Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    Ако има една дремка тогаш треба да биде околу 5 часа после станување. Значи ако стане во 7, дремката би требало да е во 12 докај 14-15ч, а ноќното спиење исто после 5-5 ипол часа 19-20ч. Ако има две дремки тогаш би требало да е будно околу 3-3 ипол часа измеѓу. Таа дремка од 9 до 12 е нелогична и да е будно од 12 до вечерта дур да легне е премногу за толку мало дете.
     
    На Mother of 2boys, Carolin. и Bubish26 им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Ее абе немај гајле што извини. Баш вака, а мојот и во градинка не оди, енос ми се гледа мене маката…ама така ќе раснат тоа е тоа.
    Јас само се плашам кај моево ете ова ради бубрезите, штом има тт јас одма на инфекција на бубрези мислам, а реално шансите за тоа се мали оти е на ант и плус хигиена на макс ниво, памперс мењање на 2 саата, миење после какање одма, влажни не користам…ама пак пуста мисла.

    Инаку вчера многу гордо се осетив кај докторката:D знам дека не е нешто од што правам многу јас ама сепак, рече дека одамна нема видено дете на негова возраст толку развиено, значи го испофали и за зборењето и за тоа како се разбраа, колку бил послушен и смирен, на крај вели ова чудо од дете, а он важен излегува и вика фала, е тоа врв беше:D Јас и мм окезени целите се погледнуваме.:wasntme:

    Многу му е низок хгб, мора некако да го натерам месо и јајаца да пројаде, веќе со јадењево полудев сериозно, две јадења вртам.

    Од позитиви, денес заспа без цицање, се сврте на друга страна, рече најди најт(добра ноќ му е тоа) и заспа. Се надевам ова е почеток на одбивање.
     
    На lackygirl, Carolin., Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Луѓе сега приметив дека има осип на вратот, грбот, стомакот и градите, мали црвени точки кои исчезнуваат под чаша, тем нема веќе скор 2 дена.
    Не личи на алергиска реакција, а и предходно му имам давано амоксиклав и немаше реакција.
    Како што читам има некој ваков вирус, како се вика, дали ви е познато и дали е опасно? Што да правам за осипот?
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.107
    Пол:
    Женски
    @1209 , да не е розеола? Не би требало да е опасно, за неколку дена ќе се изгуби вака како што пишуваш ама за секој случај може и со педијатар консултација.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.079
    Допаѓања:
    40.441
    Пол:
    Женски
    Мислам ммр примаше? Може и од тоа да е осипот.

    А вирусот е розеола, неколку дена тт, после тоа неколку дена осип - безопасен, не чеша и не се третира. Тој се појавува најчесто по торзото.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    Осипот е веројатно од температурата, ништо страшно. Или од мрп, сеа прочитав дека примил. За хгб има начини да се корегира и со друга храна, не се само јајцата и месото извори, сакам да кажам не е толку страшно што не ги јаде. Плус тоа резултатот сега не ви е веродостоен зошто е болен. Син ми секогаш има добар хемоглобин, а во понеделникот крвната слика покажа дека малце паднал. Др ми кажа да не се секирам, дека е нормално зошто бил/е болен. Он иначе освен кога не му е арно, јаде сѐ, а ете пак паднал од што во последно време е повеќе болен од здрав.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Не се плаши може и од самипт вирус да е. Вирусен осип не чеша и за два до три дена се повлекува.
    Може реакција и на вакцинта да е ама пак не е ништо страшно. Можеш да земеш течна пудра да го мачкаш на осипот, а и не мораш ништо да правиш. Прати го и ке процениш дали ќе има потреба. Брзо да поминува.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Па докторката рече дека нема шанси веќе од ммр да има симптоми дека скоро месец мина, ама и не личи на таков осип(имам видено кај другарка на дете). Што гледам по нет личи на розеола, оти и очните капаци му се потечени и вика дека тоа е симптом, јас мислев од плачење деновиве му се такви ама изгледа овој вирус е.
    Он денес е супер, весел, јадеше си играше, не дава знаци дека е уште болен…
    Може и од тоа оти последен пат му беше 114 ама давав сируп 3м и после проверив. Бела ништо не јаде ако веруваш, грав, леќа, просо, брокула…маскирани ги осеќа. Мафини само јаде со јајца, месо никакво освен кебап чат пат купечки ќе јаде ако јадеме и ние, овошје јаде и спанаќ, толку.
    И тоа не само што не јаде, кога му давам прави израз на гадење и плука. Стварно се осеќам како лошс мајка со нејадењево, а до годината јадеше се, знаеш тука кога зборевме за блв кажував како многу е успешно, имам и видеа… што се смени после не знам. Ориз и макарони јаде, путер, млечно, овошје, толку.
     
