Ние насабајле со мм јадеме сечкано овошје одозгоре со мед и тој стрвен сака да проба што јадеме и така му дадовме 2-3 парченца беа извалкани со мед. Нема изедено некоја голема количина, а и мелена плазма му имам ставано малку насабајле ако сакам да згуснам нешто.. така спонтано испадна. Два дена по ред станува во 6 30, а заспан во 9 30..скоро 10 ама сега за сега препишувам на затнатиот нос. Сега спиеше од 10 до 12 и немам појма како ќе се одвива денот.
@Carolin. Јас му дадов со лајче да проба, пред месец. Иначе еве 2 дена исто станува во 6ч. Од ко е подобар се врати во некој ред иначе ништо не се знаеше. Сега спие од 11 и пол, в кола заспа и продолжи еве 1 сат има, ама нз до кога ќе спие, и ако стани сега после кон 15ч сигурно пак ќе му се спие.
Мојов со една дремка е.. следното заспивање ке му биде за ноќно спиење. Сега еве го спие на мене, нешто носов му грчи, а 2-3 дена кога спие му велам на мм детево ми хрчи некако он не изморен бил, па секогаш е изморен ко моторче во газот да има е нон стоп, што вика баба му струја без гајтан, па не ми грчел така ко сега. А вчера шетавме во затворено и излеа толку ни треба за вируси... деца еден куп имаше.
Ние уште сме те со една те со две дремки. Чим стана во 12 нема шанси да издржи до вечер.. не знам што ќе прават со баба му како ќе се успијат
Нешто ме мачиц детето често го приметувам додека спие или заспива чудно ми дише, значи зема воздух, го задржува па испушта и тоа звучи како да се напнува нешто, не знам како да објаснам ако успеете да ме сфатите, ете денес има благ тт, кисел е ама мислам дека е од мрп, точно 21 ден денес како ја ставивме, до сега немаше реакција. Додека спие си диши нормално…се мислм од затнат нос да не е, ама не е многу затнат, го чистам и убаво си диши, не знам што да мислам, множно ли е нешто да го боли? И малце квичка во сон како да се жали, веројатно е од тт или од што плачеше многу и ноќва и сабајле.
@1209 од Мрп после 21 ден, сигурно не е. Т.е. не ми се верува да е. До кај 14 дена сум слушнала, а најчесто околу 10ти ден.
@Carolin. Немаме мака со порано станување, пак си станува исто, само првиот ден стана во 6 и пол, ама јас се правев дека спијам и тој презаспа. Баш бевме во белград на гости и спиеше мегу нас и немавме проблем. Ама од како се смена времето, дневните дремки наместо порано ние покасно. Инат води не сака да спие хехе. Требаше да заспие некаде околу 12:30, тој заспа 45 мин покасно. Белки ќе одспие сега барем два саати
Леле не знам, кај нас ни рекоа до 21ви ден може да има симптоми, ама и јас веќе се сомневам дека е од тоа, многу е расплакан отсабајле, баш како кога е болен, може грлото да е оти кога цица како да се мачи…ќе видам како е до утре па ќе одам кај матична.
Убаво ти рекле, до 21 ден може од мрп. Ама се многу ретки толку касни реакции. Може има настинато, идеално е времето за настинки. Едит: Рубеолата има инкувација до 23 дена и појава на симптоми Ради тоа до три недели викаат дека може од мрп да даде симптоми
Алал да ви е чим пијат чаеви. Мојов освен вода, млеко и чат пат цеден сок, за друго нејќе да чуе. А кашлицата му е зголемена од синоќа. Не знам дали инхалациите ја разводнуваат па затоа, или што е финтата. Направив чај од кромид и јаболко, џабе, нејќе. Кога ја прашав матичната дали да му давам нешто за кашлица, рече не, инхалациите се доволни.
Ние поминавме супер. Никаква реакција. Ретко дава мрп реакција. И ако даде обично е 11-12 ден. Нас така ни кажаа
Најверојатно не е тоа, не се секирај нема да има реакции сигурно, мислам дека е настинато моево еве и мене трески ме тресат и целта сум рашмркана. Јас му дадов во 2 парацетемол имаше 38тт, ама многу беше жален ептен плачеше, не спиеше не јадеше, сакав да се смири малце и веднаш стана подобар, касна и спиеше. Ама стана сега и пак е топол, значи на 4 саати ќе си качува…ќе видиме утре како ќе е. Други симптоми нема ништо.
Иста мака, ништо само вода и цицка ама ништо друго не сака, ете го големиот и ден денес само вода пие и мн ретко сок и тоа само еден вид на сок Имам давано за ларингит и лоратадин навечер ама инхалациите би требало да се доволни. И моево денес е зарипнато, дали од плачењето или ларингит прави плус нз, веќе нема крај на нервите. @1209 на апнеа ми личи, така задржуваше воздух првото еден период после настинки, многу ми беше страв, нон стоп го слушав кај што диши ноќе и го тресев, еден педијатар ми рече дека не е страшно дека нема шанса да не диши бидејќи е рефлексно дишењето, ама сиг 2 месеци така страв сум кркала, по цели ноќи не спиев.
И мене ми личи на тоа и да поизразено е кога е затнат или болен. И мм има апнеа не знам дали е наследно, ама пак ми е на мисла, баш ќе зборам со педијатар.
Кај моето тој период беше баш често, ептен страв ми беше, педијатарот ми рече ако трај подолго да се испита мислам во козле испитувале, имам заборавено, ама помина, сега се дешава ама поретко, со мене спие уште баш пред некој ден пак така направи ама веќе не се плашам. Скоро сите сме имале во спиење. Мм го имам исто сетено некогаш, тој ми рече дека и јас сум имала ме имал слушнато. Само да не е често и долг период.
Мајки, кога прв пат ги однесовте децава на забар и што се случуваше? Како пројдовте? Син ми има 8-9 заби веќе, мијам секој ден, не знам кога е правилно време. 13м И секако предлог добар стоматолог во Скопје ако имате да препорачате
Сѐ си бива. Реакција ли, настинка ли што и да е да минува побрзо. Јас не го чувам дома. Не дека ептен со деца го мешав деновиве, ама не забранував на никој да дојде. Во однос на тоа и од вакцинално ме советуваа да си тераме секојдневие како и до пред вакцината. Блиска моја 21 ден не ја измеша со никој, малку апсурдно ми е беше. Ама ај да не зборам предвреме, да не ме стаса тоа што сум лабава.
И оваа вечер успешно успивање во кревет Инаку на тема заби миење, даваше да му ги четкам без паста, со паста никако не даде. Ама сега не дава ни без. Пробиени се запчиња што можев да видам, ама не се доизлезени и највероватно поради тоа не ми дава да го допрам. Мора да сменам паста, да видам со некоја друга дали ќе ми дозволи. Која ми ја препорачувате?