Ова само да ти кажам не сте само вие. Уште не сум издезинфицирала опрема од последниот пат, еве пак се влечат мрсоли од денес. Синоќа плачеше и не спиеше добро, мислев дека друго ја мачи, а она вајда главоболка имала и затоа во раце сакаше да спие. Сега барем знаеме дека не и е добро и ќе чекаме да видиме што вирус ќе е овој пат. И кој од нас нормално ќе ја дружи. Нека поминува кај сите, само да е полесно, периодов на вируси само што почна. Железни нерви и многу сила за мајките. Сваќе бе .
Абе знам, сите се исти. Дур да стекнат некој имунитет ќе ни мириса по дома на болница, тоа е. Инхалаторот ни стнаа декорација дома.
Јас сум поминала се досега со првото, ама еве ова не, крпа беше, буквално крпа, глава неможеше дa држи, детево го снема, го немаше, ај да не должам.. Битно денес е подобар, само нз како со инхалациите, премногу плачи, од премногу што е истрауматизиран деновиве со инфузиите. Мислам од она плачење штета ќе напрај поќе Се пробавме исто е. Едит, играчките не беа допрени неколку дена, суредено беше, а колку ми беше тажно, в кујна ми немаше дојдено да ми растура, колку ми фалело, денес дојде и в кујна, по старо се почна да отвара, да ваѓа пајнци, играчки расфрлено в дневна, душа полна
Оваа вечер пробав друг начин да се успиваме. Лежевме на спална, пеев тоа што пеам секое заспивање, тој се вртеше, седнуваше, легнуваше и заспа. Ќе продолжам така да се успиваме, зошто мајка грб нема веќе. Иако заспива за мин нишкајќи, а вака ни требаа 15 мин. Ама вака полесно ќе ми биде следно сам да го учам да се успива. Се надевам де А денски ретко повеќе од два саата да спие. Ама ајде и тоа подобро од 50 мин некогаш па после е невозможен, како брцнат во струја Сите мами со болни дечиња да минува што побрзо. Јас ете ме пуна сум со шлајм, ми се слива од синуси, а нос сув барут. Ова ми се нема десено. Сега само да се надевам дека нема да му пренесам на синко. Добра ноќ мамсити
За два дена ќе се навикне, од кога ти зборам. Ќе видиш. Денски ми заспива за помалку од минута. Има рутина, пием млеко малку предходно,а може и без, четкаме заби и цуце. Гушка и толку, спие. Навечер може ќе и треба 10 минути, оти е со татко и, и додека се доигра, ама генерално е брзо. Не нишкај само повеќе.
Син ми сам одби да заспива во раце пред скоро месец. На спална лежиме, цица, па ме штипка, се галиме и заспива. Дур цица тешко дека сам ќе го научам да заспие, ама вака е подобро од држење во раце.
Моево од 6 мес скроз одби да го држам во раце и така заспива врткајќи се. Велат дека до 20мин врткање е сосема во ред ако притоа не прави проблеми. Сега некогаш и се симнува од кревет оди до дневна да види дали има нешто, но јас се' гасам пред да се успиваме и гледа дека секаде е темно се враќа се качува на кревет.
Не знам, ама следно ми е орл во Козле да го однесам, ми фалеа една докторка па ќе пробаме. На приватниов некако имам доверба ама не е тоа тоа. Ќе видиме со сирупов како ќе биде. Ама нишкање не е природно за заспивање, напротив е погрешно, дури и опасно за децата ама навика наша пуста балканска. Никогаш не сум нишкала дете, читав дека создава раздразливост и го крати сонот, кога мозокот ќе се освести дека не се нишка повеќе и се буди порано од вообичаено. Како на брод, се нишаш и ти е лошо, е замисли како им е на децава да ги нишка некој. Не 1мин, и 10сек да е, не се нишкаат деца.
