Чим е нон стоп значи такво си е детето, друго објаснување немам. Едино да пробаш да го одбиеш па да видиш дали тогаш ќе преспива. Кај син ми будењето беше подносливо 1-2 пати и одма презаспиваше. Сега од забите мислам како фластер е залепен за мене, ама тоа е, период..
Ништо посебно не пијам. Витамини, Ц од 1000мг, Д3 од 2000 и Магнезиум. Ако се осетам да ме боли глава или цело тело и очи да ме печат одма пијам еден ибупрофен со пола парацетамол. Оваа комбинација ми е кажана од матичната за кога ме фаќа мигрена и делува малце. Од пред некое време секое сабајле пијам цеден лимон со ѓумбир, куркума, лажица мелено ленено семе, лажичка мед и млака вода. Порано ич не бев болежлива, пред да се породам се разболев прв пат после сигурно 15 години, ни корона ништо не прележав. Ама ете сега дали од премор телото си крахира. Гледам да се потковам бар малце со суплементи зошто тек ќе ни носи сѐ и сешто од градинка. Првиот пат кога тргна и се разболе одма и јас бев болна, ист секрет имавме од нос, сѐ исто.
Кај нас трае веќе месец ипол- два. Капнавме. Не дојам. Не е до тоа. Не сака ни нишкање, не нишкаме од 4 месеци. Нема поента да нишкаш, научи го за дневна дремка да заспие сам, ти лежи до него. После така и за навечер, ќе се навикне за многу набрзина. Оваа ноќ па цела ја преседе будна, мислам од 1 до кај 6. Од 6 до 7ипол спиеше. Давав и млеко и на мене ја држев и се. Се карав и гушкав, џабе, значи џабе. Не заплача ни еднаш. Само е будна и треска со раце, нозе, не тепа, брцка во очи, нос, кубе. Умрена сум, малку сум хаос јас едвај сама се поднесувам, па и дете. Не знам која е повеќе за жалење во моментов. Кај неа се заби претпоставувам, непцата се отечени ептен, а и нешто како по малку да сака да зачекори, ама не може.
Пробувам на кревет да го презаспивам дење, не сака да го спуштам. А ноќе така презаспива до мене у кревет и после го враќам во креветче. А дење се нишкаме. A сам да заспива, ми е желба ама никако да се деси хехе
Моево уште спие дење во количка, нема шанса во креветче. Ја ставам, пуштам аспиратор, праам јадење и си спие, ако мрдне клацкам ама ако не ја сетам станата е. А големата кога беше колку неа никако не спиеше сама, па мамички јас утепував секој ден по 2 саати лежејќи на спална гушната со неа и гледав во ѕид. Нит ручек спремно, нит нешто корисно завршено.. ама се одмарав хахах иначе од 2г и 3-4 месеци е без дневна дремка.
Еве заспал сам без цице за дремка. Јас излегов, тој ја фатил баба му џа рака и нуна нуна ја однел в соба и легнал на кревет, едната па другата цуцла, си ги менувал и заспал. Таа само била до него. А со мене нема шанси,одма брка во блуза и вика нуна нуна цице Инаку сам си кажува нуна нуна и оди одма в соба и се качува на кревет и ме чека... Абе топење
Колку зборуваат вашите дечиња на две години? Ние за еден месец ќе полниме 2, ама не зборува многу, можеби има 15 до 20 зборчиња. Инаку се разбира, соработува за се, ама не му се збори изгледа
Не се фалам, ми се бега од дома. Колку зборува уста не затвара, па и истата реченица ја повторува по три четири пати да го разбереме поубаво . Па и батко му кога ќе каже нешто пак доаѓа до мене и ми повторува. Па и ако го искарам, ми вели Мамо не многу гласно. Ќе зборуваат сите, после две две и пол години секако им се зголемува фондот на зборови. Уживајте во тишината додека можете. Пејте песнички ама седнете ги во скут да ве гледаат. Кај нас тоа се покажа како одличен резултат. И кога ги гледам видеа од батко му на неговата возраст, се чудам како тој зборувал. Јас мислев дека е голем, а тој всушност бил бебе уште. Сега ми е жал. Неговите врсници, деца на моите другарки, презбореа накај три, па додека да презборат јасно наполнија 4. Сега се веќе 5 полни и нема разлика меѓу нив. Најважно е да разбира команди, да покаже што сака, контакт со очи, да се врти на име. И да не цуца лажливки. Другото ќе си дојде едно по друго. Ние мајките само бараме проблем во децата и сме загрижени постојано за нешто. Доколку некое дете има проблем со развојот, најверојатно матичен лекар ќе препознае и ќе даде насоки.
