Си пробала да даваш сируп со шприц со такво тенко врвче? И мојот со лажичка го плука ама со таков шприц давам на крајот од устата го ставам и по малку пуштам чекам да го голтни па пак малку… Само на овој начин го пие
Не сум давала 2 недели. Ти пишаа и погоре не смее толку долго. 3 дена максимум. Јас давам гранули осанит ама кога ке видам ептен бело непце пред пукање и квичи тие 2 3 дена знам да дадам за да одмори и он и јас малку
Со шприц давам ама не ни отвара уста па ја стегам и наместо да голтне кога ќе и прснам внатре скроз она плука или повраќа, ужааас.
Инаку да прашам, почнувам да кашлам. Што смеам да пијам да не се влоши? Нешто природно што можат доилки
Од Амазон се ама слични имаме и букви тие се од Мк ( просветно или офис плус да не те лажам) овие конкретно се за 2+ Ама и држат внимание оти само си лепи и вади по 100 пати ја имаме и оваа ама гледам дека на странава има многу магнетни игри и сигурно има нешто слично како нашата од Амазон
Јас па обратно знам и тоа од скоро дознав и ми го потврди фармацевт. Наводно парацетамолот бил потежок и полош за црниот дроб, за разлика од ибупрофенот. А јас па користев цело време Ефералган чепчиња зошто сируп нејќеше да пие, Блокмакс зимав, не му се свиѓаше вкусот очигледно. Сега сменив, земав Неофен чепчиња, а сируп Парацетамол на Босна Лек, го сака.
Да не пишувам во Итно, овде ќе прашам. Дали може нос да тим тече кога вадат заби? Вади сигурно 3-4 заби во моментов, се лигави повеќе тоа сигурно. И од сабајлево почна да и тече носот онака само вода. Значи не е затната воопшто ама и тече многу често. Дури и очите и солзат. И да и ставам нешто во носето? Мислев физиолошки ама има поента? Дека нелисамо и тече, не е затната.
Да ,и кај моето е таква ситуацијата,вади три 4-ки одеднаш. Чисти носе,можеш и инхалации со физиолошки да правиш.
Имунотрофина Ти пишаа веќе, закажи кај докторката па ќе се консултираат. Нема таква опција кај нас, не можам да работам 3-4 дена, ниту пак постои опција он помалку да оди во градинка. Сепак е ова само Македонија. А искрено како ќе се намали разболувањето не ми е јасно бидејќи е пак изложен на вируси и бактерии во огромен број, многу деца минијатурни занимални. Ми препорачаа. Ама мал е уште рекоа, бар полни 2ипол да има. Исто, од 2ри септември до сега 6 пати имал воспаленија на уши од кои два пати во рок од 10 дена се воспалија. Многу мачно. Ќе ставаме и ние, ама да наполни бар 2ипол. До тогаш да пробаме со сирупов. Блокмаксот многу бргу симнува тт, нагло, и може да предизвика тоа грчеви. Мене на ДК ми го кажаа тоа после втор пат грчеви на големиот и тоа само од Бруфен, првиот пат од Блокмакс, вториот пат од чепчиња Неофен. Од тогаш не давам ни нему ама ни на малиот не давам од страв. Мене па само тоа ми делува, за главоболка и за болка општо. Инаку вирусно излезе кај синко, сите не покоси па и накај комшии фати. Почнува со коњуктивит, болки во грло и на крај воспалени уши. Јас се средив на време со Ургент Ц. Од мене префати комшиката, од неа син и, еве ги легнато детево ич не е арно, со инекции. Имаме среќа нема температура малово, ама од болка си јачка цело време.
Може глупо прашање, ама дали Дексазон и Дексаметазон е исто? Вчера земав една ампула превентивно за дур отидеме денес на преглед и ми дадоа Дексазон. Денес тоа и му препишаа, а во истата аптека кога побарав гледам ми дале Дексаметазон.
Која градинка? Болен е мама, не оди од минатиот понеделник. После пауза од 11 дена беше само еден ден и пак се разболе. Вие како?
Офф.. Почна минатата недела да се мрсулави, еден ден температура качи ама некако на нога пројде и полесно од минатото, па денес ја пуштив пак. Седи до 12 па ја земам. Што правите во градинка: ам,ам,ам. Од кога почна да јаде,не плаче веќе, тоа било лекот Ама на психа ми удри да ти кажам ова со вирусите, се како да чекам следен да дојде и ко стварно да ќе дојде и ќе се разболи. Денес ме ставија во мисла негувателкиве дека и тече носот па као да и направиме брис, па сега се мислам да ја носам..
Како е, ларингит е? Да исто е колку што знам. Ние продолжуваме со венски антибиотик уште 2 дена, вкупно 5. Потоа панцеф, инхалација со салбутамол до петок, пукнав од нерви готово иначе физички е подобар, денес павлака јадеше, др ништо, ама пред тоа и воопшто не јадеше така и ова е успех. Денес играше, почна да се движи, почна песнички да гледа. Градинка тешко сега, 1 месец најмалку дома ќе е.
Епа и он така беше. Носот течеше, еднаш само качи темп и сам ја симна. Продолжи носот и во саботата вечерта Ларингит. Ајде со лесно да ви е и што поретко болести. Брисеви и ние утре ќе правиме, така ни кажаа зошто секретот менува боја, де проѕирен, де бел, де жолто зелен. Ларингит да. Плуча и грло добри, крвната слика е добра. Се надевам само со инхалации ќе поминеме овој пат. Ајде побрзо да помине и кај вас, срцко мал се изнамачивте. Нека си јаде што сака, бар малце да става нешто во уста е успех сега.
Точно 1г и 10 месеци беше кога му ги ставија. Искусна докторка на клиника ова ни препорача (за жал веќе не работи во пензија отиде пред 2 години). Ама веројатно имаат причина за одложување иако ако го препорачуваат тоа незнам зошто би чекале и би се мачеле.