Има ли некоја мајка што го носи детето во Црвенкапа(државната) или Бамби во Аеродром? Ми треба некоја информација за градинките. Може и во ЛП да ми пише.
Девојки може некоја да ми даде информации за докторкара Старова( за атопичен дерматит)...не знам точно како и е името и во која болница се наоѓа во Скопје?
Доктор е тоа, кај Мавровка работи во приватна клиника. Термини нема, пробај кај докторката друга што работи таму.
Еее затоа никако да го најдам по државниве болници...Случајно да не знаеш како му се вика ординацијата? Ангел ни за после Јануари нема термини?
Само те гушкам за поддршка. Трауми имам од тој период и сочувствувам со тебе. Претешко е! Совет за бактериите и ушите немам. Ама кај нас се подобри ситуацијата со разболувањата кога намаливме градинка. Сега оди само среда и петок, во друга градинка со помалку деца, и да чукнам во дрво не се разболува така често, знае да му се затни носе и растече ама тоа ништо не е во споредба што поминавме. Јас работам среда, петок и сабота и супер ни е вака за сега. Ти ја давам идејата чисто да прашаш и кај тебе дали е опција 3-4 дена да работиш и да намалиш градинка. Со помин мами, тешко е ама поминува
Со што ги занимавате децава од година ? Јас не знам дали е само до моето дете ова е нешто неверојатно две секунди не застанува ,премногу темпераментен . Не можам до вц да отидам . Дали е паметно да земам од они игралните со топчиња , што играчки би земала ? Зошто освен кабли и врвки ништо не го занима хахахаха
Ништо. Тенџериња и лажици. Со тоа игра, пола кујна на подлога ми е. Имав и игрална со топчиња, што фајде не седеше ај летово во двор ја извадив и пред некој ден мм вика ај да склопиме ова игралнава само ја прескочаме и ене ја сеа во кутија. Игра со попит, максимум 10мин, сега ново му е интересно сликовници да читаме и звучни книги тоа сака. И коли брм ама се му држи внимание 10мин. Максимум 15
Прати што го интересира, ако е повеќе по груба моторика можеби нешто за качување како пиклеров триаголник. Инаку види имаше друга тема "Занимации и игри" нешто така, пишувавме може ќе најдеш некоја добра идеја. А за до вц со се дете одам секако најчесто Бтњ Дајте некоја идеја за ручеквечера за после градинка што може да јаде и дете 1+ и родители, да се прави брзо или од вечер? Се едни исти манџи вртам, ни ќерка ми ги сака веќе ни ние.
Да одиш да се консултираш орл? За вакви ситуации знаат да препорачаат цевчиња во уши за вентилација. Големиот немаше чест проблем со уши, ама кога направи мастоидит препорачаа да ставиме и од тогаш не се повтори проблем со уши. На пријатели па баш заради чести проблеми им препорачаа да стават. Чисто како предлог да се распрашаш. Е сега знам страшно звучи зошто хируршки ги ставаат, ама е кртоктрајна 15 минутна интервенција.
Сите се доктори во такви ситуации, добронамерно сакаат да помогнат ама одмагаат. Слушај си докторот и никој друг. За работа, види дали има опција за неплатен да земеш.
Ти пиша и некој друг, дали сте биле на орл? Проблем со трет крајник? Чести воспаленија и отити имаме од трет крајник. Наредна недела ќе го оперираат син ми и ќе стават цевчиња, друго чаре немаме, антибиотици не делуваат. При секоја мала настинка кај нас се воспалуваат ушите и плус секрет во средно уво. Еве моментално тераме 6ти антибиотик по ред, да заздрави за да не ни ја откажат операцијата.
Мајки давам Блокмакс сируп само навечер пред спиење 2.5мл, ја мачат многу забите. Има ли ограничено колку време може да се дава по ред?
Немој! Ако не сакаш да си отввориш работа и топки да собираш по цела куќа и под кревети, немој! Магнети со животни или букви/бројки.
Јас кога и кажав на матичната дека давам блокмакс ми рече подобро парацетамол дај му одколку блокмакс. Не прашав ни зошто ни како ама следен пат ќе прашам. Па оттогаш давам 2.5 мл ефарангал сируп. Ако знар некоја членка нека каже што како е разликата
Кај нас пример за се даваат и за возрасни и за деца ибупрофен, а исакрено мене лично и на децава парацетамол не ни спушта тт, најдобро мачкајте со гелче ако е за заби.. туку мене ме интересира чепче моево го кака за 1-2 минути, сируп плука, немаме сега проблем во моментов ама од искуство до сега така сме поминале. Реално не знам како да и давам, а да има ефект. Ете кога падна муабет за лекарства ми текна и да прашам
Гел никако не ми дава, уста не отвара. Не знам како да ја мачкам. Сируп успевам сега за сега бидејќи ѝ се допаѓа вкусот.
Не, краткотрајно се дава секаков вид на апче за болка и температура, 3-4 дена, ај и 5 преку сила, ама 2 недели не. Недај боже може црн дроб да му се оштети.