1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    И ние општо ретко јадеме месо, но се случува кога ќе седнеме баш така на мусака, турли тава со мелено да го фаќа стрв и не знам дали да му давам да пробува.
    До сега месо не одбива, но се уште му го даваме пасирано блендирано па измешано со зеленчук ..
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.843
    Пол:
    Женски
    Му давам јас свинско на моето одма после прв роденден и тоа, не знам зошто не би му дала... Сеа не чварки, ама кртинче зошто да не му дадам.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Па искрено, свинското е нај нездраво месо. Ок да се дава, ама не нешто премногу. За било каков здравствен проблем, не за џабе го ставаат во строго забранети намерници. Јас не го обожавам, а ни сопругот. Ретко спремаме свинско во нашиот дом.
    Како велат се е ствар на укус и навика.
     
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.332
    Допаѓања:
    22.995
    Пол:
    Женски
    Давам. Јади се што јадеме ние за ручек. Во манџите јас ставам свинско, со телешко јас нема шанса да јадам :?: пилешко не давам оти ние не јадиме, туку мисиркино. Зашо да не му даваш од вашето јадење?
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.186
    Пол:
    Женски
    Да. Не јадеме и ние често ама 2-3 пати месечно да. Во мелено мешано со телешко, денес пример свински бифтек со ориз јадеше, не гледам зошто да не јадат сѐ што ручаме и ние. Одамна не готвам сто ручеци.
     
    На 1209, Mother of 2boys, atz1995 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Баш не, телешкото ( црвено ) месо е најнездраво од сите меса и главен причинител на најголем број понатамошни здравствени проблеми.
    А скоро сите даваат телешко како прво месо.
     
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    394
    Ауу стварно, од каде ова? Па педијатрите тоа препорачуваат
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Дали си сигурна?
    Јас имав многу здравствени проблеми пред бременоста и морав да корегирам и исхрана и све. Свинското беше во сите листи и тоа во строго забранети намерници, а телешкото не.
    И по операција иста листа добив.
     
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Црвеното месо носи повисок ризик за срцеви заболувања, рак и мозочен удар. Мислам во сите испитувања докажана е врската меѓу црвеното месо и овие здравствени проблеми. 350 гр е препорачана максимална неделна доза на црвено месо.

    https://www.wcrf.org/diet-activity-and-cancer/risk-factors/meat-fish-dairy-and-cancer-risk/
    https://www.wcrf.org/diet-activity-...recommendations/limit-red-and-processed-meat/

    Не знам зошто кружи митот дека свинското е нешто полошо од телешкото, кога се скоро исти. Освен културолошкиот момент, можеби затоа.
     
    На 1209, Ceneva и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Е ова не го знев искрено. Јас не сум ти некој месар до душа. Бело месо јадам најмногу. Телешко, свинско послабо. Мене дај ми риба и повеќе ќе се израдувам отколку на шницла од свинско или телешко :D
    Ама убаво да се знае ова. Фала на инфо .... И @AngelOfArh извини на погрешната информација ;)
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.843
    Пол:
    Женски
    Месо јадеме максимум 5 пати месечно, и тоа јадеме најчесто во манџа многу малку, сета останата храна е поштетна од парче чисто месо. Сувомеснато, газирано, благо, палмино масло, пестициди, загаден воздух... Јас знам дека кравите многу ги третираат со антибиотици, за разлика од свињите, младо телешко да купувам ми е многу скапо, така да ништо нема да ми биде од 1 неделно ако јадам манџа со парче месо или мелено.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.365
    Допаѓања:
    38.198
    Пол:
    Женски
    Мајки малата е 2 години и 2 месеци, ама посоодветно ми е тука да прашам зошто не почна од сега.
    Си зборува таа по 2 зборчиња поврзани со смисла, пример дај вода, бато нани, тато работа, итн. Пее песнички по нејзино ама исто зборовите имаат смисла и слични се, ама исто така и каѓува нешто подолго по нејзино ко на кинески што викам :D дали е нормално?
    Големиот имаше развиен говор на оваа возраст подобро и немаше такви моменти, буквално цела реченица кажува на нејзин јазик и се нервира што не ја разбирам.
     