  9. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Ne izdrzuva povekje sabajle sam zaspiva on i navecer sam zaspiva ni nisakanje ni nisto koj mu se spie si zaspiva
     
  10. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    761
    Да се пријавам и јас во клубот супер јадач до годината и после катастрофа. Исто паднат хемоглобин, демек ради болест ама ако е цела зима болна со градинката, кај ни е крајот со нејадењето и крвната слика.
    Пробувам да подметнам семе од коприва, лен во тоа што јаде (леб) ама ништо не е тоа :|
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    24.913
    Пол:
    Женски
    Како што ти пиша Бела и моето има таков распоред. Стануваме во 7-7:30, дремка накај 12-12:30 до кај 15ч најкасно, кај 20ч легнува обично, денес во 19ч беше заспана оти надвор бевме цело време.
     
  12. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Сум пробала да го држим и подолго ама заспива сам ако му се спие си заспива што и да правиме и навечер исто ни нишкање ни ништо
     
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Мм ако не те зезне, друг никој нема. Дете легнато до мене, готов беше да заспие. Еве ти го господин сопруг ко фурија влегува и дете оп тата и стана да шета. И нормално мама нишкаше три мин и заспа. Утре убава воспитна ќе добие дур не го заспијам в соба да не ми влегува :rofl: или тој ќе го успива после ( невозможна мисија )
    Инаку почнавме така да се успиваме, легнати на кревет.
    Само да се пожалам. Сношти пак имавме епизода на вриштење и фрлање. Не можам да си поврзам зошто се дешава тоа. Само сега успевам брзо да го смирам, а не да плаче и да се трга и витка како кифла цел пола саат. Ноќни терори не се, dr. Goodnight ми рече нема шанси да се терори, дека е мал. Демек од премор било. Не е ни тоа пратам прозори на будност и на време легнуваме. Така да не знам што се деша и зошто. Не ми се допаѓаат воопшто тие будења такви ама не знам каде да се обратам
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  14. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    159
    Моето ако заспие 12ипол до 1ипол спие, ако заспие во 1, во 2 станува. Спие 1саат, и толку е. До 8, 8ипол вечер е будна. И според мене е многу долг период до вечерта ама тоа е, не спие повеќе од 1саат и крај. Така да, ако му е добро на твоето така терајте. Па и штом само заспива кога му се приспие алал да ти е. Топ си со тоа.
     
    На Mother of 2boys и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    24.913
    Пол:
    Женски
    Епа излезете во парк, нека има занимација што ќе му држи повеќе внимание, ние пример излегуваме кај 11 до 12 сме дома, си заспива одма и ко ќе стане после јадење излегуваме пак. Недела дека бар ќе треба да се навикне на тоа темпо или ако не е спремен за 1 дремка после првата која му е рано, излезете, после воздух може ќе го фати пак дремка за втора.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    А да пробаш со Пиковит? Јас се инспирирав од @Sun&Moon и го почнав пред некое време. Давам само пола доза и подобрен е прилично. Не знам сега дали е до сирупот или тогаш проблемот беше болеста што не јадеше, ама ништо не те кошта да пробаш. И сега има денови кога нешто не му е по ќееф, ама повеќето денови и нас ќе не изеде да може. :D Ако сака тесто прај му мафини со леќа, зеленчукови плескавици, крај краева нешто што сака нека јаде, ама бар да јаде. Крвта не мислам дека е ослабена ради храната, пошто подолг период ти забушава, од што е болен е сигурно. Ќе се опорави, не му се секирај. Многу деца се picky eaters во првите години, ама тоа не значи ништо за понатаму. Исто и обратно.
     
    На Sun&Moon и 1209 им се допаѓа ова.
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    2.044
    Пол:
    Женски
    Моето имаше таков осип кога фати пролив. Немаше темп воопшто, матичната кажа од вирусот е така. За 3-4 дена му помина
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    18.483
    Пол:
    Женски

    Кај мене заклучив дека тие епизоди со вриштење се од забите. А почне така да плаче знам дека некој заб пробива. Два дена од денска ми се буди со вриштење долната тројка распукана сабајле и крв имаше малку.
     
    На lackygirl, Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    Епа ако немате мака со спиењето значи не ви треба совет. Јас одговорив како вообичаено се распоредени дремките кај деца на таа возраст. Како и да свртиш, да биде будно од 12 на пладне до 19-20ч навечер за мене не е нормално, тоа се премногу саати. Така само имаш преморено и престимулирано дете, ама ти си знаеш.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.107
    Пол:
    Женски
    Убаво е како по книга да функционираат сите деца ама реалноста вика секое си има свој ритам. Како би сака ќерка да се врати на заспивањето во 20:00 часот ама нема.

    Еве кај мене, за ноќе да спие 10-11 часа дење треба да има дремка од само пола час до 45 минути.

    Ако дење отспие 2-3 часа, ноќе спие само 9 часови. Малку или многу таков ритам си има. Можеме и од 20:00 часот да влеземе во спална. И пола тон "Војна и мир" буквално да и прочитам и да не заспие до 22:00.
    За нејзина возраст е доцна тоа и јас го знам. Ама ни во градинка им одговара да ја будат по пола час дремка, ни пак на тие дома што ја чуваат.
    Дел од братучедите нејзини веќе од 2 години се без дремка, па може и нас тоа не чека.
     
    На Secret-Angel7, lalinda, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.