Јас пред вакцината не го мешав. Ми беше битно да остане здрав за да ја прими. А после нормално си функциониравме. Глупо е да го изолирам до тој степен, кога мм оди на работа и се меша со секакви на градилиште. Ќе биде се во ред и кај вас. Терајте си секојдневие како до сега
Неуспешно беше кај мене Chicco пастата, бела мала тубичка. Не знам дали беше до неа или до четката ама нејќеше да мие. Сменив паста зедов било каква пробно, Vademecum во моментов, ама сменив и четка. Не дека ужива во процесот и не дека темелно ги миеме ама се трудам да e сѐ подобро. Успешно миење имаме само кога ги врти и стиска копчињата на сушарата и пералната. Долг пат беше да дојдеме до тука , ама задоволна сум што бар ми отвара уста и дава да му стругнам малку од малку. Пробајте така, да се занеси во нешто. Нареден пат би зела Curaprox место Vademecum.
@Ceneva По мене апсолутно не е толку битна пастата колку механичкото четкање со четка. И кај нас возрасните е така, верувам за деца е исто, ако грешам нека ме поправи некој стручен. Кај нас е навикната веќе на четката, дел е од рутината и сама ја бара. Па имаме договор, прво малку сама "четка", па мама четка (тука стварно и ги четкам забите јас) и после пак она сама.
@DaisyDoo Даваше без проблем, јас што велам без паста без, битно четкавме. Ама како почнаа да пробиваат 3ките и 4ките не дава да го допрам. Вероватно го боли. Па си реков некоја поубава паста па пак да почне да дава. Му имам земено од брусница на Ziaja. Мене ми е убава ама можеби нему не му е.
Јас елмекс купив 0-2. Вкус ко на паста за возрасни ми е, детево ја сака. Ама четкањето кога како, кога ја болат запки не дава, сама си ја зима, се чешка со неа. Јас пробувам по неколку пати на ден, паста реално само навечер ставам, а така преку ден само пробувам да зачеткам. Битно е и рутината, полека полека ќе научат.
Зошто после инхалација повеќе се раскашлува? Вака преку ден не кашла многу, дали 10ина пати ќе се накашла. @1209 истото го приметив со дишењето кај син ми прв пат синоќе непосредно пред заспивање. Мислев кака зошто така звучи, како да престанува да дише и се напнува да се искака. Он е болен, затнат и има ларингит.
Дали има некој искуство со ортопед Александра Димова? Сакам да закажам термин онлајн, но, не знам која контрола да ја изберам. Контрола пред проодување или контрола после проодување (тука пишува барем два месеци да оди детето, но моето почна пред неполн месец, до терминот би било точно месец) Што велите вие?
Да јас идев на прва контрола кај неа, добра е ама реално ако детето е наизглед без проблем мислам дека 3000 ден се баш многу за ортопед. Втор контролен во Штип бев и задоволна сум за помалце пари, ама ако си од СК исто ќе ти се фати. Ама почекај уште 1м за било каде. Е баш така, јас мислам дека е од затнат нос, задржува воздух за да влече при цицање. Моето не кашла, мислам си поткашла 2-3 пати овие денови ама ништп алармантно. Пак ми качи тт на 4 саати, ама не многу 37.7 цело време, повеќе не оди, го расоблеков само и лежам будна да видам дали ќе спушти, ама изгорев за спиење очи ми капат. А и јас како да сум топла плус и грлото ме гребе многу, ич нејкам да сум болна, мислам нема човек што сака ама јас многу се нервирам кога сум болна
Земав да читам за апнеа и се напнав. Се надевам дека од што се болни се случува таа задршка на воздух, до сега ќе приметевме ваљда да имаше нешто друго. Иначе за темп знам таква имаше и моето, многу е глупава. Ни си да дадеш лек, а они си имаат мака. Ако спие нека го, легни и ти. И јас така порано дежурав, ама болно дете со висока температура ќе те разбуди верувај. Нема шанси да не го осетиш, поготово ако спие до тебе. Некни син ми качи 38 баш пред спиење. Го заспав и си спушти во сон без лек.
Не сум во мк и тука педијатар не те праќа на ортопед, он ја врши и таа работа. Само на почетокот за колковите нѐ прати на ортопед, бидејќи не беше сигурен во сопствените резултати. Од тогаш немаме отидено. Овие денови ќе сум во мк па затоа мислев таму да направам една контрола, а нема никаков проблем. 2000 ден пишува дека е, и не дека се малку за пола саат видување.
Исто беше и таму каде што е роден син ми, првата година дури после 5м прв пар бевме тук на контрола баш кај неа, ок беше му виде колковите, ама втора контрола била буквално 10мин, за тие пари.
Златна и јас не пијам чај од кромид и јаболко, тоа иде како лек, во шприц со цеден лимон. Јас така го давам. За мене најдобар ортопед, ние едино кај неа сме имале преглед за децава асален, го гледа ко што треба, ехо, преглед, вежби, се по ред. Најдобра докторка на свет. Башка знаењето и е нешто што ретко кај нас кој доктор го има. Ја обожаваме. Ние бевме минатиот пат сите четворица, фер е ептен, не прегледа сите и ни наплати само еден преглед. Ако ти треба извештај ќе ти наплати сигурно поише ама мене не ми требаше за другите туку за мене така да мене само ми даде. Понатаму прегледите не се по 3000, по 2000 се, ради ехото е 3000. Јас се запрепастив колку работи родители појма немаат и не им ги кажуваат другите.
Да да знам дека втора е 2000, зборев дека мене ми беше многу и пат до Ск за 10 мон преглед да потрошам повеќе од 4000 ден, оти не е само преглед, горово, патарини, храна, па ај да купеш нешто нели да не е џабе одење…затоа реков ако е од Ск или во случајов од странство нека оди кај неа дека е добра. Јас втор преглед во Штип бевме.
Зошто да не пијам, он нејќеше, јас си го испив. Ников грд вкус нема заради јаболкото и медот. Проблемот кај него е што нејќе ништо друго што не е вода и млеко, евентуално цеден сок. Со шприцеви да го трауматизиран за чај да се напие малку ми е ту мач.