Да, многу е добро, бар моето обожава да стои и да готви со мене (повеќе мези ама ок) пазете само да не е стрмно да може да си се качи и симне само
Се согласувам нема штета, а и од логопед кога ќе слушнеш дека е ок ќе бидеш помирна, и јас би направила така
Од сабајле синко има температура, не е висока, 37.9 најмногу што му отиде, се надевам нема да качи повеќе. Носето му е затнато малку. Ама газето му е црвено. Од што сте задоволни за така в црвенето газе. Ќе го следам денес, па ако треба утре ќе го носам на лекар. Како е одма надразнет, се не му е погодено. Само нека поминува. Ич не го сакам овој период ради овие вируси и настинки
Ако имал течна столица од тоа може да е потпарен. Инаку јас вртам три креми Веледа, Мустела витаминската и таа розева Маст за потпарено на која што пишува. Во краен случај ставам Ројазол ако осипот се шири.
Не му е била течна столицата и баш се изненадив кога видов колку се вцрвил за неколку саати. Сабајле не му беше такво газето. А одма менувам пелена чим се покакува. Сега беше малку надвор воздух да го фати и изгледа тогаш се има укакано, ама пак не беше многу време па до толку да се вцрви. Ова прв пат од кога е роден се случува и не знам што е најдобро да се мачка
Бепантен. Некна еднаш не ја видов дека накакана, се уцрви ептен. До срце мене ме заболе. Помогна добра е сега.
Ова ни јас не можам да се начудам така одеднаш толку да се вцрвиш. Едвај го измив, вероватно го пецкаше од водата. Душа моја.
Со поладна вода. Мојата не сакаше ни да се бања тој ден. Абе гревче што не ја видов. Надвор бевме, додека најдов кај да ја пресоблечам.
Не користи влажни дур е црвен, само миј и суши убаво и мачкај било каква крема со цинк. На син ми последно ептен му помогна Судокрем.
Имам дома флогоцид крема, можам и неа да ја користам дур да земам друга? Се има подсмирено малку со павловичевата до душа. Баш ако морам ќе намачкам флогоцид.
Оригинал павловичева уште толку го иритираше син ми кога имаше осип, многу е мрсна, а иначе цело време ја користев за ептен мало црвенилце и ок му беше. Сега последно кога беше болен имаше течна столица и баш се нафрла прв пат откако е роден и само Судокремот го оправи. Флогоцид не ми е позната, ама ако не е мрсна можеш.
Се смири со павловичевата, само уште на едно место има малку црвено ама ќе биде добро и тоа ќе се повлече.
Од кога почнуваат да слушаат малку? Еве денес исто "пофален" е од градинка дека бил многу немирен. Се трудиме максимално, читам и книги еве моментално читам една што е за над 2 години и пробувам. Ама делува дека е џабе целиот труд. И се плашам веќе, ме скубе кога ќе се изнервира. Не знам како да го спречам тоа, се плашам да не почне и спрема деца така да се однесува. Како се држите вие на оваа возраст пред 2 години?
Систер, знам тука некаде се нашиве на возраст. Само едно гушкање И мојава е често "пофалена" за однесувањето таму. Со една мајка од група што се дружиме вика нејзиното почнало околу 2 години и 3 месеци да слуша, така да го чекам тој момент. Дали ќерка ќе реши да се опамети.
@Ceneva Јас со Флогоцид маст го мачкав, можи и од силата од тт да се потпари, таков беше неколку дена, дека нон стоп имаше и како пролив. Дури и ранички имаше. Со 2те деца ја користам, мене ми е најдобра таа.
Па не е толку висока темп затоа чудно ми стана како може така одеднаш толку да се вцрви, ама и со едно мачкање се повлече скоро се. Само да помине со лесно, оти не ми дава ни спреј за нос да му ставам. Се одра пола саат после ставање. Ко куј знај што да му сторив. А температурата никако да спадне 37.9 Сега ќе му дадам да вечера и така слабо јаде цел ден, па ќе го истуширам, па се надевам ќе спадне малку температурата.
Остај да си сонувам Каков филм си имам направено дека и ќерка ќе сака Xmas филмови и барем по еден во ден раат ќе си гледаме за некое време. Абе уживанција