Сања ми е пријателка/познаничка, се знајме, се изнамачи жената Ќе се соберат средства само да има добар исход операцијата, душа да те боли За другото што сте поминале го поминав пред нецели 2 год со првото, имаше 4 год без 8 дена, една недела пред роденденот, спиеше и во 12:30ч почна да неможи да диши, фактички неможеше да издиши и како магаре правеше, имаше напад, зима декември, само го викнав мм и го зеде в раце, јас паничам детево се бори за воздух, прв пат ларингит, јас по пижами, дете во вреќа за спиење, мм беше по тренерки, дирек во итна, пешки ни е 3мин итната, со кола за 1 мин таму бевме, одма урбазон му дадоја и инхалација со дексаметазон. Тој надвор ко излеговме од дома почна малку да диши дека зима ладно. Од кај нас од итна упат за Бт на болница. После веќе беше ок.. Ама страв имам од ларингитис премногу. После тоа најтешко нешто што не снашло беше ова сега со малово. Да не се повтори и со помин сваќе Да оздрават сите болни дечиња. Лани малово потфати и од страв го виткав во ќебе и на врата да диши ладно. Плус дома секогаш чувам дексаметазон ако треба инхалација.
Бевме на доктор, црвено му е грлото и одма антибиотик му даде, а дури утре кс. Не сакам така ант да давам, тр качува на 7-8 саата до 38.6 најмногу, многу сум во дилема што да правам, а он јаде, пие, свеж е, не кашла…совет, како сте постапувале у ваков случај?
По ова што го пишуваш и дале терапија е бронхитис. Да инаку во право си,Со мали деца веднаш на итна ако не може да дише, усните стануваат бледи или е поспано. Значи алвеолите во плуќата се полни со секрет.
Нас обично ни прави црп одма и тогаш знаеме дали е за антибиотик. Јас ја слушам матичната, досега не му дала антибиотик без причина.
Не е Косми, чиста е на градите ја слушаа, нема температура. Ларингит ќе му дојде превод на наши ваљда. Преска баш ѕирнав во отпусно писмо, pseudokrupp стои. Им беше многу важно исто дали е вакцинирано со шест валентната. Сатурација и беше 98% кога ја однесовме, свежа боја на кожа. Затоа и мислевме ние дека не е страшно толку ноќеска, оти она после се смири малку и си беше нормална, се играше, ама свиреше од три соби ја слушав. Едвај дишеше. Не ми беше нормално да е само затнат нос. Како и да е да поминува само . @lackygirl сваќе светот е многу мал. Синоќа на твоето помислив и жими се да имав број твој ќе те барав у 2. Знам дека не спиеш секако, бар ќе ја видеше на камера. Се премори сега со катерење, а не можеш да го сопреш и пак почна. Ја пратив со татко и надвор, ем ладно ем влажно, да свртат некој круг. Цела ноќ и цел ден во раце ја држам, не сме спиени воопшто, белки ќе се смири ноќеска малку. Ни рекоа за два три дена ќе мине. Ама ај де. Додека мине. А продолжен викенд е. Не дека менува нешто и онака е за на итната. Матичен овде изгледа само за упут и за вакцина е. Вчера конечно пушти и два чекори. Ама денес гревче, ни да вежба не може.
Не сме лекари, ама за црвено грло даваат антибиотик. Не само кај деца, туку и кај нас возрасните. Ако ти е шубе почекај до утре еден ден се надевам нема да се влоши. Синко на црвено грло и ларингит му дадоа антибиотик, ама јас не можев да чекам ни еден ден беше викенд и ја прифатив терапијата. И беше одма подобар. Дали згрешив, искрено не знам, битно он беше подобар. И пу пу од тогаш се нема разболено.
@јolene стварно е мал светов. Ќе помине, ќе си пушти пак чекори, моево така таман прооди се поболи и прекина да оди, еве го вчера пак почна да оди. Пиши лп ако треба некогаш итно нешто, стварно не спијам, па и се уклучувам често и ноќе тука. @1209 јас после ова што го поминавме не чекам, ако крева и ако е црвено грлото дефф е за антибиотик. Ама како мислиш, сепак ти си го знаеш детето најубо. На моево му даде ради високо ЦРП ама мала доза, 2.5мл Алмацин спрема килажа требало најмалку 4мл да пие, па така 5 дена го пиеше и тт воопшто не паѓаше, да дадеше како што треба или појак антибиотик можи немаше да дојди до тоа што дојде. Нејсе бидна што бидна за жал на потежок начин си ја научив лекцијата, многу сум разочарана од матичната, ептен. Многу лош вирус оди по децава, последниот ден на инфузија имаше чупе 7,8 год беше, ни тт ни ништо, кашлало само, почнало да нема сила да зборува вечерта, се задишувало, др ден на болница, ренген направиле, пнеумонија.
Дадов веќе, секако не планирам да се правам попаметна од докторката, и ние сме пиеле за грло и кога сме биле болни, ако треба треба. Мм еднаш така од што не сакаше да пие фати гнојна ангина, 1 недела во болница лежеше и ослабна 10 кг. Од една доза ант нема ништо да му биде.
Сега ме замисли со последново. Ќерка ми минатата недела почна да кашла, една вечер мала температура и и пројде. Уште кашла и и тече носот. Не ја однесов на преглед, зошто месецов 3 пати се разболе и викам што ќе ја носам, знам што треба да правам. Денес викам ајде да ја прегледа матична ради кашлањево, отидов, 20 души пред нас чекаат, се откажавме и се вративме дома. И сега ќе ми е на мисла цела вечер, да не нешто и е а јас пропуштам. Вака си е добра, од вчера е нешто раскенкавена ама ок е, препишувам на заби и што не сака многу да јаде. Можно е да нема никакви симптоми други освен кашлање и течење нос и да спушти на плуќа? Ја носам и во градинка и функционираме нормално.
