Од искуство од поголемото, после 4г можев да допрам до него со муабет, до тогаш беше тешко. На 2г не очекувам да се разбереме ама баш синоќа му објаснував на мм викам веќе се осеќам ко да се борам со ветерници, нема сопирачка. Да е жив и здрав, со него е кога ќе стане на која страна му е китката, е до толку. Нема еден ден ист со наредниот.
Јас некогаш се осеќам како многу да дозволувам, но едноставно некогаш намерно почекувам да видам како мм ќе реагира. Нели ние мајките знаеме да бидеме "лошите" па во некои моменти кога ми прави нешто што претходно сум пробала да го спречам, оставам намерно да видам како мм ќе се сноси со ситуацијата. Нашето е мало за карање во секој случај, но знае да има ситуации каде упорно прави нешто што не треба.
Мајки здраво. Пишав во тема доење, ако има некој што скоро се одбивал и може да даде совет ве молам ѕирнете. Секој совет ќе биде добродојден зошто градиве мислам ќе ми експлодират.
Мајки, каков ви е распоредот за јадење на отприлика 12++ мес за оние што не одат во градинка , а се уште на доење ? 2 ужинки ли имате ? Ако да на колку време после оброк давате ужина ? Денот ви започнува со цицање или ?
Малиот твој и големава моја се по карактер слични по тоа што читам. На лик ангели ама карактерно претешки хаха бар така те сватив јас. Многу тешко се излегува на крај со неа, толку е тврдоглава и упорна да страв ме фаќа. А малава, кај неа не е вистина не, не тестира граници, се повлекува и си бара нешто друго занимација. Наредби секакви извршува, а ова големово... искрено ние и на советивалиште сме бидени за да знаеме како да ја надмудриме, а сепак да не згрешиме некаде, зошто некогаш живците ми се при крај и урлам по неа ама што чудо од дете ќе беше..
Моето не е на доење, денес полни 15мес, но може да споделам, па можеби ќе ти помогнам нешто. Се буди околу 7, 7 30, најдоцна 8 часот. Веднаш почнувам припрема на појадок за него, најчесто уште јаде овошје + житарици. Додека му правам знае да се мотка околу мене и да зема парче овошје да си гриза. Ја јаде кашата скоро секогаш цела до крај убава количина. До пред првата дремка обавезно ќе грицне нешто од нас, лепче, ѓеврек, банана, пред дремката нудам АД. Порано го пиеше обавезно, сега веќе знае и да го одбегне. Спие најчесто до 14 30 часот. Набрзо откако ќе стане во 15 часот јаде ручек. Околу 17часот јаде овошје, смоки или некоја интегрална бисквитка. Во 19часот јаде вечера, и пред спиење 20 30..21 пие пак АД. Се уште знае да се разбуди и преку ноќ за едно шише АД.
Кажете ми дали некогаш ќе стане полесно менувањето пелена. Ми се темни пред очи кога треба да му ја сменам. И тоа преминав на pants поради борбите, и само за нијанса е полесно. Немам сила од бркање гол газ по дома , и да му намачкам крема на газето без да ми извалка се наоколу дур да му ја ставам пелената е невозможна мисија.
Има, не мачкаш крема и толку. Ако е црвено и ептен мора стоечки штом веќе и пелени гакички користиш. Мене ми е полесно откако почнавме да го миеме место бришеме на секое, порано ако беше помалку не го миев, сега го мијам одма.
И јас го мијам. А дур да му ги облечам е брканици низ дома. А крема ставам кога е црвено, а од вчера е в црвен малку и се ми извалка, зошто кога пробувам да го фатам одма седнува и кремата завршува на прекривач, тепих, кај седне таму ... Значи прав хаос.
Јас соблакам тренерки, чорапи и во вц, таму пелена иде директ во канта, он веќе во када, мијам и ајт на здравје. Крема ставам пред да залепам пелена, инстант, оти исто ѓаволче имам дома.
Исто е и кај нас мене ова искуство ново ми е, првото само си лежеше за пелена менување, никогаш не ми избега абе мирна душа сум имала овај и за брат му ми наплати
И не само пелена, туку борба е на секое облекување/слекување облека. А пази, сама носи и памперс и марамици ќе ги стави на кревет и а ме види дека одам за да се преслечи ќе ја дувне шпринт накај друга соба
Сега ми избега пред спиење и на парќет ми се измоча. Косата ми се крена. И два пати миј го, па и чисти. Ме излудува. Има денови, господ нека ми прости, ама и нај не мајка ќе бидам со оваа изјава, ми се иди да избегам од дома и да не се вратам три дена. Едвај чекам работа да најдам да излегувам од дома. Ќе скренам готово.
Затнат нос, не скроз и проѕирен секрет, цел ден кива, а беше болен викендов, вирус. Ова од што поминува е или пак е настинат сега…не може да спие, јас влечев и спреј ставам и со шприц чистев ама пак е затнат некаде горе, фрчи… Како да му помогнам да се исчисти? Патем сакав да прашам, за кс, кога се работи за вирус, кога е бактерија? По што се гледа?
Како го чувате физиолошкиот раствор? Во аптека ми рекоа во фрижидер, ама нема да е ладно така во нос? И стерилизирање шприцеви?
Next level премина мојот. Се бркаме пола саат за да му ставам пелена (гаќички). Додека се свртам ги соблекол За облека исто. Јас го облекувам, тој се соблекува. Пола ден гол се шета. Па уште кога ќе почне да се дере какааааааааам ми се темни. Ќе се искака до нокшир, па после седнува на него и уште се смее и ми вика - види мама гомце, Битно прееска облече патики така гол ќе одел надвор дечкото. Па имаме драма пред врата: - Не сакам облечам, гол одам надвор! И вришти и легнува на под
За затнат нос навечер во лепенкиве се крстам На природна база, кромид се сецка и се остава до глава ноќта. Кај нас немал ефект. Со крвната слика обично и ЦРП прегледуваат како додатна ставка. Ако е високо ЦРПто најверојатно е бактерија или има некој воспалителен процес, ако е ниско тогаш укажува на вирус. И од крвната слика ако не се лажам гледаат некој параметар па им дава насока на докториве, дали одма да почне да се делува со антибиотик, дали брисеви да се земаат па да се чека резултат или е само обичен вирус во прашање.