Така и мојов, ама веќе ја шета цела соба, ако се осети несигурен ќе клекни и со лазење ќе продолжи. Јас постапалки не правам. Не правев ни за првото. Кој како си сака, јас сум олд скул Значи вечерва е врвот на плачење и неспиење, значи ми иди да го фрлам, сношти имаше тт до 38 па долу, не дадов ништо оти сама паѓаше, денес цел ден топол е ама не мерев, не стој, сиг околу 37 беше, конјуктивит има па и капки му ставав, носе 3 пати перев со шприц, многу добра работа, се излезе, носе чисто да диши, јадеше, весел е, ок е вака, ама шо е ова вечерва ако не е на цицка не спие, нека оздрави и крај, толку цицање. Не се издржува ова.
Го мачи носе, температура. Душа мала. Замисли колку е тој безпомошен што не знае да дувне носе. Јас се нервирав со синко што ми виси на цице, а има 17 месеци. Ама вчера кога успеав да напипам троо во уста што се дешава, само си реков леле кој знај колку го боли, што одбива и да јаде. Заби излегуваат три од еднаш, а може и повеќе не можев да го видам убаво, не дава да го допрам. Знам дека ти е тешко и мене исто, сношти 4 пати стануваше и кенкаше. Ама само си речам ќе порасне и после нема ни да ме бара да се гали. А за сон плачам и јас и посакувам да си спие цела ноќ како некој дечиња, ама ете судбина не ми се погоди такво. Нека ни се живи здрави, ние ќе издржиме и ќе си се жалиме овде и подржуваме
Леле еве го шмрка со носот, па му се затнува па плаче зошо не може да спие, не може ни да цица од носот затнат и јас го држам во раце пола ноќ рамово ми падна, капак на се кај моите сум, а сама сум. На мм баба му почина сите се таму, јас дојдов овде а бе хаос од саботата сме, само голтам блокмакс рамово ке откаже кај и да е. И пролив има одсабајле 4 пати, можам орс да дадам?
Се напив чај, парацетамол, и пантенол пастили за грло.... Имам грозно чувство на грлото, не ме боли, ама како некој притисок, како да почнува настинката, па си реков да спречам колку толку. Ама пусто не смеам ни фервекс, ништо од таков тип. А утре ургент ц ќе купам. И фала, се надевам ќе спречам
Јас сум со температура ама почнува и грлото. Само да не кашлам навечер. Баш утре ќе ги земам тие пастили и јас.
Тоа е ќе помини знам ама мачно, во 48 сати само 5 сум спиена, плус денес на работа прва смена. Испадна да е болен, до 40 тт крева, тешко спушта до 37.4, така стои, изгоре вчера цел ден. Крвна слика ок беше ама ЦРП 23 па му даде одма антибиотик Алмацин почнав, сега пак креваше, во 8 и пол 40, блокмакс му дадов па сега чепче парацетамол. Давај му нема штета од него. Како е сега, со помин нека е
Со помин кај вас има температура ама нена 37.8 најмногу ама го дрма малку се глеа не е палав не трча лево десно, сака да се мазиме, лежевме сабајле 40мин јас божем му читам нешто он ме гали по лице ама како да не ми е моето дете, не дека не ми годеше да не сме 300 на саат ама на ваков начин не сакам да е мирен. Пролив од вчера фала богу нема ама и кај нас се забите, му ставав маст денес сите 4ки се излезени и уште само една тојка десно долу и ваљда ке го одморат малку се надевам.
Кој ортопед во Штип е добар за контрола после проодување? Предходно бевме кај Александра, и ем што не ми се оди за Ск со него, па и не ми се дава 2000ки за 5мин контрола.
Terrible two во најава. Ок, одамна се ама како одиме на кај 2, се појаки изгледаат. Вечерва ќерка плаче и вика Нана Нана, цел час порано од редовно заспивање. Ајде викам може се уморила повеќе, може стварно и се спие. Ставам набрзина пижами, ја средувам, доаѓаме во спална, и колку што ја држи глас Нееее нааааанаааа. Виде шише за млеко - Даааајјјјј Го испи млекото - Неееееее Ајде сликовница да земеме, си бира со Стела и Сани. Доаѓаме на кревет, имаш Нееееее И така во круг за се и сешто. Туку да си барам јас диазепам или пивце, винце до мене да ми стани пракса?
Денес супер ден. Синко беше весел и послушен Инаку стана во 8:10, прва дремка после 4 и пол часа и спиеше 2 часа и 15 мин. После скоро 6 часа буден и заспа. И пак ќе стане 100 пати во текот на ноќта. Спиен ноќно 11 часа и 2 часа денски, 13 ч вкупно... Зар тоа не е ок. Каде грешам што се буди толку навечер. Наутро станува 7:30-8 тој некој период и мислам дека е ок. Бар мене ми е ок. Прва дремка околу 13 часот и заспива 20:30-21 часот Во последно време тој ни е ритамот, само и со денското спиење имаме проблем, се буди на првиот час и мора да го нишкам за да продолжи. Ако не сум до него се буди и се ни се пореметува. Никако сам да сврзи два часа. Како тоа да го решам. Значи затемнувам соба, правам атмосфера за спиење... Убаво спие првиот час буквално не мрднува и само одеднаш оп право станува и седнува и ако сум тука, а гледам да бидам, го земам ќе го понишкам некоја минута и продолжува. Што можам да сторам ...
Мислам дека е исто кај сите. Бар од мое искуство со двете. После 2ра година почна ќерка да преспива ноќ без будење и глеј, сега а скоро 5 се буди по 1 сигурно, тоа и трае периодично. Мојава нешто оваа недела иако заспиваше исто 8:30-9, летно време 9:30 оти кај нас е тој период светло, сега оваа недела 11 саат ја фаќа, ми иде да вриштам значи. Конечно денес заспа во 9 пак, се надевам дека ќе се врати на старо оти на сите ни поремети све. Исто спие 1ч денски и ако не ја презаспијам ќе се освести и после кукууу.
Ништо. Ние одамна имаме убав ред и легнува и станува во истите саати, ама џабе, пак се буди ноќта. Синоќе тооолку многу пати стана и цицаше, што буквално не остана млеко во мене, а пелената беше преполна. После се разбуди скроз накај 5 и нејќе да презаспие за жива глава. Се мачев докај 6 и нешто и го донесов во дневна, јадеше како да не видел храна, а цицаше ненормално многу, плус синоќа убаво си вечераше. Јас знам што е маката, многу заби од еднаш му растат, плус пак е со затнат/растечен нос. И колку и да сум нервозна и ненаспана, повеќе ми е жал за него зошто знам и гледам колку се мачи. Сигурно и он нејќе сто пати да се буди и да нема сврзан сон, да го боли и да плаче. Исклучи си ги сите опции, заби, глад, жед, скок, регресија во спиење. Сигурно нешто од ова поминува и затоа се буди. Јас веќе се навикнав да сум хронично неодморена, ама телово на моменти ме издава и ме боли цело како да се разболувам. Одма пијам нешто, зошто немам време да сум болна.
Луксуз е да лежиш болна ја па малку се израдував болна ќе си полежам што пиеш, нешто да помага за доилка?
Ма ова будење не е од сега, од 8 ми месец наваму е така. Веќе сум преморена. Си реков ќе се стабилизира ама јок. Инаку заби и кај синко излегуваат сите оддеднаш. Мачно им е не велам не. И вака така некако функционирам. Ама си барам чаре, ако воопшто го има