Од кога е родена спие со мене и мм на кревет... Креветчето ми е најнеискористена ствар, среќа што не купив од скапите. Не знам дали еднаш преспала во него.. Во име на тоа добивам преспани ноќи. А пред са се роди викав дека нема шанси да спие со нас.. Сонот ми е многу битен и бирам да сум наспана место да фрчам низ дома
@le.soleil денес прв пат ми спои два збора. Деде + името на дедо и, пробуваше и за бабите, успеваше ама не целосно. Мислев дека е рано зошто има околу 20-30 зборови. Како оди процесот? 18 м е инаку..
Јас и така не сум наспана. Цело време дежурам, мм не ми е сигурен, многу се врти и туку перници става меѓу нозе. Па ајде го ставам синко до мене од надворешната страна на креветот оти има страница до пола кревет и не може да падне, ама пак не можам да спијам од мисла. И бирам да го враќам во креветче, зошто повеќе дремнувам така, отколку кога е кај нас во кревет. Разликата е само во тоа што помалку се буди тој.
Моево ништо не кажува. Разбира да послуша наредби ама никаков збор со значење не кажува. А за качување по се и сешто и за трчање е прв. Моторички е многу напреден, но тежок му е јазикот.. Сега откако се смени саатот знае да стане во 6, многу ретко се буди еднаш навечер и изгледа е гладен (не знам зошто) како што станува од неговата соба оди директно во кујна и застанува баш таму каде што му го правам млекото За празникот 23ти бевме на викенд, таму зошто во една соба малку протестираше да заспие во креветчето, па заспиваше до нас и го преместувавме. Баш се исплашив за дома, но кога се вративме немаше проблем. Како што го облекувам на спална после бањање во вреќата, станува оди директно во неговата соба се качува на кревет си го пие млекото, 10 мин се вртка и заспива.
А за спиењето хаос и кај нас. Многу многу е тешко, на секој саат се буди. Некогаш запива брзо со цицање, некогаш со саати се нишкаме. Се буди со плачење. Не е 2-3 дена да се заби, со месеци трае. Можно ли е да ја боли нешто?
Моето е 18, и последната недела почна реченици од повеќе зборови. Пример денес вели, мама, стефан, бањат се, го прашам назад кој се бања и он ми вели, ти. Многу е раздуман последниов месец, скоро се знае, одма повторува зборови и веднаш ги запомнува, комотно може да се разбереме по дома и да си зборам со него онака баш како со возрасен. Така да очекувај да се размуабети скоро