Ние стававме и оперил до 3 пати дневно, инаку Aqua Maris Baby повеќе пати во денот и влечење на мрсоли. Исто така лепев и од тие лепенките, на нив пишува да се лепат на облеката кај градите, но се од 2 години. Јас ги лепев од страна на креветот цела соба миришеше на билки. Го земав и тој сирупот за имунитет Well Baby. Друго ништо не превземавме зошто не даваше инхалација воопшто.. секој ден му беше се подобро, но требаше 5-6 дена убаво да му помине.
Со станувањево во 6 луѓе што ке правам не знам веќе, денов година ми е А и нос му се затна, плаче само еве го ми тера дремка на мене. 11ипол плаче за спиење, па гледам да сме надвор до 12 да издржи и денес во 2 ке го будам, не го оставам до 3, нека го спие тој саат плус ноќеска. Не се издржува, ем ладно одсабајле, сака надвор ем кога е најубаво надвор он спие. Едвај живеам, а во 9 легнува. Не сакам ни покасно да ми легнува таман е, може и порано ама ми е страв дан стане во 5 Два нови збора кој јас сеа ги разбрав Каи цела недела Каи ми вика тоа да ви било камион, вчера гледа камион и жив среќен вика Каииии и му мавта, ја се чудам што каи е 5 дена веќе. А има сликовница Каи и неговиот камион, ама на замената на играчки таа отишла горе и има други долу Тип е чипс. Не дека јаде чипс туку јаде конфлекс така, го зема чинивчето и вика тиииип и ја се чудам што е покажувам кутии дома, и на конфлексот тииип. Хит е низ дома деновиве
Ко да ти се преуморува. Мојот станува во 6, дремка во 11 и пол-12 до кај 1 и пол, и веќе во 7 и пол го легнувам.
Стануваше во 7 имаше дремка во 12 до 3, и ноќно му беше 8ипол 9. Ама одкако се смени саатов станува во 6-6и30 најкасно. И после во 11 сака да спие, што е нормално нели станал во 6, го оставив еден ден да тераме така, спиеше од 11 до 2, вечерта 7ипол беше кома, сабајлето стана во 5и35. Ептен и тоа е рано искрено. Он ноќно ги спие 10 саати, кога и да го легнеш рачунај за 10 саати ке стане. Ни помалку ни повеќе, одкако скрати на 1 дремка тоа е спиењето
Има гранична вредност на резултатот до колку е нормално да се движи, над тоа е покачено. Ама пак доктор си следи, тоа е насока за нив, не за нас. И со ниско ЦРП пиел антибиотик пошто 3 недели глава не сме дигнале од тт и мрсули и идело полошо.
Две ноќи скренавме со мм, плачки, плачки, плачки, буден по 3-4 саата ноќно време, не сака во спална, не сеака во мене ама сака јас да стојам на нога будна не да си легнам, а со тато да си игра, земи го во раце не сака да седнам, оп замижи, разбуди се…хорор. Две ноќи вкупно 5-6 саата сон ми се фати…затнат е целиот, не знам дали има шанса да спушти на гради, а пие ант? Барем тоа да не го мислам. И заби изгледа вади и се му е соберени ама вчера дури и му се развикав, ептен жал ми падна после, ама не можев ми се споија жичките. Ете сега спие веќе 2+ саати и не планирам да го разбудам, нека се отспие оти од 7:30 буден со 5 саата сон е. Инаку моето сака мафини и печени работи во секаква форма, па мислам така да му протнувам месо…ете денес за ручек му спремав мафин од пченкарно и спелтно брашно, јајца, грчки, морков, тиква, кашкавал и просо и коноа, многу се вкусни, мислам дека месо да ставам ситно нема да осети…знаете некој ваков рецепт?
Пробај повеќе дена, еден ден е малце за да извлечеш заклучок. Јас го земам 6 како медијан, некогаш станува во 5 и пол, некогаш во 6 и пол, некогаш во 6. Ама горе доле знам дека тој му е распоредот. Да, 5 и пол е рано ама знам дека 7 и пол вечерта ќе заспие. Ако го легнам во 7 и пол заспива, ако го држам до 8 и пол тој си седи и така, не покажува знаци на умор, значи се е како ќе го нагодиш. И ние имавме неколку вечери така, заспиј, стани, плачи, сака во дневна, одиме во дневна плаче, сака во раце, ќе го земам во раце ме турка, сака да спие ама само на мене, значи ништо не му се погодуваше. Таман ќе заспиеше, ќе се превртеше сто пати во кревет. И јас така во полусон му се развикав пошто веќе бев преуморна, па како да се навреди некако, така заплака. Човек си и ти, а по се досегашно искусено, дефинитивно недостатокот на сон си зема најголем данок и е најтешко за справување.
Не би требало со ант. да спушти. Кај нас со антибиотик се прекинува и мрсули и кашлање, се. Кога е без антибиотик се влече со се тоа по 2 недели. Стави кромид исецкан до него навечер ако е затнат ќе му помогне полесно да спие.