@Bella_Stella @Ceneva @lackygirl Со лесно мајки, побрзо да поздрават дечињата. Вас ве цитирам бидејќи често ве читам дека размислувате да престанете со доење. Можам да ве утешам дека ќе биде полесно од две години. Тогаш речиси сите запчиња им се излезени, имунитетот малку им е стекнат и не се разболуваат така често, имаат по една дремка и преспиваат по цела ноќ без да бараат цице. Моето искуство е такво и со двете деца, првото доени до две и пол, вториот е две години и четири месеци и сеуште цица ама само за заспивање, бидејќи јас поинаку и не знам да го заспијам Сега и двајцата заспиваат порано и јас не знам што да правам кога ќе заспијат. Си седам во тишина, не ми се верува дека и тоа го дочекав. Сношти се сетив на минатата и пред минатата година. Исто како вие што поминувате сега, плус јас и сопругот и двајцата на ново работно место. Јас ненаспана, без концентрација, не ми го продолжија договорот. Сега да сум таму, вака одморени верувам ќе ми дадат и покачување
Се тоа си викам, издржи период е. Последните две вечери е страшно кај нас. Будење на секој саат и цица како новороденче по саат време. Имам млеко, никогаш сум немала проблем со тоа, ама сега ме цица до крај, па се нервира зошто нема веќе. Плаче неутешно, а јас сум сѐ понервозна. Кажав претходно дека доењето ми е уживање, затоа и уште го дојам. Ама деновиве не се трпи бе луѓе. Од забите е многу нервозен и ме тегне со сета сила, не оди он накај градата туку ја граба и носи накај уста. Болно ми е и ме напнува. Не можам два часа сон да сврзам како човек. Знам дека му е многу тешко и многу ми е жал што е така, ама едвај издржувам, едвај!
Мислам дека можеш да дадеш пола доза парацетамол. Имам така давано 2-3 пати зашто ми било греота цела недела да се мачи со болка и да не може да спие.
Гризаше и мојот еден период, па престана. И јас сакав да се откажам ама немав начин, многу беше болен и не знаев како поинаку да го заспијам, а да не е со доење. Се будат бидејќи се исплашени, мама на работа, тие во градинка и се им е ново. Плус и разболувањетп и забите. Стануваат да проверат дали е мама тука, а си цицаат за утеха. Плачат дека не можат да презаспијат а не дека нема млеко. Барем јас така мислам.
И јас мислам дека плачат ради тоа дека не можат да презаспијат. Моето плачи и вика нуна нуна, а не заспива. А на цице виси како цуцла да му е. И ако се тргнам ја бара и се лути. Ама јас упорно цуцлата му ја ставам и заборава брзо. Инаку и јас не можам да издржам да ме цуцла нон стоп @Bella_Stella и те разбирам потполно. Ама пак не сум спремна да го одбијам колку и да ми е мачно и само зборам ќе те одбијам, ама дефинитивно не сум. Па ќе видиме до кога вака ќе тераме. А забиве голема мака, ова не знам нема нема и сите одеднаш. Жални се. Ама тоа е мора да поминат низ тоа.
Давам по потреба, вчера му дадов чепче ефералган. Он не гриза ама ме влече, непријатно ми е. Станува и плаче од болка, а цица за утеха не е од глад, знам. Деновиве и на градинка не го носам зошто е со мрсули, не спие добро и страв ми е пак да не се разболи. Јас од дома работам, не се дели од мене освен за тие три саати кога оди во градинка.
Да ве поздравам! Издржете, викаат ќе биде боље. Јас сум со 22 месечен тодлер и 8 месечно бебе! Што сé не преживувам во едно деноноќие
9 факинг дена без антибиотик и дете болно пак, пак воспалени уши, пак се од ново. Ми се плаче ама озбилно веќе. Совети од сите страни, не давај антибиотик, дај антибиотик, дај појак, дај послаб, дај Дефендил, дај Бимунал, дај матичен млеч, дај ваков прашок, онаков прашок, дај... Докторот препорача некој сируп од Србија, за намалување на секретот во носот, регулирање на слузокожата во носот, намалување на крајници, за горнореспираторен тракт секако. Ајде и тој ќе го земеме, да биде се дека сме пробале. Упорен е 2 до 3м дома, му велам ние после 2м дома и супер здрави тргнавме во градинка и еве не сме се опраиле, требало подолго дома да седи... Е ај ако не ќе дадам отказ, што да правам. Ми се темни веќе. Налет и градинка и се, детево се мачи, го болат ушите веќе, плаче, јачка по цела ноќ.
За тој сируп за намалување на крајници добивме и ние препорака, немам искрено искуство. Големава беше секој дневно со сируп и спреј за нос без разлика дали имаше секрет или не со цел да се намалат крајници додек дојде денот за ОП.
Не го пробавте? Јас мислам дека нему секрет му прави нешто и тоа е причината. Овој пат не е нит бактерија нит вирус, измеѓу нешто, мутира се у три лепе нека иде. Да не сум сигурна дека на детево му е преубаво во градинка утре ќе го отпишам.
Не го пробавме, немаше баш кој да ни го набави тогаш за брзо. Иначе мислам дека и Марија од Татин Дневник не знам дали на знаеш, она кажуваше исто мислам за тој сируп, нејзините деца го користеле секојдневно. А за секрет, освен капки, нас ни имаа препишано и една маст, секретот се должел на некоја бактерија која и покрај поминати месец/2 стварала секрет. Проблем со ушите Нина немаше никогаш нити пиела антибиотици иако крајниците и беа страшни, кај нас проблем беше гушење и хрчење во спиење, сте биле ли на преглед за нив?