И јас не нишкав до 4 месеци, заспиваше сам во креветче. Дур не не фати регресијата. И сакаше да заспива исправен во реце, не легнат. За ништо живо не можеше да го легнам,како на клинци да го ставав. Мака имав по 40 мин се заспивавме. И од тогаш сака в раце. Јас не нишкам да го тресам детето, само го држам и шетам. За мене и тоа е нишкање. А каде беше да ми кажеш порано дека дете не се нишка хаха. За ова пишувам многу одамна. @јolene заспа убаво, ама затоа стана два пати со таков плач само ме гушкаше и не сакаше да легни туку да го држам в раце и стојам. Кој знај што му беше. Одмана не сме имале такви епизоди. Може месец дена.
Јас не сум те прочитала, сум пишувала и друг пат за ова. Не те обвинувам, тоа знаеме кај нас, ај ние бар ги држиме у раце и нежно нишкаме, зборам тоа што сум гледала, една комшика имаше гости од Турција, леле жената како го нишкаше бебето, ја прашувам зошто и вика кај нас само вака ги заспиваме, крвнички. Јас и двајцата исто ги успивав, на кревет, на рака ќе ми легне и го прилепувам за моите гради, за 3мин го нема. Има денови кога е нервозен, го боли уво и слично, го легнувам на голема перница и у скут, исто залепен за мене и одма заспива. Ќе се научите не се сеќирај.
мајки, хелп. синко 13м болен со некое вирусче, меѓутоа навечер премногу кашла. втор ден како не спиеме ниту тој ниту ние зошто цело време кашла, се буди, па плаче. слушнат е од педијатар, освен инхалација со кортаир и физиолошки, + витамини нема друга терапија пошто крвната слика е џам. како да помогнам со кашлица, сирупи викаат не се даваат на толку мали деца? го тапкаме по грбот, искашлува, ситуацијата се контролира преку ден, ама навечер мислам дека звучи како некој пушач од што кашла толку многу
не пробал, а за повисоко спие многу немирно, се врти , се преместува, ама ќе пробам со кревање на целиот душек дали можеби тоа ќе му помогне, ќе видиме :/
Мојов се мачи со кашлица овие два дена, му правам прегорен шеќер со млеко и путер и варам чај со кромид и јаболко и една лажичка мед. Колку толку помага. Плус инхалации и чистење нос цело време.
Еве и ние сме со затнат нос и насабајле кашла од што му се има насобрано како шлајм изгледа од мрсолите.. ставаме капки за нос влечеме мрсоли.. не знам што друго може да направам. Дали да го носам и на доктор
Па добро, зависи и кои извори си ги читала. Ако си читала sleep training пропаганди викаат нишкање е неприродно и преувеличуваат ко ние потрес на мозок да им предизвикуваме со нежно нишкање. Други извори викаат дека е најприродна работа на свет и така најлесно се смируваат. Сега кој не сака или не може да го нишка за заспивање, супер. Има и други методи, ќе се навикне бебето. Ќе лежи, ќе фучи па ќе се навикне. Ама сега дека е опасно или навика пуста балканска (најприродна работа на свет е, низ цел свет), па и не е така.
Па Мејо Клиник ми се некако релевантен извор, не знам... На крајот секој си одлучува за себе, ваљда ако се смирувало само со нишкање и јас ќе сум нишкала, не знам.
Мајки кога дадовте мед? Ве читам со лековиве за кашлици и сл, па да воведам се мислам дур сме здрави, 14 месеци има. Се има пробано освен мед и костени. Кај мене нишкање никогаш не палело, јас да го легнам да го нишкам он ми се гази од смеење ми шлапа браво дека му пеам па зема да игра заспива најчесто во раце кај мене ама легнат на рамо, кога му се спие доаѓа ке ме гушне и знам што е работата, некогаш до спална не сме стасани он заспан е. Како се справувате со саатов одкако се смени кажете мии, во 06:05 е станааат првиот ден ај очекував, вториот заспа пред 8, 10 до 8 беше и знаев дека ке стане. Ај вчера од попладневна го презаспав спиеше 30мин плус и излеговме да му се продолжи вечерта, заспа во 9, сабајле ко аларм 6и15 на нозе. Мене денов година ми е.. го чував до 12 на пладне за дремка, а денес ко за беља во количка на кај дома ми заспа, еве го сеа спие, утре во 5 ке станеме