Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.122
    Пол:
    Женски

    Леле грав ахахха, ем мака има од него ем го јаде со сласт лапа грав и каснува печена пиперка наредно ке го снимам ако не заборавам :rofl:само прди после тоа со газето. Готвиме и ние се заедно, и јаје му е омилено јадење, со гравот се борат за прво место, сабајле се најаде јаје и праз со леб, мав направи. Знае аспиратор кај се пушта, страв ме јаде што научил како се пушта плотната ама што да правам, јас правам јадење он е качен на работна маса и "готви" со мене. Чисти, мете, сеа бевме венчаница да извадам и извод за него во матично таму најде метла лопатче си метеше човекот додека пополнував јас документи, им исчисти се, се изнасмеаа со нас. Им мавна и чао и пољубац им прати ваљда нема да чекаме многу пошо рекоа бил многу сладок и плус им зачисти таму :rofl:
     
    На atz1995, lackygirl, LizzyGrant и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.122
    Пол:
    Женски
    Ти благодараам, си ветив нема да се тормозам веќе со таквивмисли. Повеќе знае од што се е со поголеми дечиња од него околу, во поголемиот дел од времето со деца он е најмал, скоро последни со мм од друштво се земавме имаме девојка од 8години меѓу нас и моево од 1 и се измеѓу што постои. Скоро цело лето се заедно со нив, најголема е нивната заслуга мислам се што гледа од нив после и он повторува. Јас работам со него ама сепак деца од деца учат нели. Нека е жив и здрав па сите со свое темпо.
    А знае да се удри во дрво и после пак се удира да види дали ке боли (facepalm)
     
  3. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    887
    Пол:
    Женски
    Кај мојот се намали зборувањето на негов јазик. Ај и јас да прашам: дали користат некои фрази постојано, на пример секој ден кога ќе го земам вика убаво беше гадинка. Ама тоа ме повторува мене што сум го прашувала убаво ли беше во градинка. Или нешто ако му е смешно после цел ден си го повторува. Му кажав тато донираше крв и после цел ден си вика тато дониасе куф и си се смее
    @le.soleil правеа така твоите? Тој си зборува и во точен контекст користи зборови, реченици ама и вака рандом си кажува
     
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    5.208
    Да, си кажуваат работи што ќе ги асоцираат на некој предмет или случување, нас може ни изгледа рандом ама нив може да ги асоцира нешто. Од она што имам читано околу 2.5 е пикот на ехолалија, после постепено се намалува. Ги носев еднаш на фризер со мене и сега секогаш кога ќе ми ја фатат косата викаат мама се фенира. (А мајка им 3 дена е со мрсна коса ама добро(facepalm))
     
    На lackygirl, Bella_Stella и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  5. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    131
    Знаете ли ортопед Александра Димова каде работи?
     
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.122
    Пол:
    Женски
    https://www.ortoped.mk/ тука
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.252
    Допаѓања:
    41.032
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам како би јадат децата ми се плаче, сериозно. Грав моето на сон не сака да види, не да го јаде. Јајце, боже сачувај. А цело време јадеме заедно, правам изрази дека е вкусно, готвиме заедно, нудам разни вкусови, ама не и не. Ништо не сака, ништо.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Супер е. Ама нема да сме мајки ако не се јадеме за нешто и не се прашуваме дали е доволно тоа што го прават. Синко секој ден изненадува со некој нов збор.
    Никој не го учеше да си го кажува името, иди човек од кабловската и го прашува како се зовеш, а тој одговара даи :D пукнав од смеа дека пробува да каже давид ама и бев среќна и се стопив како тој самоуверен си кажа како се вика :inlove:

    Туку ај да прашам, што значи вака да спиеш хаха ? Го открив да го сликам оти ми беше пресмешно
    IMG_20241103_224143.jpg
     
    На kozuf, lackygirl, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.186
    Пол:
    Женски
    Син ми многу често и од многу мал спие со напучено газе. Негде читав демек кога им е ладно вака се виткаат, ама мислам дека нема врска зошто и во сред лето спиеше вака.
     