Нашата матична вика е ќе си кашла до мај.. исто е и кај нас, минатиот вторник 37.5 температура па во среда сабајле поврати шлајм и од тогаш кашла уште. Со неколку инхалации е подобро полека поминува. А и ние кашлавме многу еве сега ни поминува. За спуштање имаме искуство, му свиреа градите и знам да препознаам ама ако не си сигурна оди си да ја слушнат на матичен. Јас веќе и знам кога ќе поврати шлајм и кога ќе се разболи предвидувам.
Не се сите исти случаи, ваљда ретки се тие случаеви, најубо на доктор нека наслушаат, ама недај Боже нема да можи да стои на нозе ако има спуштено, се познава одма тоа, буквално беше како крпа во раце и овенато и само мижеше. Штом си јади, игра, весело дете нема гајле.
Поврати и она два пати и мислам дека тоа многу и помогна. Тоа беше минатата среда, еве сега сме петок, скоро недела ипол. Изгледа си правам филмови за џабе во ниедно време?
Зависи колку било црвено грлото. Чим ви дала антибиотик сигурно било многу црвено и во тој случај мора антибиотик. Поминавме низ ова.
Јас малиов го проценувам за сега коха спушта, а кога не. Ама со големиот лани направивме утка и дете заврши со пневмонија. Е сега кај него беше сува кашлица без секрет, без температута и дете фит на нога. Не сакам да плашам никого, чисто како совет, ако трае долго и само кашлица да е поубаво да го преслуша доктор.
Леле како ми исповрати сега, буквално црева истури. Во 7 ант за бубрези, во 8 амоксиклав, во 10 бруфен, значи со борба и плачки невидени му ги давав, не беше јаден скоро ич од сабајле, иритиран желудник и само на града цела вечер, со 3 сирупи во 3 саата, се разбуди во 10 не сакаше да спие, плачки за едно за друго, баба му го чула и слезе, само што беше малце смирен ја виде неа, ајде пак плачки, па виде макарони со доматен сос во фрижидер и баба му запна дај му штом сака не е јаден, јас велам касно е, она абе ајде што ќе му буде и од мака дадов…каква грешка. Доматен сос, на иритирано грло, со иритиран стомак, ко рече дете повраќа… Мада и предходен пат од амоксилав исто прва доза ми поврати. Мислам дека веќе нема да касне макарони, а жими нив ги јадеше, ама кога слушам свекрва ако ми е. Настрана овој муабет многу нездрава врска имаат со храната и мм и цела фамилија. Доручек не се јаде, ручек во 5, вечера во 1-2, благо се гнети, се нуди храна цело време безразлика што храна е…никаков ред да се немало, па не ме ни чуди мм што има хаос биоритам. Се нервирам и што детето го напнуваат така некогаш со јадењето, ајде уште малце, ајде уште ова, ајде ајде ајде. Остај го бре жено знае детето колку му е доста. И шлајм како да ми поврати, од носот слушнав дека влече и поврати. Две ноќи не сум спиена, сега со повраќањево пак нема да спијам. Децата растат ние ќе побелееме…
Пробиотик ако не даваш почни, моево уште има грчеви и чат пат проливче, така е скоро 10 дена од минатата среда, од антибиотиците, грчеви имаше, прди и на секое прднување ја валка пелената, газето црвено лом дури и крв малку имаше од потпарено, плачи ко ќе треба да се бриши од болка, Флогоцид мачкам мн му помага ама нон стоп беше така извалкан и никако да заздрави, денес е подобро малку, а еве го сега в раце пак се виткаше и прди, пак грчеви. Оваа мака плус на другата. Ми дојде мене редот за чување мм замина во спална со другото, јас во дневна со малото.
22м и почна некој период кога пример не сака чорапи, па не дава да ги соблечеш чорапите и спие со нив, од една до друга крајност. Не сака шпихозни, па не сака ластикот од пижамите, пак од една до друга крајност. Сабајле не сака јакна и капа, попладне не дава да се соблечат, и пак од една до друга крајност. Ако не сака топлинки, од градинка не дава па да ги соблечеме да облечеме патики, пак од една до друга крајност... Кога ли ќе помине овој период. Ама кога ќе се насмее тоа е тоа, се му простувам. Многу тежок карактер, ќе биде тешко да се израсне ова мало човеке.
@AngelOfArh , некоја недела е помала мојава од баткото. За алишта не прави проблем во главно. Се бунтува де за капа, за не знам што ама одма сечам тука строго или ќе носиш капа или нема надвор. Ова посебно кога излегуваме попладне/навечер. Не дека мора постојано да носи. А за тежок карактер не ми кажувај. Најново кога ќе се почне за нешто "Нече" и после јас да дешифрирам што мадам не сака. Најјако во 4 сабајле. Од спиење ќе се подразбуди и почнува Х (името) нече. Е сега мисли што таа баш во 4 сабајле и текнало дека не сака.
Во 4 стана и плачеше зошто му се спие, Нана мамаааа, нанааа... Епа спиј бре дете кој ти брани?! Или се пика во мене, го подместувам да го легнам и увреден што да ти кажам. Мојов за не вика не, ама за да вика на и некогаш не знаеш не ли е да ли е. Многу е терсене.