Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Ако има прележано како мал значи дека има антитела и затоа пишува позитивно. Не дека моментално е болен
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    744
    Ова што е кај се купви вакво?
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.108
    Пол:
    Женски
    Ако е Игг позитивно покажува антитела од прележано или од вакцина.
    Игм е моментална зараза.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    761
    Ја со шприцот директ, мирна е и тесно е врвчето. Грешам?
     
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.925
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Женски
    Не ако е мирна супер, немаш потреба од заштита, ова е за да не се повредат, за овие што не стојат.
    @ija има вакви аспираторчиња од различни фирми, јас го имам ова на сликата од Чико, околу 550 ден е.
     
    На ija и kozuf им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    24.932
    Пол:
    Женски
    Ни моеиве две деца ни јас не пијам млеко чисто, ма нема теоретска шанса да го пробам, само со кафе, а големава со несквик, малово нема шанса, а јогурт секоја вечер срка.
    Големава пие само сок од јаболко, а малава е штетник, сака да се отвори ама не и да пие...
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Леле која ноќ, страшно.
    Ќе ѕвонам сега на педијатар, од утре продолжен викенд, дали ќе не примаат не знам.
    На итната не отидовме,а може требаше, не ми се чекаше со истрауматизирано дете со саати.

    Она е настината веќе два три дена, нема температура.
    Ноќеска стана испаничена,свири со нос не може до воздух да дојде.
    Повратинеден куп секрет и на грло ја осеќам дека збори.
    Нема температура, капки за нос ставав ама пак не можеше да дише.
    Правевме инхалација на два пати ноќеска, како малку да помогна.
    На балкон носевме, прозори отваравме, ама генерално ништо не помогна.
    Она и понатаму не може да диша, и е полна со шлајм. Од што поврати нормално, надразната е цела. Не може да јаде, не може да пие.
    Што е ова, имате ли некоја идеа?
     
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.335
    Допаѓања:
    7.962
    Пол:
    Женски
    Чистите нос? Шлајмот мора да се исфрли некако, добро што повратила. Оперил п ќе помогне да го засуши секретот да не се полни додатно, измеѓу ставај и диво оригано и тоа многу помага барем кај нас од густ секрет ги прави како вода мрсулите и сами течат.
    Може кај грлото и се собира секретот затоа гласот се фатил и мене лично ми се дешава тоа. Прскај прополис у грло.
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Нос се чисти, ама нема секрет од нос. И генерално вчера немаше секрет.
    Оперил стававе, ама она уште има проблем со дишењето.
    Ќе ја носам на клиника веројатно, од кај педијатар рекоа дека се што е со дишењето мора на клиника.
    Мислам дека и се утоплува, ќе качи и температурата ка и да е.
    Сега на пример нема шлајм од нос, ама поткашлува како да има
     
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Вирус некој..
    Аква марис,можда треба и инхалации и чистење на носе со шприц и со носко ако имаш.
    Оперил исто ставам, почнав и хлоранфеникол во нос, мислам дека и помага исто. Ама види што ќе каже доктор..
     
  11. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    2.044
    Пол:
    Женски
    Каков вирус демне меѓу сите значи кашламе, нос тече сите тројца дома сме лом :worried: инхалации не сака да прави за жива глава..
     