    На kozuf, Carolin., Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    И јас тоа прочитав. Ама не е тоа и кај нас. 24 степени ни е в соба плус покриен е. Се открива и сакам вреќа со ногавици да му купам зошто на стопала ништо не трпи. Мора да се голи и надвор од ќебе. А вреќата од лани е затворена долу и нема да ми дозволи да му ја ставам :D
     
    На kozuf и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Мојата јајце не сака во никоја форма. Никако не успевам да го протнам, а мене главна храна ми беа.
    На пример веган палачинки јаде, со јајце не.
    За другото, си каснува и преферира зеленчук, месо, манџа пред благ вкус. Од сабајле јаде колку две три лажици, ама после си јаде ручек.
    Се надевам и кога ќе оздрави ќе си јаде пак манџи, оти така сум сигурна дека внесува се.
    Грав со ориз, мусака со тиквички, печен компир со лосос, компири и говедско, паста со зеленчук се си јадеше.
    Денес ја боли грло, ама тост со кашкавал од мојот бараше. Сега и дадов спелтин флекс со млеко, касна колку да не е без ич. Две три усти.
    Мене ми е страв оти сега нудам постојано, да не после ми се разголи со јадењето и едвај чекам да ја видам дека може да јаде и да давам што си јадеме нормално.
     
    На kozuf, lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.332
    Допаѓања:
    22.995
    Пол:
    Женски
    При менување на позиција, идат на седечка позиција моиве и така се местат кога спијат :rofl:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Е да седна пред да легни вака :D
     
  14. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.122
    Пол:
    Женски

    90% од времето вака спие, освен кога цица па е свртен на кај мене, а знае и да ми се качи над мене ко куче некое.
    Налет веќе да ви кажам искрено ми се смачи со градиве надвор да спијам, па како не тегне последно време ау.. преку ден не му текнува да побара фала богу. Ама денес му ја напипав 3 и 4ката доле кај и да се ке пукнат, а и цел ден кенка па само го носам во раце нејќе пешки господинот. Да излезе таа и да го одбијам скроз, да се наспијам ко човек.
    Кога ке ми речат цица во 9 заспива и станува утре дента во 9, се чудам како еве како некој нека ми објасни. До 5 сабајле некако спиеме, ке стане 2 пати макс, ама после мислам само се префрла од една на друга. И јас не спијам медитирам
     
    На kozuf, lackygirl, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.252
    Допаѓања:
    41.032
    Пол:
    Женски
    А колку беше твоето? Моето вака имаше многу периоди до моментот кога поминаа скоковите и регресиите, ама до сега ауу, и мене ми е мака цело време гола што спијам.
    Вчера пример ми заспа во 8 и спиеше до 10 сабајле, со едно будење ама го оставив толку оти не беше ич наспиен ради што беше болен, буквално одвај спиеше. Вчера абе кома, јас колку работа завршив, толку не успеав последниот месец да завршам.

    Моето ме загрижува што долу има само два заба луѓе, ама дури како да нема на повидок други…може треба на стоматолог да го однесам да види, горе има 6, ама нема излезено нов заб сигурно 5-6м. Не знам дали е за загрижување, може дека не јаде доволно…ама пак ноктите растат како луди, а нели тоа е доказ за примање хранливи материи доволно.

    Друго нешто ме интересира, ноктите на палците на нозете му се вдлабнати и растат нагоре, има. ли некое друго дете со вакви? На нет пишува дека е нормално кај мали деца, ама не знам чудни ми се ептен.

    Он јајце јаде во мафин, палачинки и сл, ама онака во друга форма не, успевам во пилешка чорба некогаш да протнам јас така ја правам со јајце на крај и денес во ориз со спанаќ ставив кајгана ситно сецкана, не ја сети ама оти многу сака ориз и спанаќ.
    Компир јаде, некогаш тавче боранија ќе се излаже, ослич некогаш ако му е денот и купечки ќебапи многу сака, има кај нас едни познати турци што работат повеќе од 20 год и стварно имаат многу вкусна скара, ама у глобала ретко јаде нови работи, и ретко јаде многу. На килажа има качено 12кг е, супер за негова возраст, ама крвната слика…
    И брат ми беше ваков мал, мајка ми живот скрати додека да порасне, он пак ништо не јадеше освен крем и леб, на инфузии го помина детството, а сега е страшен груман, готви одлично и многу јаде…ама додека да дојде тој момент…
     