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    И мојот е исто. Цели приказни раскажува на негов јазик со мимики гестови се и на крај ќе ми каже “неии мами” (нели мами) а јас појма немам што рекол. Тоа што ќе го разберам на што мисли повторувам цела реченица како треба да ја каже, па белки ќе прима од ова. Баш сакам да чујам мислења на други за ова кинеско зборење, кога поминува фазата и како да ја надминеме
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.843
    Пол:
    Женски
    Леле исто! Навечер има особено инспирација, синоќа збореше како мама го тепи (тепа) и ќе ме кажел на баба му да ме тепала баба му... Тоа дека се каравме пред да легнеме ми растураше алишта. Па ќе ме кажал на баба му да ме истепа она мене. Абе циркузи. Пола на кинески, пола на македонски, ама се разбира се што кажува. Контекстот е тој.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    4.957
    Пол:
    Женски
    Јас пак за зборови и комуникација и ги сметам тие што се баш разбирливи. А такви има се повеќе деновиве.
    Да е една буква, две пропуштени или сменети.
    На пример крава е кава. Тоа го сметам за збор.
    Или вчера се удри на прстот, пак дојде и кажа, мама бо(л)и, баци. Тоа веќе го сметам за комуникација.
    Е останато "кинеско" што не знам ни што значи уште не го квалификувам во збор.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.843
    Пол:
    Женски
    Еве една “реченица“ Мама тукапука тепе, мама тепе дете, паче дете, пукапука... Го снимавме па ни беше интересен и го пуштив. претпоставувам сака да каже ама не знае како и затоа така зборчиња вметнува. Пак е комуникација.
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.123
    Пол:
    Женски
    Мене некогаш ми играат бубачките дека детево не ми знае нешто и дека не работам со него доволно ама вчера цел ден бевме со на мм братучет му, со детето се 4 месеци разлика тоа е постаро и сватив дека има поголем број на зборчиња од него, ама тоа е по физички активно се качува се пентари секаде и мојов се пентари ама не до тој степен да скока од кревет на кревет, се превртува по фотељи, од маса луѓе скокна. Може и му дозволуваат така, овој се качува од стол на маса ама јас стојам таму чувам стража што вели мм, ми е страв бре да не се убие и ем колку го пазам и пак има по некоја џумка на него, само на глава паѓа. А за зборење знае: мама, тата, баба, тете, дада, да ги каже, а ако го прашаме деде, вујче, вујна, тетин или пример тој и тој каде е покажува со прст. Тао за чао, баво за браво, оди зема чинија и ам ам ам прави за јадње, да/не кога сака нешто, кок е сок, кокошка е коко, брм чао за со кола кога одиме, нана е за кога му се спие, кака е канта за ѓубре, а види трошки ја зема и трча низ соба вика какааа и ја фрла во канта одма. Знае како прави коњот, кокошката, кучето, мачето, лавот, кравата, пилето, врапчето. Ветерот како дувал покажува, разбира на пример кога ке му речам каде седи Димитар кога јаде, оди до хранилка, или дај ми го тоа и тоа го носи, кога ке му речам одиме надвор оди зема патики и јакна да му облечам 90% од работите што му ги кажувам да ги направи ги разбира. 15 месеци ке прави ваљда доволно е, утешете ме. Осеќам грижа на совест некогаш (facepalm)
     
    На kozuf, lackygirl и Miss_S им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Super e.
    Mojata e postara od tvoeto nekoja nedela, Pa ne kazuva tolku mnogu. Ama jas ne se zamaram voopsto so toa kolku kazuva i kolku pravi.
    Gledam da se razbereme, da Imame megu Nas nekakva komunikacija i da ima napredok nekakov sekojdnevno, mentalno i fizichki.
    Jas ne sum mnogu zborliva na primer. I zboram i raskazuvam i objasnuvam normalno, ама кај нас не се збори нон стоп. Ете такви сме си.
    Нема луѓе постојано околу неа и нормално, таква стимулација и недостасува.
    Башка е изложена на два јазика секојдневно, па овде и очекувам да не е толку напредна.
    Јас сум многу многу опуштена и не се замарам.
    Омилено јадење и е грав манџа инаку. Колбаси со пилешко месо маф прави. (Да не ме осудите, еко био мио со сите стандарди и коштаат гавол ипол). Домашно свинско проба на 11 месеци. Кај свинско месо може да се подели мрсно и посно, подобро од секое друго месо. Така да и дадов. Се и давам додуша.
    Сега веќе не пазам ни толку на сол, нормално не пресолено, ама насочено јаде.
    Сега уште да оздрави и да почне да јаде. Пушта чекорчиња секој ден се повеќе се мотивира. Кај и да е ќе почне да оди. Се качува на маса од горе, ама и јас стража чувам па ја спуштам.
    Ќе и купам кујна, вчера се играше кај едни пријатели, се и е досадно од играчки. Гледам вака сакаше.
    Со мене стално кога готвам, бленда, микса (држи миксер де и демек она прави) гледам се радува. И давам вангла со маталка, готви ли готви.
    Цела недела спие на перница, се нервира, се поти ама инаку де закашлува. И тоа.
    Јас не знам кога спиев последно. Пред три дена изгледа, а толку многу имам да направам, целата сум со заматен мозок.
     
    На lackygirl, 1209, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    5.208
    Џаргон се вика тоа и е нормално до некој степен да го има и до 3 години. Треба да почне да се намалува после 2.5. Кај моите тоа баш беше предзнак на експлозии прво на зборови после и на реченици. А многу е веројатно и дека уз тој џаргон има и зборови/фрази со значење ама ти уште не си ги дешифрирала:D
     
    На Anturium и kristina.k им се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    5.208
    Напреден е, нема што да се тешиш. Збори повеќе него што се очекува за возраста.
    Инаку имам такви што скокаат од маса, не им дозволувам, едноставно не ме перципираат. И паѓале и се повредувале и пак скокаат. Сега најново е да се буткаат намерно од маси кревети комоди и тоа им е смешно, а ја срцев удар на секое бато турниии добивам
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.