Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Од средата почнав да му давам нешто пред да оди, претходно не давав и пак беше ист со јадењето. Доручекот го јаде, ручекот не сака зошто е манџи, а манџи ни дома не јаде. Проблемот кај него е некој да го храни, не сака. Сака да јаде сам, а уште не знае да срка убаво со лажица. Дома ако има манџа оставам пред него мевце или нешто он да мези, за јас да му давам од манџата, инаку нема шанси. Јас давам и да чепка нешто во раце и да се занимава ако јадењето е нешто што не може да го изеде сам и морам јас да го нахранам. Ама во градинка сигурно нема да се замараат да го анимираат него за да се најаде.
     
  2. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    @Ceneva ние моравме да подмитуваме, со цртани, со грицки, со чоколадо, некогаш млеко и тоа траеше мнооогу време. Сега во последно време за мочкана пелена се убедуваме со некоја играчка, а кога е какана, покажувам пелена и сама се мести за да ја сменам. Се надевам јас дека за брзо ќе почнеме и со нокширче, ама здравје.
     
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Ма никакво подмитување не функционира. Сака гол да е и готово :rofl:
    Нокширот ни служи да си играме со него и да газиме во него, седнува три секунди на него и одма станува. Здравје на пролет ќе се одучуваме, сега е мал и не разбира. Се измочка на паркет и се изненади, буквално не знаеше што се случи.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Јас со приказни пробувам зашто мојот и шутира се тепа. ;( Ама приказната да биде измислена некоја што не ја знае и додека се внесе брзо му менувам.
     
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви, мојот ништо не го интересира. Само тоа да побегне гол газ :D се можно и неможно пробано. И дојдовме до степен кога ништо не го интересира.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    760
    Мајки пак јас очајно да ве прашам за совет.
    Детево скоро 15 месеци е, од супер јадач стана ептен пребирливо откако почна во градинка. 2 месеци оди редовно, таму јадела се, а дома само за блуза ме влече. Инаку супер се адаптираше, среќна ја оставам, среќна си ја земам. Цица кога ќе дојде од градинка и пред спиење, измеѓу цело време бара ама не давам. Кога ќе дојде играме и сум 100% фокус на неа за да надокнадиме внимание, мислев дека за тоа бара цице. Ама не јаде, не отвара уста, ако и дадам сама да јаде фрла. А пред тоа блв супер теравме, јадеше се и јадеше сама.
    Хемоглобинот падна 98, не советуваше докторката да пробаме со храна, ама која храна. Заменска храна не давам, ама на секој саат ја нудам пак истото додека да дојде време за следниот оброк. Ако ништо не изеде пред спиење давам некоја банана, или нешто што знам дека ќе го јаде, па колку толку каснува да не легне со празно меше.

    Ама исто така и премногу се буди откако е во градинка, на секој саат и почесто. Се буди и плаче, вика во истата секунда. Бара цице, давам оти немам душа да ја нишкам цело време. Да знам дека ќе помогне ќе нишкам ајде, што мислите? Ама веројатно е гладна. Заби можеби има на повидок, период на адаптација, во градинка мораше да транзитира на една дремка, тешко и е, јасно ми е се. Ама што е до мене што можам да направам за да олеснам, не сум добра мајка вака под стрес нон стоп дека не јаде и ужасно, ужасно ненаспана.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.736
    Допаѓања:
    43.853
    Пол:
    Женски
    Како мајка на дете што до сега од годината скоро ништо не јаде, ќе ти кажам дека колку повеќе и покажуваш дека се нервираш толку повеќе нема да јаде.
    Како некоја контрола им е тоа, не знам како да опишам ама моето кога не го молам, подмитувам и карам јаде повеќе.