Почна изгледа тодлер фазата сеуште со лесна форма точно на година ипол Плаче. Сакаш ова? Не. Сакаш ова? Не. Почнува да плаче, да се нервира и да фрла дека не знам што сака, а богами ни она не знае. Да видиме дали ќе остане на ова
Девојки со деца во градинки што таму ви ручаат, кога и што им давате дома за јадење? Гледам имаат манџички со месо, после не ми оди пак да и давам месо, а не е ни време за вечера, туку за ручек. Досега имавме избалансирани 3 оброци, сега малку ми се меша со јадењето во градинка, што да давам. Ајде помош и идеи.
Го земаме од градинка во 4 и пол, околу 5 и пол, 6 најкасно вечераме сите заедно. Вечера ни е главен оброк и јаде исто што и ние. Некогаш гледам да се усогласам со менито од градинка, ама се почесто ми се дешава да не го ни видам, така да јаде можеби и два пати дневно месо некои денови.
@1209 , за жал ќерка ми е од тие што и покрај антибиотик успева да добие бронхит или пневмонија. Не дека кај сите е така ама јас би носела почесто на доктор да се следи. Т.е јас секако носам. @Sun&Moon , класичен оброк после градинка давам еден вечера. Е сега вечерата е најчесто омлет, лепче со јајце и јогурт плус некој зеленчук, макарони, супа пример. Зеленчукови палачинки итн. Се случува и од нашиот ручек да касне некогаш, па да и дојде плус готвена храна, баш манџа што би се рекло ама ретко. Генерално околу 15:00 е дома. Јаде овошје, некогаш овошен јогурт или пудингче, ретко ова. Сутлијаш пример. Јаде кифличка пример. Може да земи неколку смоки. Ова значи од 15:00-19:00. Пример денес изела, круша и јаболко. И после овошен јогурт. Вчера домашна кифличка, неколку смоки, банана и боровинки во тие 4 часа. Ако ние јадеме класичен ручек и сака и побара да јаде, не и бранам. Генерално се водам според неа, без многу потресување и распореди веќе. Околу 19:00 и е вечерата. Околу 21:00 пие млеко и се спремаме за спиење.
И моево таква ,,таква среќа" имаше. И покрај антибиотик пнеумонија доби. Додека одеше в градинка таму јадеше ручек и дома пак му правев манџички и пак си јадеше.
@Miss_S ох леле, не знам веќе, бил неколку пати вака болен, обично нема спуштено до сега, не ми е склон сакам да кажам. Ми фрчи некаде во носот ама денес е подобар, прскав спреј со оригано и дефинитивно дише добро, само така од време на време ќе зафрчи, утре може ќе тркнам до матичната ќе видам како е. Ама денес и не му тече како вчера толку, само до кивање исфрла. Може дека не дале точна доза ант вака завршивте вие за жал. Утре му е последна доза па ќе видам како е. Леле некогаш и двапати ви јаделе месо, јас моето еднаш во 10 дена ако го излажам со месо Може јас грешам некаде со јадењево, не знам веќе ни што да мислам…
Не е до тебе не си ставај плус нерви, првото воопшто месо не сакаше во манџите, а ова па без месо не ги јади, различни деца различни карактери, скроз се спротивни двајцата а јас сум истата. Ова па јајца не сака, првото сакаше. Значи и ден денес не јади и пребира и само неколку јадења вртиме, а 6 год ќе ги прај. Однеси го утре пред викенд нека го види док, ќе помини.
Нашиот го земаме накај 3,4 најкасно и е мртов гладен после градинка и му давам од домашниот ручек, било да е манџа со месо или нешто друго, ама мојов и така е слаб па ми одговара да јаде месо два пати, секако у градинка колку е тоа месо, според мене скроз малку и нема штета и дома ако јаде. До вечерта накај 7 му давам вечера и толку е пошо млеко не ми пие.
Не знам колку ќе ти помогнам со мислењево зошто син ми уште не преспива таму, го земам во 11 ипол. Твоето девојче може и до спиење стигна? Браво! Нас пребавно ни оди адаптацијата, од 17ти Септември е тргнат и повеќе нема одено од што има. Во средата тргна пак после 2+ недели пауза, па да видиме. Инаку распоредот ни е следен: Од сабајле кога станува му давам нешто да грицне, банана, крекер, вафла, за да дадам Пиковит. Во градинка има нели доручек и ручек. Доручек јадел као, а манџи нејќел баш и не знам што ќе се праи на таа тема кога ќе треба да седи таму до покасно. Кога го зимам со мене носам нешто ужинка, шетаме и обично заспива во количка накај 12 ипол 1. Се прибираме дома и спие докај 4 и кога станува руча, накај 7 ипол вечера, 8 ипол цица и спие.
@Bella_Stella , кај нас во јасли напоменуваа гладни да се носат, за да го јаделе таму појадокот. Е сега бидејќи даваш сируп дали има опција на гладно не знам. И дали би променило нешто ако гладен го носиш.