Јас на работа сум од сабајле обично затоа и немам како да го навикнам така со мм или до бабите седи он
Внука ми така од две две и пол исфрли дневни дремки. И пак во 22 заспиваше и се уште така заспива. Ама си спиеше сабајле до 9-10 И од кога почна редовно да оди на градинка преспива преку ден, а ноќното легнување и остана во 22 часот. Ете ја има 5 и пол години. Тоа неа и е нормално функционирање и секогаш си е весела. Ниту е надразнета, за да помислиш преморена е.
Првото дете после 2 год одма ја исфрли дневната дремка и од 10 10 и пол спиеше до 7,8. Малово оваа недела почна да заспива во 20:30 до 6ч сабајлето, дневна дремка една по 1 час, најмногу 1 и пол. Го фаќаат кризи за спиење кон 18ч ама му поминува и после 20ч веќе плачи за спиење ама јас кога сум 2ра смена сум до 20ч и дур си одам дур го заспијам и 21ч не наоѓа. Нормално станува по 3 4 пати ноќе ама одма презаспива. Денес прв пат до 8ч спиеше сабајлево. Се врати детето, почна пак се да си јади, па машала цел ден нешто мели. Се научи за се Не вели многу ми е смешен. Пробува и др зборчиња ама не излагаат тронте овај покасно ќе зазборува, на кинески си зборува, битно се разбираме. Ехе првото на оваа возраст веќе имаше можда 20+ зборчиња, на година и пол веќе по 2 збора почна да врзува. @јolene како е малата?
Баш ми е мило сваќе што се враќа во нормала твоето. Тек ќе почнува периодот со настинките, ама не фати од страт вака остро . Добро е, се осеќа подбрување, вадиме секрет, надвор ладно и нон стоп сме надвор. Повраќа полно секрет. Сега надвор бевме, се закашла и извади онака солидна количина само секрет. Сега сме кај фазата не јадење, оти ја боли, а гладна си е она нон стоп. Па плачлива е. Ја нудам каши ко бебе, ќе касне некоја лажичка,смукалче по пола или едно некогаш ќе смукне и едни кекси од дм. Млекце по малку, важно не е дехидрирана и прегладнета, среќна сум, оти има деца што и здрави волку јадат. Мојата си сака манџа да си касне, лепче и сега се нервира оти не може. Ама и вака, како што велам среќна сум, нема да клапне. Јас шмукаллиња и смутис обично не ни давам, ама сега исклучок правиме. Денес и сладолед со смрзната банана ќе и правам, па и тоа ќе ја нудам. Ќе се опорават. Така се расте.
Мајки, еве го осипот, матичната вели да давам лоратадин, ама јас не мислам дека е алергиска реакција, ви изгледа како да е од тој вирусот?
Zdravo Zeleni guralki vo okceto kaj dete 13 meseci? utrovo mu se pojavija, pa da prasam dali se slucilo i kaj vas i sto stavate vo okceto? Do ponedelnik, preventivno da izdrzime ili e vednas za na lekar?
Вирус има моментално таков, јас го фатив, се залечи, престанав да ставам капки и пак ме повтори. Тобрадекс, 3 по 1.
Кај нас беа како многу ситни брункички но на камера скоро и да не се познаваа. Исто и мене ми рече да дадам лоратидин за секој случај, јас дадов само еднаш.
Моево имаше ко почна да настинува, јас од искуство со конјуктивити со првото дете одма му ставив капки Тобрадекс, па среќа му помина одма. @1209 искрено нз не сум имала искуство досега со осип од тт јас. Лоратадин пробај еднаш ако де повлечи ок ако не не давај поќе. Така баш не акна одма од најтешко спремна бев на настинки ама за олку лошо не. Иначе големиот после таа прва болна година во градинка има супер имунитет, имам пишено во годината само по еднаш се поболуваше со тт и тоа декември. Еве го сега сите дома не помина последниов месец само тој ништо, фала на бога бар тој ме штеди сега малку мрсулчиња некој ден и помина.
Осип од жешко е. И од температура таков е. Синко се исфрла исто така како на сликата кога ќе се испоти многу, од прежешко што му било. Алергија не е тоа сигурна сум
Се нервирам ова моево преку ноќ престана да сака кисело млеко, павлака, грчки и сл. Буквално не сака ни да ги помириса, ниту јогурт да пие. Јас стварно не знам што да му давам за вечера, не сака ни зденки
Продолжи да нудиш, моето дете е така со млечните. Еднаш ги сака еднаш не. Ќе ми побара јогурт ќе испие цела чаша, ќе купам неколку јогурти и ќе си стојат така зашто после му текнало дека не сака.
А оти мора да нудиш млечно за вечера. Нема врска, големи ни се веќе децата, може било што за вечера, ние што јадеме. Зденки и подобро што не сака, не дека се којзнае колку хранливи. Чинам најпреработено од млечно е, само масти внатре. Кај нас може и супа да е за вечера, и печени комири, тестенина или ориз, што и да јадеме ние, ако покасно јадеме и она сака од истото. Некогаш е корнфлекс од спелта со млеко, некогаш е гриз со млеко и банана, ама не дека мора да е млечно. Битно е во текот на денот, оброоците да се избалансирани и да се внесе разновидна храна. Ќе се наверчера, ја пушаме уште пола саат да излудува, да и се свари храната, ќе ја избањаме и облакање, млеко и кревет.
Мојов од млечно ништо не јади, павлака чат пат др ништо, само цицањето му е млечно. Како се разјаде сега, цел ден јади, пр, денес класична вечера немаше оти од ручек дур си легна се нешто мелеше.
Давам од околу прв роденден. Имаме роднини во село кои ни одгледуваат дома и од истото што и за нас го земаме и за неа. Не постојано додуша, може да се случи 2-3 пати месечно да дадам, најчесто мелено како ќофтиња, мусака, полнети тиквички.
Еве и малово почна да ми одбива месо. Што деца ќе беа месо да не јадат. Дај им супа, моркови, брокула, ќе изедат со тањир, Али месо не им давај.
Јас не давам. Не јадеме и ние дома свинско, многу ретко спремам. Ама што земам ќебапчиња е мешано, телешко со свинско. Во мусака исто мелено месо, мешавина со свинско е. Ама само свинско му немам дадено. Ама во последно ми плука месо. Ништо не ми сака. А јадеше и се надевам дека ќе е некој период со ова не јадење