    Дефинитивно се буди од што е гладна, и моето се буди така кога ќе се деси цел ден да е на леб и млеко(има и такви денови и верувај не ми е сеедно) ама не можам со сила да му бутам во уста.
    Давај да јаде што сака, буквално, мислам не да ја нудиш цело време туку кога е време за оброк дај го тоа што знаеш дека ќе го јаде. Пример јас неделава еден ден макарони, друг ден ориз, цела недела тоа јаде само во разни варијанти(за ручек ова) оти онака не сака ништо па ми седи гладен.
    Вечера скоро и да нема, ретко каснува нешто, а доручек знае да се излаже да јаде повеќе ама оти најчесто е овесна каша до овошје па ќе јаде…јас исто не знам што да правам ама дефинитивно нервирањето веќе не помага ни на мене ни на него, не може да не јаде цел живот…
    Давам и јас уште цице, ама мислам дека правам полошо оти само штом ме види цице бара, значи толку стана приврзан за нив што се плашам како ќе го одбијам, а верувам дека ради тоа малце јаде оти буквално цица кога сака, знам дека грешам ама ич не сум силна да пресечам и да не му давам…
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    За јадењето да не е некоја фаза, можеби ќе помине. Штом претходно си јадело.
    Исто беше со цицањето и моето, ама мене стратегијата ми беше преку ден да давам кога ќе си побара а ноќе не, туку гушкање.
    Ако свикува нагло во сон може да се заби, моето така ги вадеше. Ќе врисне, ќе го гушнам и после се вртеше лево десно.
     
  9. Butterfly30

    Butterfly30 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Веќе два три дена , ја мрда главата лево десно и знае да ги ококори очите и да направи со главата како што е ?!
    Не знам баш дали објаснив , ама нешто ме јаде психава . Дали е нормално или не .. 1 годинка сме
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Малку да ве насмеам ако се може, нашите нејадачи, ете го и мојов за доручек пак јадеше да речам, за ручек ќебапче со кајмак касна без леб, ала ништо по мој критериум. За вечера ништо не сака, јадеше ајкулици за во млеко ама без млеко (facepalm) а обично вечера убаво, а оваа вечер нешто целиот е наелектризиран
    Ќе цица сега цела ноќ :whew:
    FB_IMG_1731094769834.jpg
     
    Последна измена: 8 ноември 2024
    На Secret-Angel7, lackygirl, DaftyCrafty и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    6.104
    Пол:
    Женски
    Ќе го ископирам во оваа тема мислењето. Ќерка е исто сама, немаме многу деца во друштво. Освен во градинка време поминува многу со баби и дедовци.
    Кога е на улица пример види деца, прво оди да им земе некоја играчка, не да сподели.
    Ако речам дај му ја топката пример на тој и тој, дава не прави проблем.
    Е сега кога е дома со мене или баби да речеме игра меѓутоа и е дадено се на тацна што се вика. Ќе покаже кон некоја книга на полица пример, ја земаме и даваме. Немаме некоја којзнае каква интеракција како што има со децата во градинка.
    Или ако сум сама со неа, јас и често ја оставам да игра сама, ради што морам и куп работи покрај чувањето да завршам. Мислам во тоа лежи проблемот.
    Во игротека одиме често. Ја носам јас сама. Има таму деца, ама ако почне да им зема играчки, ја тргам и советувам дека не смее така. Ако неа некој ја турка или и зема играчки, пак сум до неа, да не ја повредат. И знам дека ова е погрешен пристап и треба да ја оставам малку да е самостојна.

    Инаку и пред возрасни, знае да се повлече, да се срами, да плаче. Роднини пример вчера, прв пат доаѓаат по којзнае колку време, на одење дома, ја кренаа во раце, демек ајде со нас те земаме и те носиме. Само што се доближи до влезна врата и виде дека непознат ја зема, а ние остануваме дома, почна да плаче на цел глас и да ме бара мене. Веројатно се преплаши кој и каде ја носи.
    Сепак се премали, многу работи им се случуваат и новини, а не знаат да се искажат.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Без да видам земал чоколадо полнето со кафе, како Шери што се, само овие се со кафе. Го начекав како го жвака преку хартијата ама кафето му имаше истечено насегде и во уста. (facepalm) Што да очекувам освен евентуална хиперактивност, што и без кафето си е тука де. :D
    Убав викенд. :sun:
     
    На kozuf, atz1995 и Ceneva им се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Нека ти е жив здрав, со оглед дека е утро нема многу разлика да има. Кафе, чоколада, навечер имаат повеќе ефект кога почнува да се лачат одредени хормони кој помагаат за сон.
    Можам да го замислам како џвака преку хартијата, во смисол чек да си каснам дур ме немат видено :rofl: и мојот го имам начекано така и познато ми е
     