    На lackygirl, Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Леле за спиењето, што оти не цица.
    Сега заспа, ќе спие до кај 12 мирно, после до кај 5, а некогаш и 6 ќе не тепа, клоца, кубе, гребе. Некогаш ќе стане и ќе седи 2 саати будна и после ќе легне пак до кај 8 комирана, не можеш да ја станеш.
    Се сум пробала и во 6 да стане, во 7. Да спие повеќе, па помалку денски, да ја изморам, преморам, да не е толку изморена, да пие млеко, да не пие млеко, да ја пресоблечам, абе фаза некоја и трае од септември навака. Добри два месеци.
    А и спие меѓу нас, креветчето скроз го отсака. А си спиеше сама.
    Сега со градинка, пак ќе биде болна нон стоп, и толку од креветчето ќе биде.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.252
    Допаѓања:
    41.032
    Пол:
    Женски
    Креветчето на моето е спакувано од Април:D Јас веќе не ни планирам да го ставам во креветче, директ во големо ќе оди кога ќе има соба, мм секако спие во дневна оти многу рчи, а јас сум со лесен сон, не можам со него. Па си се гушкаме со малиов, мераци.
    А вака кога читам испаѓа дека од 10 деца едно е добар спијач, буквално сите исто прават, а ние мислиме само нашето е.
    Кога и да зборам со некој што има поголеми деца, сите велат дека почнуваат да спијат како луѓе дури после 2,5-3 год.;(

    Моето луѓе многу се гали, леле каков е меден, некогаш си велам како вака мило дете направив, јас сум дива малце искрено.
    Овие денови нешто има натепано и ќе ме викне два три пати онака како да ме кара, мамаааа, мамааа и со ржење дури и јас ќе речам молам и он ќе каже онака нежно со друг тон, мамааа и ќе се насмее и гушне во мене, абе се топам, не знам од каде му текна ова ама многу ми го разубавува денот жими се.:D
     
    На lackygirl, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.122
    Пол:
    Женски
    15 месеци ке прави сега на 11 ноемрви. Полна уста заби има овој, уште тие два му фалат. Сите наеднаш излегоа. Жива мака и со нив виде.


    Исто, исто потполно. Креветчето стои за украс во соба. Му се извадени 3 решетки за сам да се симиња и влегува. Пред некој ден менувам постелини и кај него и кај нас он во креветче на мечето вода му дава и му давам кебенце и му велам ајде нанај сега во твојот кревет, го зеде кебенцето се симна од креветче се качи на спална и лргна измеѓу перниците и вика нанам, го отпишал скроз креветчето
     
    На јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    И мојата има два заба доле, 18м се, горе излегуваат сега 4ки. Мислам дека немаш простор за грижа.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    @1209 На моето му растат така ноктите на нозете на палците. Нормално е, со тек на време ќе се исправат.

    @Carolin. И моето се биди многу ноќе, ама јас се уште не сум спремна да го одбијам, а мислам дека тоа и си нема врска со станувањето кај нас. Се буди и не цица секогаш. Ама ме излудува, цвили во смисол што ме будиш ми се спие (facepalm) и многу пати знае да ржи и да вели нуна нуна. Не спие воопшто мирно само првите три часа и после е како пропелер. А последните две ноќи како го земам се мести да спие и по минута му текнува да слези од кревет и да шета по соба и да застане кај fan coil за греење и да вели дува, или застанува кај вратата и чека да му отворам. Ама јас не реагирам и се враќа во кревет. Во неделата сабајле кога ми стана во 7 сабајле по цела ноќ не спиена оти ржеше цела ноќ, само ја земав перницата и избегав во друга соба и го оставив мм да го чува. Да поспијам макар еден саат да можам колку толку да функционирам.
    Инаку спие во креветче, не дека не сака кај нас да спие ама јас упорно го враќам и затоа сум жива не наспиена. Кога спиеше со нас во белград не се будеше толку. Ми личи дека станувањето се должи на тоа што сака до мене да спие :wasntme: ама неееее мама не дава и крај :rofl:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.