  12. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Секое разболување ни е со повраќање секрет. И после му е одма подобро. Инхалациите исто многу помагаат.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.936
    Пол:
    Женски
    Станавме синоќа со господинот во 4ипол, плачеше за спиење ама не спиеше. Го преслеков и си заспа, ама кај мама, Нане мама и крај. Очи едвај држам отворени.
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    На клиника сме и дадоа кортико шируп и една доза инхалација.
    Сега сме на ладно, на свеж воздух , чекаме да видиме дали ќе профункционира комбото или ќе ја задржат.
    Свежа е. Леле луѓе од еднаш, значи без температура, ако сетите да не може да дише, носете на итна.
    Сатурација и беше ок, ама требаше ноќеска да ја донесеме. Ум за другпат недајбоже.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.936
    Пол:
    Женски
    Ларингит? Дома ако ве пуштат отварај прозори на секој саат по 10мин, а ако е загадено чувај пред фрижидер.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    63.755
    Пол:
    Женски
    Низ слично поминавме и ние минатиот викенд. Понагло и агресивно разболување не сум видела. Прво нос течење, ама лиење, цела ноќ не спиеше, се гушеше од мрсули. Нареден ден се потсмири носот, он беше ок, јаде, пие, температура воопшто не крена. И реков ај така ќе пројдеме. Нареден ден кога го слушнав како дише.. Со крчење, свирење, ретракции кај вратот.. Го однесов на лекар, докторката малце така се успаничи, почна да спомнува болници. Го боцнаа урбазон и вентолин инхалација, имаше одма промена после вентолинот. Крвната слика генерално ок, црп 13. Ни рече одете дома, вратете за 3-4 саати да го чујам дали делува урбанзонот или ќе одите во болница. Ама имаше подобрување. На 6 саати инхалации со вентолин, на 12 пулмикорт, така два дена и на контрола веќе немаше опструкција. После два дена уште една контрола и веќе скоро чисто. Среќа ептен добро реагираше на терапија.
    Во меѓувреме, мене ме кутна, па маж ми. Докторката рече најверојатно RSV.
     
    На Bannana и јolene им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    Мајка на ларингит ми личи. Не е лошо што повратила шлајм и олеснило. Напрај го чајот ама по рецептот на Ангел, мојот го нејќеше, нејзиниот го пие. :D Јас само немав нелупени ореви и ставив лупени. На син ми полека му се пушта гласчето, ама си кашла и носот е чешма. Ем е затнат ем течат мрсули цело време. Правиме сѐ што треба, нема друго, им треба време да закрепнат.
     
    На lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.936
    Пол:
    Женски
    Како бе не го сакал твојот а мојот го пие, па тоа ем густо ем смрдливо... Душа мила :l: Мене ме фаќа настинка изгледа, осеќам веќе носот дека ме пржи и очи ми се затвараат. Колешката ми беше болна, и да си чува денови не седеше дома туку идеше на работа а канцелариичево ни е многу мало и ете. Белки нема да го фати и бејби.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Маж ми сумјаше уште ноќеска на истото.
    Дијагноза така или инаку нема некоја, најверојатно ларингитис.
    Треба да видам сега во отпусно писмо што пишува. Ама така слично ко што опиша.
    Не и правеа крвна слика, само дексаметазон шируп и инхалација. Не ја боцнаа.
    Прва доза инхалација не донесе доволно, па уште една мораше.
    Овде не инхалираме дома со кортико, мора сестра да го изврши. Не пуштија со една доза шируп во шприц и ако се повтори да одиме пак.
    Два саати шетавме на ладно да почне да дише.
    Ќе си пукнам од мака што не ја однесов ноќеска..ама ради повраќањето и тоа што беше препотена, и да мора таму уште да чекаме, како што може да е, решв да останеме, мислев матичен ќе не прими.
    Ама на крај се заврши, само да им минува.
    Сатурација ок, касна од сабајле, се напи течности и ја гоневме низ ходник. А не може да дише.
    Нека им минува на сите само.

    Јас инаку сакав да ве замолам овде. Се работи за моја пријателка, мајка на две деца.
    Гледам сумата скоро е собрана, ако сте во можност, да помогнеме да се собере, уште малку останало. И пратете по една молитва ве молам, овој пат да биде успешно, да си пораснат децата со мајка.
    Живот стварно не е, и не беше фер кон неа, дај боже да си добие втора шанса.
    Вака ќе го ставам само линкот. Фала и никој да не биде во таква ситуација.
    https://pavelandreev.org/mk/campaign/da-go-spasime-jivotot-na-sanja/donators
     
    На Bannana, 1209, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    Па не знам не испадна густ ни па смрдлив. :D Го вриев доволно, ама пак е како чајче. Се надевам дека има колку толку некое дејство.