    На kozuf, Bella_Stella и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.736
    Допаѓања:
    43.853
    Пол:
    Женски
    Мојот го начекав јас со пола испено нес кафе, ти за едно чоколадо се секираш:D
    Ништо нема да му е, немаше ефект кај моево освен што откако проба(читај се напи убаво) не можам кафе да пијам пред него одма плачки и барање, зависен стана од еднаш.:D
     
    На Mother of 2boys, Secret-Angel7, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.722
    Допаѓања:
    104.915
    Пол:
    Женски
    Ништо не му е. Моево мака у пената од кафето кога пијам, ништо верувај.

    Го лапнавме врапчето изгледа ние со ринивирусот. Нема тт, само тоа ме буни, иначе кркори цел и очите го пржат. И јас сум иста ама јас пијам одма Ургент дупла доза и ме држи. Досега втора година мислев ќе му избегаме на гадново ама не фати. Не е страшно за поголеми деца, за бебиња е страшно, сега да пазиме пошто имаме трудници и мали бебиња во околината. Налет веќе, не не одмина ништо. Ми спие сега врз мене легнат од што му е мака, нека е, ќе се обезбедам јас да не ми падне и ќе дремнам со него бар еден сон. Многу се нервирам со градинката значи, многу, без 2 вируса не сме месечно. Негователките викаат дека не е фер што ги носат такви, конкретно за моето рече дека е едино здраво у група, вика дај боже да издржи ама денес од 15 деца 10 имаа пролив и повраќање и другите сем твоето очи црвени и кашлаат. И како да не си лута, како? А замисли да имам дома новороденче или трудна сум, нели е греота. Едвај чекам да осамне да одам до Козле. Виранто дадов одма, цело време го налеваме со чаеви и течности, сокови, супи, па ќе видиме. Мислам дека поодамна го имаат вирусов во група пошто на 2 пати имав јас очи воспалени, он имаше еднаш и сега падна имунитетот и одма закрчи комплет со симптоми.
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    6.104
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е правилно од аспект на родителите де, инаку правилно е, ама кај нас почнаа од на врата да враќаат.
    Денес пример ја носам во градинка со кашлање и растечен нос, не онака од ладно наутро, проѕирно, туку кога се работи за густ секрет, жолт, зелен, пропратени со јака кашлица. Уште истиот ден се јавуваат да се земи дома детето ако на влез не го забележат и напомена ако следните денови се однеси во градинка ќе биде веднаш дома вратено.
    Лутење или не, од страна на родителите, тоа е.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.722
    Допаѓања:
    104.915
    Пол:
    Женски
    Враќаат и кај нас, уште големиот кога беше во градинка враќаа, ама шодека, ќе отиде доктор ќе му пише потврда без да го прегледа и ќе отиде со потврдата и надмено ќе се кара дека детето е здраво. Тоа е.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Пред два дена на слава, во дел од секундата ми ја грабна чашата со узо и лижна. Добро што ја видов пред да голтне. :D

    Туку крвна слика правевме во четвртокот вечерта зошто ми беше прво вознемирена па заспа со пуштено светло и галама, што никогаш не го правела, се извадив од памет. Леукоцитите покачени благо, друго се во ред со се ЦРП. Носот тече три недели, односно од кога тргна во градинка. Во петокот мирно грло и плуќа. Тт поткачуваше петокот и саботата до кај 37.5 и сама ја симнуваше. Кс според матичниот укажува на вирус па не ни даде антибиотик ама јас мислам со носов веќе сме за антибиотик, цел месец ќе фати како бришам и чистам мрсули. Ќе правам утре контрола. Да си олеснам.....
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Стално се со мрсули овој период. Антибиотик ако е мирна кс и нема бактерија, црвено грло и сл. нема зошто да пие, најмалце за растечен нос.
     
    На kozuf, Lina-Detelina и Ceneva им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Тоа сакав и јас да напишам. Синко предходното зимо нон стоп фрчеше на едната ноздрава. Како да наследил од мене јас преку цела зима имам растечен нос, еве го сега пак едната ноздрава му се запушува и нема нема ќе се растечи, и не сум ни помислила да го носам на лекар ради тоа. Прскам физиолошки помага колку толку.