поплака ама ништо страшно. Моево е од алиекспрес.
Нормално ли е да бара да му бришам рака додека јаде? Мислам штом има малце нешто искашкано одма бара да го бришам, строго со прибор јаде…не знам што да мислам малце ме плаши ова, а и околу уста не сака да е измачкан, се нервира. Прееска пријателка логопед беше на гости, рече дека збори многу повеќе од очекувано на негова возраст и ме праша како го учам, викам не го учам само повторува и зборевме за употреба на екрани оти тв беше пуштено и кажав како е реално ситуацијата и прашав нели дали има врска со употреба на зборови, рече дека кога не зборуваат долго најчесто тв обвиниваат, ама ако збори повеќе не сметаат дека од тв зборат повеќе.
Зошто да не е нормално? Кога ќе и капне доле од храната сака одма да се избрише и ми покажува со прст. Бара да и се избрише раката ако се замачка. За устата гајле и е, не се замара
Нормално е не си ставај грижи, уште не сака да е валкан, одма се бриши од мало такво беше. Овај другиов нема гајле
Нормално е Јас мојава пицајзла ја викам за тоа. Јадеше овошен јогурт, и се измачкала на прстето минијатурна точка, скапа кенкајќи додека не ја избришав
Мојава за тоа гајле нема. Се учиме ние прибор да користи. За јадење компирчиња на коцки пресечени и детска виљушка до неа. Си фаќа во компирите со рака, пробува да стави на виљушка ако не успее од прва компирчето во уста и така си јади. Ќе почнам престилка моја некоја огромна да и ставам на неа, лом прави алишта. Ни наметки со ракави, ни ништо не помага.
Еве ме, до ден денешен сум таква. Нема зашто да те плаши, некои луѓе (а посебно деца) имаат поизразени сензорни аверзии. Едниот од близнаците е попицајзла, не трпи валкано ни секунда од јадење ама затоа не му е проблем да се пикне во калови и вирови и да се напраи лом. За учење од тв веројатно како и за се друго си зависи од детето. За зборење од 3 месеци им зборам како на возрасни покажувам раскажувам и верувам дека имам удел што на 12 месеци разбираа све, извршуваа команди со по 2 чекори. Ама тоа што разбират и англиски и имаат вокабулар и на англиски нит сум ги учела нит сум седнала да им преведувам. Научиле од тв. Е сега веројатно ќе рече некој не е убаво да се изложуваат на други јазици толку мали, и да, ако имаа потешкотии со говор или други проблеми веројатно ќе бев рестриктивна. Секако јас контролирам што и колку ќе гледаат и не се деца што ќе се хипнотизираат или занесат во тв. Понекогаш дури посакувам да седнат поише од 10 мин да завршам нешто
И јас исто така зборам цело време, а пуштам и програми на англиски дека таму ќе се селиме и таму е роден, сакам да го свикне. А инаку знам дека има луѓе што не трпат така да се искашкани или сл, брат ми е таков, ама некако мислев мал е за тоа па се засекирав.
Нормално е. Внука ми е таква, одма брише раце, а како мала чекаше со рацете кренати да и ги извришеш А мојов арамбаша иди и од мене се бриши или од тросед, или од неговите алишта. Устата со раката си ја брише. Коса ми се крева. Пења устата ми фати и не слуша. Сака сам да јади и можам да ти кажам се е извалкан, а јас никако не можам да го прежвакам тој момент, а знам дека треба да го оставам, го оставам, ама и се нервирам Темата не јадење, се е од излегување нови заби. Боцка горе тројка на една страна, на друга стара 4ка, долу боцка исто тројка, не ми дава да видам убаво што уште се дешава во уста. Срце мало кој знај колку му е мачно, па затоа виси на цице. Аман нека никнат тие забите веќе и да си се вратиме на убавото ручкање. Тоа ми е голема желба да го видам како пак со мерак јаде Секој ден се повеќе зборува, ама и брбори по негово нешто
Моето до 18-19 месеци беше прасе. Јадеше и со прибор и со раце, тек кога ќе завршеше го носев да се мие. Цел лом да беше не му сметаше. Сега е педантерија невидена, јаде само со прибор, со куп марамчиња до него и само се брише. Ако му капне на облека, макар едно минијатурно точкиче одма се соблекува. Ништо загрижувачки нема, такви си се децата
Скоро 15 месеци има и има само кецови. Двојките сите се набабрени и излегуваат мнооогу одамна, кај и да е едната ќе излезе барем. Туку, дали има некој на нашата возраст и да има веќе една дремка? Веќе месец дена како нејќе да спие втор пат. И, кога правевте колачиња за проодување? Веднаш кога се пушти или дури кога само ќе оди цело време? Одеднаш почна пред две недели, два три дена по неколку чекори, а сега шета цела соба па ќе продолжи да лази па па ќе стане.
Леле јас од кога викам еве ги испаѓаат.. иначе за проодено скроз се смета кога ќе може од седечка позиција да се крене без помош на нозе и да тргне, а за постапалки како ти е тебе ќејф мислам немат правило